In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Немаш ни благодарам

Објавено на 08.11.2017

Немаш ни благодарам
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

„Ги сакам разделбите заради повторната средба.“ - Оваа реченица секогаш ми паѓа на памет кога после долго отсуствување од мојот град повторно му се враќам, со полни куфери впечатоци и спомени. Тогаш не ми е важно што аеродромот во Скопје повеќе наликува на селска ливада во споредба со аеродромите од каде што доаѓам, ниту што таксистите се обидуваат да те одерат, ниту што нехигиената е првото нешто што ти посакува добредојде. Сите тие работи ги доживувам како неизбежен фолклор на еден менталитет. Но, помислата „јас сум дома“, ми создава вулкан од чувства што ми ги полнат градите со толкава љубов, што посакувам да го прегрнам секого што ќе го сретнам.

Во такво расположение, во месец мај 2011 година, влегов во мојот дом и веднаш се упатив да ги ставам во функција мобилните телефони, кои редовно ги оставам дома кога патувам надвор од државата. Едниот од нив, додека не му се потрошила батеријата, забележал над дваесет повици од ист број, бројот на доктор Сандра.

Беше тоа убава, негувана и успешна жена во средни години, мој долгогодишен клиент. Таа редовно, секој октомври, една недела пред нејзиниот роденден, доаѓаше да си го дознае својот Соларен Хороскоп, бидејќи тој содржи информации за периодот од еден до друг роденден.

Токму заради нејзината ревносност и постојаност, ми падна чудно кога во октомври претходната година не се појави. Но, знаејќи ја нејзината потреба да биде секогаш понапред од другите и професионално да се доусовршува, помислив дека или е на некоја специјализација во странство или е толку окупирана со работата што едноставно заборавила.

„Но, зошто толку упорно ме барала?“ се прашував себеси „Сигурно е нешто многу важно. Ќе ја побарам и ќе видам, ако не е предоцна.“

Уште пред што било да кажам го слушнав нејзиниот глас во слушалката „Каде си ти кога најмногу ми требаш?“

„Се случило ли нешто? Не ме плаши!“ прашав во исчекување.

„Не е за плашење, ама треба да донесам важна одлука, па ми треба твоето мислење. Да го направиме Соларниот. Што викаш, а?“ нејзиниот глас полека омекна.

„Ама Сандра, и самата знаеш дека Соларниот Хороскоп се изработува за периодот од еден до друг роденден. А, сега се поминати 7-8 месеци од тогаш. Почекај уште четири, па ќе го направиме новиот Соларен.“

Таа, како да ми ги чита мислите, со шеговит тон продолжи „Што сакаш? Да ми заштедиш пари? Не се важни парите. Мене информацијата ми треба веднаш. Се работи за голема одлука и немам време за чекање.“

„Во ред, тогаш остави ми само време да се распакувам и веднаш почнувам со работа“, одговорив.

Кога започнав со работа, што да видам. Во Наталната Карта на доктор Сандра стоеше опасност од огромна финансиска загуба и тоа токму за периодот во кој се наоѓавме. „Добро“, си реков „Не мора да биде толку страшно. Можеби Соларниот Хороскоп ќе покаже нешто друго и ќе го поништи влијанието на негативните аспекти.“

Меѓутоа, Соларниот Хороскоп за актуелниот период не само што не го намали негативното влијание на финансиски план, туку дури и го потенцираше. Во тој момент бев повеќе од сигурна дека важната одлука за која ми зборуваше е поврзана со парите.

Првото нешто што и го кажав кога се видовме беше: „Не знам на што се однесува твојата дилема. Меѓутоа, едно нешто со сигурност знам. Кога се во прашање парите треба да отвориш четири очи. Никакви трошоци. Никакви инвестиции. Само неопходното.“

Очигледно незадоволна од тоа што го слуша таа не се даваше: „А, сигурна ли си дека не смеам да влезам во некоја инвестиција?“

„Сигурна сум како што е сигурно дека утрешното сонце ќе изгрее на исток. Инвестирање, ни под точка разно.“

„Ама зошто?“ беше разочарана мојата убава лекарка.

„Бидејќи ќе загубиш огромна сума пари. Па, можно е да не се опоравиш со години“, почнав полека да го губам трпението.

„Види сега. Ако ти ја кажам целата ситуација можеби ќе го смениш мислењето. Всушност не гледам во што би била шансата за загуба. Се работи за сериозни луѓе, лекари, кои успеале во странство. Две сестри и брат. Добро ги познавам. Тие планираат тука да отворат фабрика. Но, им недостасуваат пари и така јас влегов во комбинацијава. Ми понудија да влезам со моја инвестиција, за што ќе добијам акции. Фабриката ќе произведува артикли што секогаш се потребни и нема зима за нивна продажба“ се трудеше Сандра да ме убеди.

„Ти реков не, бидејќи ќе загубиш се што ќе вложиш“, ја прекинав во нејзината фантазија за прекрасната иднина што ја очекува.

„Ама не гледам на каков начин ќе можам да загубам. Плус таа инвестиција ќе ми носи дивиденда од 3000 евра месечно. Еднаш вложувам, а цел живот ќе профитирам од тоа. Можам дури и да ја затворам ординацијата“, газеше таа се поцврсто и врз својата идеја и врз моите нерви.

„Не си ми јасна“ ја прекинав „Сега мене ли се обидуваш да ме убедиш да ти ги наредам ѕвездите за одговорот да биде да. Значи, знаеш дека јас не можам и не смеам да одлучувам за тебе. Можам само да ти кажам дека кога би била на твое место, не би дала ниту денар никому, за ништо во овој период. Сепак, изборот треба да биде твој. Бидејќи, планетите само укажуваат, но луѓето одлучуваат. Всушност, ти и воопшто не мора да ме послушаш.“

Поминаа неколку месеци. Дојде и помина октомври и нејзиниот роденден, но доктор Сандра не се јави да си го нарача новиот соларен хороскоп. Од време на време помислував на неа. Најчесто кога некоја елегантна жена што ќе ја видев на скопските улици ќе ми заличеше на неа. Тогаш се прашував што прави и како одигра во ситуацијата поврзана со инвестицијата. Дали ги даде парите? Дали фабриката почна да работи? Дали се исполнија нејзините очекувања? Дали погреши? Моите дилеми добија одговор следната година кога случајно се сретнавме на еден јавен настан.

„Колку ми е мило што те гледам, прекрасно изгледаш“ ми рече таа искрено израдувана.

„Исто и ти Сандра. Како да си се симнала од насловната страница на Вог“ одговорив јас во истиот манир.

„Треба да дојдам кај тебе, да ме провериш до каде сум“ продолжи таа смеејќи се гласно „Ама имам премногу работа. Потоа, се грижам за мајка ми. Па, дом, маж, дете, патувања заради специјализации и додека си трепнал, животот поминал.“

„Ќе дојдеш кога ќе почувствуваш потреба за тоа. Штом те нема, значи дека се е во ред и дај боже да остане така“, се надоврзав.

На заминување се сети, се врати неколку чекори и ми рече:

„Да не заборавам. Она што ми го кажа за бизнисот беше сто посто точно.“

„Како точно? Да не ги загуби парите?“ прашав вознемирено.

„А, не. Те послушав. Не ги дадов парите. Потоа разбрав дека целата инвестиција пропадна, тогаш кога ти кажа. Замисли? Си ми спасила 50 000 евра.“

„Ех, добро е. Ми олесна. Ете гледаш дека судбината може да се смени кога однапред се знаат случувањата и кога се контролираат сопствените импулсивни реакции.“

„Да, да“ велеше таа додека се оддалечуваше и ми одмавнуваше со раката.

Оттогаш, овој случај, со докторката и спасените 50 000 евра, им го раскажувам на моите клиенти, се разбира без да споменувам имиња и детали за идентификација, секогаш кога ме прашуваат кога треба да го направат својот Соларен Хороскоп. Значи, според правилото, соларниот се прави пред секој роденден. Но, ако човекот има потреба или е пред значајна одлука, се прави во кое било време од соларната година. Па, дури и ако има само еден месец до следниот соларен.

Чудна работа. Кога го раскажувам овој случај нема клиент кој не ме прашал што ме почестила докторката за спасените 50 000 евра.

„Ништо“ им велам.

„Како ништо?“ прашуваат тие. „Зарем не ве однесе на ручек? Не ви купи подарок? Не ви даде барем 1000-2000 евра?“

„Не“, одговарам јас. „Зошто би ме честела. Таа си го плати хороскопот, а јас и го кажав тоа за кое што плати.“

„Како не?“ се чудат тие уште повеќе. „Значи, нема ни благодарам?“

Тогаш им кажувам дека моето честење е токму искуството што го добив преку случајот на мојата докторка и можноста сега да го споделам со нив, за доброто на сите. Бидејќи, сите награди не мора да бидат материјални. Ако видам дека продолжуваат чудно да ме гледаат, тогаш им ја раскажувам приказната со балоните. Еве, слушнете ја и вие...

На една работилница за учење техники за подобрување на животот, инструкторот им дал по еден балон на учесниците на работилницата, шеесетина на број, и им рекол на балонот да го напишат своето име. Потоа, им рекол балоните да ги остават во соседната училница која била празна.

Кога и последниот балон се нашол во училницата, тој им дал нова задача, во рок од 5 минути да го пронајдат балонот на кое е напишано нивното име. Е, дури тогаш настанала мешаница. Под стрес заради ограниченото време, луѓето се буткале, се удирале еден во друг, се газеле. Петте минути поминале, но никој не можел да се пофали дека со успех ја завршил задачата.

Потоа, инструкторот им рекол дека имаат нови 5 минути да го земат првиот балон што е пред нив и да му го дадат на човекот чие име е запишано на него. Оваа задача била успешно завршена дури и пред истекот на зададеното време.

Тогаш инструкторот им честитал на учесниците на работилницата за успешно извршената задача и им рекол:

„Ова што сега ви се случи вам, постојано се случува во нашите животи. Секој брза да ја пронајде својата среќа, а притоа нема поим каде се наоѓа таа. А, всушност, нашата среќа се наоѓа во среќата на другите луѓе. Затоа, дајте им ја на другите луѓе нивната среќа со полно срце и тогаш ќе ја добиете својата. Тоа е суштината на човековиот живот.“

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. 

Р.Б., Штип


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби (тековен стил)