In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Кога умира душата?

Објавено на 26.10.2020 во 23:09

Кога умира душата?
 

Сите ние, драги мои, сме го чуле изразот: „Душата ме боли за...“. Сите ние, барем еднаш во животот сме почувствувале како боли душата. Ај, сега да се потсетиме на тоа чувство!

Дали некогаш душата ве болела бидејќи сте биле гладни? Не верувам. Можеби ви кркореле цревата, можеби сте се чувствувале нервозно, без енергија, деконцентрирано. Но, душата? Душата сигурно не ве заболела.

Дали некогаш ве болела душата бидејќи не сте имале што да облечете? Не би рекла. Можеби сте се чувствувале несигурно. Можеби сте се срамеле од луѓето. Можеби ви студело. Можеби не сте сакале да излезете од дома. Но, душата? Душата нема шанси да ве болела.

Дали се сеќавате кога прв пат сте почувствувале како боли душата? Дали тоа беше кога ви умре домашното милениче? Дали кога прв пат несреќно се вљубивте во осмо одделение? Дали кога вашиот партнер ве изневери? Или, не дај Боже, кога загубивте близок член од семејството? Сигурно е нешто од ова.

Се прашувате од каде знам?

Оттаму што знам дека душата боли само тогаш кога човек ќе ја загуби љубовта. Во ред. Значи, можеме да се сложиме дека душата, на некаков начин е поврзана со љубовта.

Е, сега, сигурно сте забележале дека квалитетот на животот денес е видно намален отколку што беше некогаш. Тука не ги вбројувам генерациите од 20 и минус години, бидејќи тие не паметат поинаква реалност. Меѓутоа, сите ние останати забележуваме дека живееме во некои чудни времиња. Времиња кога се е забрзано, кога седмицата ни летнува за миг, а годините што минуваат ни се чинат како месеци. Па, додека сме трепнале, веќе сме дошле во зрели години, децата заминале од дома, а ние не си го познаваме својот лик во огледалото.

На времето, во предгимназиските денови, и се смеевме на бабата на една другарка која секогаш го плукаше огледалото кога ќе поминеше покрај него велејќи: „Пу, пу...Што бев, што станав?!“ Ние, млади и зелени, не можевме да ја сфатиме философската големина на таа нејзина постапка и се смеевме до замалување. Денес на овие настани се сеќавам со почит за оваа, формално необразована, но природно интелигентна жена со големо животно искуство.

Дали сте забележале дека денес, со истата френетична брзина со која поминува времето и нашите животи, исчезнува љубовта во светот околу нас. А, кога исчезнува љубовта ги снемува и нејзините деривати, како што се: љубезноста, сочувствителноста и милосрдието. Живееме во ерата на селфи-то (себе, фотографирање на себеси) и не треба да не чуди дека себичноста и гордоста се посакувани особини. А, материјалното богатство и лесната забава се духовната храна за милијарди луѓе.

Ситуацијата ме потсетува на проповедите на Исус, кој зборувајќи им на присутните за крајот на светот, меѓу другото вели: „А, бидејќи беззаконијата ќе се намножат, љубовта ќе олади (Матеј 24-12)“. Во манир на вечната дилема дали е постаро јајцето или кокошката, се прашувам дали љубовта олади заради тоа што беззаконијата се намножија или беззаконијата се намножија затоа што прво олади љубовта во срцата на луѓето? Дали многубројните преводи на Библијата вистински го пренесуваат она што Исус навистина сакал да ни го порача.

И сега, да се вратам на моето прашање од почеткот на излагањето: Кога умира нашата душа?

Ако до сега не ви текна, одговорот е: Кога нема љубов.

Љубовта е во основата на нашето битие и нашето постоење. Таа го проткајува секој наш однос со луѓето, приватен и професионален. Таа се манифестира како сочувство, желба да се разберат емоциите и мотивите на другиот, да му се помогне, да се направи мост кој ќе ги поврзе нашите срца. Или како што вели Апостол Павле:

„Љубовта е трпелива,
полна со добрина,
љубовта не завидува,
љубовта не се превознесува,
не се гордее,
Не прави што е непристојно,
Не бара свое,
не се срди, не мисли зло,
на неправда не се радува,
а на вистината се радува
се извинува, во се верува,
на се се надева, се претрпува
Љубовта никогаш не престанува...“

Да, љубовта никогаш не престанува. Јас би додала и дека љубовта не гледа крштеница, не брои години, не се загледува во нашите брчки, не се интересира за бојата на нашата кожа, ниту за нашата политичка и религиозна припадност. Таа не гледа на саат и не се нарачува. Се случува тогаш кога најмалку ја очекуваме, кога таа сака да се случи, со личност која таа ќе го избере. Затоа, затворањето на нашите срца за љубовта, со цел да се поштедиме од повреди или да се сочуваме за вистинскиот, е само наивен начин со кој ние, луѓето, сакаме да се одбраниме. Но, всушност затворајќи се за болката ние се затвораме и за љубовта, бидејќи престануваме да чувствуваме. И потоа се жалиме дека нема љубов.

А, кога љубовта ќе исчезне од нашите души, тогаш настапува смртта. Независно дали имаме 20 или 80 години, дали нашите срца продолжуваат да чукаат, дали одиме, јадеме, зборуваме, се будиме или спиеме. Без љубов, ние сме мртви иако живи, бидејќи смртта настапува многу порано пред срцето да престане да чука.

Зошто?

Бидејќи љубовта е единствената нитка што не поврзува со центарот од каде што извира животот, со Творецот на Вселената, со Господ. И тука не зборувам за љубов кон друго човечко суштество, туку за љубовта која ја носиме во себеси. Ако во нас нема љубов, ние сме празни „како бакар што ѕвони или кимбал што ѕвечи“. Секако дека можеме да ја одглумиме љубовта. Тоа многумина го прават секојдневно низ цел свет. Но, тоа не ја пополнува празнината што во себе ја чувствуваат. Кога во нас нема љубов, животот во нас полека гасне, како пламенот на свеќата што догорува.

Виолета С. Марсол
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција под број 970

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Раковите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак (тековен стил) Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби