In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Крадци

Објавено на 16.10.2020 во 09:44

Крадци
 

Крадци, драги мои, има откако е светов и веков. Некои од нив се подобри во својот занает, некои полоши. Некои пак сеуште се во процес на учење на занаетот. А, се краде се. Само треба да одлучиш за кој фах ќе се определиш, за кој имаш најмногу природни таленти и за кој највеќе те бидува. За крадење материјални работи или за посуптилни нешта?

Така, има крадци извештени во кражба на паричници и чанти, таканаречени џепароши. Па ти, додека трепнеш, твојата чанта веќе го сменила сопственикот и завршила во нивни раце. Можеби во прв момент ќе ве изгори нивната постапка, не толку поради парите, туку поради документите што ќе треба одново да ги вадите. Ама старите велеа: „Да го благословиш тој што ти зема малку. Така ти создава простор да ти дојде многу.“

Потоа, има крадци од „високото доброутро“. Овој израз се користеше во времето на социјализмот за означување на политичките елити. Велам политички, а не и бизнис елити, бидејќи во тоа време не постоеше шанса да бидеш на висока позиција во бизнисот ако не си политички подобен. Ако подразмислам, ништо суштински не е сменето ниту денес.

Е, овие „дами и господа“ не трошат врeме на крадење на ситно. Тие пукаат на високо и го крадат народот на најневозможни начини. Ова „невозможни“ се однесува на организираните држави каде се почитува законот. Во Македонија се е возможно.

Има поперфидни крадци кои ги присвојуваат вашите идеи и ги претставуваат како нивни. Тие многу одат на нерви, ама штетата што ја прават може да се докаже и материјално да се компензира. Имајте разбирање за овие луѓе. Тие и понатаму ќе имаат проблем со своето его и со чувството на помала вредност. А, вам никој не може да ви го земе тоа што го знаете и умеете. Никој, освен Господ.

Некои се би дале само да ги украдат вашите пријатели. Дали за да го искористат вашето име за да дојдат до услуга за себе, дали да го заземат вашето место покрај нив или од чиста завист и љубомора. Ич гајле да не ви е. Оној што посегнал по вашите пријатели не е ваш пријател. А, тие што ви свртиле грб поради некој трет не заслужуваат да ја носат титулата ваши „вистински пријатели“.

Некои крадци ќе се окозат додека не го украдат вашиот имиџ. Тие се најсмешни и затоа не се секирајте за нив. Се знае кој е оригиналот, а кој е копијата. Бидејќи имиџот на личност која го украла изгледа како облека која не и пасува. Таа е или предолга или прекуса, преширока или претесна, со боја и дезен што не одговара на тенот на тој што ја украл. Така што личноста која украла нечиј имиџ самата се казнила себеси бидејќи изгледа како гротеска.

Постојат и романтични крадци кои се задоволни ако ви ја украдат само насмевката кога се разминувате со нив на улица. Тие се најсимпатични. Па, штедро дарувајте ги со насмевки. Вас ништо не ве чини, а ним ќе им го разубавите денот.

Посериозните крадци се верзирани за кражба на туѓи жени и мажи. Не дека им се потребни, но така си докажуваат себеси дека вредат повеќе отколку што се убедени дека навистина вредат. Или пак, за да избегаат од една грешка што направиле во животот со изборот на погрешен партнер, запаѓаат во друга. И ним не им замерувајте. Оној што навистина ве сака не дозволува да биде украден. А, оној што ќе дозволи...Е, па среќен му пат. Таму му е местото.

И сето ова до тука е мачкина кашлица, драги мои.

Полека доаѓаме до оние крадци кои сериозно ја предизвикуваат кармата на двобој. А, кармата сите знаеме што е. Кармата е...кармата е...кармата е кучка, нели?

Е, овие мангупи што се дрзнуваат да си играат со кучката која враќа со камата се крадците верзирани на тема СРЦЕ. Не, не. Не станува збор за животинско срце што сеуште може да се купи во понекоја старовремска месарница. Не, тие се махери за кражба на вистинско, човечко срце. Е, сега и тука има повешти и помалку вешти крадци.

Учениците од пониските класови умеат само да ви го украдат телото надевајќи се дека тоа ќе им ги отвори портите што водат до вашето срце. Ако не за подолго, тогаш на час или два, додека не ги задоволат своите биолошки потреби. Доколку им помогнете да успеат во своите намери вие станувате нивен соучесник. И добро. Можеби на крајот нема да добиете љубов, ама ќе добиете мигови кои ќе ви личат на љубов. А, во денешно време и тоа не е за фрлање.

Оние кои веќе ја совладале оваа постапка преминуваат на следниот чекор - вистинка кражба на вашето срце. Директно, дрско, без пардон. Не викам дека немаат вина. Ама на крајот од вас зависи дали ќе и се предадете на илузијата или ќе го оставите крадецот со празни раце.

Како стануваат повешти во оваа процедура, најбезобразните и најинтелигентните крадци стремат кон вашата ДУША. Зошто? Затоа што веќе знаат дека кога ќе им ги отклучите нејзините одаи, телото и срцето сами ќе ја следат и вие ќе станете нивни поданици. И знаете што е најчудно? Тие што ја загубиле својата душа најчесто посегаат по нечија туѓа со цел да ја покријат својата голотија. Е, за овие не можам да најдам оправдување. Бидејќи душата е вонвременска и вонпросторна категорија која не можете да ја поседувате ниту вие самите, туку само некој кој не е ограничен со време и простор, само оној кој ја создал. Само Господ.

Има и варијации на оваа тема. Така, бездушните крадци најчесто крадат деца...и така натаму...и така натаму...

Но сепак, најлоши од сите се оние кои ќе посегнат по вашата ИДНИНА. Тоа го прават перфидно, го пакуваат во блескава хартија на која пишува „За ваше добро“ и се трудат да ви го подметнат како колаче на чинијата за чај. Ако го прифатите „Тројанскиот коњ“ тогаш тие ќе ви одредуваат како ќе живеете, што треба да ви се допаѓа а што не, што ќе учите, со кого ќе се мажите или жените, колку деца ќе имате, во што ќе верувате, на кој Бог ќе му се поклонувате и како тоа ќе го правите...Па, одат до таму што ќе ви наредуваат како треба да се грижите за своето тело, дух и душа, кои лекови да ги пиете, каква храна да јадете, ќе ви наредуваат кога да се вакцинирате, колку слобода ќе имате и како ќе ја практикувате истата.

Внимавајте, овде не станува збор за совет или сугестија. Станува збор за НАРЕДБА. Е, тие што ова го прават си земаат улога поголема од таа што ја има Господ, бидејќи тој ни оставил слободна волја и слободен избор. Затоа, за ваквиот вид крадци нема оправдување.

Сега се прашувам, што е тоа што одредува кој што ќе краде? Дали тоа произлегува од карактерот на личноста? Од нејзиното воспитување во детството? Од хороскопскиот знак? Веројатно од се по малку.

Потоа ми навираат нови прашања. Дали Овните најмногу крадат коли, како што вели астрологијата? Дали Биковите ординираат по марктите и банките? Дали Близнаците се најшармантните крадци кои крадат преку манипулации? Дали Раковите се најрасипани бидејќи прво се стремат да ви го украдат срцето, па потоа вие сами ќе им го дадете останато што го поседувате. Дали Лавовите ја крадат туѓата слава и поуларност, а оние што се поматеријални пружаат рака кон туѓите пари, банките и златарниците?

Можеби Девиците се најорганизирани крадци, бидејќи се најдобри сметководители? Зарем Вагите не се најдобри во кражба на туѓиот идентитет, а Шкорпиите во посегање по туѓите мажи и жени? Дали Стрелците се што им се допаѓа го сметаат како свое и не се оптоваруваат со идеата дека нешто украле? Нели Јарците би биле најсреќни кога некому би го украле шефовското место или банкарската сметка? Водолиите се познати фалсификатори и вешти плагијатори на уметнички дела. Додека Рибите сакајќи да украдат нечие срце нема да забележат дека го дале сопстевното, а попрактичните од нив би обиле некоја аптека или винотека.

И доколку, според степенот на направената штета и според големината на гревот, ги сместиме сите видови крадци низ круговите на пеколот за кои пишува Данте, според мене, во деветтиот, вечно оковани од студ и мраз, ќе бидат оние кои се дрзнале да украдат нечија душа и нечија иднина.

Потрудете се да не бидете тоа вие.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Овните. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен (тековен стил) Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби