In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Објавено на 01.11.2020 во 08:02

Се родив прерано, не те сретнав тебе
 

„Се родив прерано, не те сретнав тебе“,

оваа реченица долго ми се вртеше низ глава откако прв пат ја слушнав во еден биографски филм за Хемингвеј. Сцената беше трогателна. Средовечниот писател на своето патување со сопругата во Венеција, во 1948 година, се вљуби во 19-годишната Адриана Иванчиќ. И тој ја изговори оваа реченица додека и ја чешлаше косата на младата девојка, свесен дека има повеќе време изодено зад себе отколку што има години пред себе и дека неговата љубов не може да се реализира.

Во времето кога го гледав филмот бев сеуште премногу млада, тинејџерка, без животно искуство и знам дека долго време размислував, па дури и разговарав со пријателите за трагедијата на врските кои не можат да се реализираат бидејќи луѓето се сретнале прерано, предоцна, во неповолни околности, кога не биле слободни. Уште повеќе што целото мое детство и младост отсекаде, и од радио и од телевизија, слушав песни со срцепарачки стихови од типот „Да се сретневме порано“, „Еј, да беше среќа“ итн.

Сега ми е појасно дека на овие балкански простори, каде што тагата отсекогаш била почеста гостинка отколку радоста, имаме многу тажачки песни. Или пак тоа е така бидејќи човек кога е тажен има поголема инспирација да создава љубовни песни отколку кога е среќен, не знам. Но, музичарите со кои подоцна се среќавав во животот, поради работата и приватно, ми имаа откриено дека, кога човек е тажен, песните имаат подлабоки емоции. Кога е среќен, тој живее и ужива во животот, помалку е чувствителен на туѓата болка и нема време да пишува. Ако подобро размислам, најголемиот број песни зборуваат за ранетата душа, за болката, за оставањето, за страдањето. А, песни за радоста, за вљубеноста, за среќата, има незначителен број. Еве, на пример, прва што ми паѓа на памет е „Ода на радоста“ или деветтата симфонија на Бетовен, напишана по стиховите на Шилер.

Како и да е, значи требаше да пораснам, да созреам, да научам разни работи, да имам лично и професионално искуство со илјадници луѓе, за да сфатам дека вистината е сосема поинаква.

А, знаете ли што сфатив?

Можеби мојот увид ќе ве шокира. Но, јас денес сум речиси стопроцентно сигурна дека луѓето кои ги среќаваме во погрешно време се всушност погрешни луѓе.

Да, да, добро прочитавте. Луѓето кои ги среќаваме во погрешно време се погрешни луѓе. Можеби оваа моја констатација ги урива сите стереотипи со кои сме растени, сите наши романтични идеи за љубовта и пријателствата. Но, тоа е вистината.

Ние, на нашиот животен пат, среќаваме луѓе кои треба да не научат на нешто. И обично тоа се болни искуства. Потоа, среќаваме и луѓе кои се наши сродни души и треба да не поддржат и да ни помогнат. Тоа се најчесто нашите најблиски и најсакани. Но, среќаваме и онакви кои имаат за цел да предизвикаат промена на правецот во кој се движи нашиот живот. Тоа се најчесто случајни, судбински средби. Но, никогаш, никогаш не среќаваме вистински луѓе во погрешно време.

Знаете зошто?

Затоа што вистинските луѓе немаат време. Тие се безвременски.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Лавовите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. 

Борис П., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав (тековен стил) Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби