In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Објавено на 04.06.2020 во 08:51

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси
 

Јуни 2020 година е месец на две Еклипси (Затемнувања). Така, на 5-ти јуни ќе се случи Затемнувањето на Месечината (Лунарна Еклипса) во Стрелец. Додека на 21-ви јуни ќе се случи Затемнувањето на Сонцето (Соларна Еклипса) во Рак.

Што претставуваат Еклипсите?

Во астрономска смисла, Затемнувањето на Сонцето се случува кога меѓу Сонцето и Земјата ќе се најде Месечината. Па, гледано од Земјата, светлината што ја рефлектира Сонцето се намалува. Соларната Еклипса секогаш се случува на Млада Месечина.

Затемнувањето пак на Месечината или Лунарната Еклипса се случува кога Земјата ќе се најде меѓу Месечината и Сонцето и со својата сенка ја затемнува Месечината. Оваа Еклипса секогаш се случува за време на Полна Месечина. Но, тука би можеле да се запрашате зошто нема секој месец затемнување на Месечината, кога таа прави по еден круг околу Земјата на секои 28 дена? Одговорот лежи во фактот дека орбитата на Месечината е навалена за неколку степени, па нејзината траекторија не го следи секогаш правецот на сенката што ја прави Земјата.

Во астрологијата, Соларните Еклипси се знак на промени и нови почетоци. Додека Лунарните Еклипси се симбол на кулминацијата на некој процес и негов крај. Така што оваа Лунарна Еклипса во Стрелец што ќе се случи на 5-ти јуни 2020, а нејзиното влијание ќе се чувствува до 5-ти јули 2020, би требало да го потенцира сето она што повеќе не ни е потребно во животот, за да не поттикне да се ослободиме од истото. Фрустрациите се случуваат кога поради нашиот страв од новото и непознатото немаме храброст да ги пуштиме работите и луѓето кои ја завршиле својата улога во нашиот живот и грчевито се држиме за нив, иако ни прават повеќе штета отколку што имаме корист.

Заради тоа што оваа Лунарна Еклипса ќе се најде во Стрелец, а Стрелецот е еден од знаците на Зодијакот кој има најголема потреба од слобода, и ментална и емотивна и просторна, Лунарната Еклипса ќе ја потенцира до крајни граници темата за слободата. Така што деновите од една до друга Лунарна Еклипса, од 5-ти јуни до 5-ти јули 2020, ќе бидат денови кога кај секој од нас ќе созреваат мислите поврзани со слободата. И веројатно кулминацијата ќе ја доживееме кога ќе го освестиме моментот дека слободата не е нешто што може да се практикува половично. Бидејќи секој чувствува кога е слободен, а кога не. Со овој чин би требало да се ослободиме од видовите на „слободи“ што другите ни ги наметнуваат, а тоа не се.

КАКВО ЌЕ БИДЕ ВЛИЈАНИЕТО НА ЛУНАРНАТА ЕКЛИПСА НА ОСТАНАТИТЕ ЗНАЦИ ОД ЗОДИЈАКОТ?

Начин на читање: Најмногу ќе ви одговара текстот што одговара на вашиот Подзнак (Асцендент). Но, поголема ширина во сознанијата ќе добиете ако тие информации ги комбинирате со текстот што одговара на вашиот знак.

Доколку не го знаете вашиот Подзнак (Асцендент), направете бесплатен примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Овен

Лунарната Еклипса во периодот од 5-ти јуни до 5-ти јули 2020 година, ќе испровоцира вашиот порив за слобода да го задоволите преку патување во странство, завршување на некој судски процес, заокружување на образованието, расчистување на проблемите со роднините на партнерот.

Соларната Еклипса во следните шест месеци, од 21 јуни до 14 декември 2020, би требало да предизвика некакви промени во вашиот дом, во местото на живеење, во односот со членовите на семејството. Ќе мора да расчистите со старите работи и да се отворите за новото. Додека на план кариера, ќе мора да се ослободите од стравот и од работите кои не ви носат задоволство туку само тежини.

Бик

Под влијанието на Лунарната Еклипса во периодот од 5-ти јуни до 5-ти јули 2020 година, би можеле да добиете импулс да се ослободите од инхибициите во сексот, да расчистите со заемите, кредитите, да се ослободите од стравот од смртта.

Од друга страна, Соларната Еклипса, во периодот од 21 јуни до 14 декември 2020 ќе предизвика во вас порив да го ресетирате вашиот однос со браќата, сестрите, роднините и соседите. А, промени се можни и на план учење нешто ново, полагање за возачка дозвола, промена на автомобилот.

Близнаци

Лунарната Еклипса во периодот од 5-ти јуни до 5-ти јули 2020 година, ќе предизвика кај вас потреба да се ослободите од начинот на кој што до сега сте функционирале во партнерските односи. За некои од вас тоа ќе значи развод, за другите само сериозен разговор со партнерот и промена на правецот во кој ќе се движи вашата врска.

Соларната Еклипса во периодот од 21 јуни до 14 декември 2020 најавува дека ќе се случуваат сериозни промени во вашата финансиска состојба во следните шест месеци. Затоа, добро е да се ослободите од она што го работите за пари и да започнете да го работите она во кое што навистина уживате и со срце и со душа.

Рак

Под влијанието на Лунарната Еклипса, во периодот од 5-ти јуни до 5-ти јули 2020, ќе имате потреба да се ослободите од работните обврски кои ве ограничуваат, од колегите кои ве нервираат и од животните навики кои се штетни за вашето здравје.

Додека Соларната Еклипса би требало, во периодот од 21 јуни до 14 декември 2020 година, да ви донесе промени на личен план. Па, постои можност да го смените својот надворешен изглед, своите размислувања, однесување, стил на живот, пријателите кои не се инспиративни или работата што ве измачува или не ви носи финансиска сатисфакција.

Лав

Лунарната Еклипса во периодот од 5-ти јуни до 5-ти јули 2020 година, ќе ве принуди да се ослободите од љубовните врски кои не ве исполнуваа, да ги ослободите своите деца од својата заштита и да ги пуштите слободно да летаат. Слободата во изразувањето на вашите чувства ќе зазема највисоко место во хиерархијата на слободи во животот.

Соларната пак Еклипса, во периодот од 21 јуни до 14 декември 2020 година, ќе ги размрда во вашата потсвест сеќавањата кои сте ги потиснале во минатото со цел помалку да ве болат. Па, ако сте доволно храбри и умешни да се соочите со болката, ќе доживеете скок нагоре во својот духовен развој. Во спротивно, очекувајте дека ќе ве совладаат депресивни чувства.

Девица

Лунарната Еклипса во периодот од 5-ти јуни до 5-ти јули 2020, ќе бара од вас да се ослободите од врзаноста за некои од членовите на семејството, од врзаноста за местото на живеење или од потребата својот животен пат и својот углед да го градите врз темелите на старата слава на вашето семејно име. Ослободувањето од врзаноста за домот, местото на живеење, корените и семејството ќе ви помогне полесно да ја менаџирате вашата иднина.

Додека под влијание на Соларната Еклипса, во периодот од 21 јуни до 14 декември 2020 година, би требало да се охрабрите и полесно да стапувате во комуникација со луѓето. Па, има голема шанса во следните шест месеци да ги запознаете своите нови, најдобри пријатели.

Вага

Лунарната Еклипса во периодот од 5-ти јуни до 5-ти јули 2020 година, ќе ја среди сцената за ваше полесно ослободување од товарот што ви го наметнуваа роднинските односи и од комуникациите кои веќе ја изгубиле својата смисла.

Додека Соларната Еклипса во периодот од 21 јуни до 14 декември 2020 година, ќе означи крај на една фаза во вашата кариера и промени во истата. Затоа е потребно да го употребите сиот ваш потенцијал во создавањето услови за подобро позиционирање на професионален план.

Шкорпија

Лунарната Еклипса во периодот од 5-ти јуни до 5-ти јули 2020 година, ќе бара од вас да се ослободите од својот досегашен однос кон парите, да ги вратите долговите, послободно да влегувате во нови инвестиции, полесно да трошите.

Додека Соларната Еклипса во периодот од 21 јуни до 14 декември 2020 година, ќе ве принуди да излезете од својата зона на комфорот и да се впуштите во бескрајот можности што ги нуди животот. Затоа, не ги одбивајте понудите за далечни патувања, запишете некаков курс, специјализација, побрзајте да дипломирате ако сте студенти. Можно е да добиете некаква шанса за живот или учење во странство.

Стрелец

Лунарната Еклипса во периодот од 5-ти јуни до 5-ти јули 2020 година, ќе бара од вас да се ослободите од вашите стари навики и начин на живот, да се смените вие лично, и физички и во начинот на кој се однесувате кон себеси, кон другите луѓе, кон животот.

Затоа пак во периодот од 21 јуни до 14 декември 2020 година, Соларната Еклипса ќе внесува промени во вашата финансиска состојба. Па, можеби ќе треба да научите да ја победите гордоста и да побарате туѓа финансиска помош или нови извори на заработка. Исто така, ќе се менува и вашиот однос кон сексот и вашето однесување за време на сексуалниот чин.

Јарец

Лунарната Еклипса во периодот од 5-ти јуни до 5-ти јули 2020 година, ќе бара од вас да се ослободите од чувството на вина што го имате потиснато во себеси, со тоа што ќе побарате да ви простат за грешките оние пред кои се чувствувате виновни.

Соларната пак Еклипса во периодот од 21 јуни до 14 декември 2020 година, ќе предизвика промени во вашиот брачен статус. Па, ако сте слободни, постои голема веројатност за кусо време да најдете партнер каков што ви одговара и да стапите во брак. Но, ако веќе сте во брак, ќе мора да направите некакви промени во вашиот секојдневен живот, во вашите навики и обврски, како и во односите со партнерот, ако сакате бракот да ви трае. Можно е да расчистувате и некои правни проблеми на суд.

Водолија

Лунарната Еклипса во периодот од 5-ти јуни до 5-ти јули 2020 година, ќе бара од вас да расчистите со односите што не ви носеа љубов и поддршка, и на план пријателства и на интимен план. А, можно е да се ослободите и од плановите кои се неостварливи или не ви ги носеа очекуваните резултати.

Додека во периодот од 21 јуни до 14 декември 2020 година, под влијанието на Соларната Еклипса, ќе мора да направите нешто со кое ќе си помогнете себеси. Тоа значи дека ќе мора да ги победите лошите навики кои негативно влијаат на вашето здравје, да започнете да спортувате, да одите на фитнес, да пробате јога и медитации. За почеток е доволно само повеќе да се одморате и подолго да спиете. Така, одморени, ќе можете правилно да ги донесете одлуките поврзани со промените што ве очекуваат на план работа, начин на работење, време на работење.

Риби

Лунарната Еклипса во периодот од 5-ти јуни до 5-ти јули 2020 година, ќе ве поттикне да се ослободите од работните обврски кои не ви се допаѓаат, послободно да го изразувате своето мислење пред колегите и претпоставените. Па, дури е можно да го напуштите работното место каде се чувствувавте заробени.

Затоа пак во периодот од 21 јуни до 14 декември 2020 година, под влијанието на Соларната Еклипса, ќе почувствувате нов креативен набој. Тој ќе ви помогне да го изразите на креативен начин тоа што го носите во себеси. А, ако почувствувате дека само децата се тие што прават да бидете исполнети, тогаш комплетно посветете им се ним. Размислувајте да го проширите семејството со раѓање дете. Поддржете ја намерата на вашите деца да имаат свои деца. Уживајте во давањето љубов.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Водолиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Многу сум задоволна.
 
Пред да го добијам хороскопот и да се сретнам со тебе, не знаев што да очекувам и морам да признам дека податоците и објаснувањата беа шокантно вистинити. Ми понуди многу објективна слика на мојата личност и случувањата во мојот живот. Хороскопот ми е како една од оние “self-help” книги, но скроена само за мене.
 

Ана, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија (тековен стил) Риби