In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Објавено на 01.05.2019 во 18:19

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019
 

Ситуацијата на небото во мај ќе биде баш пролетна, исполнета со вибрации кои го потикнуваат животот, променлива. Имено, Меркур, планетата на говорот, комуникациите, трговијата, дури два пати ќе го промени знакот. Па, на 7-ми мај ќе излезе од пионерски расположениот Овен и ќе влезе во успорениот Бик, правејќи му друштво на Сонцето, со што нашиот мисловен процес и реакции ќе се успорат и ќе зависат од нашите чувства. Посебно на 19, 20 и 21 мај. Па, тоа ќе биде одлично време за научна и уметничка работа, за уживање во добрата храна, вино и љубов. Додека, на 22-ри мај Меркур, повторно во друштво на Сонцето, ќе си заминат од Бик и до крајот на мај ќе престојуваат во љубопитните и нервозни Близнаци. Оваа промена на вибрацијата повторно ќе ја разбуди љубопитноста кај нас, луѓето, ќе го забрза нашиот мисловен процес, ќе не направи поотворени за комуникација. Па, тоа најдобро би можеле да го искористат трговците, кафанџиите, новинарите, адвокатите, професорите, учениците и студентите. Посебно во периодот од 22-ри до 26-ти мај.

Венера, на 16-ти мај 2019 година, ќе премине од знакот на освојувачки расположениот и агресивен Овен во хедонистички настроениот Бик, давајќи им ветер во едра на Меркур и Сонцето до 22-ри мај. Истовремено, во периодот од 16-ти до 23-ти мај, таа ќе го игра својот луд танц со Уран, кој исто така е во Бик, додека Марс ќе го поддржува нивниот пламен од пријателскиот Рак. Таа непредвидлива и екстатична вибрација ќе биде причината за многуте чудни случувања на љубовен план, за перверзните сексуални желби на кои најголемиот број луѓе не ќе можат да им одолеат, за зголемениот порив на луѓето да експериментираат во сексот. Но, тоа ќе биде и причина за зголемениот број неверства, егзибиционизам, сексуални изживувања и деликти. Овие вибрации најсилно ќе одекнат во похотните срца на Биковите родени од 7 до 15 мај, потоа кај Јарците и Вагите.

Енергичниот Марс на 17-ти мај ќе ги напушти хаотичните Близнаци и ќе го доживее својот пад во пречувствителниот Рак. Оваа промена на вибрацијата ќе предизвика мотивите за нашите акции и реакции да биде нашето моментно расположение. Додека ќе имаме тенденција да ги потиснуваме лутината и бесот и да ги изразуваме таму каде што се чувствуваме најбезбедни, во своите домови, меѓу членовите на нашето семејство. Некои не ќе можат ни тоа да го направат, па потиснатата агресија ќе им создаде проблеми со стомакот. Во месец мај, планетите кои започнаа да се движат наназад, Јупитер, Сатурн и Плутон, ќе го продолжат својот ретрограден од.

Начин на читање:: Вашата ситуација најточно ќе ја опишува текстот што одговара на вашиот подзнак. Потоа можете да ги проширите сознанијата со текстот што одговара на вашиот знак. Доколку не си го знаете подзнакот, Асцендентот, направете го бесплатниот примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Овен

И во првата декада на мај вие ќе се возите на вашата стара слава од април. Па, и понатаму, вашиот надалеку познат шарм мајсторски ќе си ја работи работата. Вие ќе ги воодушевувате луѓето со кои ќе стапувате во контакт со својот остар ум, досетливоста, со безсрамните коментари и со отвореното кокетирање со личностите кои ви се допаѓаат. Па, ако вашата професија е поврзана со говорот, уметноста и публиката, првите десет дена на мај ќе бидат обележани со знакот на успехот. Сепак, вашите импулсивност и невнимателност би можеле да ви донесат конфликтни ситуации во односите со роднините и соседите до 17-ти мај. А, би било пожелно да бидете повнимателни и во сообраќајот.

Потоа, вашето незадоволство и нервоза ќе се префрлат на домашен терен и ќе ви предизвикуваат конфликти со членовите на семејството. Затоа пак, од средината на мај па до крајот на месецот, би требало да се зголемат шансите за подобрување на вашата финансиска состојба и тоа треба да го искористите на најпаметен начин. Посебно во периодот од 26-ти до 31-ви мај.

