In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ветената Земја

Ветената Земја
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

„Секој од нас има своја ѕвезда.
Што го прати дур е жив.
Кога свети јако, човек има среќа.
Кога гасне судбина...“

 

Ова се познатите стихови на Влатко Стефановски од песната Џипси сонг, направена за неверојатниот филм на Столе Попов „Џипси меџик“.

И навистина, секој од нас има своја ѕвезда. Меѓутоа, дали сте забележале дека нечии ѕвезди сјаат посилно од другите? Затоа, тие луѓе чии што ѕвезди со својот блесок ги засенуваат другите, го привлекуваат туѓото внимание. Па, другите луѓе, исто како и мушичките кои се собираат по светлото, сакаат да се најдат во нивна близина, да се огреат од нивниот сјај, да го живеат нивниот живот, да ги имитираат, да ги озборуваат. Но, во исто време луѓето со силна ѕвезда ја будат и туѓата завист. Па, колку да ви звучи контроверзно, верувајте дека најдлабоката, свесна или потсвесна желба, на обожавателите на една харизматична личност, како што ја нарекуваме онаа со силна ѕвезда, е да ја уништат и да го заземат нејзиното место.

Замислете илјадници, милиони луѓе кои сакаат да земат малку од вашиот блесок и сјајот, да штрбнат од вашата енергија, да украдат ѕвезден прашок од вашите крилја и да го посипаат на себеси. Тоа е сигурно истоштувачко искуство. Токму затоа голем број од популарните глумци, пејачи, јавни личности, доколку немаат силна психа да го издржат притисокот и доколку не научат да се носат со славата и со последиците што таа ги носи, завршуваат на трагичен начин.

Но, постои и друг феномен поврзан со харизмата. Дали сте забележале дека нечии ѕвезди светат чисто и продорно, додека другите имаат затемнет сјај? На пример, ѕвездата на Софија Лорен не свети на ист начин како ѕвездата на Брижит Бардо. Ниту пак може да се спореди ѕвездата на Бијонсе со онаа на Мадона или ѕвездата на Бред Пит со онаа на Хит Леџер. Додека сјајот на првите е чист и јасен, сјајот на вториве е некако замаглен, нечист, како да се пробива преку зачадено стакло. Но, токму во тоа се крие нивната привлечност за публиката. Поради несовршеноста на своите идоли, нивните обожаватели добиваат одобрување и за своите недостатоци. Добиваат порака дека не мора да бидат совршени за да бидат сакани. Токму за човек со темна ѕвезда зборува и мојава приказна.

Никола го запознав некаде кон средината на деведесеттите години од минатиот век. Беше пријател на пријател од мој пријател. Тогаш се уште испитував колку можам да и верувам на астрологијата, тестирајќи ги сознанијата кои ги добивав преку неа на пријатели. Па, на нивните пријатели и така натаму до недоглед. Беше саботно попладне во едно кафуле на, тогаш, популарната Лептокарија. А, Никола ме чекаше седејќи на округла масичка со чаша џин-тоник пред себеси. Имаше црна коса залижана со брилијантин. Таа фризура не беше модерна во тоа време, но нему одлично му стоеше. Не беше многу висок и на прв поглед не можев да одлучам дали повеќе ме потсетува на младиот Ал Пачино, на Роберт де Ниро или на Енди Гарсија. Облеката што ја носеше крцкаше на него. Кога се доближив до неговата маса стана, се поздрави, кажа неколку комплименти и ми го намести столчето додека седнував. Џентлмен par excellence. Барем за почеток.

Некоја паметна личност има кажано дека кога се сеќаваш на првата средба со некој човек можно е да заборавиш каде било тоа, што рекол, како бил облечен, но никогаш не забораваш како предизвикал да се чувствуваш. Тука јас би додала дека памтиш и како мирисал и која песна била во позадина. Бидејќи, според науката, мирисните сензации остануваат најдолго врежани во нашето сеќавање и несопирливо побудуваат слики, асоцијации и емоции. Затоа, кога јас се сеќавам на Никола, прво нешто што ми излегува од меморијата е дека тој мирисаше на скап парфем ставен на чиста кожа. Во позадина, по кој знае кој пат, ечеа зборовите од песната на Вана... „Тек је дванаест сати...“ А, јас се чувствував опуштено како да зборувам со пријател кој го знам сто години.

Наталната Карта на Никола ја цртав на лице место, со слободна рака. Но, како се комплетираше сликата на неговата Натална Карта пред моите очи, не бев баш сигурна како ќе му кажам што навистина ми открива таа. Почнав од околу да зборувам за неговата широка душа, за неговиот космополитизам, за неговата опчинетост со егзотиката. Му кажав за отсуството на машкиот авторитет во неговиот живот. Зборував дека сигурно ќе живее во странство, во некое место покрај голема вода. Но, дека често ќе ја менува работата. Му раскажував дека го привлекуваат страсни жени, ослободени од предрасуди. Потоа, полека почнав да ја спуштам топката, зборувајќи му за опасноста да стане зависник од алкохол и коцка. Па, дури и да има проблеми со законот. На крајот почнав да го тешам дека тој дел од својот карактер може да го задоволи работејќи на места каде што се точи алкохол и каде што луѓето се коцкаат, кога тој ме изненади со својата реакција:

„Сигурна ли си ти дека ова што го гледаш е мојата иднина, а не минато? Бидејќи се што ми кажуваш веќе се случило. Ама мене не ме интересира минатото, сакам да знам што ќе биде во иднина!“

Тогаш му објаснив дека Наталната Карта го покажува карактерот на човекот. А, дека тој карактер секогаш ќе креира слични животни искуства додека човекот не сфати зошто некои работи му се случуваат токму нему. Додека не открие на кој начин ги предизвикува и како може да ги надмине. Тогаш почнав да му раскажувам што и кога требало да му се случи во минатото и што би требало да му се случува во иднина, доколку не смени ништо во своето размислување и однесување. Аспектите во неговата Натална Карта покажуваа дека тој за една година требаше да се пресели во странство и да почне со нова работа. Зачуден од кажаното, но видно задоволен, Никола смеејќи се ми рече:

„Ако ова излезе вака, а нема ни 1 % шанси за тоа, јас тебе ќе те земам во Америка да ми бидеш личен советник. Зарем само Реган ќе има свој личен астролог? Хахаха.“

Потоа за миг стана сериозен и почна да коментира:

„Се плашам дека ова што го кажуваш е веќе случено. Затоа, во кратки црти ќе ти раскажам се што било за да ти ја олеснам работата. Значи, како што кажа, татко ми загина во сообраќајка кога бев матурант. Тогаш се заколнав дека ќе ја преземам неговата улога и ќе бидам глава на семејството, како тој да е покрај нас.

Инаку, јас веќе живеев во Америка. Но, од таму ме избркаа и имам забрана да се вратам. Мојот сон е да бидам крупие во казино, да имам жена што игра на шипка и да си купам ара папагал што ќе го им го оставам на децата во наследство. Тука имав кафиќ што го затворив, бидејќи сите што доаѓаа ми се пријатели. А, јас не можам да им наплатувам на пријателите.“

„Хахаха“ се насмеав јас на цел глас мислејќи дека се шегува. „Жена што игра на шипка и папагал што ќе им го оставиш на децата во наследство? Хахаха... Да не сакаш да глумиш и во „Пороците на Мајами?“ Хаха... Ако имаш намера да оставиш нешто во наследство, поарно остави им на децата нешто корисно, а не проблем поради кој ќе те пцујат. Хахаха,“

Мојата реакција не го збуни Никола. Тој мртов-ладен продолжи со својата исповед:

„ Па, што има покорисно од папагал? Тој секаде ќе оди со мене, ќе ми збори. А, плус живее 150 години. Ќе го наследат не само моите деца, туку и внуците. Најдобра инвестиција.

Сакам жена што ќе игра на шипка, бидејќи мене ме возбудуваат само курви. Ти ми велиш дека ќе живеам во странство, а јас не сакам да живеам на ниедно друго место освен во Америка. Но, таму не можам да се вратам никогаш повеќе.“

„Да, ти дефинитивно ќе живееш во странство. Но, тоа не мора да биде Америка. Каква ти е таа опсесија со Америка? Што ќе ти е таков живот? Од работа дома, од дома на работа и така до крајот на животот. Одбери си некоја земја каде што луѓето знаат да уживаат“, се обидував да му ги проширам видиците.

„Ништо друго не ме интересира“ ме пресече Никола. „Знаеш ли ти дека јас во Америка сум друг човек? Знаеш ли дека таму има таква енергија што те тера нешто да правиш, а не само да седиш по кафиќи и да трачараш, како што прават тука? Уф, се ме нервира во ова сељачко Скопје. Јас овде се гушам, не можам да издржам. А, таму. Таму можам да спијам и на клупа во парк, да јадам трева ако немам друго. Но, таму се чувствувам слободно. Таму сум среќен. Таму чувствувам како да можам се. Не џабе луѓето ја викале земја на можности, ветената земја. Америка е мојата ветена земја. Мојот Елдорадо.“

„Па, после ваква љубов, јас да сум Америка, веднаш би ти дала виза“, му возвратив јас трогната од силата на неговите емоции додека ми го раскажуваше сето тоа.

А потоа, со цел да му ја ублажам болката што ја создаваа неговите неисполнети желби и да му ја сменам перспективата од која ги гледа случувањата во својот живот реков: „Можеби треба прво да се преселиш во некоја друга држава која е блиску до Америка. Кој знае, со текот на времето можеби нешто ќе се смени во нивните закони и ти пак ќе можеш да одиш таму.“ Разговорот го продолживме во пријателска и весела атмосфера. На крајот тој ја плати сметката и дури се навреди што посакав да му дадам пари за мојот дел од цехот. „За мене е понижување жена да плаќа во мое присуство. Какви се тие глупости и какви се тие педери што го дозволуваат тоа? Па, после ќе се чудат кога жените им бегаат. И јас да сум жена би им избегал кога се такви стиснати и прости.“

Помина извесно време. Не паметам точно колку. Никола го гледав случајно, од време на време, по ноќните клубови кои беа скопска шема. Секогаш испраќаше пијачки за мене и моето друштво. Еднаш, поминувајќи со друштвото покрај еден клуб со автомати чија што врата беше отворена поради летните горештини, го видов како задлабочено игра и не забележува ништо околу себе. Се разочарав бидејќи сфатив дека неговиот порив за коцкање не се манифестира само како желба за работа во казино, туку дека тој активно се коцка, дека е тргнат по лош пат од кој враќање нема. Не му се јавив, бидејќи знаев дека е горд и не сакав да го засрамам со тоа што ќе го фатам in flagranti.

Потоа мојот живот тргна во сосема друг правец и јас заборавив на Никола. До едно неделно пладне, неколку години подоцна. Се подготвував за ручек кога заѕвоне телефонот. Секако фиксниот, тогаш се уште немаше мобилни. Се прашував чиј е тој глас додека на моето прашање: „Добар ден, кого барате?“, од другата страна слушав: „Ми треба една женска што дреме во Скопје, а не и е местото таму.“ Тогаш се сетив кој постојано ми викаше дека местото не ми е во таа малограѓанска средина, меѓу толку злобни луѓе. На што јас се смеев, бидејќи неговата констатација ми изгледаше снобовски.

„Леле Никола!? Па, каде исчезна ти? Од кога не сум те видела“, црцорев јас пријатно изненадена.

„Како каде исчезнав? Зарем никој не ти кажа? Па, веќе три години сум во Америка.“

„Како не, во Америка. Мене ли ќе ме лажеш? Таму не можеш да одиш“, не верував јас на тоа што го слушав.

„Навистина сум во Америка. Во место покрај вода и работам во казино. Се јавувам да ти кажам дека се излезе како што ми кажа и да те викнам да дојдеш тука. Жал ми е што си го трошиш времето во таа вукојебина. А, ситуацијата таму никогаш нема да се подобри. Плус, свесна ли си каква богаташка можеш да бидеш тука, со тоа што го знаеш? За овие тука си Бог. И да знаеш, ова не го нудам секому. Само на моите, на мојот најдобар другар и на тебе.“

„Ах, Никола. Да се работеше за некоја друга држава можеби ќе размислев. Но, Америка не одговара на мојот сензибилитет. Ама супер кога тебе ти одговара.“

Тоа беше нашиот последен разговор. Подоцна од еден негов пријател дознав дека Никола комплетно го исполни својот животен сон. Купил ара папагал и има девојка што игра на шипка и што ја научил да му прави сарми. На моето прашање како успеал да добие виза покрај забраната, неговиот другар ми одговори:

„Па, зарем не знаеш? Последните пари што ги имаше, откако ја продаде колата, му ги даде на еден претседател на фолклорно друштво. Тој го запиша во списокот на играорците кои патуваа за Америка. И така, наш Никола облечен во народна носија, го испративме на аеродром... Хахаха.“

Признавам, муабетов истовремено и ме замисли и ме насмеа. Ме замисли, бидејќи беше доказ дека кога човек нешто многу силно сака, секогаш наоѓа начин тоа нешто да го оствари. Ме насмеа, бидејќи толку многу личеше на Никола. А, кога малку подобро ќе размислам, случајот на Никола неодоливо ме потсетува на приказната за жабата. Не сте ја слушнале? Е, па еве, оди вака:

Се собрале жабите од една бара и за да ја убијат здодевноста, одлучиле да се натпреваруваат во дисциплината качување. Целта им била да се искачат на највисоката кула во градот, каде што ги чекала насобрана маса од луѓе и животни. Меѓутоа, никој од гледачите не верувал дека некоја жаба може да се качи толку високо, бидејќи такво нешто никогаш претходно се немало случено. Трката почнала, жабите скокале. Масата коментирала: „Каков врв, каква кула? Никогаш ниедна жаба нема да се качи.“

По некое време, некои од жабите се умориле, други се деморализирале и ја напуштале трката. А, публиката се погласно врескала: „Ма, што се занесуваат! Никому тоа до сега не му успеало!“

Така, на крајот, сите жаби се откажале освен една. Таа сигурно грабала кон врвот, иако публиката била немилосрдна со навредите и потсмевот: „Не се занесувај? Што си мислиш, која си ти? Па, тоа никој не го направил, нема ни ти!“

Но, жабата се качувала и понатаму и конечно стигнала на врвот. Прв пат во историјата. Таа го направила она што не можел никој друг пред неа. По оваа победа, сите сакале да се сликаат со неа, да ја видат, да ја запознаат, да бидат во нејзина близина. Сите ја прашувале како и успеало тоа. Но, не добиле одговор. Не затоа што жабата била горда, туку затоа што била глува.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Водолиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Понекогаш ни самата незнам дали ќе ги направев вистинските животни избори, ако ја немав наталната карта. Мое огледало во минатото и мое лично упатство за подобра иднина. 

Ивона Талевска, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија (тековен стил) Риби