In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Ако нема кој да ве прегрне

Објавено на 09.12.2020 во 13:52

Ако нема кој да ве прегрне
 

„Знаете како се станува ранет и длабоко сам?
Ако нема кој да ве прегрне.“

~ Тања Бошковиќ
Актерка

Пред многу години прочитав некое истражување, кога и каде, не ме држете за збор. Но, се сеќавам дека заклучокот беше неверојатен за тоа време. Имено, се предвидуваше дека поради претераното седење, кај луѓето во иднината ќе се зголемува обемот на главата, бидејќи таа најмногу ќе се употребува. А, ќе атрофира долниот дел од телото, посебно нозете. Се сеќавам дека за ова истражување разговаравме со пријателите и се смеевме на помислата како би изгледале со гооолеми глави и „конци“ кои висат од телото. Марсовци.

Е, па ѓаволот ја однесе шегата. Тоа време веќе незапирливо доаѓа, ако не не обземало веќе сосема. Со појавата на Гугл, Интернет и социјалните мрежи, го освоивме просторот, она што е предвидено да се случи во ерата на Рибите, која започна, отприлика, во периодот кога се појави Исус. А, својата кулминација ја доживува во последниве десеттина години. Сега не треба да одиме до библиотека, бидејќи со неколку клика на тастатурата можеме да дознаеме се што не интересира. Не мора да патуваме во далечните земји, бидејќи со неколку клика можеме виртуелно да отпатуваме на која било точка од светот, да ги дознаеме обичаите на таа земја, навиките на луѓето, да ги видиме познатите знаменитости.

Не треба да излегуваме во кафиќот каде што излегува тој што ни се допаѓа, ниту да се распрашуваме кај неговите другари за него. Доволно е да го отчукаме неговото име на ФБ, Инстаграм и можеме да дознаеме се. Со кого се дружи, што сака да јаде, дали има девојка, каде ќе оди на одмор. Па, дури и веднаш можеме да стапиме во контакт со него. Ќе му пратиме барање за пријателство, ќе му напишеме порака на Месинџер и готово. Работата е завршена. Ама не е така.

Знаете зошто?

Затоа што техниката е добар слуга, ама лош господар. Во човечката природа е човек да го сака тоа околу кое се труди. Во тоа што го сака, човекот се внесува себеси, својата енергија, време и чувства. Или можеби важи обратното, човек да го засакува тоа во кое ја вложил својата енергија, време и чувства? Она во кое не се дал себеси лесно го заборава, ништо не му значи, бидејќи сеуште, барем за сега, на тој начин функционира човековата природа. Така што зачудувачки голем е бројот на „врските“, особено меѓу младите, кои започнале преку социјалните мрежи. Па, тие се вљубиле, воделе љубов, зборувале за венчавки, планирале колку деца ќе имаат и како тие ќе се викаат, се скарале и ја прекинале „врската“, а воопшто да не се виделе „во живо“ и да не се допреле реално, со личноста од другата страна на лаптопот или телефонот.

Замислете, се вљубиле без да го почувствуваат мирисот на неговата кожа. Без да ја протнат својата рака во нејзината коса. Без да почувствуваат како мириса неговиот здив. Без да ги вкрстат прстите од рацете во неговиот џеб додека надвор е -20 степени Целзиусови. Без прегрнати да прошетаат на дождот по празните улици на градот. Без заедно да ги вкусат првите есенски печени костенчиња на Плоштадот или мирисот на липите на кејот на Вардар. Без реално да водат љубов...Без...Без...

И потоа, кога ја читав јас студијата од Светската Федерација за Ментално Здравје во 2012 година, која велеше дека во 2030 депресијата ќе биде најраспространетата болест на светот, се чудев: „Како е тоа можно? На кој начин ќе се случи? Како некој може да предвиди за дваесет години однапред?“ Не верував дека депресијата може да биде болест број еден во светот, пред срцевите заболувања и пред ракот. Денес, посебно после појавата на короната, се ми е појасно. Социјалната дистанца, стравот од болеста и изолацијата се само некои од камчињата во мозаикот на оддалечувањето на луѓето едни од други. Па, како што кучето кое долго време е врзано на ланец не оди подалеку од куќарката и кога е одврзано, се плашам дека така ќе биде и со луѓето во иднина. И после депресијата ќе била најчестата болест? Секако дека ќе биде, драги мои, ако нема кој да ве прегрне.

Прашањето е:„ Што направивме и што сеуште можеме да направиме да ги свртиме случувањата од правец на дехуманизацијата во правец на поголемо очовечување на луѓето?“

Јас мислам дека допирите, галењето, гушкањето, цврсто, приспивно или заштитничко, имаат посилно влијание и од зборовите. Затоа, драги мои, гушкајте ги своите деца што почесто можете. Времето брзо лета. Па, утре тие ќе си заминат од вашиот дом. А, не се знае кога ќе „заминете“ и вие. Гушкајте ги тие што ги сакате, разгалете ги. Бидејќи не знаете кога судбината ќе ве раздели. Искористете го слободното време да се сретнете со пријателите, наместо да седите дома и да им ги лајкувате постовите. Бидејќи, раните најбрзо зацелуваат кога се чувствуваме поврзани со другите и кога има кој да не прегрне.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Близнаците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци (тековен стил) Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби