In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Силикони за мозок

Објавено на 03.03.2021 во 08:30

Силикони за мозок
 

„Сите се срамиме од своето тело,
а се помалку луѓе се срамат од својот мозок“
~ Весна Дедиќ („Балканска улица“)

Кометирајќи ја погоре наведената изјава, една моја пријателка духовито забележа:

„Аман веќе, кога ќе почнат да прават силикони за мозок. Па, сите да станат попаметни, покултурни и пообразовани.“

„А, не“, се надоврзав јас „Тоа не е исплатливо.“

„Зошто?“, прашува таа.

„Па, никој не дава пари за содржината ако не му се допадне опаковката.“ На ова гласно се изнасмеавме, ако не за друго, барем да ни помине офтиката од душата.

Но, да се разбереме уште на почеток, драги мои. Јас не сум против користењето на хирургијата, ниту на дерматолошките третмани, ако се во интерес на психичкото и физичко здравје на луѓето. Напротив. Сметам дека секој човек треба да се чувствува добро во сопствената кожа. Па, ако тоа не е така, секој има право да ги направи потребните промени кои ќе го доведат до целта.

Порано, кога не постоеја можностите за естетските корекции, луѓето кои беа незадоволни од својот изглед одеа на психолог или психијатар. Бидејќи, кога некој не се прифаќаше себеси со голем нос, тенки усни и клемпави уши, се тврдеше дека проблемот е во главата и во начинот на перцепција. Е сега, колку психијатриските сеанси донеле некому олеснување и решение за комплексот и за колку време, тоа е веќе друго прашање.

Но, што ми беше муабетот?

Сакав да кажам дека од сферата на умот, перцепцијата и прифаќањето, како што некогаш се третираше незадоволството од својот изглед, со подемот на пластичната хирургија и со појавата на ботоксот, филерите и силиконите, проблемот се симна на материјален, физички план. Така што денес, со извонредните можности што ги нуди естетската хирургија и козметологијата, за кусо време, со само една или неколку операции или третмани, можете да го намалите и исправите долгиот и грбав нос. Можете да ги зголемите градите и да ги поставите под брадата, од каде што гордо ќе и пркосат на гравитацијата. Можете да ги подигнете јагодичните коски, да ги измазните брчките. Да извадите сало од пределот на струкот. Да го напумпате задникот, до големина на едно перниче, со кој ќе ги соблазнувате машките погледи. Да ги претворите своите усни во две виршли кои го бакнуваат носот...итн

Можете да го смените својот личен опис. Но, дали е тоа гаранција дека ќе бидете среќни или естетската хирургија создаде нови проблеми?

Јас мислам дека е ова, второто. Од искуството што го имам со моите клиенти знам дека најголемиот број од девојките кои веќе се подложиле на естетски корекции стануваат уште понезадоволни од порано.

„Само уште брчката меѓу очи да ја испеглам бидејќи прави да изгледам постојано намрштена и постара. Да ги подигнам аглите на усните за да не личам тажно. Само уште кога веѓите би ми правеле поголем лак за да ми се отвори погледот. Да имам уста како Северина, задник како Џенифер Лопез (или Ким Кардашијан, зависи од која генерација се), гради како Памела Андерсон, е тогаш би била совршена и задоволна со себеси“, така наивно размислуваат опседнатите со својот изглед. Но, нивниот список на „само уште“ и „треба“ никогаш нема крај. Секогаш е потребна уште некоја нова корекција, некој понов зафат, најновиот третман.

Нивната анксиозност околу изгледот уште повеќе се зголемува со гледањето на ретушираните фотографии на познатите личности по списанијата и социјалните мрежи. Уште повеќе ако дечкото што го запознале на Инстаграм им рекол дека некоја друга девојка има посекси (читај: поголема) уста, задник, гради. Тогаш уште следниот ден тие ќе отрчаат кај својот лекар за да го коригираат овој „недостаток“. И така се затвора овој магичен круг, но задоволството никогаш не може да биде достигнато.

Знаете ли зошто?

Затоа што совршенство не постои во материјалниот свет. Уште повеќе што светот во кој живееме постојано се менува, како и критериумите за убавина. Ако се вратиме малку наназад, до времето на Рубенс, гледано од денешен аспект, за убави се сметале заоблените и дебели жени. Ако се вратиме поблиску во историјата, пред дваесеттина години беа во мода тенки веѓи, потоа дебели, а денес јапонски. Утре можеби во мода ќе биде да се шетаме без веѓи, како во времето на Мона Лиза?

Што ќе прават тогаш сите оние кои веќе ги нацртаа своите гејша-гајтани?

Ако во седумдесеттите години на минатиот век во мода беа малите гради и неносењето градник, во осумдесетите беше модерен шпицестиот градник што Готје го креираше за Мадона, а сега се во мода силикони големи колку дињи и напред и назад.

Размислуваат ли девојките колку го малтретираат своето тело со постојано ставање и вадење на силиконите? Или можеби колку повеќе се фокусираме на билдање на телото, закржлавува нашиот мозок? Додека „златна средина“ е препораката на филозофите од памтивек.

Кога бев дете, владееше мислење дека се тетовираат само морнарите, пијаниците, затворениците, војниците и Ромите. Денес тоа е „must have“ за секој оној што сака да покаже дека е кул и во тренд. Па, некои ги тетовираат дури и белките од очите.

Но, што ако модата се смени повторно, а тоа е многу веројатно? Што ќе прават сите оние кои од своите тела направија сликовници во движење? Теоретски, ласерот е единственото решение. Во пракса, и тој не е семоќен. Остава траги. Но, видливите траги не се најстрашното нешто што би можело да ни се случи. Пострашно е тоа што ретко кој се труди да ги отстрани трагите кои ги носи во душата. Бидејќи, иако невидливи, тие ги создаваат најголемите проблеми во нашиот живот. А, за нив не постои друг „ласер“ освен нашата работа на себеси.

И полека доаѓаме до поентата на муабетов. На прашањето како да постигнеме трајно задоволство и дали естетските корекции би можеле да ни помогнат во тоа? Јас ќе кажам дека одговорот секогаш е некаде на средината. Според мене, решението се крие во обединување на менталната и физичка компонента. Тоа значи дека човекот прво треба да се потруди да се прифати себеси онаков каков што е, каков што Господ го создал, бидејќи имал причина за тоа. А, естетските зафати да ги прави само тогаш кога се тие во функција на неговата целокупна, добра, психофизичка состојба. Дури тогаш резултатот од оваа „операција“ би требало да биде трајно емотивно задоволство.

И конечно, што мислите? Треба ли достоинствено да старееме или треба сите да наликуваме едни на други, како кукли на дување кај кои дувачот се заборавил со дувањето? Бидејќи, модата секако ќе помине. Но, ќе остане деформираното тело како вечен споменик на глупоста.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Околу една и пол година пред да дојдам кај Вас ми се случи нешто страшно. Настанот го пребродив, но постојано ме вознемируваа прашањата “Господе што сум ти згрешила за да поминам низ такво нешто? Со што го заслужив ова, кога отсекогаш имав посебен однос спрема религијата?” Откако дојдов кај Вас добив вистинскиот одговор на сите овие прашања. Иако јас воопшто не Ви спомнав за овој настан, бев фрапирана кога меѓу првите работи од нашиот разговор ми го спомнавте. Преку наталната карта, а особено преку книгите кои ми ги посочивте да ги прочитам, успеав да добијам одговор на сите прашања. Повторно почнав да си го сакам животот, заедно со сите добри и лоши случувања во него, кои оставам да ме водат по патот на духовниот развој. Ви благодарам. 

С. М., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби (тековен стил)