In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Ѕвезденото небо над светот во јуни

 
Објавено на 29.05.2018 во 21:47

Ѕвезденото небо над светот во јуни
 

(Близнаците и Раковите среќни на секој план, Водолиите, Рибите и Овните најсреќни во љубовта, Биковите со парите)

Бесшумниот танц на планетите на небото ќе продолжи и во месец јуни. Па, околу средината на месецот тие ќе направат мало свртување, за на крајот на јуни, целата слика од почетокот сосема да се смени.

Така, Сонцето, разиграно, со променлив импулс, ќе се движи низ немирните Близнаци до 22-ри јуни и ќе се обидува да внесе живост во однесувањето кај луѓето. Посебно пријатни би требало да бидат првите десет дена на јуни, кога Сончевиот импулс ќе биде поддржан од шеговитиот Меркур во Близнаци, кој секогаш е расположен за игра и забава. Затоа, во првите десет дена од јуни би требало да бидеме порасположени и поопуштени од обично, полесно ќе комуницираме со луѓето, почесто ќе излегуваме и ќе се забавуваме, ќе уживаме додека кокетираме. Овие сензации посебно ќе ги почувствуваат Близнаците, Вагите и Водолиите родени во втората декада на својот знак. А, потоа и Лавовите и Овните, исто така родени во втората декада.

Меѓутоа, во периодот од 5-ти до 8-ми јуни 2018 година, кога Сонцето и Меркур ќе примаат негативно влијание од магот на илузиите, Нептун, би требало да бидеме повнимателни кому ја даваме својата доверба, бидејќи ќе постои опасност да подлегнеме на лажни приказни и ветувања, поради кои ќе доживееме разочарувања или ќе бидат изневерени нашите надежи. Посебно засегнати од ова предупредување би требало да бидат Близнаците родени на 6, 7 и 8-ми јуни, Девиците родени на 8, 9 и 10-ти септември, Стрелците родени на 7, 8 и 9-ти декември и Рибите родени на 6, 7 и 8-ми март.

Меркур, планетата на разумот и комуникациите, на 13-ти јуни ќе ги напушти Близнаци и од 13-ти до 29-ти јуни ќе се движи низ емотивниот и семејно ориентиран Рак. Неговите вибрации би требало да предизвикаат нашите мисли да бидат водени од чувствата повеќе отколку што обично се. Потоа, би требало да се зголеми нашата фантазија, нашиот интерес за домот, семејството, државата, нашите патриотски чувства. Луѓето ќе бидат согласни на се, ќе се однесуваат подипломатски отколку обично, со цел да ја задоволат својата потреба од емотивна и материјална сигурност.

Венера, планетата на љубовта, уметноста и земните задоволства, до 14-ти јуни 2018 година, ќе го продолжи својот танц низ емотивниот и семејно ориентиран Рак. Па, сите ние ќе бидеме некако поразнежнети, гладни за љубов, со потреба да се грижиме за тие што ги сакаме и нашите блиски да се грижат за нас. А, ќе се зголеми и нашата потреба да знаеме дека некому многу му значиме. Потоа, од 14-ти јуни до 11-ти јули 2018, Венера ќе минува низ страсниот Лав, со што нејзините вибрации ќе добијат пострастен импулс и ќе предизвикаат промена во нашите чувства. Па, ние ќе се однесуваме на потеатрален начин отколку обично. Ќе имаме потреба другите да не забележат, да доживееме некаква авантура.

На 13-ти, 14-ти и 15-ти јуни, затегнатиот однос меѓу Венера и Уран, ќе предизвика непланирани случувања на љубовен план кај сите нас. Но, посебно на удар ќе бидат Лавовите (родени на 6,7,8 август), Биковите (родени на 4, 5, 6-ти мај), Шкорпиите (родени на 6,7,8 ноември) и Водолиите (родени на 3, 4, 5 февруари). Во периодот од 17-ти до 25-ти јуни, кога Венера и Марс ќе ги одмеруваат своите сили од Лав и од Водолија, постои опасност полесно да не нервираат разни ситници. Лесно ќе избувнуваме, ќе се караме, ќе сакаме да ја наметнеме својата волја над другите луѓе. Посебно на љубовен план. Додека во периодот од 25-ти до 30-ти јуни, кога Венера и Јупитер ќе ги вкрстат своите вибрации од Лав и Шкорпија, тешко дека ќе можеме да најдеме мерка во она што ќе го правиме. Па, можно е да претеруваме со јадењето, пиењето, спиењето, сексот.

Марс, планетата на акцијата и агресијата, ќе продолжи да маршира низ хуманата и бунтовна Водолија. Од 26-ти јуни до 27-ми август 2018 година, Марс ќе се движи привидно наназад. А, од 27-ми август до 15-ти ноември 2018, повторно ќе тргне во директна офанзива во Водолија. Под негово влијание, додека е во директен од, би требало да се зголеми духот на соработка меѓу нас луѓето, како и нашата посветеност на цели од кои корист ќе има заедницата. Би требало да станеме пооригинални во пристапот кон старите проблеми и поотворени за експериментирање со новите и неиспитани работи, кои би ни донеле промени. Меѓутоа, кога Марс ќе биде во ретроградно движење, од 26-ти јуни до 27-ми август 2018, би требало да излезат на површина најнегативните пориви меѓу нас луѓето, нашиот бес, бунт и импулсот за борба со неистомислениците. Па, во овој период е можно да се организираат протести преку кои ќе се бараат правата на работниците, како и на сите маргинализирани групи луѓе во општеството. Но, постои и можност народот да се бунтува против политиките и одлуките на власта што ја води државата.

Какво ќе биде влијанието на останатите планети

Јупитер, планетата на среќата, благосостојбата и експанзијата и понатаму ќе се обидува да ги шири своите оптимистички вибрации во Шкорпија, до ноември 2018 година. Но, заради неговиот ретрограден од, во периодот до 10-ти јули 2018, неговото поттикнувачко и позитивно влијание ќе биде намалено, блокирано или претворено во својот опозит. Стагнацијата во реализацијата на своите планови во месец јуни, најмногу ќе ја почувствуваат Шкорпиите родени на 6-ти, 7-ми и 8-ми ноември.

Сатурн, мудриот и непоткуплив учител, ќе не искушува сите нас до крајот на март 2020 година. Но, во јуни 2018, неговите награди и казни најмногу ќе ги почувствуваат Јарците родени на 28-ми и 29-ти декември. Потоа, Овните родени на 27-ми и 28-ми март. Раковите родени на 28-ми и 29-ти јуни. Како и Вагите родени на 29-ти и 30-ти септември. Казните ќе ги почувствуваат оние кои се мрзеливи, оние кои се огрешиле од законот, оние кои немаат изградено правилен став кон авторитетите, оние кои се занимаваат со политика и оние кои водат нездрав живот или се оддадени на пороци. Инаку, ретроградниот од на Сатурн во Јарец ќе потрае до 6-ти септември 2018 година.

Под влијанието на непредвидливиот Уран, Биковите кои се родени на 20-ти, 21-ви и 22-ри април, ги очекуваат непланирани промени во животот. А, можен е и успех во кариерата.

Нептун на Рибите родени на 7-ти март ќе им подари харизматичност, креативност, но и конфузни мисли.

Додека Плутон на родените на 11-ти јануари ќе им го дрма тлото под нозете, со цел да ги натера да го сменат досегашниот начин на живот и да скокнат скалило погоре на еволутивен план. А, неговото ретроградно движење ќе потрае до 30-ти септември 2018 година.

Планетарната конфигурација во јуни за секој знак

Начин на читање: Вашата ситуација најточно ќе ја опишува текстот што одговара на вашиот Подзнак.

Но, потоа можете да ги проширите своите сознанија со текстот што одговара на вашиот знак.

Доколку не го знаете својот Подзнак (Асцендент), направете го бесплатниот примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Овен

Под влијанието на непредвидливиот Уран, вашата финансиска состојба во следните 7 години ќе биде како на ролеркостер. Би требало да доживувате невидени осцилации нагоре и надолу, од кои на нормалните луѓе желудникот би им се врзал во чвор. Но, вие ќе уживате да ризикувате со парите, посебно кога вашето его ќе ви сугерира дека ќе добиете. Сепак, кога станува збор за вашата и за финансиската иднина на вашето семејство, би ви препорачала да не брзате и да не очекувате дека сите ваши планови ќе се решат тука и веднаш. Не дека не е можно да се збогатите преку ноќ, туку постои и опасност да загубите многу пари преку ризични зделки.

Од друга страна, добро е да знаете дека до 10-ти јуни 2018 година, комуникациите ќе играат најважна улога во вашиот живот. Посебно успешни би требало да бидете ако и вашата работа е поврзана со патувањата, образованието, говорот, пишувањето. Исто така, до 10-ти јуни, Универзумот ќе ви отвори пат да ги решите нарушените односи со роднините и соседите, па треба да го искористите. Но, во периодот од 5-ти до 8-ми јуни не наседнувајте на нивните приказни и оправдувања, бидејќи ќе бидат лажни.

Затоа пак некој настан или некоја непланирана средба со една личност на 13, 14 или 15-ти јуни, ќе предизвика експлозија од чувства и ќе му даде нов импулс на вашиот љубовен живот. Па, ако сте слободни, од 15-ти јуни до крајот на месецот сигурно ќе започнете нова врска или ќе имате богат сексуален живот со различни партнери. Посебно во периодот од 25-ти до 30-ти јуни. Жените Овни би требало да се заштитат од несакана бременост. Додека Овните кои се во брак веројатно сериозно ќе работат на проширување на семејството или ќе се обидат да ги затоплат односите со своите деца.

Бик

Поволниот аспект на Сонцето со Меркур, до 10-ти јуни ќе ви ги зголеми шанси да откриете нов начин за поголема заработка. Посебно ако вашата професија е поврзана со банкарството, правото, образованието, туризмот, издавачката дејност, пишувањето. Меѓутоа, во периодот од 5-ти до 8-ми јуни би требало да не наседнувате на ветувањата што ќе ги добиете од пријателите, клубот или партијата на која и припаѓате. Посебно ако треба да дадете пари некому или да инвестирате во некој бизнис, бидејќи најверојатно ќе бидете измамени. На 5, 6 и 7-ми јуни можно е некое патување или бизнис со странство да пропаднат или пак ќе опадне вашата концентрација на некој испит. Во периодот од 17-ти до 25-ти јуни семејните и професионалните обврски ќе се најдат во конфликт.

До 14-ти јуни, на некое од вашите патувања постои можност за љубовна авантура со некој Рак, Бик или Вага. А, ако сте во брак, во периодот од 25-ти до 30-ти јуни ќе ви биде тешко да одлучите која страна да ја заземете во конфликтот меѓу брачниот партнер и останатите членови на семејството.

Ако сте родени на 20-ти, 21-ви и 22-ри април, вашето Сонце во јуни за прв пат ќе ги почувствува ексцентричните вибрации на Уран. Тоа ќе предизвика многумина од вас да дојдат до генијални решенија за секојдневните проблеми или до некоја неверојатна идеја која би требала да го подобри вашиот живот. А, можно е да добиете и шанса за професионален успех. Под услов да бидете отворени кон новото и подготвени за промени.

Близнаци

Во првите десет дена на јуни вие ќе бидете најсреќниот знак во Зодијакот. Ведри, зборлести, духовити, расположени за забава, вие ќе бидете душата на секое друштво. Затоа, луѓето ќе сакаат да ве дружат, ќе ве канат на различни прослави и забави и веројатно нема да се приберете дома. Збогатениот социјален живот ќе ви ги зголеми шансите да сретнете интересни личности кои ќе го привлечат вашето внимание. Посебно во периодот по 14-ти јуни 2018 година. Тогаш е можно да имате некакви љубовни доживувања на патување, со личност запознаена преку роднините или преку соседите. Но, ако сте во брак, можно е да направите неверство или да имате проблеми заради вашиот излет надвор од бракот во периодот од 25-ти до 30-ти јуни.

На план пари, како резултат на вашите способности и на вашиот труд, би требало да се подобри и вашата финансиска состојба или барем ќе се зголемат шансите да го оплодите капиталот преку некоја исплатлива инвестиција. По 14-ти јуни би требало да заминете на некакво патување или пак да имате зголемени активности поврзани со образованието. На 5, 6, 7 и 8-ми јуни, би можеле да имате непланирани трошоци. Тогаш, не е препорачливо да земате или давате пари на заем. Ниту да наседнувате на приказните за подобра заработка со која ќе ве манипулираат шефовите или некои од колегите.

Рак

Вие ќе бидете еден од најсреќните знаци на секој план, во месец јуни. Така, до 14-ти јуни, под влијанието на Венера во вашиот знак, вие ќе станете повесели, поопуштени и позаводливи. Ќе сакате секој ден да ви биде исполнет до последната минутка со дружење, нови искуства, забава и љубов. Многу љубов. Па, ако сте во врска или брак и ако не добивате љубов во онаа количина и на оној начин каков што вам ви треба, на 5, 6 и 7-ми јуни ќе бидете доведени во искушение кое на површина ќе ги извади старите проблеми меѓу вас и партнерот за конечно да ги разрешите. На 13, 14 и 15-ти јуни, некоја непланирана ситуација би можела да направи чудна спојка меѓу парите и сексот. Додека во периодот од 25-ти до 30-ти јуни можеби меѓу вас и вашата љубов ќе се испречат разликите во вашите системи на вредности.

Професионално, некои таинствени врски ќе ви помогнат да ја подобрите својата финансиска состојба по 14-ти јуни. Посебно ако работите во банкарството, со медицината, во некоја истражувачка област или ако вашата професија е јавна. Меѓутоа, би требало да се воздржите од земање или давање пари на заем, од барање или давање спонзорства и од кредити до 15-ти ноември. А, посебно внимателни би требало да бидете до 27-ми август. Опасност за губење пари во месец јуни преку лоши инвестиции, неразумни кредити и заеми ќе имате во периодот од 17-ти до 25-ти.

Лав

До 14-ти јуни 2018 година постои голема можност поради силната сексуална привлечност кон некој Близнак, Рак или Бик, да влезете во таинствена врска или да обновите некоја стара љубовна приказна. Но, по 14-ти јуни тајните ќе станат јавно познати. А, вие ќе сакате да си го живеете животот со помалку стрес, без компликации. Па, ако не сте во брак, ќе престанете со контактите кои немаат иднина и ќе побарате личност со која би имале комплетна врска. Ако сте во брак, ќе ви биде тешко да се преправате дека сте среќни додека брачниот партнер ви ја наметнува својата волја и своите погледи на светот. Па, вашиот брак ќе минува низ долг кризен период кој ќе потрае до средината на ноември. А, во периодот од 17-ти до 25-ти јуни 2018 кризата ќе кулминира. Додека во периодот од 25-ти до 30-ти јуни ве очекуваат проблеми во домот или со членовите на семејството.

Професионално, до 10-ти јуни периодот ќе биде одличен за вработените во пензиско и социјално, како и за политички ангажираните Лавови. Додека по 14-ти јуни повеќе успех на професионален план им претстои на Лавовите кои работат со било која од гранките на уметноста, со козметиката, убавината, глумата. Што се однесува до парите, од 5-ти до 8-ми јуни постои опасност да бидете измамени од некој пријател, од клубот во кој членувате или од член на партијата на која и припаѓате.

Девица

Од пред некое време вие се наоѓате во процес на расчистување со старите, нерасчистени проблеми од минатото. Посебно на план љубов и деца. Тука ќе се отворат и некои заплеткани кармички односи со некои личности од минатото кои повторно ќе ги сретнете во овој период. На ова ќе се надоврзат и зголемениот обем на работа и исто толкавите очекувања од страна на претпоставените, кои ќе потраат до средината на ноември. Па, ќе мора да најдете начин ем да имате време за себе, ем да одговорите на работните обврски. Доколку се вложите само на професионален план, постои опасност пред време да прегорите и да си предизвикате здравствени проблеми. Затоа бидете мудри и брзајте бавно. А, периодот до 10-ти јуни искористете го добро и правилно да се позиционирате на професионален план. Во тој случај се ќе ви оди полесно.

Ако вашата професија е поврзана со образованието, туризмот, судството, издавачката дејност, дипломатијата, трговијата со странство, работата во странство или со странци, во јуни би можеле да ви се случат некои непланирани моменти кои би имале улога на катализатор на вашиот успех.

Ако сте во брак, вашата опседнатост со работата би можела да ви донесе проблеми во брачните односи. Посебно во периодот од 5-ти до 8-ми јуни. Како и да е, слободни или во брак, ќе постои голема веројатност да запознаете интересна личност преку пријателите, клубот или политичката партија во која членувате, во периодот до 14-ти јуни. А, по 14-ти јуни, посмелите од вас би можеле да влезат во забранета, но страсна врска.

Вага

Поволните вибрации на Сонцето, Меркур, Марс и Венера кон вашиот знак се гаранција дека во јуни ќе можете малку да здивнете. Иако проблемите поврзани со домот, со местото на живеење и со членовите на семејството ќе бидат ваша константа во следните две години, во јуни ќе ве окупираат други работи и привремено ќе заборавите на нив. Така до 10-ти јуни би можеле да дојдете до неочекувано решение за вашите проблеми поврзани со кариерата, патувањата во странство, соработката со странци и парите, ако сте повозрасни. Но, ако сте помлади, спасоносното решение ќе дојде на план полагање испити и учење. А, постои и можност за неочекувани финансиски добивки и загуби на пари. Посебно ако се занимавате со финансиски шпекулации, ако имате земено или дадено пари на заем, ако земете кредит.

Во периодот од 26-ти јуни до 27-ми август 2018 година, ретроградниот Марс во вашето поле на љубовта и децата би можел да ви донесе проблеми поради вашата желба да ги контролирате туѓите животи, додека вие ќе правите што сакате.

Но, во месец јуни би можеле да доживеете непланирано и неверојатно сексуално искуство. Додека помладите Ваги по 14-ти јуни би можеле да се вљубат во некој Лав, Бик или Водолија што ќе ја запознаат преку пријателите.

Шкорпија

Вашата желба за живот и секс ќе биде посилна од семејните проблеми до 10-ти јуни. Потоа, во периодот до 15-ти ноември 2018 година, проблемите поврзани со местото на живеење, со домот, родителите и останатите членови на семејството ќе ја трошат вашата енергија. Ако сте во брак, во следните 7 години ве очекуваат најразлични изненадувања поврзани со бракот и брачниот партнер, како и можност за поголема слобода во брачните односи или дури непланиран развод. Ако сте слободни, можно е за кусо време да влезете во непланиран брак. Во месец јуни вакви изненадувања на план брак би можеле да им се случат на Шкорпиите родени на 24-ти и 25-ти октомври. Во периодот до 14-ти јуни, потенцијалните љубовни доживувања ве очекуваат на некое патување или со колеги од факултет, ако сте помлади. По 14-ти јуни би можеле да имате интересен флерт со личност запознаена преку работата.

Професионално, периодот ќе биде одличен за Шкорпиите банкари, лекари, уметници, професори, правници, туристички работници. Во периодот од 5-ти до 8-ми јуни партнерот или децата би можеле да ве вовлечат во непланиран трошок. Од 17-ти до 25-ти јуни ќе бидете растргнати меѓу обврските кон домот, кон членовите на семејството и кон работата. Додека во периодот од 25-ти до 30-ти јуни би можеле да претерувате со јадењето и сексот.

Стрелец

Ако вашата професија има јавен карактер или е поврзана со судството, во првите 10 дена од јуни сите работи ќе се одвиваат спореди вашите очекувања. Ако работите во банкарскиот сектор, со медицината, во осигурителните компании или ви се потребни туѓите спонзорства, во периодот до 14-ти јуни би можеле да остварите екстра профит или да добиете пари за реализација на вашите идеи. Додека по 14-ти јуни поуспешни ќе бидат Стрелците професори, студенти и туристички работници. Стрелците родени на 22-ри, 23-ти и 24-ти ноември би можеле одненадеж да го загубат или да го сменат работното место во јуни и да доживеат успех. Но, можно е да откријат и некое неочекувано, спасоносно решение за нивните здравствени проблеми. До 15-ти ноември би требало да бидете повнимателни во сообраќајот. А, вниманието ќе ви биде најпотребно за време на летните одмори од 26-ти јуни до 27-ми август.

На љубовен план, голем број од вас во периодот до 10-ти јуни или ќе одлучат да стапат во брак или ќе ги прават своите свадби. Сексот ќе игра доминантна улога во вашите односи до 14-ти јуни. Додека духовната блискот ќе ви биде поважна по 14-ти јуни. А, ако сте во брак, брачниот партнер ќе биде вашата сила и стамена поддршка. Посебно до 10-ти јуни.

Јарец

Во периодот до 15-ти ноември 2018 година, поради импулсивното влијание на Марсовите вибрации, ќе ви се закануваат финансиски проблеми. Тие ќе бидат најсилни во периодот од 26-ти јуни до 27-ми август кога Марс ќе се движи наназад и ќе ги покаже своите најлоши особини. Во месец јуни посебно неповолен на финансиски план ќе биде периодот од 17-ти до 30-ти јуни, кога не е пожелно да влегувате во ризични зделки. Но, можно е да бидете во загуба заради партнерот или пријателите. Затоа пак, ваша силна страна во работењето ќе биде вашата досетливост и информираност. Па, постои можност да дојдете до неочекувани, оригинални решенија во областа со која се занимавате. Посебно до 10-ти јуни.

На љубовен план, ве очекуваат возбудливи, непланирани доживувања во месец јуни. Посебно ако сте родени на 22-ри, 23-ти и 24-ти декември. Јарците кои се во брак би требало да пловат во помирни води и да му се препуштат на хедонизмот во периодот до 14-ти јуни. Но, на 5, 6 и 7-ми јуни е можно да ви се случи кармичка средба за разрешување на некои долгови од минатото. Додека многу Јарци кои се во врска, токму во овој период ќе одлучат да стапат во брак или ќе прават свадби. По 14-ти јуни, сексот и парите ќе ја заиграат доминантната улога во вашите партнерски односи.

Водолија

И покрај тоа што движејќи се напред-назад низ вашиот знак агресивниот Марс, ќе ја тестира вашата издржливост и толерантност до средината на ноември 2018 година, планетарната поставеност во јуни ќе ве направи еден од најсреќните знаци и во љубовта и на план работа. Така, до 10-ти јуни, поопуштени отколку обично, позаинтересирани за забава, вие почесто ќе излегувате и ќе бидете во друштво. Така ќе си ги зголемите шансите да сретнете нови луѓе. А, големи ќе бидат и шансите да се вљубите. Дури и ако сте во врска или брак. Многумина од вас ќе започнат врска со личност со која работат или професионално соработуваат. По 14-ти јуни многу слободни Водолии ќе донесат одлука да стапат во брак. Водолиите кои се во брак би можеле да имаат конфликти со брачниот партнер во периодот од 17-ти до 25-ти јуни. Додека во периодот од 25-ти до 30-ти јуни ќе ви биде тешко да најдете рамнотежа меѓу вложувањето на приватен и на професионален план.

Професионално, до 14-ти јуни, ќе се зголемат вашите шанси за подобрување на соработката со колешките и за подобрување на меѓучовечките односи на работното место. До 10-ти јуни среќа ќе ги следи Водолиите уметници, актери, вработените на местата за забава, во казината и во кладилниците. Од 14-ти до 30-ти јуни, повеќе успех ќе имаат Водолиите со јавни професии и судиите. А, од 5-ти до 8-ми јуни 2018, ќе треба да бидете повнимателни со парите. Постои можност да имате финансиски проблеми или непланирани трошоци заради партнерот или децата. Но, можно е да загубите пари и на коцка или на берза.

Риби

Ако работите во градежништвото, во агенција за недвижности, во образованието, на берзата, на местата за забава или сте уметник, јуни би можел да биде многу успешен месец за вас на професионален план. Па, дури е можно да покажете креативен пристап во работењето или да дојдете до неочекувани, оригинални решенија. Посебно во периодот до 10-ти јуни. Од 14-ти до 30-ти јуни ќе се зголемат вашите шанси за подобрување на соработката со колешките и за подобрување на меѓучовечките односи на работното место. Меѓутоа, ако вашата работа подразбира често патување, контакт со странство и странци, соработка со високообразовните институции и судовите, можни се проблеми во периодот од 25-ти до 30-ти јуни.

На љубовен план, до 14-ти јуни позитивните вибрации на Венера ќе ги зголемат вашите шанси за отпочнување нова врска. Ако имате деца, ве очекуваат радосни настани поврзани со нив. Ако сте од женски пол голема ќе биде веројатноста да забремените. Додека по 14-ти јуни љубовта би можела да ви се насмее на работното место.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Раковите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак (тековен стил) Лав Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби