Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Ретрограден Марс во Овен
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
|
Несудената Фрида Кало
(Вистинска приказна од мојата пракса) Не се сеќавам која година беше тоа. Но, сигурно беше есен, како сега, бидејќи мирисите со кои е исполнет воздухот ме потсетија на таа случка. А, мирисите се сензации кои мозокот најдолго ги памети. Се подготвував за одење на работа кога заѕвони телефонот. „Да“ реков, обидувајќи се да го дофатам пенкалото и роковникот. „Дали е тоа Вики астрологот?“ праша еден развлечен, здодевен и лигав женски глас. „Кого тоа го интересира?“ вратив дрско, изнервирана од тоа што луѓето не научија да се претставуваат кога ја нарушуваат туѓата интима. „Извинете“ побрза гласот од другата страна на жицата „Овде е Драгана. Љупчо од ресторанот Медо ми го даде вашиот број. Сакам да ми направите натална карта.“ „Добро“ продолжив помирливо, прифаќајќи ја несигурноста во нејзиниот глас како знак на извинување „Ако не ви е итно, кажете ми ги вашите податоци.“ И така. Драгана ми ги изрецитира датумот, часот и местото на раѓање, споро и развлечено, како да е на умирање. А, јас, кога се ослободив од професионалните обврски поврзани со телевизијата и весникот, започнав со цртање и обработка на нејзината Натална Карта. И гледај чудо. Нејзиниот Хороскоп покажуваше огромен уметнички потенцијал, што таа го носеше од минатиот живот. Во минатиот живот Драгана била маж, познат сликар, кој освен големиот талент, носел и голема човештина. Така, уште за време на истиот живот тој успеал духовно да еволуира во повисок степен, со што си направил добра карма за овој живот. Но, не се реализирал ниту како сопруг, ниту како родител. Во овој живот тој се родил во женско тело за да го зголеми својот сензибилитет, со цел полесно да го реализира она што му останало незавршено во минатиот живот. Но, го задржал највредното постигнување, уметничкиот талент. Доказ за тоа беа еден по друг нанижаните убави аспекти во Наталната Карта на Драгана. Такво нешто до тогаш не бев видела. Во принцип, секоја Натална Карта си има и добри и лоши аспекти во помал или поголем степен. Но, само добри? Такво нешто се случува само во ситуации кога, заради напредокот во минатиот живот, на личноста и се дава можност да одмори до следното поголемо искушение на патот на нејзиниот еволутивен развој. „Што толку добро направила во минатиот живот да заслужи ваква награда?“ се прашував себеси со доза на љубомора. Потоа си размислував на кој познат сликар може да биде реинкарнација? „На Пикасо? Не. Тој бил лош со жените. Сите негови жени или се самоубиле или барем имале обид за самоубиство. А, плус се реализирал и како сопруг и како татко“ „На Леонардо? Не баш. Тој бил врвен ум и надарен сликар. Но, бил арогантен и не бил толку добар со луѓето.“ „Можеби на Микеланџело? Кој знае? Тој бил осаменик и чудак кој уживал само додека работи. Но, нема податоци дека направил нешто лошо некому. Освен што постојано се натпреварувал со Леонардо и немал симпатии за најголемиот број од папите во Ватикан.“ И конечно ми текна. Не е важно чиј талент наследила, туку дали и како ќе го искористи во овој живот. Бидејќи Драгана ги имаше сите предиспозиции да стекне светска слава во сликарството, да биде македонската Фрида Кало. А, откако ќе го реализираше својот талент, требаше да ја најде и љубовта на својот живот, да основа семејство, да стане мајка. Всушност, се што нејзината душа не изживеала во минатиот живот. Но, од друга страна, кога некому се дава огромен талент, се дава и огромна одговорност. Па, постоеше опасност ако не ја материјализира својата дарба, да биде вечно незадоволна, во потрага по трансцендентална љубов која ќе треба да ја исполни огромната празнина што ќе зјае во нејзината душа. Но, не ќе може да ја најде. Бидејќи ќе ја спуштеше својата вибрација, таа ќе привлекуваше мажи авантуристи, коцкари, пијаници и ќе водеше празен и здодевен живот. На крајот ќе беше жртва. Откако го видов сето ова, следната етапа беше да доживеам како е да се биде во кожата на Драгана, кога се ти е дадено на тацна. Бидејќи, Индијанците имаат една изрека која вели дека за да го запознаеш човека треба барем еден ден да одиш во неговите мокасини. Така, на почеток, одењето во мокасините на Драгана изгледаше привилегирано и лесно. Но, како одминуваше денот, се повеќе ме обземаше некаков вид на летаргија. Ништо не ме возбудуваше ниту нервираше. Немав нешто за кое треба да се борам. Немав порив за акција. Резултатот беше рамна линија на животот. Тогаш почувствував дека таа е потажна личност отколку оние кои се натоварени со проблеми. Едвај го дочекав моментот на средбата. Според нејзината Натална Карта знаев дека станува збор за 23 годишна, убава девојка. Но, дали веќе започнало да се одмотува клопчето на судбината, не можев да знам. Заради тоа што ѕвездите само укажуваат на потенцијалите што ги има еден човек и неговиот живот. Но, луѓето одлучуваат што ќе прават со тоа што им е дадено. Моето предсознание се покажа точно. Драгана навистина беше висока, убава девојка, со костенлива коса која немарно и паѓаше на рамениците и чудни очи во кои не се читаше ништо. Кога се ракувавме почувствував како во својата рака да стегам студена жаба. Прво што ја прашав беше дали се уште студира сликарство или веќе има дипломирано. Ме погледна со своите празни очи како да ја тормозам без причина и одговори: „Какво сликарство. Јас не студирам сликарство.“ „Тоа не е возможно“ продолжив јас да газам врз идејата „Ти имаш Натална Карта на светски позната сликарка. Ме тестираш, нели?“ Таа продолжи рамнодушно да ме гледа и буквално да ја применува изреката „еден збор - еден алтан“, па продолжи: „Не... Јас не студирам сликарство... Но... кога некогаш би студирала... тогаш... тоа би било само сликарство и ништо друго.“ „Па, што правиш во животот?“ „Работам како секретарка.“ „Немој да ми кажеш дека тоа те исполнува? Зарем цел живот се гледаш во улога на секретарка?“ продолжив веќе вчудоневидена. „Не знам. Не ми е важно.“ „Добро, а зошто не студираш? Наталнава Карта покажува дека твоите родители имаат пари. Дури би можело да се рече дека се богати.“ „Не се проблем парите...Искрено да ти кажам...размислував...да се запишам на факултет за ликовна уметност“ продолжи таа да ги тегне зборовите низ устата како да се гума за џвакање. „И... ?“ прашав јас полека губејќи трпение. „Потоа си размислив дека треба четири години да одам на факултет“ продолжи таа да ме иритира со нејзиниот безличен говор „Да полагам испити. Па, си реков не можам да губам толку време.“ Разговорот веќе попримаше надреални димензии. „Што сакаш да кажеш дека не се ни пријави?“ „Да. Не сакам да се мачам. Сакам само да бидам среќна.“ „Слушај девојко!“ продолжив јас со повисок тон „Судбината ти доделила неколку адути во раце. Убава си, здрава, без финансиски проблеми, талентирана. Но, со талентот оди и проклетството. Значи, или ќе се запишеш на факултет и ќе тргнеш во освојување на светот или ќе продолжиш да си го трошиш времето на глупости. Но, така не ќе можеш да ги искористиш потенцијалите кои ти ги нуди животот. Па, дури е можно да имаш проблеми да се реализираш на емотивен план.“ Бев понежна во изложување на фактите од она што беше вистината, со цел да не влијаам на нејзините потсвесни избори. И кажав и многу други работи важни за нејзината иднина и на крајот се разделивме како две блиски пријателки кои се познаваат цел живот. На разделување, таа, веќе живната, со новоразбуден сјај во очите ми ја стегна раката и ми рече: „Да знаеш, ми ги отвори очите. Морам нешто да сменам во мојот живот.“ Поминаа месеци, дојде лето. Во ресторанот Медо случајно ја сретнав Драгана. Беше дојдена да го посети својот другар Љупчо. Целата озарена ми пристапи и ми рече: „Вики, имам радосна вест. Конечно поднесов документи на факултетот за ликовна уметност.“ „Тоа е голем чекор Драгана“ одговорив. „А, сега напред и не запирај додека не бидеш на врвот.“ Потоа фатија одмори, па новата работна сезона во телевизијата. А, животот ги вкрстуваше моите патишта со патиштата на многу познати и непознати луѓе. За конечно во една зимска ноќ повторно да не соедини мене и Драгана во едно од скопските диско клубови. Ја видов уште на влегување. Седеше покрај шанкот, со оној нејзин препознатлив израз на лицето кој како да велеше:„До пладне ми е здодевен цел свет. А, попладне сум си здодевна и самата на себеси.“ Дојдов до неа. Ме погледна како прв пат да ме гледа. Отсутна и безволна. „Како си Драгана? Како оди факултетот?“ воскликнав весело, сакајќи да ја тргнам од кататонијата во која беше западнала. „Кој факултет?“ се зачуди таа. „Како кој? Па, нели поднесе документи на оној за ликовна уметност? Се прилагоди ли на новата средина?“ „А... не. Всушност... поднесов документи. Но, кога размислив дека четири години ќе треба да одам на факултет... се откажав. Не можам да губам време.“ Поминаа години. Можеби десеттина од мојот последен разговор со Драгана. Многу работи се сменија во Македонија. Многу луѓе се отселија. Се смени и мојот живот и кругот на пријатели со кои комуницирам. Еден ден, случајно, на улица го сретнав Љупчо, другарот на Драгана. Збор по збор, од мојот преку неговиот живот се префрливме на тема Драгана. „Знаеш ли“ ми вели тој „во нејзиниот живот се се случи онака како што и кажа.“ Ме фати неподготвена. Многу луѓе и судбини ми поминаа пред очи и бев заборавила што се сум и кажала. „Не те послуша“ продолжи Љупчо „Наместо да студира замина за Америка. Таму за кусо време се омажи. Знаеш, тоа не беше проблем, убава беше. Ама сега не би ја препознала. Не е дојдена во Македонија откако замина. Се срами луѓето да ја видат колку пропаднала. Најде маж кој на почетокот и ветуваше брда и долини. А, откако се земаа не ја пушта да излезе од дома. И го одзема пасошот. Таа не работи. А, тој пие и се коцка. И кој знае што уште не прави. Таа ми се јави еднаш скришум по телефон плачејќи, да ми каже дека не може ниту да се разведе, бидејќи се плаши од него.“ Тажен крај на потенцијалната македонска Фрида Кало. Постојано повторуваше дека одењето на факултет и полагањето испити за неа е губење на време. А, го расфрлаше своето ограничено траење на Земјата на минливи и невредни работи и луѓе, како што коцкарот ги фрла жетоните на масата за рулет. Идејата за крајот на приказнава ја добив читајќи книга од францускиот философ Марк Леви. За да го доживеете тоа што сакам да ви го соопштам на вистинскиот начин ,треба да ги следите моите инструкции. Имено: Замислете си дека секој ден најпознатата банка на светот на вашата сметка префрла 86 400 $. Но, за да бидете клиент на оваа банка ќе треба да ги почитувате двете нејзини правила. Првото гласи: Се што нема да потрошите тој ден, ќе ви биде одземено истата вечер. Парите можете да ги трошите само вие и не смеете да ги префрлате на други сметки. Второ правило гласи: Банката има право, без да ве предупреди, да ја прекине играта и да ја затвори вашата сметка. Дали би ги прифатиле правилата во замена за 86 400 $ дневно? Ако веќе ги прифативте, тогаш замислете си што би правеле со сумата од 86 400 $ на дневна основа. Ќе си купите куќа? Колку куќи насекаде низ светот ќе си купите? Ќе патувате? Кои места ќе ги посетите? Ќе купувате брендирана облека? Ќе ги честите пријателите? Ќе трошите на љубовници?... Ако веќе се прашувате која е таа банка и како се станува нејзин клиент, одговорот би можел да ве изненади. Всушност, сите ние сме веќе клиенти на таа банка наречена ВРЕМЕ. А, ЖИВОТОТ е нашата сметка отворена со раѓањето. Секое утро, секој од нас, добива сума од 86 400 секунди живот за тој ден. Што ќе направиме со нив е наш избор. Но, се што не сме проживеале тој ден е бесповратно изгубено. А, банката, без да не предупреди, може да ја прекине играта и да ја затвори нашата сметка.
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.
“ |
Многу сум задоволна. Пред да го добијам хороскопот и да се сретнам со тебе, не знаев што да очекувам и морам да признам дека податоците и објаснувањата беа шокантно вистинити. Ми понуди многу објективна слика на мојата личност и случувањата во мојот живот. Хороскопот ми е како една од оние “self-help” книги, но скроена само за мене.
” Ана, Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|