In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Дали браковите склучени во недела се потрајни?

Објавено на 29.11.2020 во 09:17

Дали браковите склучени во недела се потрајни?
 

Не знам дали некаде во светот се прави статистика за тоа колку бракови, од тие што се разведуваат, се склучени во недела, а колку во другите денови? Но, знам дека луѓето порано ја знаеле суштината на животот. Па, свадбите обично ги правеле во недела.

„Ех“, ќе речете „Секако во недела, бидејќи само тој ден им бил слободен и тогаш оделе во црква. А, браковите се склучувале во црква.“ Се сложувам, има вистина и во ова убедување. Но, дали е тоа комплетната вистина?

Зошто го велам ова?

Бидејќи знам дека луѓето порано биле во поблизок контакт со природата и живееле според нејзините закони. А, биле и во поблизок контакт со знаењата на старите народи кои, со текот на времето, полека се загубиле, се измениле прераскажувајќи се од уста до уста. Некои знаења се претопиле во други, некои се искривоколчиле до непрепознатливост, исто како што се менува обликот и бојата на алиштата кои долго ги носиме и постојано ги переме.

Астрологијата како најстара наука, од која произлегле сите други, утврдила дека со секој ден во неделата владее по една од планетите во Сончевиот Систем.

Така, со понеделникот владее Месечината. И има смисла. Месечината е во постојана промена, а понеделникот е ден кога треба да го смениме нашиот внатрешен ритам, и од одмор и опуштеност, треба да го фатиме замаецот и да се впрегнеме во работа. Ама тоа на почетокот не оди лесно, па си фаќаме кривини. Сте се прашале ли зошто понеделник на француски се вика Lundi, а на италијански Lunedi? Секако според името на Месечината на латински, Luna. Гледате ли колку биле умни старите народи? Ја знаеле врската меѓу сите работи.

Со вторникот владее агресивниот и воинствен Марс. Затоа вторниците се најактивни денови кога имаме најмногу енергија за работа, за борба, кога сме најиздржливи, но и најагресивни. Французите го викаат вторник Mardi, италијаните Martedi. А, тоа произлегува од латинското име за Марс, Mars.

Средата (mercoledi-италијански, mercredi-француски) го добила името според Меркур (Мercurius-латински). А, брзиот и разлетан Меркур е гласникот на Боговите. Затоа, среда е ден за комуникации, трговија, патувања. Дали некогаш сте се запрашале зошто многу трговски фирми во светот во своето име го содржат токму зборот Меркур? Како на пример: Меркур-трејд, Tрговска куќа Меркур, Меркур увоз-извоз.

Кај нас постои верување дека ако ја отвориш новата продавница, фирма, дуќанче во среда, значи ќе биде успешно. Па, дури во последно време и свадбите се прават во среда за среќно да им е на младенците. Но, луѓето заборавиле што значи тоа, па според логиката или звучноста на зборот, ја поврзуваат среда со среќен ден. Астролошки среда е среќен ден, ама само ако станува збор за отворање на трговска фирма, за учење, патувања и ако бракот е склучен заради трговија.

Четврток е ден на Јупитер, планета на среќата и благосостојбата. Но, и на претерувањата. Значи, одличен ден за свадба. Латинското име за Јупитер е Iovis. А, французите го викаат четврток-Jeudi, додека италијаните giovedi.

Со петок владее Венера (Venus-латински), планетата на љубовта, земните задоволства и сексот. И добро, крај на работната недела е, па секој си планира најдобро да го помине викендот. Кој ќе се забавува, кој ќе оди на вечера, кој ќе пие. Некој ќе води љубов. А, младите се во едно. За французите петок е Vendredi, а за италијаните - Venerdi.

Со сабота владее ригидниот и строг Сатурн (Saturnus-латински), кој во астрологијата се смета за симбол на душата заробена во материјата. Порано се сметал како Бог на смртта, бидејќи, со цел да го победи пророштвото кое велело дека ќе биде свргнат од престолот од својот син, Сатурн ги јадел своите деца. Можеби тоа е причината, што во некои религии, токму саботата е ден кога ништо не се работи. А, замислете, во последниве триесеттина години, е модерно или попрактично, свадбите да се прават токму во сабота навечер. На денот на смртта. А, ако денот од утрото се познава, тогаш каков очекувате дека ќе биде еден брак, ако тој почнал на денот на смртта?

И конечно, неделата е ден со кој владее Сонцето (Sol-латински). Недела на англиски се вика Sunday-ден на Сонцето, на италијански-domenica, на француски-dimanche. Сонцето, пак е таткото, центарот на системот во кој сите живееме и околу кого се вртат останатите планети. Уште повеќе што, според Библијата, Господ шест дена работел, а седмиот одморал и токму седмиот ден, недела, ја наменил за одмор, за свртување кон себеси, за славење на животот. А, што е поголемо славење на животот од соединувањето на две души и тела во една заедница?

Кој е заклучокот?

Ако добро ме следите, според мене, најдобар ден за свадба е недела. А, потоа четврток и петок. Иако квалитетот на еден брак зависи од многу фактори, пред се од карактерите на сопружниците, нивната зрелост, решеноста да ги прошират своите сфаќања за да го прифатат другиот, финансиската состојба и слично. Сепак, кога една работа се раѓа, добро е за почеток да се роди во енергија која ќе го поддржува нејзиниот растеж.

И на крајот ќе повторам. Јас не знам дали некаде во светот се прави статистика за тоа колку бракови, од тие што се разведуваат, се склучени во недела. Но, знам дека луѓето порано ја знаеле суштината на животот. А, последната информација што јас ја имам е дека матичната служба во нашата држава не работи во недела, бидејќи луѓето не се заинтересирани да стапат во брак тој ден.

Исправете ме ако нешто се сменило.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Лавовите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2021
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав (тековен стил) Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби