Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 01.04.2020 во 14:33
|
Човекот наречен Надеж
(Вистинска приказна од мојата пракса) Можеби никогаш немаше да го запознаам Дарко, бидејќи и тој, како впрочем и 90 проценти од мажите во Македонија, на астрологијата гледаше како на глупост и празноверие наменето за очајните домаќинки и за лековерните жени. Беше тоа висок, атлетски граден, синоок, елегантен и успешен маж на средна возраст. Еден од најуспешните во неговата бранша, на почетокот на 21-виот век. Велам, можеби немаше никогаш да го запознаам лично да не беше една жена, неговата сопруга, а моја клиентка. Таа за роденденски подарок нарача да изработам натална карта за Дарко. На моето прашање како нарачува кога го знае неговото мислење за астрологијата само ми одговори: „Роденденски подарок не може да одбие. А, откако од твоја уста ќе слушне работи лично за себеси, убедена сум дека ќе престане да ме гледа како наивна жена што верува во бабини-деветини.“ И толку. Одлуката беше донесена. Натална Карта има да се прави. Јас пак, најмногу се забавувам кога работам со неверни Томи, бидејќи уживам да ја гледам промената што се случува на нивните лица за време на нашиот разговор. Во рок од неколку часа, нивните лица од израз на резигнираност, а понекогаш и потсмев, добиваат израз на шокираност и завршуваат со израз на вчудоневиденост. Наталната Карта на Дарко пак ме шокираше мене, бидејќи тоа што го видов таму воопшто не одговараше на сликата што ја имав за него, како за успешен, популарен, добростоечки сноб. Беше тоа една од најлошо аспектираните карти што некогаш сум ги видела во мојот живот. Беше тоа астропсихолошки портрет на човек кого судбината не го галела, уште од самиот старт. Па, се чудев како воопшто е жив. Наталната Карта на Дарко покажуваше дека тој е роден во семејство каде што мајката или буквално ја нема или како да ја нема, заради нејзиниот слаб карактер. Додека за таткото покажуваше дека бил човек склон на алкохолот. Поставеноста на планетите и аспектите што тие меѓу себе ги правеа покажуваше дека Дарко требало да порасне во ситен деликвент, да има кус и бесмислен живот и да погине на млади години во сообраќајка. Постоеше само една можност која судбината му ја оставила да се спаси. А, тоа беше шансата да се ожени многу млад за стабилна жена која вистински ќе го сака и ќе биде столбот на кој тој постојано ќе се крепи и ќе ја јакне самодовербата. Само тоа нешто можеше да го предимензионира неговиот живот во нешто конструктивно. Првото нешто што Дарко ми го кажа кога се сретнавме беше: „Знаеш што, ајде да расчистиме уште на почетокот. Јас не верувам во хороскопи и останати зафрканции, ама не сакав да ја навредам жена ми. Затоа, пукај на брзина тоа што мислиш да ми кажуваш и да одам. Имам многу работа. Не знам каде ми е главата.“ И јас почнав да везам податоци, додека тој со чашата пијалок во рака, седнат спроти мене, шеташе со погледот низ просторијата и како да ја одредуваше мојата вредност преку вредноста на секоја слика, украс и книга. Кога започнав да зборувам за неговото детство, за мајката која недостасуваше во неговиот живот, за таткото алкохоличар и бедниот и мачен живот, тој како да се разбуди од длабок сон. Ме прострела со сините очи потемнети од недоверба и бес и просаска со метален призвук во неговиот глас: „Од каде го знаеш ова? Кој ти го кажал?“ „Ѕвездите, кој друг би можел да ми каже“, се насмеав јас, не дозволувајќи му на неговиот непријателски тон да допре до мене. Додека зборував понатаму, ме гледаше со поглед на ранет тигар готов да скокне на напаѓачот, чекајќи нешто да погрешам и да им дадам алиби на неговите мисли на одмаздник. Кога дојде на ред да раскажам за моментот кога ја запознал неговата сегашна жена и за нивниот однос, тој ме прекина и рече: „Цело време те слушам и размислувам кој можел да ти ги каже сите овие работи за мене. Ама има работи кои никој не ги знае. Посебно датумите и годините. Уште повеќе што јас на осум години се преселив во Скопје од еден град во внатрешноста. Потоа, помислив да не ти кажала жена ми, за да ме убеди во моќта на астрологијата. Но, работите што ти ми ги кажуваш не ги знае ниту таа, ниту кој било друг. Ги кријам од сите, како змијата нозете, бидејќи ми е страв дека луѓето ќе го променат односот кон мене ако ја знаат вистината. И ти се појавуваш, го гледаш тоа крукче и ме соголуваш до коска. Да знаеш дека ме збуни, не знам што да мислам. Остај друго, туку ќе ме направиш твој фан“, се насмеа тој, обидувајќи се на тој начин да се извини за својата претходна грубост. „Ти можеш да мислиш што сакаш“ се надоврзав јас „Воопшто не ме навредува твоето мислење. Јас знам што гледам. А, ѕвездите не лажат, ако умееш правилно да го прочиташ тоа што го кажуваат.“ Откако му кажав каков живот го очекувал ако не се оженел за Лидија и откако му дадов насоки за иднината, тој веќе видно смирен и пријателски расположен ми кажа дека отсекогаш, нешто од внатре му кажувало дека неговата сопруга му е пратена со цел да го спаси и дека за тоа ја обожава и бескрајно ја почитува. Иако беше јавна тајна дека жените отворено му се нудеа и дека не живее како светец, тој продолжи: „Знаеш, како беше онаа изрека? Carpe diem. Зграпчи го денот. Животот е краток и јас сакам да го зграпчам секој миг и да живеам со полни гради. Се случува да излегувам со други жени, не велам не. Меѓутоа, мојата жена е над се. Таа е царица. Само неа ја сакам и никогаш не би ја оставил за ниедна манекенка, пејачка, ниту глумица.“ Потоа, продолжи да ми раскажува за тешкото детство, за смртта на мајка му, за неопходноста прерано да созрее, за проблемите со татко му. Видено од негов агол, татко му бил добар човек, но слаб како карактер. Посебно откако умрела неговата сопруга, мајката на Дарко. Па, тагата и немоќта ги лечел со алкохолот и на тоа ја давал целата плата. Ситуацијата станала уште потрагична кога само една година подоцна умрела и баба му, од жал за својата ќерка. Тогаш Дарко и неговата помала сестра останале на милост и немилост на својот никогаш неотрезнет и неодговорен татко. Тоа го натерало директорот на фирмата каде што работел таткото да се сожали на децата и да започне да му ја дава платата директно на рака, нему, на осумгодишниот Дарко, за да биде сигурен дека децата нема да останат без јадење и пиење. „Имав среќа. Растев за време на Тито, кога работникот се ценеше и луѓето покажуваа сочувство едни кон други. Многу пати сум се прашувал што би било со мене кога моето детство би го живеел во денешно време? Веројатно ќе бев умрен, ќе избегав во странство, ако имав среќа, или ќе се занимавав со криминал.“ Потоа раскажуваше дека многу пати бил во искушение да дигне раце од се и да тргне по лошиот пат. Меѓутоа, секогаш во последен миг се сепнувал кога ќе си помислел што би рекла мајка му на тоа. „Замисли цело детство го поминав во грижа за сестра ми, татко ми, во плаќање сметки и обезбедување храна за сите нас. Парите морав да ги кријам, бидејќи, кога беше пијан, татко ми ја превртуваше цела куќа да ги најде. Но, научив дека ако издржам и не му кажам каде се, тој ќе си замине во кафеана и ќе чека другите да го честат. Во тие моменти само споменот на мајка ми ме тераше да издржам и да не ја посрамотам на никаков начин. Татко ми умре кога бев на последната година во средното училиште. Мислам дека, на крајот, намерно се уби себеси со алкохолот за да не ни биде товар на мене и на сестра ми.“ На прва година од факултетот Дарко ја сретнал Лидија, најубавата девојка во генерацијата и оттогаш неговиот живот завземал поинаков тек. Се земале уште како студенти, заедно учеле, работеле што ќе стигнат. Но, имале огромна помош и поддршка од родителите на Лидија. Потоа, дошле децата и додека Лидија морала да остане дома и да се грижи за нив, тој морал да биде таткото на фамилијата и да го носи лебот на маса. „Не беше воопшто лесно. Се што имаме е стекнато со многу крв, пот и солзи, што би рекол Черчил“, се обиде да внесе шега во сериозниот муабет Дарко. „Ама сега не можам да се пожалам. Уште да ги изведеме децата на прав пат и да не служи здравјето.“ „Јас сум воодушевена од твојот инстинкт да ги направиш вистинските избори во животот, во вистинско време, без да имаш водство од некој возрасен“, се надоврзав јас. „Ти може да не веруваш во Господ. Но, за мене, твојата судбина е само доказ за божјата милост. А, ти? Ти за мене си човек-надеж. Да знаеш дека од сега така ќе те викам и дека твојата животна приказна ќе ја користам како пример кога ќе треба на луѓето да им покажам дека човек може и лошата судбина да ја победи со правилни избори, многу работа и божја милост.“ Се разделивме како најдобри пријатели. Јас исполнета со вдахновение дека мојата работа има смисла. А, Дарко? Веројатно задоволен дека конечно се ослободи од тајната што ја криеше во себеси целиот свој живот. Но, тоа не е се. Приказната на Дарко ме потсети на една друга приказна за професорот и огледалцето. Па, вреди да ја чуете... На крајот на едно предавање, додека останатите студенти излегувале од амфитеатарот, еден студент кој ги обожавал часовите на стариот професор го прашал: „Професоре, ме интересира што мислите вие, која е смислата на животот?“ Професорот за миг се замислил и таман да му одговори дека секој сам треба да го открие тоа, се предомислил, бркнал во џебот и од таму извадил едно огледалце во големина на петденарка: „Го гледате ли ова огледалце? Го чувам уште од времето на Втората Светска Војна. Тогаш бев дете. Го најдов на улица и го земав, бидејќи ми светкаше на сонцето, а други играчки немав. За кусо време открив дека со него можам да ја уловам сончевата светлина и да ја насочам на места до кои сонцето не допираше, како што се темните одаи, длабоките дупки, северната страна на зградата во која живеев. Еден ден кога се разбудив и го побарав огледалцето во џебот, до мојата свест допре идејата дека тоа што го правам со огледалцето можам да го направам и со својот живот. Значи, требаше само да внесам светлина во темните страни на мојата личност и во мрачните агли на моето срце и да дознаам кој сум, што сакам и што можам да направам со мојот живот.“ „Добро. Но, во што е тука смислата на животот?“ бил нестрплив да дознае студентот. „Мојата идеја беше“ продолжил професорот „дека ако успеам во мојата намера и ако успеам и на другите луѓе да им бидам пример за тоа како се внесува светлина таму каде што ја нема, јас сум ја пронашол смислата на мојот живот.“ Што сакам со ова да ви порачам? Успехот во животот, драги мои пријатели, не зависи од тоа дали ќе добиете добри карти при раѓањето. Туку дали ќе успеете и со слаби карти да одиграте добра партија и да победите.
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.
“ |
Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. ” Борис П., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|