In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Женски Болести

Женски Болести

Женски Болести
 

(емотивни причини и решенија)

 

Сигурно не сте знаеле, драги мои пријателки и пријатели, дека суштинската причината за појавувањето на најголемиот број гинеколошки проблеми кај жените се нивните чувства, поточно емотивните разочарувања. Тоа е така бидејќи жените, по својата природа, повеќе ја користат десната хемисфера од мозокот која е одговорна за емоциите. Оттука, емотивните разочарувања предизвикуваат да дојде до нарушување на виталната сила и рамнотежа во организмот на една жена. Па, организмот станува неотпорен на нападот на бактериите, вирусите и слично. За што станува збор можете да прочитате подолу во текстот:

Кандидоза

Се појавува поради силната потреба за контрола врз луѓето и ситуациите во животот, која произлегува од несигурноста дека никој друг не може да ги направи работите како вас.

Како да ја победите?

Прифатете дека секој има право на сопствен избор и на сопствен живот. Научете да ги почитувате туѓите одлуки и избори. Со обидот да ги спречите луѓето во правењето грешки, вие всушност им одите на нерви и им се мешате во животот. Поголем резултат ќе постигнете ако бидете пострпливи.

Цисти на јајници

Причина за нивната појава се преголемите стравови. Најчест меѓу стравовите е оној дека луѓето не ве сакаат. Втор по ред е и стравот од осаменоста. Овие стравови предизвикуваат да се однесувате претерано љубоморно, со цел да ги сочувате само за себе луѓето што нешто ви значат.

Како да ги победите?

Најголемиот број стравови се создаваат во детството. Значи, треба прво да пораснете. А, потоа и да работите на зацврстување на самодовербата. Откако ќе станете зрели личности сигурни во себе би требало да се намали вашата потреба од другите луѓе. Како резултат на овој процес на созревање и вашите стравови би требало да попуштат, како и причината за цистите.

Миоми на матката

Оваа болест се јавува како резултат на чувството дека ве повредиле оние што ги сметате за најблиски. Како резултат на овие повреди би требало да дојде до тага. А, доколку односите со блиските не се подобрат или доколку вие не успеете целата ситуација да ја видите од поинаков агол, вашата тага со текот на времето би можела да прогресира во депресија. Ако ваквата психичка состојба потрае подолго време, таа ќе го инхибира метаболизмот и ќе доведе до хормонални промени.

Како да ги победите?

Би требало да им простите на сите што ве повредиле. А, ако тоа ви оди тешко, тогаш потрудете се да не бидете во близина на тие луѓе. Престанете да барате маани кај луѓето и да им приговарате поради нив. Прифатете дека животот на Земјата не може да биде Рај. Од негативните чувства ќе ве спаси секоја активност која ви носи задоволство. Па, па дури и подготовката на омиленото јадење или испробувањето на некој нов рецепт.

Мастопатија

Често се јавува кај жени кои претерано се грижат за своите возрасни деца или жалат што немаат свои деца.

Како да ја победите?

Престанете да ја играте улогата на мајка-доилка. Тргнете ги од дојка своите возрасни деца и почнете да се занимавате со себе. А, доколку немате деца и нема шанса да се остварите во улога на мајка, прифатете дека во животот ништо не е случајно и дека така било најдобро за вас. Запаметете дека здравјето на млечните жлезди зависи од вашето лично ниво на среќа. Затоа, на прво место во животот ставете се себеси и своите желби. Не оставајте ништо за утре. Најважниот ден во животот секогаш е денешниот. Бидејќи, минатото не се враќа ниту се поправа. А, иднината не се знае.

Ендометриоза

Оваа болест се јавува кај жени кои не можат да се радуваат, кои чувствуваат безнадежност во животот или се рамнодушни кон себеси. На овој сплет од негативни чувства би можела да се надоврзе и склоноста на панични реакции.

Како да ја победите?

Би требало да се доведете во состојба кога ќе чувствувате дека сите страдања се останати во минатото и дека нема да се повторат. Секој ден започнете го со кажување афирмативни реченици поврзани со среќата која веќе ја живеете.

Цервикална ерозија

Најчесто се создава како резултат на длабока огорченост кон некоја блиска машка фигура: сопруг, татко, брат. Веројатно имате преголеми очекувања и барања кон него од типот на „Тој мора“, „Тој е должен“ или пак причината лежи во вашата неспособност да се помирите со проблемите во вашиот живот кои се појавиле заради вината на некој вам близок маж.

Како да ја победите?

Спуштете го нивото на своите очекувања и престанете да насобирате незадоволства. Сфатете и прифатете дека никој, никому не должи ништо. Истовремено, причината за кавгите побарајте ги во себе. Бидејќи, 80% од судбината на мажот ја одредува жената.

Тешки симптоми на менопауза

Ова се случува кај жените кои не се задоволни со својот живот, кои имаат комплекс на пониска вредност или кај жените кои со текот на годините акумулирале замор и имале навика да ги занемаруваат сопствените интереси.

Како да ги победите?

Прифатете дека годините во кои е наоѓате се време на мудрост. Потрудете се да уживате во секој миг на животот. Дружете се со луѓе помлади од вас, но и со врсници. Поставете си пред себе нови цели. Пронајдете нова смисла во животот. Воздигнувајте се духовно, читајте, медитирајте, занимавајте се со јога, планинарете, пишувајте поезија. И зошто да не? Подготвувајте се за долговечноста што ни ја најавува ерата на Водолијата.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Јарците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Наталната карта која ја направив кај вас е рефлексија на мојата душа, на суштината на она што сум јас или на она што се нарекува битие!!! Благодарам што ми ја покажавте вратата кон другите скриени димензии на креацијата наречена живот! 

Димитар Луневски-Чипо, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец (тековен стил) Водолија Риби