Додека после 22-ри мај би можеле да заминете на патување или да постигнете некаков договор кој одамна го посакувате. Сепак, би било препорачливо повнимателно да ракувате со апаратите за домаќинство.

Бик

Дефинитивно, мај ќе може да се нарече ваш месец. Бидејќи вие ќе бидете еден од најсреќните знаци на секој можен план. Посебно по 10-ти мај. Тогаш планетарните вибрации ќе придонесат сите ваши најдобри особини да блеснат во полн сјај. Па, разубавени и сигурни во себе, вие ќе бидете подготвени да им се препуштите на сластите што ги носи животот, почнувајќи од храната, забавата, па до сексот. Притоа, имајте на ум дека најмалку отпорни на повикот за ексцентрични љубовни искуства ќе бидете токму вие и тоа во периодот од 16-ти до 23-ти мај. Посебно ако сте родени во периодот од 7-ми до 15-ти мај. Потоа, во периодот од 26-ти мај до крајот на месецот, ќе го возите својот љубовен живот во некое поромантично расположение.

Професионално, до 7-ми мај ќе бидете како слика без тон. Можеби ќе ве има насекаде, на местата каде што ќе се случуваат важни настани, но вашето мислење нема да го изразувате јавно ниту пак некој ќе го бара тоа од вас. Затоа пак од 7-ми до 22-ри мај ќе ги живеете вашите 5 минути на слава, кога ќе бидете во состојба да ги освоите луѓето со својот начин на размислување и со својата способност за изразување. Посебно интелектуално супериорни ќе бидете од 19 до 25-ти мај. Додека во периодот од 6-ти до 26-ти мај би можеле да остварите некое патување во странство, да имате засилена комуникација со факултетите, да положите некој испит, да решите некој судски спор во ваша корист. А, ако сте родени на 23 и 24-ти април, не заборавајте дека Уран од корен ќе ви го менува животот на најнеочекуван начин.

Близнаци

До 17-ти мај, Марс ќе престојува во вашиот знак исполнувајќи ве со енергија и желба за акција. Па, ако не ја изберете вистинската активност на која ќе се трошите, можно е да станете незадоволни и премногу агресивни и тоа да го манифестирате јавно, во комуникацијата со луѓето на јавните места или во комуникацијата со брачниот или со бизнис партнерот. Посебно во периодот од 1-ви до 10-ти мај. Сепак, тука би можеле пријателите многу да ви помогнат во решавањето на некој проблем поврзан со парите, со здравственото и пензиско осигурување. По 17-ти мај е можно да се соочите со неочекувани трошоци и со гневот на таинствените непријатели кои ќе дојдат да си ги измират сметките. Затоа ќе се притаите и ќе делувате од илегала.

Во вашиот љубовен живот ќе се случуваат таинствени работи кои би требало да ескалираат во периодот од 16-ти до 23-ти мај. А, заради тоа што со работите што ги криеме доаѓаме на чекор од порокот, можно е да започнете некоја нестандардна или перверзна љубовна врска што ќе ја криете од другите. Посебно ако сте во брак. Додека од 26-ти до 31-ви мај некое пријателство би можело да се претвори во романтична врска или пак пријателите ќе ве извлечат од некоја непријатна ситуација на љубовен план.

Рак

До средината на мај, иако постои можност за професионален успех, посебно ако се занимавате со креативна работа, можно е да не ја процените ситуацијата реално и да се најдете во сериозен проблем. Имајте на ум дека најголеми кочничари на вашиот успех ќе бидат вашите колешки или други помлади жени со кои соработувате. Овие случувања, како и некој ваш, внатрешен немир, би можеле да ви предизвикаат проблеми со сонот и автодеструктивни постапки. Од 17-ти мај Марс го започнува својот поход низ вашиот знак. Па, би требало да ви ја обнови личната енергија и амбиција. Меѓутоа, колку и да се претставувате силни пред луѓето, ќе имате потреба од нивното охрабрување и поддршка за било што да започнете и спроведете во дело. Доколку тоа отсуствува, ќе имате тенденција агресијата и незадоволството повторно да ги свртите кон себеси и да се соочите со проблеми со стомакот.

На љубовен план, ако сте во брак и доколку сте во лоши односи со партнерот или пак се наоѓате пред развод, Небото ќе ви подари поволен период, од 6-ти до 26-ти мај, за да дојдете до рационално решение за вашиот проблем. Тогаш е пожелно да ја прифатите подадената рака за компромис и да не реагирате пречувствително. Од друга страна, во периодот од 16-ти до 23-ти мај, под влијание на полудените вибрации меѓу Венера и Уран, би можеле да влезете во некоја чудна љубовна шема со личност која ја сметате за пријател или со личност со која членувате во исто здружение, клуб или политичка партија. Затоа пак, во периодот од 26-ти до 3-ти мај би требало да имате шанса за романтични љубовни мигови на некое патување, со личност која доаѓа од друг град или со колега од факултет.

Лав

До некаде 7-ми мај, вие ќе ја имате поддршката од ѕвездите за сите ваши активности поврзани со патувањата, учењето, контактот со дипломатските претставништва и во сите активности поврзани со правото и правдата. Меѓутоа, од 17-ти мај, па до крајот на месецот, иако случувањата на професионален план ќе се згуснуваат и ќе бараат да им се посветите повеќе отколку обично, вие некако ќе се чувствувате испразнето, ке ви недостасува сила и мотивираност. Па, секој слободен миг ќе се трудите да го поминете сами, далеку од туѓите очи. Сепак, имајте предвид дека во периодот од 6-ти до 26-ти мај би можеле да решите некој стар проблем што долго ве мачи на професионален план. Додека по 22-ри мај ќе можете да сметате и на помошта на пријателите или на политичката партија на која и припаѓате.

Од друга пак страна, близината би можела да го заврши поголемиот дел од работата во една љубовна релација со личност со која професионално соработувате. Па, во периодот од 16-ти до 23-ти мај можно е вашиот ум да замолчи пред налетот на страстите и да се впуштите во комплицирани љубовни односи. Ако сте во брак или пак имате јавна функција би требало да бидете повнимателни. Постои опасност вашите љубовни ескапади на работното место да предизвикаат соблазнителни реакции кај колегите, претпоставените и јавноста, па вие да доживеете јавен срам и губење на угледот. Периодот пак од 26-ти до 31-ви мај би требало да ви донесе шанса да уживате во сексот.

Девица

Марс во вам непријателските Близнаци ќе ве измачува до 17-ти мај, принудувајќи ве да трошите повеќе енергија во исправањето на „кривите Дрини“ на професионален план, во начинот на работа кој се практикува во вашата фирма. Можеби ќе бидете доведени во ситуација да ги исправате грешките на колегите или ќе ве изморува комуникацијата со нив и со претпоставените. По, 17-ти мај откако Марс ќе започне да се движи во вам пријателскиот Рак, вие ќе почувствувате дека повторно ви се враќа енергијата и еланот за работа. Максимумот ќе го доживеете во периодот од 19-ти до 26-ти мај. Тогаш вашата способност за анализа во комбинација со способноста за изразување, би можеле да ви донесат почит во очите на пошироката јавност. Ова најмногу ќе го почувствуваат Девиците професори, студенти, адвокати и оние што работат со странство.

На план љубов, Небото ќе ви создаде шанса за решавање на старите проблеми во периодот од 6-ти до 26-ти мај. Посебно ако сте во брак или ако се соочувавте со проблеми поврзани со децата. Меѓутоа, ако сте студенти, професори или работите во дипломатските претставништва, тешко ќе им одолеете на вибрациите кои ќе ве туркаат во прегратките на личност со која ќе работите на ист проект или заедно ќе заминете на пат. Останатите Девици би можеле да имаат несекојдневни љубовни искуства на патување или со личност која доаѓа од друга средина.

Додека голем број од Девиците во периодот од 26-ти до 31-ви мај, ќе се изненадат дека се уште можат да се почувствуваат романтично и ќе одлучат да стапат во брак.

Вага

До некаде 7-ми мај ќе продолжат измачувачките ситуации за Вагите со јавни професии, за Вагите судии, адвокати и за оние кои се во ортачки бизниси. Голема е веројатноста некои бизнис партнерства да се распаднат заради неискрениот однос на другата страна. Па, дури и да завршат на суд. За да не дојде до тоа, внимавајте со кого, каде и што зборувате, правите и потпишувате до 7-ми мај. Посебно ако сте родени во третата декада на вашиот знак. Затоа пак, од 7-ми до 22-ри мај ќе можете да решите некој финансиски проблем, да отплатите некаков долг, да земете кредит, да ја подобрите својата финансиска положба. Меѓутоа, од 17-ти мај па до 2-ри јули, притисокот на работното место ќе биде неиздржлив. Спасот ќе биде да заминете на пат или да го продолжите школувањето.

На љубовен план, веќе некое време Вагите кои се во брак се соочуваат со проблеми поврзани со изборот на местото на живеење, проблеми во домот и меѓу членовите на семејството, со нерешени прашања поврзани со недвижниот имот. До рационално решение за овие проблеми би можеле да дојдете во периодот од 6-ти до 26-ти мај. Додека лудиот пролетен танц меѓу Венера и Уран би требало да ви донесе шанси за несекојдневни сексуални искуства. А, во периодот меѓу 26-ти и 31-ви мај би можеле да заискрат искри во комуникацијата со личност со која професионално соработувате.

Шкорпија

Интересни денови доаѓаат за слободните Шкорпии. Додека Шкорпиите кои се во долги врски или брак, ќе бидат подложени на големи искушенија. Имено, од 16-ти мај, па до крајот на месецот, Венера ќе ја буди вашата потреба од заедништво. Меѓутоа, во периодот од 16-ти до 23-ти мај, неконтролираните и ексцентрични вибрации на тандемот Венера-Уран ќе предизвикаат дар-мар во вашите врски. Така, слободните Шкорпии би можеле да сретнат некоја необична, вонсериска личност и по само неколку дена познанство би можеле да се одлучат за брак. Шкорпиите пак кои се во брак би можеле да го почувствуваат повикот на слободата и преку ноќ да одлучат да живеат сами. Посебно ако се родени на 27-ми и 28-ми октомври.

Додека најубавите и највозвишени љубовни мигови ве очекуваат во периодот од 26-ти до 31-ви мај. Е, тоа се вика љубов. А, таа кај голем број жени Шкорпии ќе резултира со бременост.

Професионално, активен период ги очекува Шкорпиите со јавни професии и Шкорпиите адвокати и уметници. Тие, иако ќе пленат со својот вокабулар во периодот од 19-ти до 22-ри мај, сепак ќе мора да бидат повнимателни во комуникацијата со жените. Бидејќи, тие би можеле да ги превртат нивните зборови и да направат проблем од пошироки размери. Од 6-ти до 26-ти мај, Небото ќе ви отвори можност да решите некој дамнешен правен проблем, да стекнете некаква диплома, да потпишете договор што одамна сте го посакувале, да започнете своето знаење да го пренесувате на другите, да напишете книга или да добиете јавна потврда или награда за вашата досегашна професионална работа.

Стрелец

До 17-ти мај постои опасност вашиот „кус фитиљ“ да ви донесе проблеми во комуникацијата со луѓето, да ве изложи на столбот на срамот, да ја смени перцепцијата на луѓето за вас во полоша, да ви создаде нови непријатели или дури да ве втурне во судски спор за решавање на проблемите, предизвикани од вашите лични фрустрации и од неможноста да го контролирате вашиот темперамент. Додека од 17-ти мај до 2-ри јули ќе мора да бидете повнимателни со обврските кои сте ги презеле кон трети лица. Можно е да имате зголемени трошоци за исплата на некаков долг, кредит, извршител, судски трошоци. Затоа пак речиси цел мај, од 6-ти до 26-ти, ќе биде отворен Небесниот канал за решавање на вашите проблеми со работата и парите. Па, постои огромна шанса да најдете ново, подобро платено работно место или барем да издејствувате покачување на платата.

На план љубов, ако сте во брак, до 17-ти мај би требало да го контролирате своето импулсивно однесување и својата агресивност, со цел да се поштедите од кавги со брачниот партнер и од распаѓањето на бракот. Од 16-ти до 23-ти мај ве очекуваат изненадувачки средби и шанса за неконвенционален сексуален контакт со личност од професионалните кругови. Додека во периодот од 26-ти до 31-ви мај, можно е конечно да ја пронајдете долгобараната хармонија меѓу семејниот и професионалниот живот. Родените на 13, 14 и 15 декември ќе се чувствуваат заглавени меѓу желбите и можностите.

Јарец

Веќе извесен период се наоѓате во фаза на трансформација на вашата личност, на вашите ставови, на вашиот досегашен живот. На моменти се чувствувате онеправдани, ограничени во делувањето, бесни на тие што ве искористија, предадоа, повредија. Минатиот месец најмногу конфликти требаше да имате со членовите на семејството и таквата атмосфера во вашите односи ќе продолжи до 7-ми мај. Тогаш, во периодот од 7-ми до 26-ти мај, Небото ќе ви отвори канал за трансформација на вашите фрустрации во нешто креативно. Па, овој период ќе биде најуспешен за Јарците кои се занимаваат со некоја уметничка професија, работат со деца или на местата за забава.

Голем број Јарци токму во периодот од 7-ми до 26-ти мај ќе одлучат да станат родители или повеќе време да им посветат на децата. Додека Јарците кои имаат возрасни деца сега веројатно ќе доживуваат среќни мигови преку нив или ќе дознаат дека ќе добијат внуци. Тоа ќе го пренасочи вашето внимание од конфликтната ситуација во бракот која ќе трае од 17-ти мај до 2-ри јули. Најголемите искушенија на љубовен план ќе ги доживувате во периодот од 16-ти до 23-ти мај, кога вашите надалеку познати воздржаност и недоверливост ќе исчезнат пред виорот на неочекуваните љубовни превирања. Додека од 26-ти до 31-ви мај ви се насмевнуваат романтични мигови на некое патување. Јарците родени на 11-ти јануари ќе се соочат со сериозни животни искушенија. Додека родените на 14-ти јануари ќе се гледаат очи в очи со кармата.

Водолија

Во периодот од 6-ти до 26-ти мај, Небото ќе ви отвори канал да решите еден проблем поврзан со домот, недвижниот имот и членовите на семејството, што долго време „со памук“ ви ја пиеше енергијата. Со тоа, конечно ќе се затвори еден долг процес, и вие ќе почувствувате дека повторно ви се враќа силата. Најголемите изненадувања поврзани со домот ве очекуваат во периодот од 16-ти до 23-ти мај. Нив веројатно ќе ги предизвика еден женски член од вашето семејство или вашиот партнер и тие одненадеж ќе ви ги отворат очите и душата и ќе ве исполнат со нов бран емоции. Додека во периодот од 26-ти до 31-ви мај би можеле да имате поголем паричен прилив од креативна работа.

Професионално, најмногу ангажман и успех во работата ќе имаат Водолиите кои се занимаваат со градежништво, внатрешно уредување или работат во агенциите за купопродажба на недвижен имот. Од 17-ти мај до 2-ри јули, Марс ќе ве направи поамбициозни, на професионален план, и понаметливи. Па, ќе ве нервираат колегите кои фаќаат кривина и не ги исполнуваат своите работни задачи. Ќе ве нервира нередот на вашето работно место или принципот на кој се воспоставени односите во вашиот работен колектив. Ако премногу инсистирате да го наметнете своето гледање на работите, ризикувате да предизвикате конфликт. За да не дојде до тоа, обидете се да се однесувате како водата и преку прилагодување да го издејствувате тоа за кое се залагате. Во спротивно ќе страда вашето здравје.

Риби

До некаде 7-ми мај, вие ќе бидете окупирани со прашања поврзани со парите и со начините како да дојдете до нив. Додека, атмосферата во домот ќе биде запаллива. Па, доволно ќе биде некој да фрли чкорче на завист за да се разгори омразата и конфликтот меѓу членовите на семејството. Ако успеете со љубов да ги победите искушенијата, периодот од 17-ти до 31-ви мај ви ветува прекрасни случувања и чувства на кои долго време ќе се сеќавате. Така, можно е да дојдете до решение за некој дамнешен проблем поврзан со роднините и пријателите. Можно е да се смирите со некои луѓе со кои ви беа заладени односите или пак да имате помош во професијата од нив или од клубот или политичката партија на кои им припаѓате. Исто така, многумина од вас токму сега ќе одлучат да полагаат возачки испит или ќе планират да си купат кола. Додека останатите ќе добијат диплома како верификација за нивните познавања во областа што ја избрале за своја професија.

На план љубов, ве очекуваат непредвидени, несекојдневни случувања со личност запознаена преку роднините, соседите, на училиште или факултет, на патување, на улица или преку социјалните мрежи. И тоа во периодот од 16-ти до 23-ти мај. Додека во периодот од 26-ти до 31-ви мај, некој би можел да ви симнува ѕвезди, а вие ќе уживате во тоа.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Биковите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик (тековен стил) Близнаци Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби