In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Денови на среќни околности

Објавено на 06.11.2020 во 20:19

Денови на среќни околности
 

Дали се сеќавате на поговорката „Со кого си, таков си“?

Или можеби повеќе ви ѕвонат во уши советите од типот: „Лошото друштво ги расипува добрите навики“?

Или пак сте од оние луѓе кои, како добриот стар Јунг, сметаат дека средбата меѓу две личности наликува на контакт меѓу две хемиски супстанци: ако има некаква реакција, двете излегуваат од неа променети?

Во која група и да припаѓате, драги мои, имате право.

Но, ајде сега овие правила да ги пренесеме на глобално ниво. Ако имаме две планети, едната е Јупитер, планетата на среќата и благосостојбата, а другата е Плутон, планетата на моќта, потсвеста, подземниот свет и трансформациите, во периодот од 7 до 25 ноември, кога тие ќе имаат близок контакт (ќе бидат во иста линија), на површина ќе излезе само најдоброто од двете. Конечно...Ураааа...

Испреплетеноста на вибрациите на Јупитер и Плутон би требало да не направат пофокусирани на целта. Па, и покрај негативното опкружување и неповолното влијание на останатите чинители, и на небото и на Земјата, сите ние ќе имаме ситуации, шанси или средби со луѓе, кои би можеле да предизвикаат позитивен пресврт во некој аспект од нашите животи или пак ќе ни помогнат во реализацијата на нашите дамнешни планови и желби.

Со еден збор кажано, во деновите од 7 до 25 ноември 2020, ќе можеме да се издишеме, да уживаме во животот, да го добиеме тоа што сме го заслужиле, да почнеме нешто ново, да се почувствуваме без причина среќни, да имаме финансиска добивка, поддршка и помош од пријателите, остварување на некој наш дамнешен сон или барем ќе имаме пооптимистички погледи на светот и на иднината. Притоа, би требало да бидеме посебно будни на 12 ноември, бидејќи тогаш поволното влијание меѓу Јупитер и Плутон ќе биде најголемо.

Ако ме прашувате на кој план поточно?

Тоа најдобро ќе го покаже вашата Натална Карта, посебно знакот во кој се наоѓа вашиот Асцендент (Подзнак). Ако не го знаете, ќе го дознаете кога ќе направите бесплатна Натална Карта на оваа страна.

Во принцип, најмногу благодет би требало да доживеат земните и водените знаци. На пример, Јарците би требало да доживеат некоја лична победа. Биковите среќен пресврт во некој судски процес, во учењето или во комуникацијата со странство и странци. Девиците во љубовта, преку децата или преку креативната работа и во игрите на среќа. Шкорпиите ќе имаат среќа во учењето, пишувањето, ќе добијат покана за патување или ќе имаат среќни настани во кругот на роднините. Раковите ќе имаат шанса за средување на ситуацијата во бракот и во судските процеси. Рибите би можеле да напредуваат преку помошта што ќе ја добијат од страна на пријателите и да ги сменат плановите за иднината.

Овните ќе имаат шанса да извојуваат некоја Пирова победа на план кариера или да добијат сила да се судрат со некој моќен. Вагите, после низа перипетии, би можеле да дојдат до решение за проблемите поврзани со домот, просторот за живеење и членовите на семејството. Близнаците ќе имаат шанса да решат некој финансиски проблем или ќе добијат финансиска поддршка од трети лица. Водолиите би требало да најдат решение за некој проблем од минатото, да се ослободат од тежината, да победат некоја болест. Лавовите би требало да имаат среќни околности на работа, со колегите или со здравјето. А, Стрелците ќе имаат шанса за значително подобрување на нивната финансиска состојба.

Само за споредба, овој аспект во Наталната Карта на Бил Гејтс се наоѓа во полето на парите. Па, видете вие сега за што станува збор.

Меѓутоа, секогаш има нешто „мало што момку фали, а баш то девојци среќу квари“. Има еден услов. Поволните шанси најмногу ќе имаат можност да ги искористат оние од нас кои веќе работеле на себеси, кои ја зауздале својата себичност, ниските страсти, оние кои ги победиле пороците, а најмногу оние кои веќе смело чекорат по патот на духовниот развој.

Што сакам да кажам?

Плутон е опасен играч кој умее да награди и казни. Кај духовно неразвиените личности може да предизвика демонски пориви и желба да се злоупотребат другите за свои цели. Па, нели Плутон е Бог на подземјето во грчката митологија? Затоа, сакам да ви порачам до успехот да одите по чисти патишта и да се служите само со морални средства. Вие можете и да не ме послушате. И во тој случај би имале првичен успех. Но, лошата карма што на тој начин ќе ја направите, за кусо време ќе ви се врати како бумеранг одземајќи ви го она што сте го стекнале.

Со љубов во срцето, памет во глава и со среќа на патот, напред...

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Близнаците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. 

Деја З.К.


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци (тековен стил) Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби