Говорот на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате? Кликнете на Книгата... |
Останати теми:
Мое гледање на Астрологијата
Астролошките сајтови
Зошто ги бакнуваме децата
Солзи сами капат
Пред да му кажеш Да
Цената на долгите нокти
Тоа што очајнички го посакуваме
Како научив физика
Зад секоја успешна жена
Корумпираната држава
Луѓе со кои не се дружиме
Глупавите луѓе
Нептун во Овен
Ако имаше Господ...
Никој не избегал
Школо за новата реалност
Среќата го менува знакот
Седум фази
Плутон во Водолија
Господарот во матни води
Одиме на Марс
Кој сее ветер
Да сум јас некој
QUO VADIS MACEDONIA?
Никој не е совршен
Кај се тие времиња?
Сакам да се дружам само со убави луѓе
Лопови, Овци, Научници и Мистици
Црешовиот цвет
Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата
Тест за пријателство
Сакај ме повеќе од се на светот
Денот на Свети Валентин
Победа на животот над смртта
Зошто славиме на 14-ти јануари
Чудни се патиштата Господови
Вашиот маж е вашето огледало
Зошто нашите желби не се исполнуваат?
Катарза на стравот од смртта
Што не спречува да бидеме среќни?
Зошто жените сакаат да личат на Џокер?
Убиство со збор
Кога бракот не е консумиран
Ретроградниот Меркур наш слуга
Кај што денот ја љуби ноќта
Кога ќе го преспиеш животот
Нејзиното Височество, Госпожа Карма
Те снаоѓа тоа...
Лоши работи, добри луѓе
Другата страна на надежта
Зошто е болно човештвото?
Дали најде радост
Пет чувари на бракот
Љуби, љуби, ама глава не губи
Во музиката е лекот
Ретроградниот Меркур работи за нас
Супер Цветна Крвава Месечина
Очи во очи со Кармата
Ниедна тајна не останала вечно скриена
Јупитер во Риби
Кога ќе се појавиш љубов моја?
Знаете ли кое е најдоброто патување?
Дај му го на другиот
Соковите на љубовта
Знаците на патот
Кога не ни оди според планот
Силикони за мозок
Луѓенца
Струен удар од зборови
Времето е тест за љубовта
Споменар
Зошто китиме елка
Ако нема кој да ве прегрне
Браковите склучени во недела
Само еднаш се љуби?
Трагачи по возбуда
Важно е да ми чури оџачето
Глупава младина - неизвесна иднина
Денови на среќни околности
Се родив прерано, не те сретнав тебе
Кога умира душата?
Колку трае еден ден на секоја планета
Крадци
Светот е глобално ријалити шоу
Луѓето се како очи
Убавите круши...
Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде
Најголемата слабост на секој знак
Бони и Клајд
Несудената Фрида Кало
Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
Сите бои на Виножитото
Љубов, Ах Љубов
Човекот наречен Надеж
Сатурн во Водолија
Ретрограден Меркур во Риби
Француски бакнеж
Годишен хороскоп за 2020 година
Ни претстои неочекувано среќен период
Во што се крие благословот
Ретрограден Меркур во Шкорпија
Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?
Венера во Вага - Време за Љубов
Млада Црна Месечина на 30 август 2019
Немаш ни благодарам
Ќе ја сретнеш својата судбина
Ни на Небо, ни на Земја
Затемнување на Месечината на 16 јули 2019
Не ја мати водата
Ретрограден Меркур во Лав И Рак
Талентот е Божји дар
Вера, Надеж и Љубов
Сиротата мала богаташка
Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019
Двете Марии
Скршеното огледалце
Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај
Министерот со шешир и темни очила за сонце
Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
Љубовта е во воздухот
Нека го фрли првиот камен...
Сатурн коњукција Плутон
Ќерката на офицерот со ружи
Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
Ѕвезденото небо над светот во април 2019
Кралот на Троседот
Оној што спасил живот
Ветената Земја
Ретрограден Меркур во Риби
Имаш лице какво што заслужуваш
Ѕвезденото небо над светот во декември
Женски Болести
Јами Мами од Мајами
Јупитер во Стрелец
Ѕвезденото небо над светот во ноември
Ако сте родени меѓу два хороскопски знака
Внимавај кого пушташ во својот живот
Пониското и повисокото ниво на секој знак
Ѕвезденото небо над светот во октомври
Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
Ѕвезденото небо над светот во јули
Исправи се, Викторија!
Ретрограден Марс во Водолија
Ѕвезденото небо над светот во јуни
Уран во Бик
Ѕвезденото небо над светот во мај
Кирон во Овен
Ѕвезденото небо над светот во април
Ретрограден Меркур во Овен
Каков карактер - таква болест
Ѕвезденото небо над светот во март
Затемнување на Сонцето на 15-ти февруари
Ѕвезденото небо над светот во февруари
Ѕвезденото небо над светот во јануари
Сатурн во Јарец
Небото над Македонија во декември
Марс влегува во Вага
Венера влегува во Вага
Јупитер влегува во Шкорпија
Која изрека е клучна за секој знак
ФБИ откри кои знаци се најопасни
Која е разликата меѓу знакот и подзнакот
Што му недостасува на секој знак
Марс влегува во Девица
Венера влегува во Лав
Доналд Трамп - Хилари Клинтон
Затемнување на Сонцето
Како ретроградниот меркур ќе влијае
Она што го напишав веќе се остварува
Ретрограден Меркур во Девица
Затемнување на Месечината
Случувањата во следните 15 години
Месечевите Мени и Ритамот на Природата
Деветте заповеди
Светската економска криза
Што е прецесија?
Дали Астрологијата е наука?
Соѕвездијата и знаците на Зодијакот
Астрологијата и магијата
Астрологијата и слободната волја
Дневен хороскоп
Астрологијата и геоцентричниот систем
|
Објавено на 08.09.2020 во 15:41
|
Ретрограден Марс во Овен - Мечот ќе ја затапи својата острица
Во периодот од 9-ти септември до 14-ти ноември 2020 година, на својот пат низ воинствениот Овен, Марс, црвената планета и негов владетел, ќе се предомисли и ќе започне привидно да се движи наназад (ретроградно). Зошто е важно да го знаеме ова?Затоа што, како планета на акцијата и агресијата, Марс предизвикува чувство на напнатост, притисок, нервоза, борбеност, порив за акција, освојување, победа. Но, кога ќе тргне да се движи наназад, од 9 септември до 14 ноември, сите ние ќе имаме недостаток на мотивација за било каква активност. Затоа добро е доколку сите наши поважни обврски, посебно професионалните, ги завршивме до 9 септември. По овој датум, на површина би требало да излезат најнегативните пориви меѓу нас луѓето, но на пасивно - агресивен начин. Па, сиот наш бес, бунт и импулс за борба со неистомислениците ќе го правиме подмолно, зад завеса, со недозволиви средства. Но, доколку сме конструктивни, ќе ги искористиме вибрациите на Марс да го успориме темпото на нашиот живот, да преиспитаме некои наши постапки од минатото, како и оправданоста на некои наши планови и цели за иднината. Како ќе ги чувствуваме вибрациите на ретроградниот Марс?Начин на читање: Прво текстот за вашиот Подзнак (Асцендент), дури потоа за знакот. Ако не го знаете својот Подзнак, направете бесплатен примерок на вашата Натална Карта на оваа страна. Ретроградниот Марс најмногу ќе го почувствуваат Овните, бидејќи е нивен владетел и Шкорпиите, бидејќи е нивен совладетел. Така, додека нивниот владетел се движи наназад, Овните самите на себеси ќе си бидат најголеми непријатели. Па, агресијата и незадоволството би можеле да ги свртат кон себе, во вид на автодеструктивни постапки. Но, ако во минатото се имаат научено на самоконтрола, тогаш овие придушени вибрации на Марс би можеле да ги искористат за реализација на сите планови кои бараат стрпливост. Затапената острица од мечот на Марс ќе влијае позитивно на работата на Шкорпиите со уметнички професии. Но, на вработените во полицијата, војската, здравството и услужните дејности ќе им недостасува мотив за работа. Додека, поради намалениот имунитет, Шкорпиите би требало повеќе да се чуваат од инфекции и воспаленија. А, потиснатите незадоволства би можеле да се манифестираат и преку покачениот притисок. Ретроградниот Марс во Овен ќе биде најнепријателски расположен кон Вагите, Раковите и Јарците. Вагите ги очекуваат искушенија во партнерските односи, и приватни и професионални. Шефувањето, како начин на однесување, повеќе нема да им поминува кај другите. А, Вагите со јавни професии би можеле, со некоја своја постапка, да испровоцираат несимпатии и свртување на јавното мислење против нив. Раковите ќе мора да донесат одлуки поврзани со кариерата, со парите и личниот живот. Ќе мора да одлучат кои се нивните приоритети, да согледаат на што ги трошат парите и колку време и труд им треба да ги заработат истите. Додека Јарците ќе можат да ги надминат проблемите поврзани со членовите на семејството и местото на живеење ако повеќе слушаат што тие им замеруваат отколку што се слушаат себеси. Биковите ќе водат донкихотовска битка со ветерниците од минатото и ќе сакаат да се изолираат од светот. Но, ако го оживеат минатото во сегашноста, ќе можат да си создадат само болести. Близнаците ќе имаат повеќе шанси да ги реализираат своите планови ако ја прифатат помошта од страна на пријателите. Кај Лавовите би можел да се изјалови некој план за патување во странство или пак ќе треба да преполагаат некој испит. Девиците ќе треба да стекнат увид во своите инвестиции, заеми и реална финансиска моќ, со цел да ги избегнат извршителите, каматите и казните. Но, можно е да имаат проблеми и со либидото. Стрелците би можеле да имаат страстен период во љубовта, ако му се препуштат на моментот и ако го зауздаат поривот за авантура. Во спротивно, нивните грешки од минатото ќе се вратат да побараат наплата. Водолиите би требало да бидат исклучително внимателни во сообраќајот. А, можно е да имаат и проблеми на некое патување. Додека Рибите би требало да го зауздаат својот порив за купување непотребни нешта. Во спротивно ги очекува дестабилизација на финансиски план. Да си ја сфатиме сериозно работата и сите да си ги засукаме ракавите. Таму каде што треба ;-)
 Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под реден број 970 Скопје Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
|
Изгледот на страницата одговара за Шкорпиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.
Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак. Направете го овој тест.
Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.
“ |
Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. ” Борис П., Скопје |
Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.
Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)
|