In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

 
Објавено на 06.04.2019 во 05:11

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?
 

(Средба со старите љубови, време за наплата на старите долгови, будење на старите сеќавања, време на искушенија и промени)

Кои планети ќе бидат ретроградни и кога?

Кон крајот на овој месец, април 2019 година, дури три планети ќе тргнат во ретрограден од (привидно ќе се движат наназад) и тоа:

Јупитер (од 10-ти април до 11-ти август 2019),
Плутон (од 24-ти април до 3-ти октомври 2019) и
Сатурн (од 29-ти април до 18-ти ноември 2019).

На 21-ви јуни на ова планетарно јато ќе му се придружи и Нептун, кој ќе биде ретрограден до 27-ми ноември. Додека на 11-ти август Јупитер ќе тргне во директен од, а Уран ќе започне да се движи наназад се до 11-ти јануари 2020.

Што значи кога планетите се ретроградни?

Во суштина, секоја ретроградна планета е некој наш неположен испит од минатото кој ќе ни се врати и ќе не принуди повторно да поработиме на него во сегашноста. Бидејќи, нема ниту збор, а камоли постапка без ехо во вечноста, како што вели Питагора.

Ретроградните планети, посебно кога се повеќе на број, како што ќе биде во следните пет месеци, обично укажуваат на тоа дека, сакале ние или не, ќе бидеме принудени повторно да се сретнеме со извесни личности со кои имаме незавршени кармички задачи, во овој или во некој од нашите минати животи. А, сето тоа се случува со цел да ги измириме кармичките долгови, да ја научиме лекцијата и да ја затвориме комуникацијата, на овој или на оној начин. Притоа, секогаш се работи за односи кои се кармички и незавршени.

Дали влијанието на ретроградните планети е позитивно или негативно?

Иако не постои правило според кое ретроградните планети се предодредени да носат негативни искуства, во пракса работите најчесто се одвиваат во тој правец. Има малку примери кога повторните средби со личностите со кои имаме направено кармички долгови завршуваат среќно и весело.

Дали и што би требало да научиме во овој период и дали ќе имаме кармички средби со извесни луѓе или пак можеби кармата на нашата актуелна врска е доволно созреана, па ќе се соочиме со искушенија во истата, тоа може да ни го открие само нашата Натална Карта.

Генерално кажано, ретроградниот Јупитер во Стрелец би можел, на родените во овој знак или со овој подзнак, да им донесе повторна средба со личност што веќе ја познаваат, а живее во странство или ја запознале на патување. Оваа личност би требало да биде духовно или материјално богата, добро образована и интелигентна. А средбата би можела да прерасне во љубов или омраза. Но, можно е и враќање на некои незавршени законски спорови или проблеми со престојот во странство, повторно патување на некое место на кое тие биле во минатото и оставиле незавршени обврски, повторно учење на ненаученото.

Ретроградниот Сатурн во Јарец би требало, на родените во овој знак или со овој подзнак, да им донесе средба со некоја личност со која не ја затвориле комуникацијата, од овој или од некој минат живот. Таа личност би требало да биде нивен некогашен непријател со кој сега би требало да ги измират сметките. Ретроградниот Плутон најчесто предизвикува фатални љубови, сериозни непријателства, опасности, проклетства, деструктивни пориви, црномагијски напади. Затоа, треба добро да провериме кого пуштаме во својот живот.

Да резимираме, ретроградните планети на небото обично навестуваат денови на искушенија за нас, кои живееме на Земјата. Но, што е животот ако не една непрегледна низа од искушенија и наша борба за нивно надминување?

Затоа, сега кога однапред сме запознаени со потенцијалните опасности, можеме подготвено да ги дочекаме настаните. Со тоа ни се зголемуваат шансите да донесеме добри одлуки и да направиме паметни потези. Па, ни се зголемуваат и шансите да го положиме тестот на кој ќе не изложат искушенијата. Наградата пак за положениот тест се манифестира во вид на раст и развој на нашата свест.

Па, зарем тоа не е единствената цел поради која сме се родиле на оваа планета, драги мои?

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби (тековен стил)