In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Годишен хороскоп за 2020 година

Објавено на 29.12.2019 на 15:27

Годишен хороскоп за 2020 година
 

Овен

Во 2020 година повеќе внимание ќе обрнувате на малите работи, кои до сега не ги забележувавте, како што се прошетките, разговорите со некои луѓе, средувањето на домот. Конечно ќе почувствувате дека ви се враќа мирот во душата и ќе избегнувате да си го нарушувате размислувајќи за минатото, за вашите неуспеси и за работите што не можете да ги смените. Повнимателно ќе ги избирате луѓето со кои ќе се дружите и ќе започнете да му кажувате „не“ на секој оној кој нема да го почитува вашиот интимен простор.

Сепак, главните случувања во оваа година ќе се одвиваат на план кариера и родители. Па, бидејќи постои опасност за различни искушенија поврзани со кариерата, како што се премногу обврски за премалку пари, нетрпеливост кон надредените или тие кон вас, нездрави односи со колегите, опасност од затворање на вашето работно место, препорачливо е на овој план да бидете повнимателни. Ако добро го поднесете непријатниот период, посебно јануари и февруари 2020, во втората половина на годината би можеле да дојдете на позиција за којашто отсекогаш сте сонувале или да го смените работното место. Во односот со родителите потрудете се да бидете подипломатични, а сепак да го сочувате својот приватен живот од нивното влијание.

Ретроградната Венера ќе ви донесе изјаловување на некои планови поврзани со образованието, патувањата, роднините, во периодот од 13-ти мај до 25-ти јуни 2020. Додека ретроградниот Марс ќе ве наполни со негативна енергија во периодот од 9-ти септември до 14-ти ноември 2020. Ако ја канализирате во конструктивна работа или спорт ќе имате успех. Во спротивно ќе ви страда здравјето.

Бик

Во 2020 година, вие, драги Бикови, конечно ќе научите да го разликувате она што е важно од неважното, со што ќе си заштедите време. Вашата поголема организираност, како и подготвеноста за преземање одговорност, позитивно ќе се одразат на сите аспекти од вашиот живот. Во суштина, тајната на вашиот успех ќе се крие во фактот што ќе чувствувате дека повторно го контролирате својот живот. Па, поради тоа ќе се чувствувате позадоволно и позитивно ќе им зрачите на другите. Затоа, вашето напредување во сите области ќе биде само резултат на правилото: „Како зрачиш, така и привлекуваш“. Во текот на цела 2020, Уран ќе им го менува животот од корен, на Биковите родени во периодот од 21 до 29 април.

Инаку, трката што Сатурн, Плутон и Јупитер ќе ја прават во вашето поле на учењето, комуникацијата со странство, патувањата и решавањето правни прашања, од февруари до декември 2020, би можела да ви донесе испреплетување на искушенијата со победите на некој од погоренаведените планови. Значи, во 2020 бидете подготвени да учите, духовно да се развивате, да ги проширувате своите видици за светот и животот преку патувањата или преку контактот со луѓе кои живеат во други држави. Би можеле да научите некој нов јазик или да дојдете до решение за правните проблеми. Во најмала рака, ќе прочитате едно чудо книги со психолошка, филозофска или езотерична тематика и ќе се трудите да го подобрите својот живот со советите што таму ќе ги најдете.

Затоа пак ретроградната Венера ќе си поигра со вашите финансии во периодот од 13-ти мај до 25-ти јуни. А, ретроградниот Марс ќе ве успорува и ќе ја јакне силата на вашите таинствени непријатели, во периодот од 9-ти септември до 14-ти ноември 2020.

Близнаци

Вие, драги Близнаци, во 2020 постојано ќе осцилирате меѓу работите што вие ги сакате со она што другите го очекуваат од вас или сметаат дека е најдобро за вас. Седењето на повеќе столчиња ќе ве доведе до внатрешен конфликт со себеси и ќе ве прави постојано незадоволни. Од една страна ќе ви биде јасно дека нешто морате да смените, но ќе се колебате од каде да почнете. Уште повеќе што некои луѓе кои ги сметате за блиски ќе го попречуваат вашиот процес на промени, уплашени дека со тоа ќе им се ускратат можностите да ве манипулираат.

Сепак, вие со свои очи ќе видите кој е со вас заради корист, а кој заради љубов. Тоа ќе биде отрезнувачко и поразително сознание. Но, ќе ве натера во иднина да ги тестирате луѓето пред да им ја дадете довербата.

Во суштина, главните случувања ќе бидат поврзани со парите и сексот. Така, на почетокот на годината би можеле да имате проблеми околу исплаќањето на некој кредит, добивањето осигурување, поделбата на некакво наследство или пак ќе ги чувствувате негативните последици што нечија болест или смрт ќе ги предизвика во вашиот живот. Но, во втората половина на годината, ако не направите грешка, работите ќе се свртат во ваша корист. Па, постои можност да ви се подобри финансиската состојба, но и сексуалниот живот. Најнепријатниот период за вас на личен и љубовен план ќе биде од 13-ти мај до 25-ти јуни 2020, кога Венера ќе се движи наназад во вашиот знак. Додека во периодот од 9-ти септември до 14-ти ноември 2020, ретроградниот Марс ќе ви создава конфликтни ситуации со пријателите.

Рак

Вие, драги Ракови, можеби ќе ја започнете 2020 година со проблеми, брачни или правни. Сепак, годината ќе ја паметите по тоа што ќе се осмелите да ја напуштите својата зона на комфорот и ќе пробате многу нови работи што порано ги сметавте за научна фантастика. Па, победувајќи го секој нов предизвик, вие ќе се здобивате со нови искуства, преку нив ќе растете и ќе бидете горди на себеси. Во таа ваша трансформација ќе ја имате поддршката од другите луѓе. А, во моментите кога ќе станувате малодушни и ќе мислите дека ќе ви биде полесно ако му се вратите на стариот живот, само желбата да успеете во остварувањето на вашите цели ќе ви помага да истраете.

Инаку, главните случувања во 2020 ќе се вртат околу вашиот брачен живот, бизнис партнерствата и правните работи. Па, иако на почетокот ќе се чини дека вие ја губите играта, веќе по февруари 2020 работите ќе се сменат во ваша корист. Така, би можеле да ја завршите годината со извојувана голема победа во некој судски спор. Ако сте во брак, можно е конечно да соберете сили и да се разделите од партнерот или да ги завршите сите процедури околу разводот. Ако не сте во брак, можно е да ја прекинете актуелната врска и да влезете во нова. Некои Ракови токму во 2020 ќе одлучат да стапат во брак. А, некои ќе ја напуштат работата „за стално“ и ќе се впуштат во авантурата наречена ортачки бизнис.

Во периодот од 13-ти мај до 25-ти јуни, ретроградната Венера ќе го донесе вашето љубовно минато во сегашноста и ќе им ги помати сметките на прељубниците. Додека ретроградниот Марс ќе ви создава конфликтни моменти на работното место и во комуникација со авторитетите од секаков вид, во периодот од 9-ти септември до 14-ти ноември 2020.

Лав

На почетокот на 2020, драги Лавови, би можеле да се соочите со проблеми на работното место, поврзани со претпоставените, колегите, начинот на работа или со финансиската добивка од работењето. Па, ако инсистирате да биде по ваше, она на кое не можете баш да влијаете и да го смените, ризикувате да ја пренасочите негативната енергија кон себеси и да си предизвикате здравствени проблеми. Ако пак животот веќе ве има научено на стрпливост и толерантност, од февруари, па до декември 2020, би можеле да се радувате на позитивните промени на професионален план. Но, ако сте родени во периодот од 23 јули до 2 август, ќе мора да бидете екстремно прилагодливи во текот на целата година. Бидејќи, непредвидливиот Уран ќе ви предизвикува непланирани промени во кариерата, неочекувани пресврти, нестабилност, ситуации кои лошо ќе се одразат на вашиот углед и добриот глас.

Како и да е, имајте на ум дека, речиси, во текот на целата година, ќе имате и приватни и професионални обврски преку глава, па не ќе имате време за одмор и за себеси. Постојано некаде ќе брзате, поради што вашите блиски ќе се чувствуваат запоставено и отфрлено. Ако не земете одмор и ако не се потрудите подобро да се организирате, тоа би можело да ви создаде проблеми и на приватен план. Посебно во периодот од 13-ти мај до 25-ти јуни кога Венера ќе биде ретроградна. Ако на време ја согледате основата на вашиот проблем, ќе започнете повеќе да го цените своето време и ќе се ослободите од луѓето што ги крадеа вашата енергија, време, способности и влијание за свои цели. Ретроградниот Марс би можел да ви активира некои нерешени прашања од правна природа или пак проблеми со образовните институции и на патувањата, во периодот од 9-ти септември до 14-ти ноември 2020.

Девица

2020 година за вас, драги Девици, ќе биде во знакот на љубовта, децата, креативната работа и ризичните финансиски зделки. Па, иако годината не ќе почне баш позитивно, ако на случувањата изреагирате на вистинскиот начин, втората половина од 2020 би можеле да се радувате на убави настани поврзани токму со децата, љубовниот живот и работата. Што значи „да изреагирате на вистинскиот начин“? Тоа значи дека ќе биде крајно време да ја скротите својата џангризавост и поривот постојано да се грижите за нешто. И за работите што се реална опасност, но и за измислените опасности врз кои ги калемите своите безбројни стравови. Потоа, би требало да им дадете втора шанса на луѓето за кои ве врзуваат чувства, а не да го браните вашето височество, егото. И секако, да најдете канал преку кој ќе го изразувате вашиот креативен набој.

Ако сте родени во периодот од 23 август до 2 септември, тогаш се можни позитивни изненадувања поврзани со некое патување во странство, преселба, учење или ќе изнајдете правен лек за вашите проблеми. Останатите Девици веројатно ќе размислуваат дали да и дадат втора шанса на една личност со која некогаш беа емотивно блиски или пак ќе имаат средба со таа личност. Случувањата ќе бидат од кармичка природа, па затоа не смеете да дозволите вашите постапки да бидат водени од лутина, повреденост или желба за одмазда, дури и доколку таа личност некогаш ве повредила. Запаметете, само љубовта ја има таа моќ се што допре да го претвори во свето. Жените Девици би можеле да останат бремени. А, повозрасните Девици да добијат внуци.

Ретроградната Венера ќе ви донесе непријатности со колешките, во периодот од 13-ти мај до 25-ти јуни. Додека ретроградниот Марс би можел да ви предизвика сексуални инхибиции, финансиски ризици и опасност по здравјето, во периодот од 9-ти септември до 14-ти ноември 2020.

Вага

Во 2020 година, вие, драги Ваги, ќе имате внатрешен порив да го промените својот живот од корен. Значи и на план кариера и на план емоции и на план место на живеење. Нема да бидете задоволни од животот што го живеете и постојано ќе си го вртите во глава прашањето: „Што би добиле, а што би изгубиле ако...“ Сепак, почетокот на годината нема да биде поволен за преземање на некој покрупен чекор на промени, бидејќи сите работи што ќе ги почнувате и луѓето кои ќе ги среќавате ќе делуваат како да имаат сковано заговор против вас. Дури и вашите блиски ќе сметаат дека ваша одлука е погрешна и ќе ве убедуваат да се откажете од се и да се вратите на старото.

Веќе, по февруари, околностите ќе започнат да се менуваат, и од средината на 2020, ќе се покаже дека вашата одлука била исправна. Па, постои голема веројатност да го смените местото на живеење, да продадете недвижен имот за да ги покриете старите долгови, вишокот пари да го инвестирате во нешто или пак да добиете финансиска поддршка од останатите членови на семејството. Не е исклучена ниту можноста да добиете нов член во семејството, некој од вашите блиски да се пресели во нов дом или вие привремено да се сместите во домот на некој близок.

Ретроградната Венера ќе ви ја ускрати поддршката при решавањето на некои законски прашања или пак ќе имате непланирани проблеми поврзани со патувањата во странство, во периодот од 13-ти мај до 25-ти јуни. Ретроградниот Марс ќе ги тресе темелите на вашите брачни односи во периодот од 9-ти септември до 14-ти ноември 2020.

Шкорпија

2020 година, драги Шкорпии, ќе биде благонаклонета кон вас на секој план. Дури и, наизглед, комплицираните ситуации кои ќе се случуваат во вашето секојдневие, на крајот секогаш ќе се вртат во ваша корист. Вие само ќе треба да извлечете поука од сето тоа и да го примените наученото во идните, слични, ситуации во животот. Во суштина, ве очекува многу динамична година кога од премногу обврски ќе немате време за себеси. Постојано ќе бидете во движење, ќе среќавате нови луѓе, често ќе одите на куси патувања, ќе започнете да учите нешто ново или пак ќе ги споделувате своите искуства и знаење со другите. Многумина од вас ќе почувствуваат и порив да ги стават на хартија своите животни или професионални искуства. Исто така, би требало да се подобрат и вашите односи со браќата, сестрите и роднините. Можеби ќе купите автомобил или ќе полагате возачки испит.

За сметка на тоа, вашиот брачен живот ќе се најде под ударот на хаотичните вибрации на непредвидливиот и ексцентричен Уран. Тоа значи дека вашиот однос со партнерот ќе наликува на ролеркостер. Па, можно е одненадеж да добиете понуда за брак, да излезете од бракот, да водите неконвенционален брачен живот, да живеете во отворен брак, да влезете во врска со интелигентен партнер кој има неконвенционално однесување. Ова најмногу ќе го почувствуваат родените во периодот од 23 октомври до 2 ноември. Ретроградната Венера би можела да ви донесе проблеми во сексот, со кредитите, наследствата и долговите, во периодот од 13-ти мај до 25-ти јуни. Додека ретроградниот Марс ќе ви донесе конфликтни случувања на работното место во периодот од 9-ти септември до 14-ти ноември 2020. Ако тогаш не најдете вентил за нервозата, би можело да ви страда здравјето.

Стрелец

На почетокот на 2020 година, вие, драги Стрелци, ќе се најдете во многу тешка ситуација и многу пати не ќе знаете што треба да правите, што да кажете, како да изреагирате. Тоа ќе се одрази негативно на вашите нерви. Но, и покрај тоа што ќе помислувате да кренете раце од се и да избегате некаде далеку, ќе биде подобро да стиснете заби и да ја дотуркате работата до крај. „Многу било, малку останало“, велат старите. Во надминувањето на таа Сизифовска состојба најмногу ќе ви помогнат некои луѓе од кои нема да очекувате таква реакција, па ќе се покаете дека сте имале погрешна претстава за нив и ќе сакате да се искупите за тоа. По февруари ситуацијата ќе почне да се подобрува. А, од средината на 2020, конечно ќе си дојдете на себеси и ќе имате повеќе време да им се посветите на работите што ве интересираат и на луѓето што ги сакате.

2020 година, во најмала рака, би требало да ја завршите со подобрена финансиска состојба поради покачување на платата, исплатен долг, хонорарна работа, профит од некоја дамнешна инвестиција и слично. А, доколку имате вишок пари, најпаметно ќе биде да ги инвестирате во нешто, бидејќи огромни ќе бидат шансите тие да се оплодат. Ретроградната Венера, во периодот од 13-ти мај до 25-ти јуни, ќе ви донесе некакво соочување со брачниот партнер или со некоја стара љубов. Додека ретроградниот Марс, во периодот од 9-ти септември до 14-ти ноември, ќе ве направи понасилни во однесувањето, склони со насилство да ги решавате проблемите. Тоа негативно ќе се одрази во љубовта, кај помладите Стрелци. Повозрасните ќе минуваат низ конфликтен период со децата. Иако ќе чувствувате порив да влегувате во ризични зделки или коцка, воздржете се.

Јарец

Драги Јарци, вашиот знак во 2020 година ќе биде бојното поле на кое своите сили во исто време ќе ги одмеруваат неподмитливиот Сатурн, разорниот Плутон и експанзивниот Јупитер. За среќа, непредвидливиот Уран ќе биде пријателски настроен кон ова трио и кон вашиот знак, па ќе ја намалува силата на превирањата во вашиот живот. Значи, бидете подготвени дека ве очекуваат тектонски промени во вашиот живот на кои вие не ќе имате никакво влијание. Затоа, во првите месеци на 2020 ќе треба да ја прифатите ситуацијата во која ќе се најдете со студена глава. Не ги сфаќајте работите лично, останете позитивни и во коректни односи со луѓето. Потрудете се да останете со чиста совест и бел образ. По февруари 2020 ќе започнат да дуваат поинакви ветришта и работите ќе се сменат во ваша корист. Така што 2020 ќе биде година на ваше искушение и трансформација.

Ако ги следите овие правила, крајот на годината би требало да го дочекате изморени, но среќни. Бидејќи ќе започнете нов циклус во вашиот живот и ќе доживеете промени на секој план, личен, емотивен, професионален. Постои можност во 2020 да ви се случи кармичка средба со личност која ја познавате од минатиот живот или со некоја стара љубов, со која не сте ја затвориле комуникацијата. Но, можно е и повеќе време да минувате со некој постар член од вашето семејство кому ќе му биде потребна вашата помош. Во периодот од 13-ти мај до 25-ти јуни, кога Венера ќе биде ретроградна, држете ги под око колешките. Додека во периодот од 9-ти септември до 14-ти ноември, кога ретрограден ќе биде Марс, атмосферата во домот ќе биде експлозивна. Па, потрудете се да избегнете пожар.

Водолија

Ако сакате 2020 година да ја поминете со што помалку проблеми и турбуленции, би требало да ги промените своите убедувања и однесувањето, кои не ви донесоа ништо добро во минатото. Но, прво ќе треба да си простите себеси поради погрешните одлуки што ги направивте во минатото и кои скапо ве чинеа, како во пари, така и во углед, нерви, здравје. Тоа најлесно ќе го направите ако се потрудите да ги коригирате оние свои грешки кои трпат поправка. А, оние работи кои не можете да ги поправите, треба да ги почнете од ново. Ова може да се однесува на луѓето што ги повредивте, на преселбата во друга држава или град, на запишувањето студии што ги сакате, на почнувањето со нова работа која ве прави исполнети. Откако ќе ја направите оваа процедура, сигурно ќе се почувствувате полесно, како да сте симнале камен од грбот.

Потоа, очекувајте дека на патот на остварување на своите цели ќе наидете на пречки, но тоа не смее да ве поколеба или спречи во намерите. Постои можност повторно да се зближите со некои личности од минатото со кои го прекинавте контактот. А, ако сте родени во периодот од 20 до 29 јануари, подгответе се за најнеочекувани пресврти во вашиот семеен живот и во домот. Па, можно е преку ноќ да го смените местото на живеење, да се отселите, да се смирите со членовите на семејството или да се оддалечите од оние кои не ве почитуваат, да имате неочекувана заработка од недвижен имот. Сепак, не е препорачливо да го ставате имотот под хипотека. Ретроградната Венера ќе донесе некои личности од вашето љубовно минато во вашиот живот, во периодот од 13-ти мај до 25-ти јуни или пак ќе ви создаде проблеми во љубовта и со децата. Додека ретроградниот Марс би можел да ви предизвика проблеми со возилото, во сообраќајот, со соседите и роднините, во периодот од 9-ти септември до 14-ти ноември 2020.

Риби

2020 би требало да биде одлична година за вас, драги мои Риби. Како прво, повеќе ќе уживате во малите нешта и ќе го цените она што го имате. А, потоа ќе имате потреба да направите нешто добро и за другите. Така ќе предизвикате и другите да сакаат да ви возвратат на истиот начин. Почнувајќи од пријателите, па потоа сите луѓе со кои ќе делите исти погледи на животот. Со цел да помагате на поголем број луѓе би можеле да станете активист во некоја хуманитарна или невладина организација, активно да се вклучите во политиката, да се занимавате со теми кои ја засегаат заедницата во која живеете, да се занимавате со социјална работа или со активности поврзани со пензиското или здравственото осигурување.

Во текот на годината повеќе пати ќе заминете на куси, непланирани патувања, ќе држите некакви предавања или обуки, ќе доживеете некакви изненадувања кои ќе ви ги приредат браќата, сестрите или некој од роднините. Посебно ако сте родени во периодот од 19 до 28 февруари. Ако сте во врска или брак, ќе се чувствувате сакано и заштитено од страна на партнерот. А, ако сте слободни, можно е токму 2020 да ја запечатите со нова љубов. Ретроградната Венера ќе ви донесе проблеми со членовите на семејството, домот и недвижниот имот, во периодот од 13-ти мај до 25-ти јуни. Додека во периодот од 9-ти септември до 14-ти ноември 2020, под влијание на ретроградниот Марс, би можеле да имате непланирани финансиски трошоци.

Нека ни е среќна новата 2020 година на сите

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Рибите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби (тековен стил)