In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Оној што спасил живот

Оној што спасил живот
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

„Оној што спасил еден човечки живот како да го спасил целиот свет“.

Сигурно ви е позната оваа мудра мисла која беше главната порака во култниот филм на Спилберг, „Шиндлеровата листа“. Но, ако се обидете истава порака да ја спроведете во дело, може да се соочите со проблеми од различна природа. Имено, оној кого сакате да го спасите можеби не сака да се спаси самиот себеси. Па, вашата благородна намера ќе биде осуетена.

Колку пати ви се случило некој пријател да ви се жали на некого или на нешто. Но, кога ќе му предложите да се ослободи од работите или од луѓето кои му пречат, тој ќе пронајде илјадници изговори и оправдувања дека тоа не е можно. Што е уште пострашно, постојат многу луѓе кои, свесно или несвесно, самите ги саботираат своите шанси да бидат среќни и да водат исполнет живот. Ако пак се случи да ја прифатат вашата помош, е дури тогаш се соочувате со вистинска опасност. Бидејќи, откако ќе ја спасите конкретната личност од проблемите во кои заглибила или ако и помогнете да дигне глава и да застане на нозе, ризикувате да завршите како жртва.
Ако не ми верувате на збор, земете го за пример случајот на Исус. Тој завршил распнат на крст. Зошто? За да го спаси човештвото. Колку поголема добра желба, толку поголема жртва.

Модерната психологија оваа контрадикторност ја објаснува со фактот дека оној кој влегол во улога на спасител, од другата страна најчесто бидува доживеан како прогонител, како некој кому спасениот нешто му должи. Па, со цел да се ослободи од притисокот, тој ќе му наштети на својот спасител. На крајот, триаголникот се затвора и спасителот ќе го заземе местото на жртва.

Но, и покрај сите овие сознанија, ако мене ме прашувате: „Што да се прави?“, јас во стилот на мајка Тереза би ви одговорила: „Вие ќе ги спасите луѓето, ама тие ќе ве распнат на крст. Сепак, спасувајте луѓе и понатаму. Некој би можел и пријатно да ве изненади.“

Токму за спасувањето зборува и приказната за Катерина. Ја запознав некаде во пролетта 1997 година. Беше тоа убава џебна Венера, со маслинест тен, долга брановидна коса и смарагдно зелени очи. Кога би ја сретнала на улица никогаш не би рекла дека е чистокрвна Македонка, и по мајка и по татко. Повеќе наликуваше на девојките во црвено-црните долги здолништа со карнери и цвет во косата, кои танцуваат фламенко во некои од шпанските кафеани наменети за туристи. Всушност, неодоливо ме потсетуваше на ликот на Есмералда од книгата „Богородичната црква во Париз“ на Виктор Иго. Иако имаше само дваесет и пет-шест години, веќе го носеше погрдниот епитет „распуштеница со дете“, со што во библиската Македонија веднаш одеше на списокот на личности кои не се препорачливи за брак.

Дојде со такси од другиот крај на градот. Се однесуваше опуштено и галантно. Секогаш носеше некој мал подарок, вешто избран специјално за мене, во знак на внимание и почит. Се на се, пријатна личност со убави манири. Не го велам ова затоа што ми носеше подароци, туку затоа што беше лесно да се разговара со личност која ја бара убавата страна во се. Во суштина беше добра душа и не беше загадена со агресија од било каков вид. Во тоа време живееше кај нејзините родители кои немаа Бог знае колку, но со душа и срце се грижеа за внучето од својата ќерка. По разводот имаше отворено некое мало дуќанче, колку нешто да се работи. Но, облеката и накитот на неа беа од светски брендови кои не се продаваа во Македонија, во тоа време. А, профитот од дуќанчето сигурно не можеше да го покрие тој луксуз. И веројатно ќе ми беше чудно од каде пари за живот на висока нога, доколку ги немав сознанијата од нејзината Натална Карта.

Нејзината Натална Карта беше слика и прилика на нејзиниот бекграунд и на нејзиното минато. Покажуваше личност која немала среќно детство, не заради тоа што нејзините родители беа лоши луѓе, туку поради тоа што татко и морал често да отсуствува од дома заради работата. Додека мајка и била несреќна поради таквиот живот, окупирана со своите проблеми и обврските кои ги имала за двајца. Постојано била нервозна и незаинтересирана за своите деца, во вечна потрага по докази дека нејзиниот сопруг ја изневерува додека е на пат. Така, Катерина беше научила да ги потиснува своите чувства, бидејќи заклучила дека никому не му е гајле за нив. Немаше јасна претстава за машко-женските односи, ниту за тоа како треба да биде третирана од страна на мажите. Од мажите очекуваше да ја заштитат. Всушност, го бараше она што го немаше во детството. Сето тоа покажуваше дека, како возрасна, ќе има проблеми во врските. Веројатно ќе доживее развод. Најмалку еден.

Од друга страна, таа немаше изградено критички став кон луѓето, им веруваше на сето она што ќе и го кажат. Всушност, беше детски наивна и душевно чиста, што во исто време претставуваше најголема предност во нејзиниот карактер, но и најголема маана. Бидејќи, „за да влезеш во царството небеско треба да станеш дете“, вели Исус. Но, во земното царство таквите луѓе се лесна цел за разни манипулатори и праматари.

Како резултат на наивноста и од желба да биде сакана, Катерина, уште пред да узнае за себеси, останала бремена на 18 години со некој свој врсник. Бракот бил фарса за одбрана на нејзината чест пред околината и за доаѓање на новиот живот во колку-толку нормални услови. Но, нејзиниот недозреан сопруг си продолжил да го живее својот тинејџерски живот, да излегува со старото друштво. Додека таа дома се расправала со пелени и детски болести. Но, и со родителите на сопругот кои во неа гледале непријател кој ја упропастил светлата иднина на нивниот наследник. Уште повеќе што Катерина родила женско, наместо машко дете, како недостоен наследник на лозата обични луѓе, кои си замислиле дека имаат кралско потекло. И така, разводот бил неминовен.

„Добро, тоа е моето минато. Така требало да биде. Не можам да го сменам. Гледаш, така е запишано и во мојата Натална Карта. Мене ме интересира што ќе биде во иднина? Ајде да ми направиш Натална Карта за мојот дечко, Спасе. Многу го сакам. Дали пак ќе се мажам?“, весело и ноншалантно ги испука своите прашања Катерина.
„Твојата Натална Карта не покажува дека наскоро ќе се мажиш. Покажува проблеми на професионален план. Не знам, можеби нешто повеќе ќе покаже твојот Соларен Хороскоп. А, што се однесува до Натална Карта за друга личност, тоа јас не го правам. Можам само да ти направам Споредбен Хороскоп. Да ти кажам како си одговарате еден со друг. Во кој правец би се развивала вашата врска. Кои би биле проблемите за нејзиниот опстанок и слични работи“, малку подналутено одговорив јас, обидувајќи се да го скријам своето незадоволство од нејзината фриволност.
Потоа, сакајќи да бидам од корист продолжив: „Можам и сега да ти кажам како си одговарате, ама тоа ќе биде поповршна анализа. Кажи ми ги неговите податоци!“

Кога таа весело го изрецитира датумот и часот на неговото раѓање, мислев дека не чув добро.
„Како? Која година е роден?“, прашав збунето.
„1947“, продолжи таа како да ја кажува најнормалната работа на светот.
„1947?! Па, овој може да ти биде татко, а не дечко. Не ми се верува. Од една глупост запаѓаш во друга.“
„Знам дека можеби ќе ти изгледа чудно, ама јас навистина го сакам. Тој ми дава сигурност. Сите мислат дека сум со него затоа што е политичар и има пари. Тој навистина финансиски ме помага, ама ние се сакаме и сексот ни е прекрасен. Тој дури ме запозна со своите пријатели и ми вети дека ќе се разведе кога ќе му помине мандатот“, раскажуваше Катерина со гордост во гласот.

„Ха, ха, ха“, не можев да се воздржам јас. „Секако дека те сака. Ти му импонираш со својата младост и убавина. Му ги креваш акциите во очите на неговите пријатели кои се на прагот на андропаузата. Но, да се разведе? Не верувам. Тоа ќе му го наруши угледот. Ајде, заборави на него и најди си нормален дечко. За овој дедо јас не дозволувам“, ја скарав. Како што требаше да направи нејзината мајка, да беше заинтересирана за својата ќерка. Но, бидејќи знаев дека нема да ме послуша и бидејќи не смеам да се мешам во туѓото право на слободен избор, го направив Споредбениот Хороскоп, колку да си знае со каков човек има работа.

Поминаа неколку месеци пред Катерина повторно да дојде на консултации. Веќе беше лето. Таа беше исунчана и уште повеќе наликуваше на шпанска танчерка. Додека целата разџагорена ми раскажуваше за впечатоците од своето последно патување, ја прашав како е Спасе, мислејќи дека била со него.
„Спасе?“ се сепна таа. „Спасе не сум го видела откако бев последниот пат кај тебе. Имаше право за него. Ама сега, сега мислам дека човекот во кој сум вљубена е оној вистинскиот. И тој е политичар. Се разбираме без да зборуваме. Ме праша дали би сакала да се омажам за него откако би се развел. Го запознав и со ќерка ми. Види таму во твоите книги, ми одговара ли за брак?!“

„Пак ти со оженети. Ништо не научи. Ај, да не се мешам. Можеби ти треба посилна шлаканица од животот за да се освестиш. Кажи ми ги неговите податоци.“
И повторно баам, 1950 протатна во моите уши. Не знаев што да направам и почнав да се смеам.
„Ха, ха, ха. Кај ги наоѓаш овие, во пензионерски дом?“
„Ха, ха, ха“, се изнасмеа и Катерина. „Трајко му е пријател на Спасе. Дента кога со Спасе бев на проштален ручек, пред да замине на подолг престој во странство заради работа, Трајко случајно помина додека ние ручавме. Се поздрави. Седна за кратко и така се запознавме. Откако Спасе замина, тој почна да ми се јавува. На почетокот не сакав да излегувам со него. Бев решена да го чекам Спасе. Ама тој е многу шармантен и стрплив. Еднаш се видовме за да ми го даде подарокот што Спасе го пратил за мене и така почна се. Сега сме неразделни.“

„А, Спасе? Знае ли за вашата врска?“, прашав јас чисто информативно.
„Да, да, знае“, одговори Катерина. „Воопшто не е љубоморен.“
„Тоа нема логика. Како не е љубоморен? Па, тоа е човечка особина. А, тој не е светец. Нели сакаше да се ожени со тебе? Природно е човек да сака да го сочува само за себе тоа што го смета за вредно.“
Додека го зборував тоа пред очи ми дојде сликата како двајцата средовечни мажи кои се дограбале до позиција и моќ, се лигават додека си раскажуваат за нејзините перформанси во кревет и како едниот му вика на другиот: „Мора да ја пробаш“. И како ја инсценираат средбата во ресторанот за овој, што ќе оди во странство, му ја остави на располагање на оној што останува во земјата и... И тогаш ми се згади.

Дека Катерина живее од парите што и ги даваа нејзините љубовници знаев уште пред да дојде. Таква предиспозиција постоеше во нејзината Натална Карта. Но, во контактот со неа не стекнав впечаток дека е таа свесна што навистина прави. Дека мажите ја третираат како елитна проститутка. Напротив, Катерина секогаш зборуваше само за љубов и мажење. Јас знаев дека е наивна, ама до толку?
„Дали глуми пред мене или навистина не знае што прави?“ Тоа беше прашањето што се искристализира во мојата глава по интензивниот бреинсторминг. За да го дознаам одговорот ја прашав:
„Кажи ми Катерина, со Спасе, како се запозна?“

„Преку Илија. Илија го запознав на една приватна забава после една ревија на која ме покани една моја пријателка, сликарка. Јас бев разделена од маж ми, ама не бевме разведени. И тој беше во политиката, во тоа време. Ама сега си води приватен бизнис. Се сеќаваш на абортусот што ми го спомна кога ми ја толкуваше Наталната Карта? Е, па не абортирав од маж ми, туку од Илија. Него најмногу сум го сакала од сите, до сега. Бевме во врска една година. Останав бремена и не ми дозволуваше да абортирам. Велеше дека ќе се земеме, само да се разведе. И кажа на жена му. Ама таа не сакаше да чуе за развод. Потекнуваше од влијателно семејство кое му помогнало на Илија да се пробие во политиката и му се закануваше дека ако ја остави ќе загуби се. Времето минуваше, мојот стомак растеше и на крајот морав да абортирам во шести месец со потпис на конзилиум лекари. Тој фати врски. Плачеше кога се разделувавме. Велеше дека сега не е моментот. Дека кога ќе ја убеди жена му да се разведат ќе ми се јави.“

Додека ми го зборуваше ова, очите на Катерина се наполнија со солзи. А, јас одлучив да бидам сурово реална и свесно почнав да ја шамарам со зборови:
„И тој што те сакаше толку многу те запозна со Спасе за да се ослободи од товарот. Зарем тоа ти личи на љубов? И Спасе како штафета те предаде на Трајко? И сите многу те сакаат и ќе те женат, само да се разведат? И ти им веруваш? Не ли ти е јасно дека си играат со тебе? Те додаваат еден на друг како да си пинг-понг топче. А, Трајко, те запозна ли и тој со некој негов пријател или уште си му интересна? Знаеш ли што си ти во нивните очи?“

Додека ја истурав оваа тешка лавина од болни вистини директно во незаштитеното лице на Катерина, забележував како нејзиниот поглед преминуваше од шокираност во неверување и заврши со згрозеност. Тогаш таа широко ја отвори устата, ги покри смарагдните очи со рака и извика:
„Доста, доста, не можам да слушам повеќе! Леле, како не сфатив порано! Леле, колку се срамам. Леле, ми се повраќа.“

После оваа случка, повеќе не ја видов Катерина. Многу вода истече под сите мостови во светот, додека еден сончев летен ден судбината повторно не ги вкрсти нашите патишта. Се разминавме на улица. Не ја препознав. Слушнав само дека некој од зад мојот грб го довикува моето име. Додека ми се приближуваше некоја жена јас вртев низ умот дали ја познавам и од каде. Но, ништо не излегуваше од мојата меморија. Таа го прочита тоа во мојот поглед и ми рече:
„Вики ма, си ме заборавила! Катерина. Како ме викаше? Шпањолката. Есмералда.“

Тогаш се сетив. Но, дури тогаш станав уште позбунета. Пред мене стоеше жена која по ништо не наликуваше на онаа Катерина што јас ја паметев. Освен очите. Всушност, и изразот на нејзините очи беше сменет. Беше станат помирен, подлабок. Но, бојата беше иста, смарагдно зелена.
„Нема да те задржувам. Мило ми е дека повторно те гледам. Сакав само да ти кажам дека не знаеш колку сум ти благодарна што ме освести. Ми го смени животот. После нашата последна средба се чувствував многу валкано и засрамено. Се придружив на една религиозна група за да ми олесни. Но, сега сум среќен човек. Задоволна сум со животот. Бескрајно ти благодарам“, ги спои Катерина рацете во вид на молитва.
„Ако си во Македонија, да знаеш ќе те барам“, уште еднаш ги спои рацете и ги бакна на врвот.

А, јас? Што направив јас? Се сетив на приказната за морските ѕвезди, кои се едни од моите најомилени Божји креации. Приказната се случува на морскиот брег. Ноќта некој голем бран фрлил на брегот стотици прекрасни морски ѕвезди. Но, кога изгреало сонцето, тие почнале да умираат.

Во исто време, покрај брегот се шетале двајца мажи. Секој доаѓал од различен правец. Едниот ги гледал ѕвездите и се растажил од нивната судбина. Другиот пак постојано се наведнувал, собирал ѕвезда по ѕвезда и повторно ги фрлал во морето. Кога се сретнале, првиот маж прашал:
„Што правиш човеку? Па, гледај само колку ги има! Не се мачи џабе! За сите нив и онака нема шанси!“
Другиот маж, не запирајќи, собрал нова ѕвезда од песокот и додека ја фрлал во морето одговорил:
„Но, за оваа има шанса.“

Катерина, каде и да си, ти посакувам мирно море, без бранови. А, вам драги пријатели би ви порачала дека светот е опасно место за живеење. Не заради луѓето кои се зли. Туку заради луѓето кои не му се спротивставуваат на злото. Што би рекол Ајнштајн.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Водолиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија (тековен стил) Риби