In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Ѕвезденото небо над светот во ноември

 
Објавено на 31.10.2018 во 15:58

Ѕвезденото небо над светот во ноември
 

Крупни промени не очекуваат на ноемвриското ѕвездено небо, драги пријатели. Така, Меркур, планетата на рационалниот ум, комуникациите и трговијата, уште на првиот ден од ноември ќе го започне својот пат во Стрелец и веднаш ќе се „сопне“. Па, од 17 ноември до 6 декември ќе се движи ретроградно, покажувајќи си ги своите негативни особини како што се доцнење, лажење, невнимание, површност, озборување.

Венера ќе го продолжи својот тажен ретрограден танц во Вага до 16 ноември, носејќи ни проблеми во љубовните односи. Потоа 2-3 дена ќе и требаат да се стабилизира и да го продолжи својот веќе познат, лесен и бесшумен танц во Вага, кој е прототип за убавина, рафинираност и елеганција, со што ќе ни овозможи полесно да дојдеме до решение за љубовните проблеми. Така занесена во волшебството на танцот во Вага, Венера, на 3-ти декември нема ниту да забележи дека стигнала до Шкорпија.

И воинствениот и храбар Марс на 16 ноември со олеснување ќе се прости од измачувачките шест месеци во непредвидливата Водолија и ќе тргне срамежливо да се бара себеси низ нестабилните и занесени Риби. И како јаготка врз шлагот на настаните на ѕвезденото ноемвриско небо ќе се случи трансферот на Јупитер од Шкорпија во Стрелец. Имено, на 9 ноември Јупитер ќе ја напушти мрачната Шкорпија, каде што не се чувствуваше во свој елемент и ќе започне со оптимистички чекор да се пробива низ слободољубивиот Стрелец, каде што се чувствува свој на своето. Додека Уран, по кусото ѕиркање на територијата на инертниот Бик, повторно ќе се врати во енергичниот Овен, кој повеќе му одговара по темперамент.

Планетарната конфигурација во ноември за секој знак

Начин на читање: Вашата ситуација најточно ќе ја опишува текстот што одговара на вашиот Подзнак.

Но, потоа можете да ги проширите своите сознанија со текстот што одговара на вашиот знак.

Доколку не го знаете својот Подзнак (Асцендент), направете го бесплатниот примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Предвидувањата се работени само според знакот (позицијата на Сонцето), затоа се повеќе информативни. Само Предвидувањата изработени според вашата Натална Карта можат да дадат најточни информации, бидејќи се работени само за вас. Тоа е така затоа што во Наталната Карта има уште 9 небески тела чии што аспекти би можеле да ја сменат целата слика.

Овен

Поради тоа што Венера ќе се движи наназад до 16-ти ноември, а цел месец ќе биде на нишан на вибрациите на ексцентричниот Уран, би требало да се подготвите за непредвидливи ситуации на план брак и партнерски односи, драги мои Овни. Тоа значи дека јавно, на најневообичаен начин би можеле да дознаете за некои постапки на партнерот или тој ќе дознае за вашите, со што би се нарушила хармонијата во вашите односи. Посебно ако сте во брак или планирате да стапите во брак. По 16-ти ноември затегнатоста би можела да попушти, но вашиот углед ќе биде веќе нагризан.

Исто така, до 16 ноември ќе треба строго да го контролирате вашето однесување на јавни места. Тоа ќе биде единствениот начин да се поштедите од туѓата осуда за вашите постапки. А, ако вашата импулсивност го надвладее разумот, тогаш би можеле да се соочите и со законски проблеми. Опасноста ќе биде посебно нагласена доколку вашата работа има јавен карактер, ако работите во медиумите, судовите, во полицијата, војската, на царина или ако веќе се наоѓате во судски спор.

Затоа пак, во периодот до 17-ти ноември Меркур во тандем со Јупитер здушно ќе работат на вашата среќа. Посебно, ако сте родени во првата декада на вашиот знак и работите како професори, правници, писатели, туристички работници. Но, од 17 ноември до 6-ти декември Меркур ќе почне да се колеба и ќе тргне да се движи наназад. Тоа ќе ви предизвика проблеми при полагањето испити, на патувањата, во комуникацијата со странство и странци, со луѓето вработени на факултетите, во дипломатските претставништва или ќе доведе до усложнување на судските процеси. Затоа, не е пожелно да се отворате пред секого за својата интима и планови. Посебно што и Марс од 16-ти ноември 2018 до 2-ри јануари 2019 година ќе ги направи силни оние кои ви завидуваат и кои ви работат зад грб.

Бик

Ако вашата професија има јавен карактер или е поврзана со судството, до 23-ти ноември сите работи ќе се одвиваат спореди вашите очекувања, драги мои Бикови.

На 1, 2, и 3 ноември би можеле да решите некој стар проблем. Од 3 до 10 ноември би можеле да изберете креативен пристап во реализацијата на една ваша цел. А, по 16-ти ноември можно е дури да имате поддршка од пријателите или партијата во реализацијата на вашите идеи.

На финансиски план најоптимистичен ќе биде периодот од 9-ти до 17-ти ноември, кога Меркур и Јупитер ќе ја направат својата заедничка офанзива низ хедонистички расположениот Стрелец. Тогаш би можеле да остварите екстра профит. Посебно ако работите во банкарскиот сектор, со медицината, во осигурителните компании или ви се потребни туѓите спонзорства. Додека опасност од грешки во работата со парите, како и проблеми при поделбата на наследствата, во контактот со осигурителни компании или со даночната управа би можеле да имате во периодот од 17-ти ноември до 6-ти декември. Посебно ако сте дозволиле вашите одлуки и реакции да зависат од вашата сексуална мотивираност. Во тој случај, подгответе се за уште поголеми грешки и финансиски загуби.

Непријателството меѓу ретроградната Венера и ретроградниот Уран во текот на целиот ноември, а посебно до 16-тиот ден на месецот, би требало да ве соочи со обид за манипулации од страна на колегите кои сексуално ве привлекуваат. Затоа, почитувајте ја поговорката која вели дека „Онаму каде што се вади лебот, не се...води љубов“. А, ако љубовта веќе се водела, подготвено дочекајте ги последиците.

Близнаци

Ноември ќе биде мошне напорен месец за вас, драги Близнаци. Бидејќи, во првата половина од месецот ретроградната Венера ќе ја мати вашата љубовна среќа, а во втората половина нејзината палка ќе ја преземе ретроградниот Меркур. Под неповолно влијание на неговите вибрации како на филмска лента ќе се менуваат искушенијата на план јавно мислење и туѓа поддршка. Тие ќе бидат зачинети и со проблеми со бизнис партнерите или во бракот. Ова посебно се однесува на родените во првата декада на знакот. А, масло на огнот ќе додаде и Марс, кој од 16-ти ноември 2018 до 2-ри јануари 2019 би можел да ви испровоцира немири на професионален план, како и во комуникацијата со претпоставените.

Од друга страна, би било пожелно да ги искористите здружените сили на Меркур и Јупитер, во периодот од 9 до 17 ноември, и да побарате помош од правници, адвокати, учени луѓе, од вашите пријатели. Тогаш би можеле да ја обновите вашата соработка со странство, со некој факултет, да решите некаков правен проблем или да ја подобрите вашата финансиска состојба.

На љубовен план, најголем број од Близнаците кои се во врска, до 16 ноември ќе ги прекинат или заладат своите односи со партнерот. А, потоа ќе се покајат и би можеле да се смират или да започнат нова врска во периодот од 16 ноември до 3 декември. Ако планирате да правите свадба, подобро е да ја направите по 3 декември, со цел да се поштедите од непотребните нервози поради непланираните случувања. Исто така, можеби најразочарувачко ќе биде чувството дека, на некаков начин, сте предадени или изманипулирани од страна на партнерот.

Рак

Првата половина на ноември ќе биде исцрпувачка за вас драги Ракови. Посебно на план дом, место на живеење, семејни односи, брачен живот. Веројатно ќе се разбудат потиснатите незадоволства во односите меѓу вас, родителите, членовите на поширокото семејство и брачниот партнер. Уште повеќе ако сте родени во првата декада на вашиот знак. Притоа, најголема опасност по опстанокот на бракот ќе почувствуваат родените на 27, 28 29 јуни и на 12 јули. Кај нив ќе биде најголема и опасноста од решавање на семејните проблеми на суд. Посебно оние поврзани со недвижниот имот. За сметка на тоа слободните Ракови ќе имаат богат и исполнет љубовен живот во првите дваесеттина дена на ноември.

Од друга пак страна, во првата половина на ноември, посебно од 9 до 17, тандемот Јупитер-Меркур ќе делува поттикнувачки на професионален план. Ќе имате чувство дека некако работите ви се местат сами од себе онака како што вие сте посакувале. Меѓутоа, во периодот од 17 ноември до 6-ти декември, под влијанието на неповолните вибрации на ретроградниот Меркур, можно е да имате проблеми во комуникацијата со колегите, да направите грешки во документацијата, да имате проблеми со компјутерот или телефонот, кои ќе ви пречат во работата.

Затоа пак Марс ќе ги поддржува вашите активности поврзани со учењето, патувањата и работата со странство, од 16-ти ноември 2018 до 2-ри јануари 2019.

Лав

Влегувајќи во вашето поле на љубовта, Јупитер навестува новини во љубовниот живот, почнувајќи од 9-ти ноември 2018, па до 3-ти декември 2019. Но, од 17 ноември до 6 декември, заради ретроградниот Меркур, во вашиот љубовен живот би можеле да се јават неочекувани проблеми и недоразбирања во комуникацијата со партнерот. Можно е да бидете жртва на озборувања, да дознаете компромитирачки работи за партнерот, да доживеете навреди. Додека, ако имате деца, тие во периодот од 17 ноември до 6 декември отворено ќе ви се спротивставуваат и често ќе се докажуваат со вас, кој е во право, а кој не.

Професионално, првата половина на ноември ќе биде одлична за Лавовите уметници, педагози, за оние кои работат на местата за забава и во обложувалниците. Но, ретроградниот Меркур во втората половина на месецот би можел да ги соочи со непланирани проблеми и грешки од невнимание. Затоа пак кај Лавовите кои работат како возачи, во автосалоните, во телекомуникацискиот бизнис и како наставници во основните училишта, првата половина на ноември ќе им донесе незадоволства со работата. Тие ќе се разрешат по 16 ноември. Марс пак во периодот од 16 ноември 2018 до 2 јануари 2019 ќе се обидува да ве наведе на неразумен однос кон парите. Затоа, внимателно со кредити, кредитни картички, со парите на партнерот и при поделба на наследство.

Девица

Ноември ќе биде измачувачки месец за вас, драги мои Девици, бидејќи ќе се најдете под вкрстен оган од планетарните вибрации. Не џабе се вели дека во борбата на Титаните, страда тревата. Со ова не сакам да ве загрижам повеќе отколку што можете да поднесете, сакам само да кажам дека треба да се подготвите за предизвиците што ќе ви ги донесе периодот што доаѓа. Значи, од една страна, своите непријателски вибрации кон вас ќе ги испраќаат и Марс и Нептун. Нив најсилно ќе ги почувствуваат родените во првата декада на вашиот знак. А, ќе се манифестираат како проблеми во бракот, ситуации кои негативно ќе влијаат на вашиот углед и на мислењето што јавноста го има за вас. Уште повеќе ако и вашата професија е јавна.

До 16 ноември ретроградната Венера ќе ве тера на непредвидени трошоци заради љубовта или заради задоволствата. Од 17 ноември до 6 декември можно е да паднат тешки зборови меѓу вас и родителите или меѓу вас и останатите членови на семејството. Во овој период никако не се препорачува да купувате, продавате или делите недвижен имоти, бидејќи ќе биде на ваша штета.

Периодот од 17 ноември до 6 декември посебно ќе биде неповолен за Девиците што работат во градежништвото, во агенциите за недвижности, за Девиците архитекти и декоратери.

Вага

Првата половина на ноември за вас, драги Ваги, нема да биде спектакуларна. Ретроградната Венера во вашиот знак во напнат аспект со Уран, ќе ве направи почувствителни на туѓото мислење отколку обично, поранливи. Па, можно е да трошите премногу енергија обидувајќи се да им се допаднете на луѓето. Но, вашиот труд во нивните очи ќе има спротивен ефект. Ќе им изгледате неуверливо и извештачено. Затоа, не се мачете попусто. Имајте на ум дека во втората половина на ноември, кога вашата сила повторно ќе ви се врати, ќе се врати и вашиот вроден шарм. Тогаш ќе можете да им се препуштите на убавините на животот и на љубовта.

Од друга страна, во периодот до 17 ноември кога Јупитер и Меркур со здружени сили ќе чекорат низ Стрелец, ќе заживее вашата потреба да ги затоплите односите со роднините. Но, ќе се разбуди и вашиот порив за учење. Можеби ќе заминете на непланирано патување. Затоа пак, кога Меркур ќе се движи наназад во периодот од 17 ноември до 6 декември, можно е да се соочите со недоразбирања во комуникацијата со луѓето, да испратите доверливи документи на погрешна адреса, да го ставите својот потпис на погрешен документ или да имате проблем на некое патување.

Во тек на цел месец ноември, па се до 2 јануари 2019, Марсовите вибрации би требало да ве направат поагресивни на работното место, со желба за докажување. Така, веројатно ќе си натоварите на врат нови обврски. Но, не смеете да претерувате, бидејќи на тој начин би го загрозиле здравјето. Спортувањето би било одличен вентил за ослободување на стресот и за јакнење на издржливоста на вашето тело.

Шкорпија

Иако ноември е ваш месец, драги Шкорпии, кога вие ја регенерирате својата сила и го почнувате својот нов, едногодишен циклус на справување со лекцијата наречена живот, оваа година ноември ќе помине прилично конфузно за вас. Како прво, од 1 до 3 ноември, убавиот однос меѓу Сонцето и Сатурн ќе влијае на решавањето на некој проблем со роднините или ќе ви донесе шанса за едно убаво патување. Од 3 до 10 ноември вашата креативност ќе процвета, како и шансата да ви се случи прекрасна љубовна романса и сето тоа под влијанието на хармоничниот сплет вибрации меѓу Сонцето од вашиот знак со Нептун од вам пријателските Риби. Љубовта ќе добие на страст поради влијанието на Марс, исто така во Риби. А, таа страст би требало да не попушта до 2-ри јануари 2019 година.

Додека во периодот од 8 до 18 ноември можно е да доживеете кармичка средба на некое патување, на гости кај роднини или соседи, на улица. На сите овие поттикнувачки вибрации мрачна сенка ќе им фрли неповолниот аспект меѓу ретроградната Венера со ретроградниот Уран, во првата половина на ноември. Па, тоа ќе предизвика да се однесувате позатворено од обично, да ги криете своите емоции или пак да ја криете својата љубов, поради некоја причина.

На финансиски план, до 17 ноември би можеле да се пофалите со поголем профит, можно е да ги вложите парите во некоја исплатлива инвестиција, да добиете покачување на платата, хонорарна работа и слично. Но, во периодот од 17 ноември до 6 декември, под влијанието на вибрациите на ретроградниот Меркур, можно е да се влоши вашата финансиска состојба, да имате непланирани трошоци. А, периодот не е поволен за никакви инвестиции и парични трансакции.

Стрелец

Доколку Венера беше во директен од и ненападната од Уран, нејзините вибрации засилени со вибрациите на Меркур и Јупитер во вашиот знак, ќе ве направеа најсреќни во месец ноември, драги мои Стрелци. Бидејќи после циклус од 12 години, Јупитер, вашиот владетел повторно влегува во вашиот знак на 9 ноември 2018 и таму ќе остане до 3 декември 2019. Но, движејќи се наназад во првата половина на ноември, Венера ќе го намали вашето доживување и ќе ја забави вашата среќа, создавајќи ви проблеми во љубовта или со пријателите. Оваа тенденција би требало да се ублажи по 16 ноември.

Меѓутоа, од 17 ноември до 6 декември Меркур ќе се движи ретроградно во вашиот знак, со што ќе се создадат нови причини кои ќе и пречат на вашата среќа широко да ги отвори своите крилја над вас. Во втората половина на ноември пречките можат да се манифестираат како ваша потреба да кажувате што навистина мислите, без огради и промислување. Тоа би можело да ве вовлече во конфликти со повредените страни и да ви ги намали симпатиите кај луѓето. Посебно ако вашата професија е јавна, ако сте новинари, адвокати или политичари.

Додека, во периодот од 16 ноември 2018 до 2 јануари 2019, под влијанието на агресивните Марсови вибрации ќе се засили вашата своеглавост и бунтовност. Заради тоа ќе сакате да живеете онака како што вие сте замислиле дека треба, нема да покажувате обѕири кон членовите на семејството и со тоа ќе создадете наелектризирана атмосферата во домот. Додека односот со членовите на семејството ќе биде конфликтен. Посебно ако сте родени во првата декада на вашиот знак. Внимавајте што правите! Бидејќи, онаму каде што поминал огнот останува пепел. А, од пепелот дом не се гради.

Јарец

Иако сте познати како сериозни личности кои ја кажуваат вистината, драги мои Јарци, ноември за вас ќе помине во знакот на тајните. Почнувајќи од тајните што ги чувате од минатото а се компромитирачки за вас, преку таинствените врски на работното место, до откривањето на тајните на луѓето за кои сте заинтересирани или ве иритираат. Кулминацијата на играњето криенка-миженка ќе се случи во периодот од 17 ноември до 6 декември, под влијанието на недофатливите вибрации на Меркур. Тогаш изненадувањето ќе биде најголемо. Посебно за вас.

Професионално, во ноември нема да ви цветаат рози. Па, во првата половина од месецот како резултат на ретроградните вибрации на Венера кои ќе се борат со непредвидливите стрели на ретроградниот Уран, веројатно ќе чувствувате незадоволство кон работата, можно е да влезете во конфликт со некоја колешка, да се ужаснувате од грдотијата на просторот во кој работите. За сметка на тоа голема ќе биде поддршката од страна на пријателите или партијата на која и припаѓате. Додека во периодот од 16 ноември 2018 до 2 јануари 2019, додека Марс престојува во вам пријателските Риби, би можеле да покажете иницијатива за обновување на вашите контакти со роднините и соседите. Но, во истиот период внимателно во сообраќајот.

Водолија

Главните случувања за вас во првата половина на ноември, драги мои Водолии, ќе се одвиваат на план кариера, планови и цели во животот, пријателства, дружење и љубов. Па, со здружени сили, Меркур и Јупитер ќе придонесат да кроите големи планови за вашата иднина. Меѓутоа, од 17 ноември до 6 декември кога Меркур ќе биде ретрограден, плановите или ќе се распаднат како меури од сапуница, или ќе мора да ги смрзнете до некои поповолни услови или ќе мора да се откажете од нив. А, пријателите би можеле да ве разочараат.

Од друга страна, до 16 ноември можно е да не се наоѓате на иста бранова должина со вашиот партнер, да откажете некое патување или соработка со странство, да имате проблеми со факултетот или пак да не сте на иста линија со личности кои се поврзани со правото и правдата. Овие пречки би требало да бидат надминати по 16 ноември. Па, ако тогаш заминете на патување би можела да ви се случи некоја љубовна авантура. Од друга страна, Марс во периодот од 16 ноември 2018 до 2 јануари 2019 ќе ви помогне да заработувате пари брзо и многу. Но, со каква брзина ќе заработувате, со таква и ќе ги трошите.

Риби

Иако сте познати како сензитивни, а не енергични и агресивни луѓе, вие драги мои Риби ќе прштите од енергија во периодот од 16 ноември 2018 до 2 јануари 2019 година, додека Марс со својот несигурен чекор ќе се обидува да маршира низ вашиот знак. Но, има една поговорка која вели дека „Додека силата трупци тркала, умот царува“. Оттука, енергијата е опасна ако човек ја поседува, но не знае како да ја канализира. Во тој случај од благослов се претвора во проклетство, бидејќи предизвикува изливи на бес, поттикнува на конфликти, истерување на правдата, борба со ветерници, користење алкохол и опијати. На овие манифестации посебно ќе бидат подложни Рибите родени во првата декада на знакот.

Професионално, во првите 17 дена од ноември Меркур и Јупитер би можеле да ви донесат позитивни промени на план кариера. Посебно ако работите со странство, во образованието, судството, новинарството, спортот. Но, во периодот кога Меркур ќе биде ретрограден, од 17 ноември до 6 декември, би можеле да се соочите со проблеми или назадување. Исто така, во првата половина на ноември можно е да имате проблеми поврзани со кредитите, заемите, даноците или вашиот партнер ќе загуби пари. Контролата врз ситуацијата поврзана со парите би можеле да ја повратите по 16 ноември.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Близнаците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. 

Деја З.К.


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци (тековен стил) Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби