In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Светот е глобално ријалити шоу

Објавено на 07.10.2020 во 20:05

Светот е глобално ријалити шоу
 

Веќе долго време, посебно откако сум на ФБ, забележувам дека љубезното и воспитано однесување меѓу луѓето е реткост. Што е уште полошо, тоа е заменето со злоба, малограѓанштина, простотилак и себичност. Тоа е посебно забележливо на социјалните мрежи каде што под превезот на „слобода на изразувањето и демократијата“, секој има можност да го каже своето мислење. Како резултат на тоа, секој мисли дека е повикан и компетентен да ги критикува другите, да се исмева, да им суди, да покажува нетрпение по секаква основа (по основа на полот, нацијата, возраста, партиската припадност, градот или населбата во која живее итн).

И така, ако подлабоко загребеме во проблемот наречен светот во ерата на глобализацијата, тогаш пред нашите очи со големи неонски букви ќе заблешти сознанието дека светот не е само глобално село, туку е едно големо ријалити шоу. Во ова шоу луѓето се сместени во дневната соба наречена планета Земја од која што, и да сакаат, не можат да побегнат. Додека Големиот Брат постојано им ги затапува сетилата на различни начини. На прво место, свеста на луѓето се затапува преку постоењето на социјалните мрежи кои создаваат какафонија која има за цел во поплавата од најразлични информации да се удави вистината. На тоа се надоврзуваат разните случаи на корупција и криминал кои не се казнуваат и со тоа внесуваат хаос во нашиот востановен систем на вредности. Посебно кај децата и помладите кои не познаваат друг систем и други вредности.

Кога оваа смеса од дезинформации и разрушен систем на вредности доволно ќе ферментира, се анестезира нашето сочувство со помош на секојдневните дупли дози на секакви страдања што се случуваат во светот, а ние ги следиме во живо. Ни станува нормално да гледаме слики на разурнати градови, прегладнети деца, умрени луѓе по улиците, масакри во училиштата, метроата, трговските центри. Затоа, не се шокираме толку кога слушаме дека деца и родилки умираат секојдневно по болниците заради непрофесионалноста на лекарите или заради немањето лекови. А, некои заради неможноста да побараат лекарска помош, поради тоа што се доживотно невработени.

Сите овие случувања, како агресивни светла во дречливи бои, френетично се менуваат и треперат замаглувајќи ни го видот. За, по некое време да отрпнеме и повеќе да не ги разликуваме боите, туку да го гледаме светот обоен во сиво. Тогаш на сцена стапуваат разните антидепресиви, дијазепами, потоци на алкохол и богатата палета на наркотици. Па, кој сака нека повели.

На вртелешката наречена вредносен систем и се откажани кочниците. Па, проститутките, кои според новоговорот се наречени старлети, стануваат инфлуенсерки, додека Нобеловците завршуваат како социјални случаи, заборавени од сите. Разни пробисвети преку ноќ со благослов од Големиот Брат стануваат големи ѕвезди и политичари со купени дипломи. Додека, во исто време, цели реки млади луѓе со високо образование работат како келнери, таксисти, лепат плакати пред изборите, продаваат овошје и зеленчук на пазарите. И тоа ако имаат среќа. Вртелешката не престанува да се врти и врти со се поголема брзина. И така, ден по ден, без да забележиме, стануваме исполнети со несигурност за нашата егзистенција, страв за тоа што носи утре, полни со гнев, бесни, бесни...бесни.

Бесни сме бидејќи стимулациите од надворешниот свет се премногу силни.

Бесни сме бидејќи напорно учевме за да имаме подобра иднина. Но, во меѓувреме правилата на игра се сменија, а нас никој не не предупреди.

Бесни сме бидејќи очекувавме да живееме подобар живот од нашите родители, а работите со секој изминат ден се се полоши и полоши.

Бесни сме бидејќи некои третокласни идиоти обдарени со растеглив морал и кичма од пластелин што се витка како што другите свират, сега жарат и палат во нашето маало додека ние едвај составуваме крај со крајот.

Бесни сме бидејќи сме немоќни да им обезбедиме сигурност на нашите деца и да ги заштитиме од тоа што го носи утрешната небиднина.

Бесни сме бидејќи го делевме залакот од устата да ги школуваме децата во странство, со цел да ги спасиме од чмаењето дома. А, дочекавме да си ги гледаме внуците само на Скајп.

Бесни сме поради загубената младост, изневерените соништа, пради немањето смисла во животот.

Бесни сме, а често пати не знаеме и зошто, бидејќи бесот станал константа во нашето раположение. А, на човечката психа не и треба многу за да пукне и прегори. Па, како што жицата во електричните кабли може да поднесе оптоварување од определен напон, така и човечката психа може да поднесе само одредена количина на стрес. Ако стресот е мал но континуиран, тој како кинеска капка полека го руинира нашиот имун систем и не разјадува од внатре.

Ако е премногу голем, тогаш се случуваат внатрешни експлозии и хаварии. Оттука, не е чудно што после изложеноста на претераните стимулации предизвикани од сите страни, луѓето покажуваат промени во расположението и однесувањето. Во зависност од карактерот, стануваат избувливи, постојано нервозни, нетрпеливи или пак се постојано уморни и депресивни. Како времето поминува, тие покажуваат агресија кон другите луѓе и ако стимулациите продолжат а тие не најдат начин да се заштитат, доаѓа еден момент кога тие стануваат отворено насилни.

Значи, насилството е само крајниот степен од долготрајната изложеност на егзистенцијална несигурност и претерана надворешна стимулација на нашите сетила. Всушност, насилството е крикот на оние кои немале моќ да му се спротивстават на злото, а биле доволно морални за да можат да им се прилагодат на новите услови за живот.

Затоа, драги мои соседи од глобалното село наречено Земја, за да се заштитиме себеси од овој терор врз нашите сетила, треба да се вратиме на почетокот, од каде што тргнало се. Затоа што мудрите велат дека ако се загубиш по патот, треба да се вратиш од точката од која си тргнал по него. Значи, прво треба да ја повратиме сигурноста и довербата во животот. За таа цел потребно е да се ослободиме од информативниот отпад така што ќе го намалиме гледањето ТВ и користењето на социјалните мрежи.

Времето пак можеме да го исполниме со многу поубави нешта, со престој во природа, читање мотивирачки книги, вечери поминати во разговор со семејството или во друштво на пријателите, во заеднички излети за време на викендот. Устата нема да ни се исуши ако ги поздравиме соседите во лифтот, ако и се заблагодариме на продавачката во маркетот, ако му кажеме убав збор на пријателот што е тажен или некој комплимент на несигурната тинејџерка која штотуку влегува во светот на возрасните. Рацете нема да ни отпаднат ако ја придржиме влезната врата и ги сочекаме соседите кои се качуваат по скалите, ако и ги однесеме торбите на постарата госпоѓа до дома.

Љубезноста е само манифестација на љубовта. Прво кон себеси, а потоа и кон другите.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Овните. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен (тековен стил) Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби