In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Исправи се, Викторија!

Објавено на 10.01.2018

Исправи се, Викторија!
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

На училиште не учеа дека семејството е основната клетка на државата. Тоа значи дека на кој принцип функционира семејството, на истиот би требало да функционира и државата. Во тој случај, власта би била таткото на семејството (кралот во монархиите). Додека социјалните служби, здравственото и пензиското осигурување, би биле мајката. А, обичниот народ се децата.

Толстој пак вели дека сите среќни семејства се слични едни на други. Додека, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.

Што мислите вие? Какви деца можат да израснат во едно дисфункционално семејство какво што е државата Република Македонија? Ова го објаснувам за да стекнете претстава во какви услови растеше и стасуваше во жена Викторија, хероината на мојата приказна.

Имено, до 1945 година, македонскиот народ немал вистински татко. Имал разни очуви кои еден по друг го присвојувале домот на вистинскиот татко и заведувале свој ред. А, мајката и децата морале да му се покоруваат и на редот и на очувот.

Потоа, од 1945 до 1980 година, глава на домот стана една моќна и харизматична фигура во ликот на саканиот другар Тито. Тој го спои домот на македонскиот народ со уште неколку други домови на деца без родители и направи еден голем и богат имот. Но, овој татко не ги воспита добро своите деца. Ги учеше само да бидат сложни меѓу себе и умни, што значеше да не прават проблеми или да не „таласаат“, како што тогаш се викаше. А, тато се ќе им обезбеди за убав и удобен живот. И веројатно таткото имаше најдобри намери. Но, децата никогаш немаа можност да пораснат. Затоа, откако тој си замина од овој свет, тие не знаеја како самите да се грижат за себе.

Така, аздисаните деца предизвикаа војна на заедничкиот имот наречен СФРЈ и започнаа да се делат. Меѓутоа, несозреани и воспитани во духот на самоуправниот социјализам, според кој се во државата му припаѓа секому, децата не знаеја што да прават со имотот што го добија при поделбата. За волја на вистината, државата стихијно си се водеше самата себеси, како што меѓу себе се водат децата кои останале сирачиња.

Ваква отприлика би била генезата на робовско-лоповскиот менталитет на македонскиот народ и неговиот пасивно-агресивен карактер, според мои согледувања. Па, за разлика од државите што имале вистински и домаќински ориентиран татко и грижлива мајка, кои биле надгледувани од искусните дедо и баба (Академија на науките и уметностите, стар крал и кралица, совет на старци) и сите тие се труделе да им помогнат на своите деца да пораснат и да се осамостојат, тукашниот народ е растен во дисфункционално семејство (држава). Во семејството наречено самостојна Република Македонија, таткото прво ги подели најдобрите делови од имотот на неколку свои пријатели. Па, децата останаа со куси ракави да ја чекаат зимата. Потоа, во 2001, децата се испотепаа меѓу себе. Па, од 2006 до 2017, таткото земаше од устата на децата за тој да се луксузира и да гради Дизниленд итн.

Растени во услови на неправда, недостоинство, непочитување едни со други и константна немаштија, децата израснаа во битија со пасивно агресивен карактер и робовско-лоповски менталитет. Затоа, тие не само што не се радуваат на туѓиот успех, туку се трудат да им наштетат на поуспешните од нив и да ги вратат скалило подолу. На тој начин тие се чувствуваат помалку лошо поради својот неуспешен и безидеен живот.

Пасивно-агресивните луѓе со робовско-лоповски менталитет се однесуваат претерано понизно и сервилно кон оние што имаат поголема моќ. А, кога таков човек и самиот ќе дојде на позиција од моќ, има делузија дека може да прави се. Па, тогаш почнува да зема немилосрдно од своето семејство (народот), како да е туѓо.

Народот пак молчи пред авторитети, не затоа што ги почитува, туку затоа што ги презира или пак сака да искористи нешто од нив. За сметка на тоа, ужива да ги малтретира послабите од себе (жените, болните, помалубројните народи, малцинските групи, животните).

Народот со пасивно-агресивен карактер ги презира паметните и успешни луѓе, кога велам успешни мислам на успешни со свој труд и способности, бидејќи тие се огледалото во кое тој го гледа своето грдо лице изобличено од лицемерие, алчност, неспособност, немоќ, мрзеливост, завист, љубомора и злоба. А, ако паметна и успешна е некоја жена, тогаш народот го доживува тоа како двојна навреда и ќе се труди да ја уништи и згази таа жена на секој можен начин. Па, ќе почне прво со озборувања за нејзината личност, приватен живот, семејство и морал. Потоа, ќе и поставува сопки на секој чекор. И ако тоа не му успее, ќе ги игнорира нејзините способности или на друг начин ќе ја дискриминира по основа на полот.

И замислете. Едни од најгласните во оцрнувањето на убавите и успешни жени се токму другите жени што себеси се сметаат за помалку успешни и убави од објектот на нивната желба и омраза.

Сето ова погоре набројано на своја кожа најдобро го имаше почувствувано хероината на вистинската приказна од мојата пракса, Викторија.

Кога ја сретнав се наоѓаше во кризен период. Штотуку разведена, без работа и стан, таа беше вратена во домот на своите родители. Меѓутоа, тежината што ја носеше на своите плеќи не можеше да ја наруши нејзината убавина. Изгледаше како здравите и атлетски градени девојки од американските реклами во деведесеттите години од минатиот век. Всушност, без претерување, можам да кажам дека таа слободно можеше да им се придружи на петте топ манекенки на сите времиња: Синди Крафорд, Наоми Кемпбел, Ева Херцигова, Линда Еванџелиста и Клаудија Шифер. Висока, атлетски градена, со долга, бујна, руса коса, мене ми изгледаше поубаво и од Клаудија Шифер и од Ева Херцигова.

Првиот впечаток што го имав кога ја видов беше дека некако отскокнува од тукашната средина. Додека ги водевме куртоазните муабети на почетокот на средбата, јас се обидував да ја замислам во различни ситуации, на различни локации во градот. Но, безуспешно. Едноставно, каде и да ја поставев во својата визија, таа отскокнуваше од средината. Како кога би ставиле дијамант меѓу обични каменчиња.

Тоа и не ме зачуди, бидејќи уште додека ја работев нејзината Натална Карта видов дека се работи за личност надарена со огромна харизма, која ќе ги привлекува туѓите погледи, и машки и женски, каде и да се појави.

„Си размислувала ли некогаш да работиш како манекенка?“ ја прашав. „Би била успешна во тоа.“

Ме погледна со поглед полн со згрозеност и одговори:

„Неее. Сум имала понуди. Но, јас не се доживувам себеси како месо закачено во витрината на месарницата на кое ќе се лигават кучињата. Јас сум личност. Имам и памет.“

Ми се допадна одговорот и нејзината самодоверба, бидејќи, според она што го бев видела во нејзината Натална Карта, таа многу ќе и биде потребна во иднина. Имено, Наталната Карта на Викторија покажуваше дека таа носи тешка карма од минатиот живот, кога била и богата и убава. Но, многу размазена и не го ценела тоа што го има. Затоа, во овој живот требаше да ја има судбината на Сизиф. Да го турка својот живот со мака кон врвот и во еден миг, со само еден удар, судбината да ја враќа на почетокот. А, таму, на почетокот, на местото од каде што потекнуваше, во родителскиот дом, немаше кој да и помогне. Ниту при падовите, ниту при повторното кревање на нозе. Затоа ме потсети на ликот на Неда Арнериќ во филмот „Исправи се Делфина“.

Тогаш, уште почудна ми стана нејзината самодоверба. Бидејќи, немав претстава како ја стекнала и кој и помогнал во тоа.

И кажав за родителите кои не и беа потпора, туку повеќе камен околу вратот што постојано ќе ја влече надолу. И споменав дека тешка ќе и биде судбината. Но, дека мора да ги издржи кармичките удари и да остане на нозе. Бидејќи, ако не им дозволи да ја скршат и да ја расипат како човек, би можела да оствари блескава кариера и да се дружи со луѓе од отмените кругови. Всушност, имаше шанса многукратно да ја надмине класата на која и припаѓаше според раѓањето и да ја достигне класата на која и припаѓаше во минатиот живот. Но, не тука. Не, во Македонија. Врвот требаше да го доживее во некоја од поразвиените западни земји.

Тогаш Викторија го изнесе пред мене својот дотогашен живот и како вешт месар го пресече на вистинските маста со само неколку удари, за потоа да го складира во соодветните фиоки на својата меморија:

„Израснав во просечно македонско патријархално семејство. Во кое што мајка ми, на секој ручек на татко ми му го ставаше најубавото и најголемото парче месо, со оправдување дека тој ги носи парите во куќата. За женското дете се сметаше дека е подобро да не се роди. Бидејќи, според мајка ми и сосетките во маалото: „И стреите плачат кога се раѓа женско дете“. Идеја која никако не можев да ја сфатам. А, тие не знаеја да ја објаснат. „Зошто плачат?“, прашував „Кога и машкото и женското би можеле да имаат тежок живот?“. Но, тие не знаеја зошто. Така, се повеќе сум убедена дека со карактерот се раѓаме. Бидејќи, ако мојот карактер зависел од генетиката и средината во која растев, ќе бев исфрустрирана личност која пред другите глуми она што тие сакаат да видат од неа. А, своите незадоволства ќе ги празнев мразејќи ги и озборувајќи ги другите. Спорт што е омилен кај нашиот народ.“

Немајќи што да додадам ниту да одземам, јас уживав во нејзината беспрекорна анализа. А, таа продолжи:

„Не дека јас немам фрустрации. Но, моите се од друга природа. Долго не сфаќав зошто луѓето со кои се дружам, посебно моите другарки и нивните мајки, имаа потреба да ме повредуваат. Мајка ми ме воспита да ги сакам луѓето и кон моите другари се однесуваше како кон свои деца. Затоа, ми требаше многу време да откријам дека изворот на озборувањата и измислиците за мене беа токму моите другарки и нивните мајки. Тие не можеа да ми простат дека сум поубава и попаметна од нивните ќерки и бараа начин како да ми ја намалат вредноста.

Потоа, завршив факултет, но не можев да најдам работа, бидејќи бев жена во машки свет. А, кога на едно интервју за работа мојот потенцијален директор ми рече дека сум преквалификувана за работното место што очајнички ми требаше и дека сум попаметна отколку што ми треба, одеднаш ми кликна. Па, јас за нив бев опасност, а не мултитаскинг потенцијал за вработување. Потоа, направив тест за интелигенција и добив сертификат за висок IQ од Менса. Меѓутоа, ја научив лекцијата, па започнав да се правам поглупава отколку што сум. Така и се вработив.

Кога го сретнав дечкото што ми стана сопруг, мислев дека моите соништа стануваат реалност. Силно го засакав. Првенствено ме возбудуваше неговата интелигенција и начитаност. А, луѓето само забележуваа дека сум поубава од него. Па, секако дека сум поубава. Јас сум поубава од 90% и од мажите и од жените. Зарем е тоа мој грев? Нејсе, нашите проблеми започнаа уште во првите денови на нашиот брак. Душегрижниците почнаа да му ја полнат главата дека сум се омажила со него заради богатството на неговите родители. А, тој секоја ноќ бегаше од брачниот кревет. Не знам дали за него бев само жена трофеј која, откако ја доби, веќе не му беше интересна или пак навистина имаше хомосексуални склоности, како што зад наш грб зборуваа неговите пријатели. Но, што и да беше причината, јас не сакав да го продолжам тој живот и го оставив. А, бидејќи сум човек што размислува, постојано се прашував: „Зошто баш мене требаше сето ова да ми се случи? Дали е тоа некаква карма?“ И еве ме кај тебе.“

„Ти олесна ли што барем знаеш дека исплаќаш кармички долгови?“ ја прашав.

„Па да, до некаде. Всушност, најмногу ме плаши тоа што ја напуштив работата заради неговата љубомора. Ги прекинав контактите со пријателите. Немам заштеда. Живеам кај родителите, а чувствувам дека не припаѓам таму. Треба се да започнам од почеток и многу ми е страв од иднината. Што ако не најдам работа? Што ако не се вљубам повторно, бидејќи сум избирлива? А, без разлика на тоа како изгледам, јас сум личност со висок морал и не би го злоупотребила својот изглед за стекнување на лична корист.“

Не сакав да и давам лажна надеж, па и кажав дека и во иднина е можно да доживува и големи успеси и неочекувани падови без нејзина вина. Но, дека ќе мора да издржи.

„Ти си создадена за големи работи. А, за да ти биде дадена големата работа, ќе мора да истрпиш и големи искушенија. Не заборавај, колку повеќе се искачуваш погоре, толку поголеми искушенија ќе треба да пребродиш. А, на крајот од тунелот те очекува голем успех во странство. Па, дури и можност за светска слава.“

Ме гледаше со очи на човек кој е премногу реален да верува во чуда. Но, веројатно да не излезе неучтива, ми рече:

„Ох, колку убава музика за моите уши. Но, не гледам како би можело да се оствари тоа?“

„Има една изрека која вели дека учителот се појавува тогаш, кога ученикот е спремен“, и реков јас. „Колку да знаеш, настаните од иднината ќе започнат да се остваруваат некаде за 3 години. А, шансата за големиот успех, дури после 12 години. Затоа, исправи се Викторија. Ти треба цврст р’бет за да го издржиш лошото. Но, уште поцврст за да не те скрши успехот.“

На заминување ми текна да ја прашам од каде ја црпи самодовербата? Ми одговори:

„Не знам. Од самата себе. Таква сум. Дури и кога некој ќе ми каже нешто лошо за мене или ќе ме навреди, јас знам дека не е така. Едноставно, отсекогаш чувствувам дека вредам повеќе.“

Поминаа години. Со Викторија повторно се сретнав на отворањето на една изложба во еден голем европски град, каде што таа веќе беше етаблирано име во интелектуалните кругови и беше омажена за исто таков човек.

„Се се случи како што ми кажа“ ми призна таа шепотејќи.

„Ти посакувам така и да остане“ и возвратив и јас шепотејќи и и намигнав.

Случајот на Викторија е доказ за тоа колку е важна самодовербата во животот. Некои од нас се раѓаат со неа. Други ја развиваат во текот на животот. Но, за жал, постојат и такви кои, колку и да се трудат, што и да постигнат во животот, секогаш во душата остануваат несигурни деца уплашени од судот на другите. Затоа е пожелно да ја чуете приказната што сега ќе ви ја раскажам:

Некаде кон крајот на дваесеттите години од минатиот век, во екот на големата светска економска криза, дедото банкар се шетал во дворот на прекрасната куќа која веќе ја загубил и требало да се иссели од неа. Со него биле и неговите многубројни внуци и внуки од четирите сина и двете ќерки. Сакајќи на своите наследници да им даде лекција од животот што не се заборава, тој од својот паричник извадил книжна пара од 20 $ (што денес би вредела 282 долари) и ги прашал внуците:

„Кој сака да му ја дадам оваа пара?“

Не сфаќајќи за што се работи, внуците прво срамежливо, а потоа похрабро започнале да ги подигнуваат своите раце. По некое време сите раце биле подигнати во вис.

„Во ред. Но, пред некому да ја дадам, ќе треба уште нешто да направам“ продолжил банкарот. Потоа ја изгужвал парата и повторно им ја покажал на внуците.

„А, сега? Уште ли ја сакате?“

Повторно, сите раце се кренале во вис.

Тогаш, мудриот дедо ја фрлил дваесетдоларката во калта и почнал да ја гази. А, потоа ја кренал со два прста и им ја покажал на внуците.

„Кој ја сака сега?“

Сите раце повторно се кренале во вис.

Задоволен од резултатот на експериментот, тој им се обратил со зборовите:

„Мислам дека ви е јасно, мили мои деца, дека можам да и направам се на оваа пара, но таа нема да ја загуби својата вредност. И понатаму вреди 20 $. Е, така е и во животот. Поради некои одлуки ќе ви се случи да се сопнете и да паднете. Некој сигурно ќе се обиде да ве извалка со својата омраза, со своите озборувања, со клевети. Други ќе се обидат да ве згазат. Можеби ќе ви се случи партнерот што го сакате да ве напушти. Можеби ќе ве згази предавството од страна на пријателите, загубата на работата, на имотот или болеста. Но, имајте на ум дека тоа им се случувало на луѓето и во минатото. А, ќе им се случува и во иднина. Меѓутоа, во таквите моменти последното нешто што треба да го направите е да ја загубите вербата во себеси. Бидејќи, изгужвани или испеглани, валкани или налицкани, вие и понатаму ќе ја имате својата „почетна вредност“. Исто како и оваа пара од 20 $. А, сега, ајде да ја потрошиме во слаткарница.“

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Овните. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Понекогаш ни самата незнам дали ќе ги направев вистинските животни избори, ако ја немав наталната карта. Мое огледало во минатото и мое лично упатство за подобра иднина. 

Ивона Талевска, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен (тековен стил) Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби