In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Најголемата слабост на секој знак

 

Најголемата слабост на секој знак
 

Овен

Овните се претставуваат себеси пред другите како силни личности, полни со самодоверба, доволни самите на себеси, потентни. Меѓутоа, вистината е поинаква. Тие се луѓе кои не поднесуваат кога нешто губат. А, посебно се фрустрираат кога се напуштени од личностите со кои биле во љубовна врска. Во тие деликатни моменти Овните обично глумат дека не се повредени и дека не се заинтересирани за личноста што ги напушта. Но, во себеси ќе останат убедени дека штом еднаш биле со таа личност засекогаш имаат право над неа. Најголемата пак слабост на мажите Овни е тоа што се премногу брзи во сексот.

Бик

Биковите знаат дека нивната ментална и физичка инертност е нивната најголема маана, па живеат во константен страв дека ќе им станат здодевни на личностите што ги сакаат. Затоа, се трудат својот недостаток да го компензираат со тоа што на своите сакани ќе им понудат емотивна стабилност, удобен дом и материјална сигурност.

Близнаци

Тие се забавни, говорливи, добро информирани, дружељубиви, знаат интересни детали за секого и сешто. Глумат, лажат, играат разни игри. Но, целиот циркус околу себеси го прават поради стравот дека би можеле да останат сами. Е, самотијата е она што не можат да го поднесат.

Рак

Тие изгледаат мирно, питомо, добродушно. Се трудат да им помогнат на луѓето, сочувствуваат со нивните проблеми. Се претставуваат како домаќини кои се жртвуваат за своите сакани. Но, зад сето ова ја кријат својата најголема слабост, способноста да манипулираат со туѓите емоции за стекнување на некоја своја корист. А, оваа своја слабост најчесто ја испробуваат на најблиските.

Лав

Тие се најголемите фалбаџии во Зодијакот. Се однесуваат како да се најдобри, како да пукаат од самодоверба. Често се арогантни и им се потсмеваат на туѓите слабости. Меѓутоа нивниот најголем страв е дека ќе бидат јавно исмеани за некоја од своите маани и дека сите ќе дознаат колку се тие повредливи во душа.

Девица

Тие се родени перфекционисти кои се трудат да ги држат под контрола сите аспекти од својот живот. Секому наоѓаат маани и постојано се загрижени за се и сешто. Сепак, нивна најголема слабост е стравот дека би можеле да направат некаква грешка. Посебно се ужаснуваат од помислата дека колегите ќе откријат колку се тие несовршени и прават грешки додека работат. А, потоа ги плаши и помислата дека ќе направат погрешен избор на брачен партнер.

Вага

Вагите се шармантни. Ги освојуваат луѓето делејќи комплименти со капа и со рака. Љубезни се и слатки. Меѓутоа, бидејќи не сакаат да ја расипат сликата за себеси во туѓите очи тие не ги покажуваат своите вистински чувства и избегнуваат да се соочат со своите проблеми. Во суштина тие се снобови чија што најголема слабост е неспособноста да живеат без партнер во животот.

Шкорпија

Шкорпиите се во суштина храбри и паметни личности кои имаат способност длабоко да навлезат во суштината на работите. Тие се лојални кон оние што ги сакаат. Но, нивната лојалност произлегува од стравот дека би можеле да бидат предадени и изневерени од блиските, од оние на кои најмногу им веруваат. Додека нивна најголема слабост е стравот од смртта, своја и на оние што ги сакаат.

Стрелец

Стрелците се забавни, интересни и дружељубиви луѓе. Но, нивна најголема слабост е стравот дека некој, посебно личноста што ја сакаат, ќе им ја ограничи слободата. Затоа, се однесуваат крајно себично во обидот да си го живеат својот живот според своите желби. Па, не водат сметка дали со своите избори и постапки ги повредуваат чувства на оние за кои тврдат дека ги сакаат.

Јарец

Јарците се најчесто сериозни луѓе кои целиот свој живот го посветуваат во стекнување на академска титула, позиција од моќ и материјална сигурност. Најголемата нивна тајна е фактот дека тие сето тоа го прават бидејќи имаат вроден страв од сиромаштија и не сакаат да бидат потценети од другите.

Водолија

Тие се трудат да бидат поинакви, интересни, да ги шокираат другите со своите постапки, да ја освојат туѓата симпатија со тоа што се хумани или поинакви. Ова посебно се забележува во љубовта. Тие знаат дека на својот партнер можат да му бидат најдобри пријатели, но дека никогаш нема да бидат страсни љубовници. Затоа се обидуваат да го прикријат недостатокот на емоции со својата ексцентричност, духовитост или со својата хуманост.

Риби

Тие се конфузни личности уплашени од животот. Затоа развиваат бујна фантазија со која се штитат од суровата реалност или прибегнуваат кон опојни средства кои ќе им ја разубават сликата за светот околу нив. Проблемот се случува тогаш кога толку се соживуваат во своите измислени приказни што влегуваат во непотребни лаги.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Водолиите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Многу сум задоволна.
 
Пред да го добијам хороскопот и да се сретнам со тебе, не знаев што да очекувам и морам да признам дека податоците и објаснувањата беа шокантно вистинити. Ми понуди многу објективна слика на мојата личност и случувањата во мојот живот. Хороскопот ми е како една од оние “self-help” книги, но скроена само за мене.
 

Ана, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија (тековен стил) Риби