In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Ретрограден Марс во Водолија

 
Објавено на 19.06.2018 во 12:59

Ретрограден Марс во Водолија - револуционерот се буди
 

Во периодот од 26-ти јуни до 27-ми август 2018 година, на својот пат низ Водолија, Марс, црвената планета, ќе се премисли и ќе започне привидно да се движи наназад (ретроградно)

Што значи кога Марс се движи ретроградно?

Марс се смета за планета чии што вибрации даваат физичка енергија и ги поттикнуваат луѓето на акција, натпреварување, освојување и борба. Кога е во директен од во Водолија, Марс би требало да го зголеми духот на соработка меѓу нас луѓето, како и нашата посветеност на цели од кои корист ќе имаат сите. Исто така, под влијанието на Марс во Водолија во периодите од 17-ти мај до 26-ти јуни и од 27-ми август до 16-ти ноември 2018 година, би требало да станеме пооригинални во пристапот кон старите проблеми и поотворени за експериментирање со новите и неиспитани работи, кои би ни донеле промени.

Меѓутоа, кога Марс ќе биде во ретроградно движење, од 26-ти јуни до 27-ми август 2018, би требало да излезат на површина најнегативните пориви меѓу нас луѓето, нашиот бес, бунт и импулсот за борба со неистомислениците. Па, во ситуациите кога ќе ни се чини дека некој сака да ни го ограничи правото на слободен избор или да не врати во минатото, ќе бидеме подготвени да се бориме за одбрана на нашите права. Во таквите ситуации, со цел да си ја повратиме слободата во одлучувањето и загубените права, би требало да се служиме со сите средства што ќе ни бидат на располагање, дури и со насилните. Нашите реакции би требало да бидат посебно жестоки во борбата против авторитетите од секаков тип и против општо прифатените норми на однесување.

Како резултат на тоа, во периодот од 26-ти јуни до 27-ми август 2018 година, можно е да се организираат протести преку кои ќе се бараат правата на работниците, како и на сите маргинализирани групи луѓе во општеството. Но, постои и можност народот да се бунтува против политиките и одлуките на власта што ја води државата. Додека заради поголемата импулсивност што ќе владее во однесувањето на луѓето, заради некоординираноста на нашите постапки и заради тоа што ќе ни недостасува чувството за мерка, почесто отколку обично ќе се случуваат конфликти меѓу луѓето на јавните места и преку социјалните мрежи. Додека, слободата, правдата, независноста, братството и еднаквоста, ќе бидат најупотребуваните зборови во овој период.

Како ретроградниот Марс ќе влијае на секој знак

Начин на читање: Вашата ситуација најточно ќе ја опишува текстот што одговара на вашиот Подзнак.

Но, потоа можете да ги проширите своите сознанија со текстот што одговара на вашиот знак.

Доколку не го знаете својот Подзнак (Асцендент), направете го бесплатниот примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Овен

Иако Марс е агресивен по својата природа, кога е во Водолија неговото сечиво е затапено и е благонаклонет кон вас. Па, во периодот од 17-ти мај до 26-ти јуни и од 5-ти септември до 16-ти ноември 2018 година, би требало да почувствувате силна доза на активизам. Тоа значи дека ќе ви се појави желба да смените нешто во општеството во кое живеете. Па, таа желба би можела да ве однесе во редовите на некоја политичка партија, невладина организација или ќе делувате како самостоен Фејсбук активист. Во исто време ќе кроите многу планови, ќе сметате на помошта од пријателите и ќе градите мрежа на истомисленици со кои подоцна би можеле и професионално да соработувате. Всушност, полека ќе учите како да го зауздате своето его во името на некоја повисока цел или интерес. Тоа ќе ви помогне да го проширите кругот на познаници, да оформите нови пријателства.

Затоа пак во периодот кога Марс ќе биде ретрограден, од 26-ти јуни до 27-ми август, некои од вашите планови и цели во животот би можеле да се изјаловат. Додека партијата, клубот или организацијата во кои членувате би можеле да се обидат да ја искористат вашата наивност и импулсивност и да ве втурнат во некаков конфликт, кога ќе бидете искористени за остварување на туѓи цели, од кои вие ќе немате корист. Посебно стресно на тој план би било околу 27-ми јули, кога Затемнувањето на Месечината ќе се случи на иста позиција на која ќе се наоѓа ретроградниот Марс. Во периодот од 14-ти до 27-ми август, кога Марс повторно ќе се врати во Јарец, би можеле да ви се вратат старите проблеми на план кариера, односи со колегите, претпоставените или проблемите со доминантниот родител. Додека во периодот од 27-ми август до 5-ти септември, кога Марс ќе се мачи повторно да го фати замаецот и да се придвижи напред, родените на 19 и 20 април ќе чувствуваат дека стојат во место.

Бик

Енергичниот Марс, во периодот од 17-ти мај до 16-ти ноември 2018 година, би требало да предизвика да ве заплисне нов бран енергија и да се зголемат вашите амбиции на професионален план. Меѓутоа, се што ќе остварите и добиете ќе биде извојувано во жестока битка. Ако вашата професија е поврзана со војската, полицијата, хирургијата, градежништвото, занаетчиството и механизацијата, би можеле на полесен начин да дојдете до целта. Но, и покрај тоа, ако сакате да го избегнете конфликтот со претпоставените, ќе мора да го контролирате своето его, долгиот јазик и желбата да им солите памет на другите. Посебно во периодот кога Марс ќе биде ретрограден, од 26-ти јуни до 27-ми август 2018 година.

Во периодот од 14-ти до 27-ми август, кога Марс повторно ќе се врати во Јарец, би можеле да имате проблеми со законот, на некое патување, во комуникација со странци, при полагање испити. Негативните вибрации што ретроградниот Марс ќе ги шири на план на вашата кариера, во комуникацијата со колегите и со претпоставените ќе бидат највпечатливи за време, пред и по Затемнувањето на Месечината на 27-ми јули. Тоа посебно ќе го почувствуваат родените на 25-ти и 26-ти април.

Близнаци

Пријателскиот Марс во Водолија ќе биде како создаден за вашата натпросечна амбиција. Па, во периодот од 17-ти мај до 26-ти јуни и од 5-ти септември до 16-ти ноември 2018 година, би требало пред вас да се отворат нови шанси поврзани со странство и странците или професионална соработка со други центри и градови. Периодите ќе бидат поволни и за стручно усовршување и образование. Затоа е пожелно да ги искористите сите можности (семинари, курсеви, обуки) за доедукација, која ќе ви донесе просперитет во иднина. А, ако вашата професија е поврзана со образованието или ако сте студенти, веројатно сите сили ќе ги вложите во докажување на своите способности. Во периодот од 14-ти до 27-ми август, кога Марс ќе се врати повторно во Јарец, би можеле да се обноват вашите проблеми со парите, заемите, банките, наследствата.

Меѓутоа, во периодот од 26-ти јуни до 27-ми август, кога Марс ќе се движи ретроградно, би било пожелно да бидете повнимателни ако патувате во странство. Бидејќи постои можност да имате проблеми. Така, можно е да се откаже летот, да доцни поаѓањето на автобусот, да имате проблеми со багажот, на царина. Исто така, постои можност самите да се саботирате себеси околу некое патување, учење, работа со странство или во комуникацијата со високообразовните институции. Сето ова ќе биде посебно нагласено во периодот пред, за време и после Затемнувањето на Месечината што ќе се случи на 27-ми јули и тоа на истиот степен со ретроградниот Марс.

Рак

Марс во Водолија ќе предизвика нагло да се зголеми вашата сексуална енергија и интересот за сексот во периодот од 17-ти мај до 26-ти јуни и од 5-ти септември до 16-ти ноември 2018 година. Па, ако немате адекватен партнер кој ќе ви овозможи длабоко и интензивно да уживате во сексот, ќе бидете подготвени да се согласите и на половични односи, само да ја задоволите својата глад за физички контакт. Паралелно со ова, ќе тече и процесот на расчистување со старите долгови, кредити, алиментации, наследство.

Меѓутоа, добро е да знаете дека во периодот од 26-ти јуни до 27-ми август, кога Марс ќе биде во ретрограден од, би требало да бидете исклучително внимателни со парите, заемите и инвестициите. Ова предупредување ќе биде посебно важно во периодот околу 27-ми јули, бидејќи Затемнувањето на Месечината ќе се случи на иста точка на небото каде што ќе се наоѓа ретроградниот Марс. Додека во периодот од 14-ти до 27-ми август, кога Марс повторно ќе се врати во Јарец, би можеле да оживеат вашите стари проблеми поврзани со бракот и брачниот партнер. Па, можно е да се соочите со конфликтни сцени, поради кои ќе биде во опасност опстанокот на вашиот брак. Но, можно е да имате и проблеми од правна природа или во бизнис партнерствата. Додека, во периодот од 27-ми август до 5-ти септември, кога Марс ќе се труди да го фати залетот и да тргне напред, не би требало да давате пари на заем на пријателите, ниту да влегувате во нови долгови. Во исто време, би требало да бидете внимателни и при ракувањето со остри предмети. Посебно ако сте родени на 21 и 22 јули.

Лав

Во периодот од 17-ти мај до 16-ти ноември 2018 година, Марс ќе предизвика многу турбуленции во вашиот живот, и на приватен и на професионален план. Добро е да знаете дека случувањата низ кои ќе поминува вашиот партнер ќе се одразат на вашиот однос. Ако на тоа се надоврзе и нетрпението поради разликата во карактерите и неспоивите интереси, се исцртуваат причините за кризата во вашиот брак. За да не дојде до раздвојување, ќе треба одлуките да ги донесувате рационално, со студена глава. Ако сте слободни, некои од вас можеби преку ноќ ќе одлучат да стапат во брак. Но, не смеете да избрзувате ниту со стапувањето, ниту со излегувањето од брак. Посебно додека Марс е ретрограден, во периодот од 26-ти јуни до 27-ми август 2018. А, најмногу околу 27-ми јули. Бидејќи тогаш ќе се случи Затемнување на Месечината на истата точка на небото каде што ќе биде ретроградниот Марс и тоа ќе се покаже како погубно за иднината на вашите партнерски односи. Посебно ако сте родени на 28-ми и 29-ти јули.

Во периодот од 14-ти до 27-ми август, кога Марс ќе се врати во Јарец, би можеле да се активираат некои ваши стари проблеми поврзани со работата или здравјето. Генерално, ве очекуваат разни перипетии. Вашите пријатели и непријатели ќе ги сменат местата. Ќе отпочнете или прекинете едно професионално партнерство или ќе имате проблеми со претпоставените и воопшто со прифаќањето дека некој друг има моќ над вас. Но, можни се и судски процеси во периодот до 16-ти ноември. А, најчувствителен по однос на правните работи ќе биде периодот од 26-ти јуни до 27-ми август. Притоа, најкомплицирано ќе биде за Лавовите чија професија е поврзана со правото, судовите, политиката и за Лавовите кои во различни својства се појавуваат во јавноста. Тие со својата тврдоглавост и со неможноста да се прилагодат на новонастанатата ситуација, ризикуваат да го навлечат туѓиот гнев или да се судрат со законот.

Девица

Под влијанието на агресивниот Марс, во периодите од 17-ти мај до 26-ти јуни и од 5-ти септември до 16-ти ноември 2018 година, би требало да се зголеми стресот во вашето секојдневие. Посебно на вашето работно место. Ако сте невработени, ќе се истоштувате во обидите да најдете достоинствен професионален ангажман што би ја подобрил вашата финансиска состојба и би ви ја поткренал самодовербата.

Ако сте во работен однос, веројатно ќе бидете претоварени со работа, ќе останувате да работите прекувремено. Но, и покрај тоа, не ќе можете да ги завршите сите обврски. Таквата ситуација ќе ве прави нервозни. Па, ако бесот го потиснете во себеси, на врата ќе ви чукнат проблеми со здравјето (бубрези, мочен меур, тироида).

Ако пак го кажете она што го мислите, сигурно ќе се фатите за гуша со некои од колегите. Ова ќе биде посебно изразено во периодот околу 27-ми јули кога Затемнувањето на Месечината ќе се случи на истата точка на небото каде што ќе се најде ретроградниот Марс. Моја препорака би била да најдете издувен вентил за акумулираното незадоволство и бес. Тоа може да биде некаков спорт, јога вежби, медитации или само обично, но долготрајно пешачење во природа. Ако сте на функција, внимавајте кои луѓе ги вработувате. Колегите кои се на пониска позиција би можеле да ви подготват бунт или ќе работат на ваше сменување. А, опасноста ќе потрае до 16-ти ноември.

Во периодот од 14-ти до 27-ми август, кога Марс повторно ќе се врати во Јарец, на површина би можеле да излезат старите проблеми во вашиот љубовен живот или во односот со децата, кои, за мир во куќата, не ги решивте кога се појавија, туку само ги ставивте под тепих. Не избрзувајте со решенијата до 27-ми август. Бидејќи до тогаш од вас ќе зборува гневот, па би можеле да направите грешка. Најпогодно време за донесување одлуки од кои ќе зависи вашата и нивната иднина ќе биде периодот од 27-ми август до 12-ти септември.

Вага

Марс ќе биде пријателски настроен кон вас во периодите од 17-ти мај до 26-ти јуни и од 5-ти септември до 16-ти ноември 2018 година. Па, благодарение на неговите поттикнувачки вибрации, вие ќе почувствувате зголемен наплив на сексуална енергија, која ќе морате некако да ја потрошите. Ако сте слободни, водени од слепата страст, можно е да заборавите на вашите критериуми и да легнете со првата личност што ќе ве привлече со својот сексапил. Но, откако страста ќе помине, конфликтите во вашиот љубовен живот ќе бидат неизбежни. Ако сте во врска или брак, водени од сексуалниот порив, можно е да направите неверство. Ако имате деца и ако не сте ги научиле на почит, тие би можеле да манифестираат агресивност кон вас, да се однесуваат тврдоглаво, насилнички. А, постои и можност да претрпите и финансиски загуби заради партнерот или децата.

Шансата за вакво нешто ќе биде најголема околу 27-ми јули, кога Затемнувањето на Месечината ќе се случи на истиот степен како и ретроградниот Марс.

Во периодот од 14-ти до 27-ми август, кога Марс за кусо ќе се врати во Јарец, веројатно ќе се реактивираат вашите стари и нерешени проблеми поврзани со местото на живеење или со членовите на семејството. Додека во периодот од 27-ми август до 5-ти септември, кога Марс ќе го фаќа замаецот за да се врати во директен од, семејните проблеми би можеле да ви изгледаат како нерешливи. А, во периодот од 5-ти септември до 16-ти ноември, сексот повторно ќе го окупира вашиот живот. Па, можно е да уживате во погруб секс или ќе се обидувате да доминирате во врската. Во овој период би можеле да постигнете врвни резултати ако се занимавате со спортот.

Шкорпија

На својот пат низ бунтовната Водолија, агресивниот Марс нема да биде многу благонаклонет кон вас, во периодот од 17-ти мај до 16-ти ноември 2018 година. Тој би можел да предизвика конфликти во вашето семејство. Причината би била неправедниот или неморалниот однос на некои од неговите членови. Па, ако не ги контролирате своите постапки и ако дозволите да ве обземе омразата, вербалниот конфликт би можел да прерасне во физичка пресметка меѓу вас, брачниот партнер и родителите или другите членови на семејството. Ова посебно ќе биде нагласено во периодот околу 27-ми јули, кога Месечевата Еклипса ќе се случи на истата точка на небото на која ќе се наоѓа и ретроградниот Марс. А, најмногу би биле на удар родените на 28-ми и 29-ти октомври.

Додека Марс е ретрограден, од 26-ти јуни до 27-ми август, не е препорачливо да купувате, продавате, изнајмувате или реновирате недвижен имот, бидејќи би можело да имате непланирани проблеми. А, пожелно е и внимателно да ракувате со електричните апарати, ем со цел подолго да ви траат, ем да заштедите пари за мајстор, а и да се поштедите од пожари.

Во периодот од 14-ти до 27-ми август, кога Марс повторно ќе се врати во Јарец, би можел да ги активира вашите нерешени проблеми од минатото со браќата, сестрите, роднините и соседите. А, решението би се нашло во периодот од 5-ти до 12-ти септември.

Стрелец

Под влијанието на неуморниот Марс ви претстојат многу активни и динамични периоди, од 17-ти мај до 26-ти јуни и од 5-ти септември до 16-ти ноември 2018 година. Тоа значи дека ќе имате исполнета дневна агенда со активности, многу движење, комуникација со луѓето, многу средби, состаноци, патувања. Луѓето ќе се интересираат за она што го работите или за искуствата што сте ги стекнале. Па, можно е на некаква трибина да раскажувате за вашето искуство. Можеби ќе планирате да се проширите на професионален план или пак ќе држите работилници или предавања на теми што ви се блиски.

Меѓутоа, во периодот од 26-ти јуни до 27-ми август, кога Марс ќе се движи наназад, би требало повнимателно да се однесувате во сообраќајот, да внимавате каде го чувате паричникот и каде оставате важни документи. Но, во истиот период би можеле да имате проблеми и кавги со браќата, сестрите, роднините или соседите. Ако сте во можност, би било пожелно во периодот околу 27-ми јули, кога Месечевата Еклипса ќе се случи на истата точка на небото на која ќе се наоѓа ретроградниот Марс, да ги откажете подолгите патувања, да внимавате додека сте во сообраќајот, и како пешаци и како возачи, и да го контролирате бесот што веројатно ќе ви го предизвика некој од соседите или роднините.

Во периодот од 14-ти до 27-ми август, кога Марс ќе се врати во Јарец, би требало да се воздржите од бесмислени трошоци.

Јарец

Под влијанието на Марс би можела да биде загрозена вашата финансиска стабилност во периодите од 17-ти мај до 26-ти јуни и од 5-ти септември до 16-ти ноември 2018 година. Тоа значи дека веројатно многу ќе работите. Но, парите, некако, ќе ви се измолкнуваат од рацете. Па, и покрај вашата надалеку прочуена штедливост, веројатно ќе ви биде тешко да ги избегнете непланираните трошоци, финансиските измами или невратените заеми. Но, ако некому вие должите, на човек, на банка или на друга институција, веројатно ќе си платите со камата. Ситуацијата би можела да се влоши кога Марс ќе тргне во ретрограден од, во периодот од 26-ти јуни до 27-ми август. Тогаш би можеле да ве следат малери на финансиски план. Но, можни се и кавги, закани и физички пресметки заради пари со партнерот или со децата. Посебно околу 27-ми јули кога Месечевата Еклипса ќе се случи на истата точка на небото каде што ќе се наоѓа и ретроградниот Марс.

Во периодот од 14-ти до 27-ми август кога Марс повторно ќе се врати во вашиот знак, вие ќе почувствувате дека нервозата во вас врие и дека немате трпение за глупостите на луѓето. Затоа, лесно ќе влегувате во конфликти. Но, можни се и физички пресметки. А, ако го потиснете бесот и не ја канализирате енергијата, би можеле да си предизвикате опаѓање на имунитетот и повреди на телото. Во периодот од 27-ми август до 5-ти септември, кога Марс повторно ќе фати залет за да тргне во директен од, ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака и ќе бидете автодеструктивни. Посебно ако сте родени на 18-ти и 19-ти јануари.

Водолија

На својот пат низ вашиот знак, од 17-мај до 16-ти ноември 2018, Марс ќе го засили вашиот енергетски набој. Но, како ќе ракувате со него ќе зависи само од вас. Со други зборови кажано, вие ќе имате физичка сила, храброст, енергија и мотив да тргнете во акција. Па, ако имате некој план или идеја за кои размислувате, сега е време да започнете со нивна реализација. Но, ако и понатаму се колебате, ако одложувате, ќе се почувствувате неуспешни. А, тоа чувство ќе ве фрустрира и ќе прави да бидете нервозни во комуникацијата со луѓето. Исто така, ќе ве револтира ако почувствувате дека некој ви го ускратува слободниот избор, ако ви ја ограничува слободата или ако ви наметнува решенија кои не се ваши. Па, веројатно често ќе барате празнење на агресијата преку предизвикување конфликти, преку викање, карање, насилни реакции.

Вашата бунтовност и револуционерниот импулс би можеле посебно да се манифестира во периодот кога Марс ќе биде ретрограден, од 26-ти јуни до 27-ми август 2018. А, ескалацијата ќе се случи околу 27-ми јули, кога позицијата на која ќе се наоѓа ретроградниот Марс ќе ја засени Затемнувањето на Месечината.

Како резултат на оваа планетарна спојка, би можеле да имате и здравствени проблеми во месеците што следат. Како што се физички повреди, чести главоболки, проблеми со синусите, проблеми со крвотокот, со отекувањето на нозете, повреда на главата. Здравствените проблеми и незадоволството со себеси и со својот живот би требало најмногу да ги погоди родените на 25-ти и 26-ти јануари.

Во периодот од 14-ти до 27-ми август, кога Марс повторно ќе се врати во Јарец, можно е да имате депресивни епизоди или пак да ви се повторат проблемите што ги имавте со своите скриени непријатели и ривали.

Риби

Марс нема да биде пријателски расположен кон вас во периодот од 17-ти мај до 16-ти ноември 2018 година. Тоа значи дека веројатно често ќе чувствувате дека вашиот љубезен и тактичен настап не ви ги донесува саканите резултати и дека не можете секогаш да го добиете тоа што го посакувате. Меѓутоа, не смеете да му дозволите на вашиот страв од губење на контролата да ве блокира. Бидејќи, на тој начин ќе стоите во место и ќе се чувствувате фрустрирани.

Во периодот од 26-ти јуни до 27-ми август 2018, кога Марс ќе биде во ретрограден од, постои можност да оформите некои тајни односи со извесни луѓе или да се согласите на професионална соработка за која нема да се знае во јавноста. Но, исто така е можно да ја испровоцирате омразата кај некои луѓе кои имаат моќ и тие да станат вашите тајни непријатели. А, не е исклучена ниту можноста да добивате закани од насилници. Ова посебно би било изразено во периодот околу 27-ми јули, кога Затемнувањето на Месечината ќе се случи на истата точка од небото каде што ќе се наоѓа ретроградниот Марс.

Во периодот од 14-ти до 27-ми август, Марс повторно ќе се врати во Јарец. Тоа повторно ќе ги направи актуелни вашите пориви за здружување со луѓето кои имаат исти погледи на светот и кои работат на иста цел, како што се сопартијците или членовите на клубот на кој му припаѓате. А, вашите намери веројатно ќе ги канализирате во заедничка акција.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Лавовите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Наталната карта која ја направив кај вас е рефлексија на мојата душа, на суштината на она што сум јас или на она што се нарекува битие!!! Благодарам што ми ја покажавте вратата кон другите скриени димензии на креацијата наречена живот! 

Димитар Луневски-Чипо, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав (тековен стил) Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби