In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Трагачи по возбуда

Објавено на 21.11.2020 во 10:13

Трагачи по возбуда
 

„Имам тешки моменти поврзани со моралот. Знам кога работите ги правам исправно. Уште поважно е да бидеш искрен околу тоа кој си. Многу се занимавам со моралот.“

~ Brad Pitt

Се сеќавате ли на Бред Пит во филмот „Легенди за есента“, драги мои? Млад, згоден, со долга брановидна коса, нескротлив, див. Mаж кој не подлегнува на моралните вредности кои ги наметнува општеството и времето во кое живее, современ кентаур. Е, во овој филм јас се убедив дека Бред Пит (18.12.1963) е навистина глумец, а не само убава фаца која парадира на филмското платно. Но, откако дознав дека е роден во знакот Стрелец се најдов во недоумица. Дали Бред Пит ја одигра улогата на Тристан толку добро и автентично поради тоа што е добар глумец или улогата се залепи за Бред Пит како латекс ракавици за кожа бидејќи тоа е неговата природа? Како и да е, кога сакате да си замислите како би изгледал типичниот маж Стрелец, потсетете се на Тристан од „Легенди за есента.“

И веќе погодувате, нели? Почнува сезоната на Стрелците, бидејќи токму денес Сонцето го менува знакот. Излегува од интензивната Шкорпија и влегува во авантуристички расположениот Стрелец. И можеби Бред Пит не би се оптоварувал толку со моралот, ако владетел на неговиот знак не беше Јупитер или Зевс, во грчката митологија. Е, токму тој Јупитер, го свргнува од престолот својот татко Сатурн (Хронос), Богот на времето и создава нова хиерархија на Богови кои се покорувале на неговите закони. Оттогаш, Јупитер (Зевс) го симболизира владеењето на духот и редот наметнат однадвор. А, вибрациите на Стрелецот поттикнуваат на отворено зборување за она што се мисли, окупирање на себеси со прашања поврзани со моралот, спроведување на правдата и почитување на законите. Доказ за тоа дека Стрелците немаат влакна на јазикот, па дури се и брутални во изразувањето, е прекрасната Ким Бесинџер (8.12.1953). Таа вели: „Чувствувам дека двајца живеат во мене - јас и мојата интуиција. Кога одам против неа, таа ме заебува секој пат. А, кога ја следам, ние се согласуваме доста добро.“

Но, моралот и правдољубивоста се само едната страна на медалот. Графичкиот приказ на Стрелецот е кентаурот, митолошко суштество кое до половина е човек, од половина надолу коњ. Тоа покажува дека во секој Стрелец постои борба меѓу божественото и човечкото, меѓу духот и телото, меѓу желбата да се биде духовен и праведен и ниските пориви по кои копнее телото.

Типичен пример за оваа двојна природа на Стрелецот е познатиот американски интелектуалец, режисер, актер и саксофонист Вуди Ален (1.12.1935), кој го шокираше светот кога се ожени со посвоената ќерка на неговата партнерка, Миа Фароу, и имаше деца со неа. Доказ за неговата двојна, Стрелечка природа, се неговите изјави: „Универзумот е само идеја што му светнала на Господ во умот“, па додава: „Сите луѓе ја знаат истата вистина. Нашите животи се составени од тоа како истата ја изобличуваме.“ И завршува со прашањето и одговорот: „Дали сексот е валкан? Само кога е направен на вистински начин.“ Немам коментар, сите Стрелечки особини собрани во еден човек.

Е, сега доаѓаме до моментот на вистината. Пред да се удирате в гради дека сте Стрелци и да постирате текстови за овој знак, во кои се наведени само неговите најдобри особини, треба да знаете дека само 1-3% од Стрелците ги поседуваат. Најголемиот процент припаѓаат на духовно понеразвиеното ниво на знакот.

Како да знаете на кое ниво на знакот му припаѓаат Стрелците што прв пат ги запознавате?

И покрај нивното пријателско однесување и покрај тоа што се забавни, и покрај тоа што ќе ве освојат со своите интересни муабети, и покрај тоа што ќе ви зборуваат за морал, закон и духовност, ви препорачувам повеќе да ги набљудувате што прават, а не што ви зборуваат. Тие се интелигентни и ќе ви се претставуваат онака како што ќе оценат дека сакате да ги видите. Но, вистината за нив би можела да биде сосема поинаква.

Па, ако забележите дека им е тешко, речиси невозможно, да ја контролираат својата анимална природа, ако не знаат да речат „не“ на секој повик за авантура, на се што им изгледа поинакво и необично. Ако се насилни, зборуваат што ќе им падне на памет, непријатни се за дружење, неумерени се во јадењето, пиењето и сексот. Ако не обрнуваат внимание на хигиената, немаат работни навики, наивно се залетуваат по се што им изгледа привлечно и забавно без да размислуваат за последиците. Тогаш бидете сигурни дека вашите соговорници му припаѓаат на најниското ниво на овој знак. А, такви се околу 70% од Стрелците.

За жал, тие никогаш не учат од своите грешки и секогаш одново и одново ги повторуваат. Не сакаат да се мачат во животот, само да се забавуваат. Можеби, на шега, ќе ви речат дека оние што работат се глупави, а тие се попаметни од сите и ќе успеат да заработат пари без мака и труд. Тоа не е шега, тие веруваат во таа идеја и затоа меѓу нив често ќе сретнете коцкари. Но, можат да бидат и верски фанатици, да покажуваат интерес и за музиката, најчесто за дувачките инструменти или оргулите. Додека жените се најлесните, во цел Зодијак.

Стрелците од повисокото ниво ќе ги препознаете по нивната ведрина и оптимизам. Тие ќе ги знаат мааните на својот карактер и ќе се трудат да ја држат под контрола анималната страна од својата природа. Ја ценат својата и туѓа слобода, имаат либерални погледи на светот и ослободени се од секаков вид предрасуди. Не се мешаат во туѓите животи и не озборуваат. Ќе ги препознаете по достоинственото држење, по благородните постапки, по дружељубивоста и образованоста. Тие се посакувани гости во отмените и интелектуални кругови. На оваа група и припаѓаат околу 20-30% од Стрелците.

Стрелците од повисоко ниво често ќе патуваат или судбината ќе ги однесе во непознати и странски предели, во кои тие ќе пливаат како риби во вода. Секаде каде што ќе одат ќе го остават својот печат и вистински се амбасадори на својата култура. Истовремено тие ќе бидат и одлични репрезенти на туѓата култура во својата земја. Одлични се и во улога на правници, професори и дипломати. Но, ќе ја обожаваат и философијата и музиката. Додека спортот и престојот во природа им се потребни како воздухот што го дишат.

И та-та-та-тааам...Стигнуваме до претставниците на највисокото ниво на Стрелецот. Само 1-3% од Стрелечката популација. Нив ќе ги препознаете по тоа што тие ќе покажуваат свест дека сите работи во Универзумот се поврзани меѓу себе. Ќе бидат посветени на духовната работа и најчесто ќе ги сретнете во улога на учители за некоја духовна дисциплина или писатели на философска и духовна литература.

Е сега, до каде сте во анализите? Ги најдовте ли вашите блиски во некоја од овие групи? А, вие Стрелци, се препознавте ли во некој од описите? Во која група припаѓате? Ама без лажење и препишување. Ако сакате да добиете најверодостојна слика за себеси, прашајте ги вашите блиски каде би ве сместиле.

Текстов ќе го завршам со две изјави на британскиот аристократ и политичар Винстон Черчил (30.11.1874) од кој, во голема мера, зависел текот и крајот на Втората Светска Војна. Во една своја изјава тој вели: „Тактот е способност да се каже некому да оди во пеколот на таков начин што тој ќе се радува на патувањето“. Додека во другата признава: „Јас сум љубител на свињи. Кучињата нѐ гледаат оддолу. Мачките нѐ гледаат од високо. Свињите нѐ третираат како еднакви.“

Што мислите на кое ниво од знакот му припаѓа?

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Лавовите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2021
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав (тековен стил) Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби