In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Ѕвезденото небо над светот во октомври

 
Објавено на 26.09.2018 во 16:08

Ѕвезденото небо над светот во октомври
 

Ситуацијата на небескиот свод во првата недела на октомври, ќе биде во знакот на мерење на мускулите меѓу агресивните вибрации на Марс од бунтовната Водолија и непредвидливите вибрации на бунтовниот Уран, кој ќе се движи наназад во Бик. Оваа небеска борба би требало да влијае и на случувањата на Земјата и меѓу луѓето. Па, на површина би требало да излезат најнегативните пориви кај луѓето, нивниот бес, бунт и поривот за борба со неистомислениците.

Меѓутоа, како планетите една, по една, ќе започнат да се концентрираат во знакот Шкорпија, а Сончевите вибрации ќе ги вкрстат своите копја со оние на мистичниот Плутон, така воздухот ќе биде заситен со посилна, подлабока и потаинствена енергија во периодот од 9 до 18 октомври. Всушност, ќе се случува енергетска акумулација и затишје, пред енергетската бура која ќе кулминира во периодот од 24 до 31 октомври, кога ретроградната Венера во Шкорпија ќе кокетира со непредвидливите вибрации на ретроградниот Уран во Бик. А, тоа нивно држ'-не дај, ќе биде борба меѓу потребата да се контролира ситуацијата и потребата од промени, меѓу егзистенцијалниот страв и хедонизмот. Оваа, горе-долу рамноправна борба на небото, на Земјата, меѓу луѓето, ќе предизвика излив на фрустрации, конфликти и тиранија од страна на поагресивните кон помирољубивите луѓе.

Но, да почнеме со ред. До 23-ти октомври, Сонцето ќе се движи низ дипломатичната Вага и ќе се обидува да ги смири зовриените страсти меѓу луѓето. Меѓутоа, тоа нема да му поаѓа од рака во борбата меѓу Марс и Уран, во првата недела на октомври, како и во периодот од 9-ти до 18-ти октомври, кога на виталните Сончеви зраци патот ќе им го попречат моќните импулси на Плутон, магот на тајните. Тоа ќе предизвика на површина, и во општеството и меѓу обичните луѓе, повторно да излезат некои нерешени проблеми од минатото, некои непријатни тајни. Поради нив можни се конфликтни ситуации меѓу брачните и бизнис партнери, меѓу претставниците на редот и законот со криминалците и подземјето. Луѓето со психички проблеми потешко ќе можат да се контролираат, како и оние со „краток фитиљ“. Овие манифестации најмногу ќе ги погодат Вагите родени од 8 до 18 октомври, Јарците родени од 6 до 15 јануари, Раковите родени од 8 до 18 јули и Овните родени од 6 до 15 април.

Меркур, планетата на разумот и комуникациите, до 10-ти октомври, ќе се движи низ тактичната Вага. Неговите вибрации би требало да предизвикаат нашите мисли да бидат водени од потребата да внесеме хармонија во меѓучовечките односи, од поривот за правда и правичност. Од друга страна, ќе царува површноста во размислувањето и однесувањето, бидејќи ќе се трудиме да го сочуваме личниот мир, со тоа што ќе ја задоволиме формата што некој ќе ја бара или очекува од нас, наместо да се трудиме да се избориме за она што нам ни е важно, за суштината. Затоа, во периодот од 8-ми до 14-ти октомври, поради затегнатиот однос меѓу Меркур и ретроградниот Уран, би требало да бидеме порасположени за непромислени постапки и зборови, за глупирање, за предизвикување потсмев кај другите луѓе. Ќе имаме склоност кон интриги, провокации, ќе го обликуваме своето мислење според сексуалната мотивација.

Како Меркур, од 10 до 31 октомври, ќе се движи низ продорната и таинствена Шкорпија, така ние ќе добиеме порив да го откриеме сето она што е прикриено и непознато, да ги дознаеме сите тајни. Овој порив придружен од засилената колективна интуиција ќе ни помогне во брзото детектирање на туѓите нечесни мотиви и намери, како и во препознавањето на слабостите на другите луѓе. Затоа, од 10 до 31 октомври најмногу успех во работата ќе имаат детективите, научниците истражувачи и новинарите кои се занимаваат со истражувачкото новинарството.

Додека во периодот од 17-ти до 24-ти октомври, кога Меркур ќе го игра својот хармоничен танц и со креативниот Нептун и со владетелот на потсвеста, Плутон, најуспешни би биле писателите, претприемачите и банкарите. Затоа пак, кога Меркур ќе го направи својот небески бакнеж со Јупитер, планетата на среќата, од 25 до 31 октомври, сите работи ќе ни одат полесно. Додека вложениот труд ќе ни биде двојно награден. А, тоа со сигурност ќе го забележат Шкорпиите, Рибите и Раковите родени во третата декада на својот знак.

Венера, планетата на љубовта, уметноста и земните задоволства, од 5-ти октомври до 16-ти ноември 2018 година, ќе го започне својот ретрограден од низ страсната Шкорпија, во која никогаш не се чувствува како своја на своето. Затоа, кај нас ќе се зголеми потребата од мува да правиме слон. Ќе се однесуваме попосесивно и пољубоморно отколку обично. Лесно ќе влегуваме во кавги преку кои ќе ги излеваме своите фрустрации. Кон послабите ќе се однесуваме тирански, а во сексот ќе не привлекуваат перверзиите. Тоа ќе биде најзабележливо во периодот од 24 до 31 октомври, кога ретроградната Венера ќе кокетира со Сонцето и ќе му се спротивставува на ексцентичниот, ретрограден Уран. Поради тоа и нашите реакции во љубовта ќе бидат непредвидливи. Па, можно е да се зголеми бројот на неверствата, раскинувањата на врски, разводите.

Марс, планетата на акцијата и агресијата, ќе продолжи да маршира низ хуманата и бунтовна Водолија и во октомври. Неговите вибрации, кога тој е во Водолија, обично имаат тенденција да го зголемат духот на соработка меѓу луѓето. Меѓутоа, поради фактот што овие вибрации ќе бидат попречени од непредвидливите бранови на бунтовниот, ретрограден Уран, во периодот од 1 до 7 октомври, на површина би требало да излезат најнегативните пориви кај луѓето, нивниот бес, бунт и поривот за борба со неистомислениците. Па, во тој период можно е да се организираат протести, преку кои ќе ги бараат правата сите оние кои, по некој основ, ќе се чувствуваат обесправено. Можно е луѓето почесто физички да се пресметуваат меѓу себеси. А, и полицијата ќе има зголемен обем на работа. Бесот и поривот за конфликти најмногу ќе ги погоди Водолиите, Лавовите, Биковите и Шкорпиите кои се родени во втората декада на својот знак.

Додека во периодот од 14 до 24 октомври, агресивните стрели на Марс ќе се вкрстат со зајадливите вибрации на Меркур, предизвикувајќи повеќе вербални, но помалку физички конфликти меѓу луѓето.

Какво ќе биде влијанието на останатите планети

Јупитер, планетата на среќата, благосостојбата и експанзјата се наоѓа при крајот на своето патување низ Шкорпија и таму ќе остане до 9-ти ноември 2018 година. И покрај тоа, неговата сила ќе биде непоматена, дури и потенцирана во периодот од 13 до 28 октомври. Притоа, најмногу успех, среќа, чувство на оптимизам и позитивни пресврти во животот ќе им донесе на Шкорпиите родени меѓу 15 и 21 ноември, на Рибите родени меѓи 10 и 17 март и на Раковите родени од 12 до 20 јули.

Сатурн, мудриот и непоткуплив учител, ќе не искушува сите нас до крајот на март 2020 година. Но, во октомври 2018, неговите награди и казни најмногу ќе ги почувствуваат Јарците родени на 25-ти, 26-ти декември. Потоа, Овните родени на 24-ти, 25-ти март. Раковите родени на 25-ти, 26-ти јуни. Како и Вагите родени на 26-ти, 27-ми септември. Казните ќе ги почувствуваат оние кои се мрзеливи, оние кои се огрешиле од законот, оние кои немаат изградено правилен став кон авторитетите, оние кои се занимаваат со политика и оние кои водат нездрав живот или се одадени на пороци. Останатите би можеле да бидат наградени за својот минат труд.

Уран е веќе ретрограден од 7 август 2018. А, таквата негова сотојба ќе потрае до 6 јануари 2019 година. Под влијанието на неговите непредвидливи вибрации, Биковите кои се родени на 21-ри и 22-ти април, можат да се надеваат на непланирани промени во животот. А, можен е и нивен изненаден успех или пад во кариерата.

Нептун на Рибите родени на 5-ти март ќе им подари харизматичност, креативност, но и конфузни мисли.

Додека Плутон на родените на 9-ти и 10-ти јануари ќе им го дрма тлото под нозете, со цел да ги натера да го сменат досегашниот начин на живот и да скокнат скалило погоре на еволутивен план.

Планетарната конфигурација во октомври за секој знак

Начин на читање: Вашата ситуација најточно ќе ја опишува текстот што одговара на вашиот Подзнак.

Но, потоа можете да ги проширите своите сознанија со текстот што одговара на вашиот знак.

Доколку не го знаете својот Подзнак (Асцендент), направете го бесплатниот примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Предвидувањата се работени само според знакот (позицијата на Сонцето), затоа се повеќе информативни. Само Предвидувањата изработени според вашата Натална Карта можат да дадат најточни информации, бидејќи се работени само за вас. Тоа е така затоа што во Наталната Карта има уште 9 небески тела чии што аспекти би можеле да ја сменат целата слика.

Овен

Ако вашата професија има јавен карактер или е поврзана со судството, до 9-ти октомври сите работи ќе се одвиваат спореди вашите очекувања. Можно е да имате поддршка од пријателите или партијата во реализацијата на вашите планови и цели. По 10-ти октомври би можеле да остварите екстра профит или да добиете пари за реализација на вашите идеи. Посебно ако работите во банкарскиот сектор, со медицината, во осигурителните компании или ви се потребни туѓите спонзорства. На финансиски план најоптимистичен ќе биде периодот од 25 до 31 октомври, кога Меркур и Јупитер ќе го направат својот историски бакнеж.

Додека опасност од грешки во работата со парите, при поделбата на наследствата, во контактот со осигурителни компании или со даночната управа би можеле да имате во периодот од 8 до 14 октомври. За овие пак проблеми би можеле да изнајдете спасоносно, креативно решение во периодот од 24 до 31 октомври. Само под услов да не дозволите вашите одлуки и реакции да зависат од вашата сексуална мотивираност. Во спротивно, ако сексуалните хормони се главни во одлучувањето, подгответе се за уште поголеми грешки и финансиски загуби.

Како и да е, сексот би требало да биде поле за ваше „културно“докажување пред припадниците од спротивниот пол и борба. Затоа, ве очекуваат бурни и непредвидливи настани на љубовен план.

Притоа, добро е да знаете дека најпроблематичен, речиси на секој план, ќе биде периодот од од 9 до 18 октомври. Тогаш, под влијание на непријателството меѓу Сонцето и Плутон, можно е валканиот веш, кој во минатото го сокривавте под тепих, да излезе на површина и да ви предизвика проблеми со вашите бизнис партнери, во кариерата, со законот, со сликата што ја оставате за себе во јавноста, со вашата репутација и во бракот. Посебно ако сте родени во периодот од 6 до 15 март.

Бик

Октомври ќе биде мошне напорен месец за вас, драги Бикови, бидејќи под ударот на вкрстените вибрации на стелиумот планети во Шкорпија кои ќе се борат со агресивните вибрации на Марс од Водолија и со непредвидливиот Уран во вашиот знак, ќе страда вашето Сонце. Тоа значи дека е пожелно на време да се подготвите, бидејќи како на филмска лента ќе се менуваат искушенијата на план работа, јавно мислење, туѓа поддршка, кои ќе бидат зачинети и со проблеми со бизнис партнерите или со непосакувани случувања на план кариера. Ова посебно се однесува на родените во втората декада на знакот, од 2 до 12 мај, како и на родените на 21 и 22 април.

На професионален план и по однос на угледот што го уживате меѓу луѓето најсензитивен ќе биде периодот од 10 до 25 октомври. Но, и по 25 октомври до 16 ноември не смее да се намали вашата претпазливост, бидејќи Венера ќе биде ретроградна и би можела да ја предизвика туѓата осуда или дури законски проблеми ако се однесувате недолично на јавните места. Посебно ако вашата работа има јавен карактер, ако работите во медиумите, судовите, во полицијата, војската, на царина. Од друга страна, би било пожелно да го искористите цврстиот сојуз меѓу Меркур и Јупитер, во периодот од 25 до 31 октомври, и да побарате помош од правници, философи, од вашите пријатели. Тогаш би можеле да ја обновите вашата соработка со странство, со некој факултет или да ја подобрите вашата финансиска состојба.

На љубовен план, најголем број од Биковите кои се во врска, во октомври или ќе одлучат да стапат во брак или ќе ги прекинат или заладат своите односи со партнерот. Но, ако планирате да правите свадба, подобро да ја одложите за по 16 ноември, со цел да се поштедите од непотребните нервози поради непланираните случувања. Исто така, можеби најразочарувачко ќе биде чувството дека, на некаков начин, сте предадени или изманипулирани од страна на партнерот. Посебно во периодот од 24 до 31 октомври.

Близнаци

Првите десетина дена од октомври ќе чувствувате дека повторно сте во елемент. Ќе бидете поопуштени отколку обично, позаинтересирани за забава, само љубовта ќе ви биде во глава. Затоа, почесто ќе излегувате и ќе бидете во друштво. Така ќе си ги зголемите шансите да сретнете нови, интересни луѓе. А, со тоа ќе се зголемат шансите да се вљубите. Дури и ако сте во врска или во брак. Затоа пак од 9 до 18 октомври, под влијанието на затегнатиот однос меѓу Сончевите и Плутоновите вибрации, би можеле да се соочите со проблеми од сексуална природа. Постои можност вашата финансиска ситуација негативно да се одрази на вашиот љубовен живот. Но, најверојатно е дека сеништата од минатото, на љубовен план, ќе ве стигнат во сегашноста со цел да ги разрешите и да научите нешто од нив.

Добро е да знаете дека иако ќе бидете во искушение да започнете врска со личност со која работите или професионално соработувате, би требало да бидете претпазливи до 16 ноември. Нечија љубомора и потреба од интриги можно е да ја злоупотреби вашата слабост и да ви испровоцира скандал на работното место. Посебно во периодот од 24 до 31 октомври.

Професионално, вашата соработката со колешките ќе личи на љубовта меѓу мачето и кучето. И така ќе продолжи во еден подолг период. А, нетрпеливоста посебно ќе биде изразена во текот на цел месец октомври, до 16 ноември. Но, тоа нема да ви ја помати професионалната среќа која ќе биде евидентна во периодот од 17 до 24 октомври. Тогаш, поради позитивното влијание на вашиот владетел Меркур и на креативниот Нептун, ќе умеете и жедните да ги пренесете преку вода. Посебно ако вашата професија е поврзана со уметноста, ако сте актери, писатели, наставници, вработени на местата за забава, во казината и во кладилниците. Додека во периодот од 25 до 31 октомври би можеле да добиете финансиска сатисфакција за минатиот труд. Посебно ако сте правници, новинари, политичари или спортисти.

Рак

Првите дваесеттина дена на октомври ќе бидат исцрпувачки за вас драги Ракови. Посебно на план дом, место на живеење, семејни односи, брачен живот. А, уште повеќе ако сте родени во првата и втората декада на вашиот знак. Сепак, најкритичен на план брак и семеен живот ќе биде периодот од 9 до 18 октомври, кога под влијанието на непријателството меѓу Сонцето и Плутон, ќе се разбудат потиснатите незадоволства во односите меѓу вас, родителите, членовите на поширокото семејство и брачниот партнер. Притоа, најголема опасност по опстанокот на бракот ќе почувствуваат родените на 25 и 26 јуни. Но, кај нив ќе биде најголема и опасноста од решавање на семејните проблеми на суд. Посебно оние поврзани со недвижниот имот. Додека проблемите со децата би можеле да бидат најизразени во периодот од 8 до 14 и од 24 до 31 октомври.

Слободните Ракови ќе имаат бурен љубовен живот и сигурно е само едно, дека нема да им биде здодевно. Но, заради ретроградната Венера и заради нехармоничните аспекти меѓу Меркур, Марс и Уран, нивниот љубовен живот во октомври и во првата половина на ноември би можел да се претвори во хаос. Така, можно е несреќно да се вљубат, да доживеат изливи на претерана љубомора, да бидат изневерени, сексуално малтретирани или искористени од страна на некој сексуален предатор маскиран во ликот на привлечен маж или жена. Можно е да се зголеми и бројот на несакани бремености меѓу припадниците на овој знак. Посебно непријатен ќе биде периодот од 24 до 31 октомври.

Професионално, октомври ќе биде одличен за родените во третата декада на знакот. Па, во периодот од 17 до 24 октомври ви можеле да имате успех во судските постапки, во работата со странство, со високото образование, можно е да заминете на некое патување. Додека во периодот од 25 до 31 октомври, Раковите наставници, уметници, кафеанџии, вработени во обложувалници би можеле да добијат унапредување или финансиска награда за својата работа. Најкритично ќе биде за вработените во градежниот сектор и во агенциите за недвижности. Посебно во периодот од 9 до 18 октомври.

Лав

Октомври ќе биде измачувачки месец за вас, драги мои Лавови, бидејќи ќе се најдете под вкрстен оган од планетарните вибрации. Не џабе се вели дека во борбата на Титаните, страда тревата. Со ова не сакам да го повредам вашето кревко его, сакам само да кажам дека треба да се подготвите за предизвиците што ќе ви ги донесе животот. Значи, од една страна, во првата недела на октомври, своите непријателски вибрации кон вас ќе ги испраќаат и Марс и Уран. Нив најсилно ќе ги почувствуваат родените во првата декада на вашиот знак. А, ќе се манифестираат како проблеми во бракот, во кариерата, ситуации кои негативно ќе влијаат на вашиот углед и на мислењето што јавноста го има за вас. Уште повеќе ако и вашата професија е јавна.

Од 9 до 18 октомври Сонцето ќе се инаети со Плутон, но тоа нема да ве засега вас. Напротив, во тој период би можеле да остварите некакво патување, да ја средите документацијата и односите со роднините, да учите, полагате испити и слично. Од 14 до 24 октомври ве очекуваат семејни проблеми и никако не се препорачува во овој период да купувате, продавате или делите недвижен имоти, бидејќи ќе биде на ваша штета.

Додека од 24 до 31 октомври, вашите приватни проблеми би можеле да се излеат и на работното место и да го загрозат вашиот углед. А, доколку вашите заведувачки способности во минатото сте ги практикувале над колегите, кон крајот на октомври за овие ваши љубовни ескапади би можел да дознае брачниот партнер, професионалните кругови и целата јавност. Во тој случај, ќе можете да се простите и од својот углед и од работата и од брачниот партнер.

Девица

Октомври за вас, драги Девици, нема да биде спектакуларен месец. Но, ќе биде доволно пријатен да ви овозможи поопуштен живот, доколку не им дозволите на минливите проблеми и претераната грижа за се и сешто да ви го расипат расположението.

Борбата меѓу Уран и Марс би можела да ви донесе само повеќе работа, нови обврски и непланирани патувања, средби со странци или активности поврзани со законот, образованието или странство. Затоа пак, во периодот до 23 октомври, а посебно во првите 10 дена, ќе ви се зголемат шансите да ја подобрите својата финансиска состојба. Посебно ако вашата професија е поврзана со банкарството, правото, образованието, сметководството. Додека кога Сонцето и Плутон ќе се инаетат над вашите полиња на парите, на љубовта и децата, од 9 до 18 октомври, можно е да се соочите со непланирани трошоци поради партнерот и децата.

Од 10 октомври па до крајот на месецот, ќе се засили вашата комуникација со луѓето. Ќе го обновите контактот со роднините и ќе се трудите повеќе време да минувате надвор, на отворено. Така што периодот од 17 до 24 октомври би требало да ви донесе некакви убави случувања поврзани со луѓето со кои ќе комуницирате. Освен со жените, роднини и сосетки. Можеби ќе заминете на кратко патување, ќе се занимавате со учење нешто ново, со подучување на другите, со активности околу вашиот автомобил. Крајот на месецот ќе ви донесе ново значајно познанство и извојување победа во една работа што долго ве мачи. Но, периодот до 16 ноември, а посебно од 24 до 31 октомври, не е поволен за патувања, судења, работа со странство. Можни се манипулации, насилни ситуации и откривање на вашите тајни.

Вага

Иако октомври е ваш месец, драги Ваги, кога вие ја регенерирате својата сила и го почнувате својот нов, едногодишен циклус на справување со лекцијата наречена живот, оваа година октомври ќе помине прилично конфузно за вас. А, првите проблеми за Вагите кои се во брак ќе се случуваат од 1 до 7 октомври и тоа во вид на сексуални инхибиции или последици предизвикани од вашите евентуални излети надвор од бракот. Од 9 до 18 октомври, кога Сонцето и Плутон ќе ги одмеруваат своите сили, на површина повторно ќе излезат некои ваши нерешени проблеми од минатото поврзани со домот, членовите на семејството, местото на живеење, недвижниот имот. Притоа, вашите љубовни тајни би можеле да бидат откриени. Па, можни се конфликтни ситуации. А, периодот не е поволен да купување, продавање и поделба на недвижен имот. Посебно ако сте родени на 26 и 27 септември и од 8 до 18 октомври.

Октомври ќе донесе многу шанси за подобрување на вашата финансиска состојба, но ќе треба да бидете внимателни. Ретроградната позиција на Венера би можела да ви направи мечкина услуга до 16 ноември. Па, копнеејќи по профит да завршите во долгови. Посебно неповолен на финансиски и љубовен план ќе биде периодот од 24 до 31 октомври. Тогаш, ако дозволите вашите постапки да ги раководи вашата потреба од сексот, би можеле да имате непланирани трошоци за задоволување на желбите на партнерот или пак да влезете во непроверени инвестиции, да земете кредит, да бидете лишени од наследство или рапидно да ја влошите својата финансиска состојба.

И покрај ова, вашиот љубовен живот би требало да цвета. Посебно ако сте слободни, бидејќи тогаш немате обврски кон друг партнер, дом и деца.

Шкорпија

Доколку Венера беше во директен од, нејзините, и вибрациите на Меркур, Сонцето и Јупитер во вашиот знак, ќе ве направеа најсреќни во месец октомври, мили мои Шкорпии. Но, движејќи се наназад Венера ќе го намали вашето доживување и ќе ја забави вашата среќа. И покрај тоа, поддршката од другите планети не е за потценување, па вие ќе го имате чувството дека конечно се враќате во својот елемент. Со тоа и вашата привлечна сила ќе стане се поочигледна. Како резултат на активираната сексуална енергија, ќе имате желба и волја за живот. Затоа, секоја минутка од денот ќе ви биде исполнета со активност, со дружење, со нови искуства, забава, љубов и многу секс.

Попроблематично ќе биде ако сте во врска или брак. Во тој случај, ако не добивате љубов во онаа количина и на оној начин каков што вам ви треба, ќе бидете доведени во искушение да си побарате тоа што ви фали на друго место. Па, во периодот до 7-ми октомври, под влијанието на затегнатиот однос меѓу Марс и Уран, можно е да имате непланирани пресврти во брачниот живот, кои ќе кулминираат под влијанието на ретроградната Венера во периодот од 24 до 31 октомври. Додека, заради вашата своеглавост и заради тоа што ќе сакате да живеете онака како што вие мислите дека треба, можно е атмосферата во домот да биде запаллива, а односот со членовите на семејството конфликтен. Посебно ако сте родени во првата декада на вашиот знак.

Од 17 до 24 октомври, сплетот на хармонични вибрации меѓу Меркур, Нептун и Плутон, ќе разбуди романтични чувства во вас. Затоа, освен во љубовта, нив ќе можете да ги искористите и за креативна работа. Посебно ако сте писатели, актери, професори. Во периодот од 25 до 31 октомври долгиот небесен бакнеж меѓу Меркур и Јупитер ќе ви донесе среќа во сите активности кои се поврзани со пишувањето, говорот, јавните настапи, промоциите. Вашата индивидуалност и харизма ќе им паѓа в очи на оние кои имаат потреба од впечатливи лица за извршувањето на нивната работа. Па, тоа ќе резултира и со зголемен паричен прилив. Ова посебно се однесува на Шкорпиите кои се родени од 15 до 21 ноември.

Стрелец

Иако сте познати како искрени и отворени личности, драги мои Стрелци, октомври за вас ќе помине во знакот на тајните. Почнувајќи од тајните што ги чувате од минатото а се компромитирачки за вас, преку таинствените врски, до откривањето на тајните на луѓето за кои сте заинтересирани или ве иритираат. Кулминацијата на играњето криенка-миженка ќе се случи во периодот од 24 до 31 октомври, под влијанието на непредвидливите вибрации меѓу ретроградната Венера и исто таквиот Уран. Тогаш изненадувањето ќе биде најголемо. Посебно за вас.

Професионално, во октомври нема да ви цветаат рози. Па, во првата недела од месецот како резултат на блокирачките вибрации меѓу Марс и Уран би можеле да имате проблеми со техниката, компјутерите, автомобилот, телефоните. Од 9 до 18 октомври постои опасност да не ви биде вратен заемот, ако му го дадете на пријателот што го бара или на партијата чиј сте член. А, исто така, може да се случи да влезете во конфликт со пријатели поради некакви пари. Од друга страна, атмосферата на вашето работно место ќе биде обвиткана со тајни, сплетки, озборувања и интриги. Па, и покрај тоа што би можеле да имате успех во работата, октомври ќе биде опасен месец заради можноста да се открие вашето вистинско лице. Посебно ако сте медицински лица, истражувачи, писатели и шпиуни. Би било пожелно да направите рутинска лекарска проверка.

Јарец

Главните случувања за вас во октомври, драги мои Јарци, ќе се одвиваат на план кариера, планови и цели во животот, пријателства и дружење. Иако, првата недела од октомври можеби нема да почне ветувачки, поради непланираните трошоци поврзани со партнерот и децата предизвикани од непредвидливите вибрации на кавгаџискиот пар, Марс и Уран. Сепак, остатокот од месецот ќе настојувате да го поминете во поопуштена атмосфера. Затоа, ќе имате потреба почесто да бидете во друштво на пријателите. Повеќе време ќе минувате со партнерот и децата. Па, дури е можно повторно да се вљубите. Меѓутоа, на тој план бидете претпазливи и имајте на ум дека страста не значи љубов. Во спротивно, можеби тоа ќе го дознаете на крајот на месецот и тоа на непријатен начин.

Во периодот од 9 до 18 октомври кога вибрациите на Сонцето и Плутон ќе се борат за превласт, на површина би можеле да испливаат некои тајни кои би можеле негативно да се одразат на вашата кариера. Посебно ако во неа сте напредувале поради членството во некои клубови, организации, партии, невладини здруженија или преку пријателите. Затоа, ако сте родени во периодот од 6 до 15 јануари, би требало добро да ги одмерувате своите акции и реакции во периодот до 16 ноември, а посебно од 9 до 18 октомври. Но, ако вашето напредување во кариерата било поддржано од личност со која сте биле во љубовна врска или ако сте одржувале љубовни контакти со колеги во минатото, тоа сега би можело да ви се скрши од глава. Сепак, Вселената ќе ви даде шанса во периодот од 18 до 24 октомври да ги надминете проблемите или да го пренасочите вниманието на љубопитните во друг правец.

Водолија

Вие цел октомври ќе прштите од енергија, драги мои Водолии, бидејќи Марс со својот војнички чекор упорно ќе маршира низ вашиот знак. Но, има една поговорка која вели дека „Додека силата трупци тркала, умот царува“. Оттука, енергијата е опасна ако човек ја поседува, но не знае како да ја канализира. Во тој случај од благослов се претвора во проклетство, бидејќи предизвикува изливи на бес, поттикнува на конфликти, истерување на правдата, борба со ветерници. На овие манифестации посебно ќе бидат подложни Водолиите родени во втората декада на својот знак, во првата недела на октомври.

За нив и за сите останати би било пожелно проблемите поврзани со домот, со местото на живеење и со членовите на семејството да ги решаваат со студена глава, откако ќе преспијат, ќе размислат или дури ќе побараат совет од стручно лице за таа тематика. Ако пак настаните ве изненадат, повторно не реагирајте на прва топка. А, ако оцените дека не можете да ги смените, тогаш прифатете ги или чекајте подобар момент за акција. Посебно ако бидете принудени да го менувате местото на живеење или да направите некаква промена во домот.

Во периодот од 9 до 18 октомври би можеле да дојдете до неочекувано решение за вашите проблеми поврзани со кариерата, со патувањата или со преселбата во странство, како и до решенија за некои правни проблеми. Но, ако сте помлади, спасоносното решение ќе дојде на план полагање испити и учење. А, желбата за патување ќе биде нескротлива. Па, ако имате доволно пари, добро е да го смените својот хоризонт со пат во странство. Ако сте шворц, заминете барем до најблиското излетничко место надвор од градот. Периодот од 17 до 24 октомври би требало да ви донесе шанса или идеја како да ја подобрите својата финансиска состојба.

Непријателството меѓу ретроградната Венера и ретроградниот Уран во периодот од 24 до 31 октомври би требало да ве соочи со обид за манипулации од страна на колегите кои сексуално ве привлекуваат. Затоа, почитувајте ја поговорката која вели дека „Онаму каде што се вади лебот, не се...води љубов“. А, ако љубовта веќе се водела, подготвено дочекајте ги последиците. Исто така, потрудете се да не дозволите вашите семејни проблеми да влијаат на квалитетот на вашата работа. Но, и вашите професионални проблеми не смеат да го загадуваат вашиот приватен живот.

Риби

Вашата желба за живот и секс, драги мои Риби, во првата половина на октомври ќе биде посилна од проблемите што ќе ги имате во првата недела на октомври со најблиското опкружување, со браќата, сестрите, соседите, роднините, проблемите со автомобилот или со учењето. Добро е да знаете дека потенцијалните љубовни авантури зачинети со многу секс, би можеле да ви се случат на некое патување, со личност која живее подалеку или со колеги од факултет, ако сте помлади. Меѓутоа, поради тоа што Венера ќе се движи наназад, она што убаво ќе почне, веројатно ќе нема тенденција убаво и да продолжи. Затоа, уживајте во животот, но внимавајте во што се вовлекувате и со кого. Не заборавајте дека некои луѓе глумат љубов за да постигнат попрактични цели. Во спротивно на тоа би можеле да ве потсетат случувањата чиј сведок ќе бидете во периодот од 24 до 31 октомври.

Затоа пак, во периодот од 17 до 24 октомври Меркур, Нептун и Плутон здушно ќе работат на вашата среќа. Посебно, ако сте родени во третата декада на вашиот знак и работите како професори, правници, писатели, туристички работници. А, среќата, оптимизмот и позитивен пресврт на настаните во животот ве очекува во периодот кога Меркур и Јупитер ќе го прават својот долг бакнеж на небото во периодот од 25 до 31 октомври. На вашата среќа ќе и немаше крај доколу Венера не се движеше наназад. Вака, до 16 ноември, ќе мора двојно повеќе да се вложувате во љубовта, посебно ако сте во брак, со цел да ја повратите загубената доверба.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Овните. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. 

Р.Б., Штип


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен (тековен стил) Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби