In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Кога не ни оди според планот, оди според Судбината

Објавено на 23.03.2021 во 10:42

Кога не ни оди според планот, оди според Судбината
 

„Додека луѓето прават планови
Боговите умираат од смеење“

~ Еврејска поговорка

Дали, до сега, во животот ви се случило да планирате едно, а на крајот да излезе нешто сосема друго што не би ви паднало ни на крај памет?

Дали некогаш ви се случил некаков непланиран, необјаснив и неверојатен пресврт на судбината?

Ајде, размислете добро!

Ако вашиот одговор е: „Да“, тогаш веројатно сте доволно возрасни и имате животен стаж. Па, веќе знаете дека сите ние правиме планови за својот живот. И тоа е добро. Тоа е човечки. Бидејќи, плановите се нашите патокази по кои се движиме кон иднината. Меѓутоа, исто така знаете дека многу често се случува нашите планови да се изјаловат поради различни причини. На некои од нив сме можеле да влијаеме, на некои не. Понекогаш премногу и веруваме на сликата за тоа како треба да изгледа нашата иднина која сме ја искреирале во својата глава и очекуваме дека нашата желба има доволна моќ таа слика да ни ја даде во реалноста.

Но, кога работите не се одвиваат според нашиот план, тогаш животот не учи дека постои некој поголем план на кој не можеме да влијаеме и во кој не вкалапува Судбината. Бидејќи, без разлика дали сме свесни за тоа или не, дури и случувањата кои ни изгледа дека немаат никаква врска со нас, секогаш се поврзани во големата шема на интеракции која не успеваме да ја сфатиме.

Затоа, ако во моментов не се наоѓаме на местото каде би сакале да бидеме, ако не сме задоволни со работата, со нашиот љубовен живот, со финансиската состојба, ако сме направиле се за тоа да се смени, но и покрај тоа резултатот не не задоволува, тогаш ни се потребни три работи. Првото нешто што треба да го направиме е да го сочуваме позитивниот став. Потоа ни е потребна верба во Оној кој знае што е најдобро за нас и трпение.

Што би добиле ако ги применуваме овие три работи?

Ако го сочуваме позитивниот став и ако веруваме дека Господ (Универзумот) има план за секој човек што го создал, тогаш ќе знаеме дека Тој ќе ни го даде само она што е најдобро за нас. А, она во кое навистина веруваме на крајот и ќе го добиеме.

Но, потребно ни е трпение. Можеби чекањето знае да не направи нервозни, можеби ни ја урнисува самодовербата и вербата во крајниот исход. Но, сите знаеме дека понекогаш можеме да запнуваме колку што сакаме, можеме да го дадеме и последниот атом од сопствените сили, ама работите не се одвиваат според нашите желби и не го добиваме тоа што сме го посакувале. Во таквите ситуации треба да останеме опуштени и отворени за сите опции. Да не заборавиме дека животот е една голема мистерија во која најубавите работи се случуваат непланирано, кога најмалку ги очекуваме.

И најважното. Треба секогаш да очекуваме дека најубавите работи допрва ќе дојдат. Се разбира, ние не сме роботи и ќе има денови кога ќе паѓаме со духот, ќе се будиме тажни, ќе ја губиме вербата. Но, ако сме убедени во ова тврдење, нашиот живот автоматски ќе се смени од корен.

Прашувате како ќе препознаете дека сте на вистинскиот пат?

По тоа колку сте во состојба да ја издржите осаменоста.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Близнаците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци (тековен стил) Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби