In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Француски бакнеж

Објавено на 28.01.2020 во 08:35

Француски бакнеж
 

Кога се бакнежите во прашање, се сеќавам дека, како дете, едвај го чекав мигот кога глумците во Холивудските филмови, после низа перипетии, ќе се бакнеа уста во уста на крајот од филмот. Во прво време живеев со идејата дека тие само ги допираат своите усни додека ги вртат главите наваму-натаму. Мојата детска наивност беше одземена во мигот кога тоа идилично бакнување со споени усти и со вртење на главата го видов во живо. Имав пет или шест години, не се сеќавам точно колку, но знам дека не одев на училиште, а веќе знаев да читам и да пишувам. Не совршено, ама онака, несигурно, детски. Бев омилено дете меѓу соседите, а тогаш соседите беа поблиски од роднините, бидејќи со нив делевме и добро и лошо, од нив позајмуваме шолја зејтин кога сме заборавиле да купиме или шолја шеќер, кога ќе почневме да правиме торта, а шеќерот бил при крај, додека продавниците беа затворени веќе навечер во 8. А, во недела и за време на празниците воопшто не работеа.

Така, зборлеста и комуникативна, им бев неодолива на соседите и тие ме водеа со нив кога одеа на гости, во продавница, па дури и на љубовен состанок. Јас уживав во тие прошетки, а мајка ми можеше да здивне неколку часа од стотиците прашања кои и ги поставував во секунда. Некогаш ќе ми речеше: „Ти дете знаеш ли да молчиш, зборуваш како навиена?“

Во времето на моето детство тинејџерите не излегуваа по кафулиња, зашто кафулиња не постоеја. А, да одат на љубовен состанок, не можеа ниту да помислат, бидејќи такви активности не се одобруваа во патријархалната средина. Но, младост- лудост, велат старите. Па, зовриените хормони секогаш си наоѓале начини да се ослободат и тинејџерите изнаоѓаа разни причини да излезат од дома, а родителите да не знаат каде точно ќе одат и со кого ќе бидат. Наводно ќе учат кај другарка, ќе одат на некоја секција, на тренинг и слично. И да се вратам на поентата на муабетов, значи, имав пет-шест години, кога мојата прва сосетка, веќе тинејџерка од некои пет-шеснаесет години, за да прикрие пред своите родители дека излегува на љубовен состанок, ме зема мене, божем да ме прошета низ маало.

И тогаш баааам... Она што до тогаш го бев гледала само на филм го видов во живо. Маре, мојата сосетка, и Диме, нејзиниот дечко, на заминување се бакнаа како на филм. Луѓе мои, не можев да им верувам на своите очи. Маре, откако конечно се ослободи од прегратките на Диме, веројатно гледајќи ја мојата шокираност од чинот на кој му присуствував во моите широко отворени очи, со заверенички глас ми рече:

„Ова што го виде е наша тајна. Немој да си му кажала на некој друг. Дури ниту на мајка ти.“

Што можев друго освен да ја прифатам нашата „Омерта“, нашиот договор да молчам. Но, може ли да се одмолчи таков возбудлив настан виден во живо?

Времето поминуваше, а мене од внатре ме копкаше желбата да го споделам своето доживување со некого. На мајка ми не можев да и кажам, бидејќи ќе го прекршев заветот кој го земав. Друг возрасен човек од доверба немав во мојата близина, бидејќи растев без баби и дедовци и така, слично на анегдотата за царот Трајан и козјите уши, јас си ја олеснив својата душа запишувајќи ги на повеќе страници од мојата омилена книга „Дански народни бајки“ фамозните зборови: „Маре и Диме се пацуваа како на филм... Маре и Диме се пацуваа како на филм... Хахахаа... (на 5-6 години буквите „б“ и „п“ ми звучеле веројатно исто)“. И така, вечерта кога мајка ми ја зема книгата да ми чита од приказните, долгочуваната тајна излезе на виделина без јас да го прекршам дадениот завет. И кога мајка ми ме праша што ми значи тоа што сум го напишала, јас, ослободена од грижата на совеста за прекршениот завет на молчење, како од топ, во еден здив и го раскажав моето доживување.

Моето изненадување беше големо кога наместо да се шокира од веста што ја изустив, мајка ми громогласно се изнасмеа и потоа уште сто пати се поднасмевнуваше, тивко, под мустаќ, веројатно за да не ме навреди за големата тајна што и ја соопштив. Веќе следното утро, уште нерасонета, слушнав како таа, смеејќи се, и ја раскажува целата случка на тетка Милица, мајката на Маре. И потоа како продолжуваат заедно да се смејат на цел глас. Тогаш не знаев, ама денес со сигурност знам, дека тоа беше мигот кога јас престанав да бидам дете и влегов во светот на возрасните. Тогаш табуто поврзано со францускиот бакнеж се распрсна пред моите очи како балон од сапуница и јас сфатив дека сите возрасни го прават тоа. Се уште не ми влегуваше во глава дека и моите родители би можеле да го практикуваат, ама за другите, веќе бев сосема сигурна.

Е сега, во ерата на Интернетот, кога сите информации ги имаме на дланка, само со впишување на името на она што не интересира на Гугл, јас дознав дека терминот „Француски бакнеж“ најверојатно го измислиле американските и британските војници во Франција за време на Првата светска војна. Тие забележале дека француските жени се поотворени за применување на еротските техники, отколку нивните американски партнерки. Така, војниците кои се враќале дома, од Европа, по Првата светска војна, ги поздравувале своите сопруги и девојки бакнувајќи ги во уста и користејќи го јазикот како симбол за нивниот полов орган. Така, тие, бакнувајќи ги, го симулирале сексуалниот чин, сакајќи да им ја покажат својата страст.

Меѓутоа, разочарувачка е констатацијата дека францускиот бакнеж не настанал во Франција. Всушност, во минатото, тој вид на бакнување се нарекувало "Фирентински бакнеж".

Ако е така, се наметнува прашањето зошто тогаш бакнувањето со јазик го добило името „француски бакнеж“?

Една теорија, во објаснувањето на овој израз, тргнува од фактот дека, отсекогаш во историјата, за Французите владеело мислењето дека се сензуални и неморални луѓе. Па, терминот француски бакнеж е всушност навреда за Французите, за нивниот начин на живот, за нивната промискуитетна природа, за нивното однесување во љубовта и за нивниот морал. Уште повеќе што во Франција, овој вид на бакнеж не се нарекува француски, туку само бакнеж. Шокантна е информацијата дека до 2014 година Французите дури немале збор за ваквиот стил на бакнување. А тогаш, во речникот Petit Robert е додаден новиот глагол: “Galocher”, кој буквално означува „да се бакнуваш со јазик“.

Јас би ви порачала да се бакнувате како милувате. Но, што почесто и што пострасно.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Близнаците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. 

Деја З.К.


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци (тековен стил) Рак Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби