In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Глупава младина - неизвесна иднина

Објавено на 10.11.2020 во 09:54

Глупава младина - неизвесна иднина
 

Во еден од нашите големи маркети чекам пред вагата да ми го измерат овошјето и зеленчукот. Двајцата вработени, дечковци на околу 25 години, едниот од ромска, другиот од македонска националност, на полуглас, живо разговараат, додека по инерција ги мерат продуктите.

„А, не јас тоа никогаш не би го направил“, вели младиот Ром.

„Што има врска? Па, таа ми се јавува“, вели Македонецот.

„Па, што ако ти се јавува, таа му е девојка на твојот најдобар другар. Не вреди да расипеш другарство заради таква женска. Таа ќе го прави тоа и со други, а тој сигурно ќе дознае кад-тад“, упорен е Ромот.

„А, бе ајде. Треба да си го живееш животот. Кога ти се пружа можност, зошто не?“, си го брани ставот Македонецот.

„Не, за таква можност. Има работи кои не смеат да се прават. И толку“, веќе е нервозен Ромот.

„Е, што знаеш, може и мојата девојка прави исто?“, продолжува застапникот на тезата за искористување на шансите.

„Ако ти се понашаш така, тогаш и девојка ти сигурно ќе биде таква“, не се дава дечкото со цврста морална структура додека ми ја подава последната кесичка со овошје.

„Браво дечко“, се насмевнувам јас и додавам „Додека постојат вакви млади луѓе, има шанса за оправање.“

Не знам дали разбраа што точно им кажав бидејќи останаа како затечени во вршење на недело. А, јас немав желба да се дообјаснувам потсетувајќи се дека постарите порано, во вакви ситуации, велеа: „Кад порастеш каз'ќе ти се само“.

Е сега, што мислите, драги пријатели?

Кој од овие двајца млади луѓе има повеќе шанси да успее во животот? Оној кој немаше проблем да спие со девојката на другарот или оној кој сметаше дека тоа не смее да се прави? Ајде, ајде. Сигурно сте во дилема. Бев и јас. Во денешно време кога моралот е растеглива категорија, а вредностите се дисторзирани, гледаме дека луѓе со украдени дипломи стануваат министри. А, девојки, кои се занимаваат со најстариот занает на светот, стануваат старлети и инфлуенсерки на кои се угледуваат младите. Оттука, се чини, дека неморалот, за жал, води пред моралот.

Меѓутоа, моето размислување се смени кога открив дека, во заедничките истражувања на американските Универзитети Харвард и Станфорд, веќе е утврдено дека, за успехот во животот, когнитивната интелигенција (IQ) е заслужна само 15%, за разлика од емоционалната интелигенција (EQ), која е заслужна со неверојатни 85%.

Што значи тоа?

Тоа покажува дека, да се биде паметен значи да се биде емоционално интелигентен или со обични зборови кажано, да се биде способен да ги препознаеш сопствените чувства, чувствата на другите луѓе и истовремено да си вешт да се носиш со нив. Повеќе за ова има напишано Даниел Големан, психолог и доктор на Харвардскиот Универзитет, во својата книга „Емоционална интелигенција“.

Истражувањата покажуваат дека новите генерации деца имаат повисок коефициент на когнитивна интелигенција (IQ), но помал на емоционална интелигенција (EQ). Значи, тие се поглупави од нивните врсници во минатото и ќе имаат помала шанса да успеат во животот. Да, да, добро прочитавте, ќе имаат помала шанса да успеат во животот. Значи, нашиот Ром , од вистинската случка што ви ја раскажав погоре, би требало да биде поуспешен, бидејќи беше емоционално поинтелигентен од младиот Македонец.

Се прашувам, дали филмовите кои поттикнуваат на насилство, на постојана промена на сексуалните парнери без емотивна поврзаност, дали петпарачките ријалити шоуа во кои се пропагира неморал и сексот се претставува како средство за разбигрижа и доминација, дали социјалната дистанца што треба да ја држиме и маските што треба да ги носиме, нема да бидат причина уште толку да се намали емоционалната интелигенција кај луѓето? Посебно кај најмладите, кои се во фаза на формирање на карактерот и на своите погледи на светот. Дали современиот стил на живот ја намали емоционалната инелигенцијата кај луѓето, а особено кај децата?

Ако одговорот е потврден, тогаш се наметнува прашањето зошто е ова опасно?

Јас би рекла, заради цела палета причини. А, тоа го гледам секојдневно, во комуникацијата со моите клиенти, со читателите на мојата страница и сајт, со луѓето кои случајно ги среќавам. Како прво, најчестата последица од нискиот степен на EQ, според научниците, е неразбирањето на она што личноста го чувствува во даден момент и импулсивното реагирање на надворешните случувања. Емоционално неинтелигентната личност не презема одговорност за сопствените чувства, а камоли постапки, и вината секогаш ја префрла на друг. Се однесува заповеднички кон другите, држи лекции. Има низок праг на толеранција и на сите работи што не и се допаѓаат реагира бесно. Го саботира својот успех. Едноставно, тоа се личности со кои нема разбирачка. Ви личи познато?

Што можеме да направиме како родители и општество?

Одговорот е едноставен. Ние сме должни да го развиваме овој вид интелигенција кај децата, бидејќи, во спротивно, негативните чувства ќе го одредат нивниот живот. А, и нашиот покрај нив, бидејќи нели децата се ИДНИНАТА на едно општество.

Како?

Децата учат од возрасните со кои растат, прво од своите родители. Тоа Наталната Карта неспорно го покажува. Без оглед на тоа што ние мислиме за себеси, Наталната Карта на нашето дете ќе покаже како тоа не доживува нас, и како луѓе и како родители. Ако ние се интересираме за чувствата на нашите деца и тие ќе започнат да анализираат како се чувствуваат и зошто. Ако ние отворено зборуваме за своите чувства им даваме пример дека и тие треба да зборуваат. Ако ние успеваме да го канализираме бесот, така што ќе го смениме начинот на кој гледаме на работите, и тие ќе се трудат да не копираат. Ако ние им помагаме на луѓето и покажуваме разбирање за нивните чувства, тие тоа ќе го следат. Така, не само што ќе имаат поголеми шанси да успеат во животот, туку ќе се подобри и нивното здравје. Бидејќи, истражувањата покажуваат дека високата емоционална интелигенција влијае поволно на работата на срцето, на ритамот на дишењето и на хормоните.

Значи, ако сакаме светла иднина, ние, возрасните, имаме обврска да им го осветлиме патот на тие што доаѓаат по нас.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Лавовите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. 

Р.Б., Штип


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав (тековен стил) Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби