In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Зошто китиме елка

Објавено на 08.12.2019 во 08:30

Зошто китиме елка
 

Отсекогаш, уште од детски години, сум се прашувала зошто воопшто китиме елка за Нова Година? Нормално, мајка ми не знаеше да ми објасни, ниту учителките на училиште. Како што растев си најдов некое, мое, рационално објаснување, па прво си мислев дека елката за Нова Година ја китиме затоа што секогаш е зелена и ќе и даде живост на Новогодишната атмосфера, кога е темно, студено и на другите дрвја им се отпаднати лисјата. Но, ова сознание не можеше да ја задоволи мојата желба да ја дознаам вистината, да разберам зошто мора да се кити токму елка?

Потоа, како што созревав и учев нови работи, открив дека елката се кити за Божиќ, а не за Нова Година. Ама во времето кога јас растев, во Социјалистичка Југославија, верските празници не се славеа, а се сакаше да се задржи традицијата, па се славеше Нова Година, која е нова само според Грегоријанскиот календар. За Кинезите, Евреите, Муслиманите, православните Христијани, Новата година не почнува на 1 јануари. Додека според астрологијата, новата година почнува на првиот ден од владеењето на Овенот, на 20-ти март. Како времето минуваше јас научив многу нови работи, но не добив одговор на прашањето: Зошто китиме токму елка за Нова Година и Божиќ?

Можниот одговор ми дојде тогаш кога престанав да го барам, како што впрочем се случува со сите работи во животот, тогаш кога некаде ја прочитав Руската легенда што сега ќе ја споделам со вас.

Легендата на почетокот е идентична со приказната за раѓањето на Исус запишана во Библијата. Па, вели дека кога Исус се родил во пештерата во Витлеем на небото се појавила една сјајна ѕвезда. А, бидејќи раѓањето на Месијата веќе било најавено со појавата на Витлеемската ѕвезда, тројцата астролози: Балтазар, Каспар и Мелхиор, таканаречените мудреци (магови) од Истокот, тргнале на пат да му се поклонат на новородениот Спасител на човештвото. Кога конечно стигнале пред пештерата во која било бебето Исус, тие му се поклониле и му донеле дарови: злато, темјан и мирта. Златото било подарок како за крал. Темјанот како за свет човек. Додека миртата била подарок за војник кој се жртвува себеси за спас на другите. По мудреците, кај малиот Исус стигнале и овчарите кои се поклониле и оставиле дарови.

Е, од тука веќе почнува легендата која вели дека над пештерата растеле три дрва: бор, кедар и елка.

Сфаќајќи дека се сведоци на многу важен миг, дрвата посакале и тие нешто да му подарат на новороденчето.

Затоа, кедарот ги затресол своите гранки и пред пештерата паднале неговите иглички исполнувајќи го просторот со прекрасна миризба.

Борот ги затресол своите гранки и на земјата паднале најубавите шишарки со кои можело да се запали оган и да се згрее малиот Исус и неговата мајка.

Гледајќи го тоа елката заплакала. Таа немала ниту миризливи иглички, ниту шишарки за да го дарува бебето. Таа всушност немала ништо вредно за подарување.

Солзите на елката биле осветлени од Витлеемската ѕвезда, предвесничката на Христовото раѓање. Ѕвездата била длабоко трогната од искрената тага на ова скромно дрвце, па спуштила една ѕвездичка од своето јато на врвот од елката. Тогаш елката заблескала со ѕвезден сјај осветлувајќи го целиот крај. Па, поклонувајќи се и таа пред идниот Спасител ја спуштила ѕвездичката пред пештерата.

Оттогаш, кога ја китиме елката и на врвот ставаме ѕвезда, ние го славиме овој настан и љубовта која елката ја покажала кон Исус, пријатели мои. Подароците пак кои ги ставаме под елката исто така потсетуваат на Христовото раѓање. Бидејќи, со таа постапка ние всушност признаваме дека тој е најголемиот подарок што Бог им го дал на луѓето.

 

 

Текстот е авторски труд регистриран во Македонска Авторска Агенција и забрането е да се копира и реобјавува, цел или во делови без дозвола од В. С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Лавовите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав (тековен стил) Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби