In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Луѓето се како очи

Објавено на 30.09.2020 во 11:06

Луѓето се како очи
 

„Секоја личност мора да избере онолку вистина колку што може да поднесе“
~ Irvin Yalom

Ова е еден од најголемите животни увиди кажан во неколку зборови од познатиот американски психијатар. Секој од нас мора да избере онолку вистина колку што може да поднесе во дадениот момент.

Јас пак, од моето лично искуство и од долгогодишната работа со луѓе, знам дека најголемиот процент од нас, драги пријатели, не можеме да ја согледаме вистината поврзана со нашите животи, нашето однесување, нашите родители и блиски, иако таа вистина е повеќе од очигледна за сите други околу нас, освен за нас самите. Иво Андриќ, кој беше непогрешлив аналитичар и познавач на човековата душа, одлично забележал дека луѓето се како очи, бидејќи гледаат се освен себеси.

Така, секојдневно сум сведок на ситуации кога луѓето ми велат:„Да, тоа и тоа од Наталната Карта е точно за мене...за мојата мајка...за мојот татко, ама во другите делови не се препознавам“. А, Наталната Карта е само „тенџерето“ во кое се содржани сите состојки за „турлитавата“ наречена нечиј карактер. Каков ќе биде вкусот на јадењето на крајот зависи од тоа кој ги подготвува состојките (односот со родителите), колку долго се крчка турлитавата (возраста на личноста) и на каков оган (средината, воспитувањето и образованието). Во секое време може да се интервенира и турлитавата може да го подобри својот вкус. А, може и да загори, да се пеплоса. Но, сепак, тоа што ќе го добиеме на крајот првенствено зависи од состојките што сме ги имале на почетокот.

За себеси можам да кажам дека на еден начин сум ги доживувала своите родители и односот со блиските како дете. Поинаку ги гледав како тинејџер. Моите согледувања претрпеа повеќекратни длабоки промени како јас се менував, созревав и создавав простор во себеси да можам да поднесам се поголемо и поголемо количество вистина. Многу често денес си помислувам: „Па, како ова не сум го видела тогаш, толку е очигледно, дури боде очи?“. Но, ете, во некој даден миг во минатото, поради превезите од воспитувањето, традицијата, средината и предубедувањата со кои, несвесно градиме заштита од болката што ја создава вистината, ние ги гледаме работите од поинаков агол и тие, во тој миг, ни личат како да се најголемите вистини на светот. Никој не може да не разубеди во спротивното.

И навистина. Се чини дека е полесно и помалку боли кога светот го гледаме низ розови очила. Но, лажејќи се себеси ние ги лажеме и другите околу себе. А, најстрашно е дека, додека лажеме, никогаш нема да ја осознаеме вистината.

Мал број од нас се тргнати да одат по потешкиот, но единствен пат, патот кој подразбира работа на себе. Овие луѓе можат да потврдат дека како ги отстранувале превезите од лаги од своите очи, така во првиот миг се соочувале со уште поголема, понекогаш дури и неиздржлива, болка. Но, потоа таа болка полека отапувала и се заменувала со поголем прилив на светлина до нивните огледала на душата. А, колку повеќе светлина допира до нашата душа, толку се разбиструва и нашиот ум. Па, увидите за себеси и за другите се појасни и поточни. Така се осознаваме себеси. А, со тоа можеме да го подобриме и својот живот.

Сепак, благословени се само оние кои имале храброст, умешност и среќа во еден миг да ги тргнат сите превези од своите прозорци кон светот, и директно, со очи и уши широко отворени, да го гледаат животот околу себе, другите луѓе и себеси во оригинал, не преку разубавувачките филтри.

Е, нив ги нарекуваме просветлени.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Водолиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. 

Борис П., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија (тековен стил) Риби