In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Во што се крие благословот

Објавено на 07.11.2019 на 13:54

Во што се крие благословот
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

Беше тоа одамна, во првите години на дваесет и првиот век. Беше саботно попладне и јас штотуку го бев испратила мојот гостин од емисијата на „Телма". Се подготвував да ја напуштам телевизијата кога заѕвони телефонот:

„Добар ден. Сакам да разговарам со Виолета."

„Јас сум на телефон. Со кого разговарам?"

„Овде е една ваша редовна гледачка, да не кажам обожавателка. Многу ми се допаѓа тоа што го работите, па ме интересира дали правите Натални Карти и за обични луѓе, не само за ѕвезди?"

„Секако Г-ѓо, но кога имам време. Кажете ми ги вашите податоци, па ако можете да почекате..."

„Не, не. Не барам за мене, туку за моето дете" одговори гласот од другата страна.

„Се извинувам, не правам Натални Карти за деца", одговорив јас, со намера да се поздравам и да ја спуштам слушалката, кога упорниот глас ме пресече сред акција:

„А, па син ми не е дете. Има 30 години. Ама за мене секогаш ќе биде дете", се обидуваше гласот да ме омекне.

„Во тој случај, нека ми се јави син ви. А, ако не сака, ние не можеме да правиме ништо против неговата волја. Тоа не е ниту морално ниту фер, нели?", се обидував да бидам гласот на совеста. На тоа гласот во слушалката побрза да каже:

„Во ред, во ред. Едвај ве најдов. Тогаш ќе ви ги кажам моите податоци. И јас имам потреба за средба. А, ако сака тој нека си дојде сам."

Така дознав дека Г-ѓата се вика Лана и дека има над педесет години. Нејзината Натална Карта покажуваше дека би требало да станува збор за убава жена. Но, дека ќе биде толку убава, тоа не го очекував. Беше висока, вита жена, облечена во елегантен костим во маринско сина боја. А, белите детали го откриваа прекрасно граденото тело. Косата и беше долга, руса, сплетена во растурена плетенка, која му даваше посебен шарм на лицето. Изгледаше многу, многу помладо од годините. Не го криев моето воодушевување од нејзиниот изглед, па извикав:

„Уааау...Прекрасно изгледате. И јас би сакала да изгледам така на ваши години."

„Фала мила, генетика", мазно возврати таа. Мајка ми изгледа уште поубаво на осумдесет години, а никогаш не ставала помади. Само свинска маст. Кога бев млада немавме за јадење, а камоли за луксуз."

„Да, ама затоа сега би требало да спиете на пари", направив јас старт за вовед во толкувањето на нејзината Натална Карта.

„Ах, пред да почнам да не заборавам да ве прашам. Од каде името Лана? Многу необично за некој што е роден во Македонија во екот на Втората Светска војна." Таа се насмевна како некој кој често го слуша тоа прашање, па рече:

„Мајката на мојот кум била Хрватица. А, во тоа време зборот на кумот било закон. Ние бевме девет деца, од кои јас најмала. Па, тој сиромав редел имиња, редел. На крај му се истрошиле сите, па неговата мајка пресекла: „Лана да се вика", за што сум и благодарна. Цел живот, а посебно кога растев, бев уникатна со името."

„Ех, не бидете скромна, не е само со името. Вие сте уникатна на секој план", бев искрена јас.

Потоа, започнав да го раскажувам тоа што го гледав во нејзината Натална Карта. Беше тоа слика на успешна жена на секој план и професионално и финансиски и љубовно, освен еден сегмент. Заради фактот дека во минатиот живот таа била жена која се откажала од своето дете за да се омажи за богат маж, во овој живот требаше да има проблем со бременоста и децата. Па, беше можно да стане мајка само ако има вонбрачно или посвоено дете. Така ќе го отплатеше кармичкиот долг. После оваа моја реченица таа ме прострела со долг и испитувачки поглед и, веројатно, кога нејзината интуиција и потврди дека може да има доверба во мене, ја започна својата исповед:

„Како што веќе споменав, потекнувам од многу, многу сиромашно семејство кое за време на Втората Светска Војна мораше засекогаш да го напушти својот дом и да се пресели на друго, посигурно место. Работеше само татко ми, а бевме девет деца. Ништо не се фрлаше. Облеката од едното дете, откако ќе ја израснеше, ја носеше помалото и така додека не се скине. Единствено што имав беше мојата убавина и амбиција. Уште немав ни осумнаесет години, кога во мене се загледа еден постар дечко. Бааги постар. Колку што ние бевме сиромашни, толку неговото семејство беа познати како еснаф луѓе, кои имаа и од пиле млеко. Се гледавме на корзо некое време. Јас убава, каде што ќе згазнам земјата пука. Сите момчиња во мене гледаа. Тој веќе престарен ерген, за тоа време, требаше под итно да се жени, да ја продолжи лозата. Ми пријде и рече дека сака да му бидам жена."

„Како тоа, без да се познавате без ништо?" се зачудив јас.

„Па, во тоа време не беше чудно луѓето да се земаат ако само се гледале на корзо", ми одговори Лана.

„Ама јас амбициозна каква што бев му реков дека јас не се мажам додека не завршам факултет. Фала Богу после ослободувањето човек не мораше да има пари за да учи. Но, тој отракан, за да биде сигурен дека ќе ме зачува за себе, ми рече дека ќе можам кај него да учам, дека тој ќе ме гледа како капка вода на дланка. Дека ќе ми најде слугинка, ќе ми помага и нема да треба ништо да правам по дома освен да учам. И така се зедовме. Коста си го исполни зборот. Најде некое девојче без родители да ни работи по дома. Требаше да речам „а", за тој да ми даде „на". Јас бев редовна на факултет, една од најдобрите. И се ќе беше како од бајките, ама кога дојдов на трета година од факултет и веќе беше крајно време да останам трудна, оти на Коста годините му минуваа, јас никако не можев."

„Можеби интимно не сте сакале?" прашав јас.

„Не знам што да кажам. Од една страна, сакав дете. Но, од друга, таман видов живот, требаше да седам дома и да се грижам за детето. Како и да е, лекарите рекоа дека имам превртена матка и дека тешко ќе забременам. Тогаш медицината уште не беше толку напредната. Немаше ни вештачко оплодување, ни ехо, ни бутур. Коста ме сакаше повеќе од себеси, ама забележував тага во неговите очи. Неговиот пет години помлад брат веќе имаше две деца, а тој не. Свекор ми и свекрва ми почнаа да ме гледаат попреку, како некој што му го запустил животот на синот. Беше многу тешка атмосфера.

Еден ден Коста се врати од кај неговите со една идеја:

„ Знаеш, ми вели. Што мислиш јас да имам дете со Галина?", така се викаше слугинката. Јас се шокирав.

„Како со Галина?", прашав.

„Па, таа нема никого, нема ништо", настојуваше Коста, „Па, мислев да и понудам пари, да ми роди дете. А, ние повторно ќе останеме заедно."

„Не ми се верува, ко на филм", реков јас и додадов „Каков удар за егото на една убава и умна жена."

„О, да. Неколку месеци поминав во агонија. Веќе се навикнав на лагодниот живот и знаев што е сиромаштија, па не сакав да го изгубам. Си мислев дали маж ми се вљубил во слугинката, па сега бара начин како да ме откачи од животот? Ама неговото однесување заслепено од љубов кон мене ми покажуваше дека не е така. Потоа си мислев што ако го дозволам тоа, а Коста, Галина и детето продолжат да живеат како семејство, а јас да извисам. Па, после си викав: „Што ако Галина не го дава детето откако ќе се роди? Што ако каже некому? Каков скандал ќе биде тоа?"

Но, како времето поминуваше се привикнав на идејата. Човек се навикнува на се, мила. Уште повеќе што мене ме јадеше јанѕа дека Коста навистина може да си побара друга жена, кога јас не сум способна да родам. Си велев:„ Ако покажам великодушност, би можела со тоа да го задолжам за цел живот."

„Ииии...", бев нестрплива да чујам јас.

„И на крајот се согласив. Фала Богу се излезе како што се договоривме. Никој не правеше проблеми. Ние добивме здраво машко дете. А, Галина се пресели во друга држава и си доби отпремнина со која можеше да си купи стан и да живее долг низ години. Како и што си претпоставив, после тој мој гест јас ја придобив почитта од сите, од свекорот, свекрвата. А, најмногу од Коста. Па, потоа си го живеев животот како јас што сакав. Патував каде што сакам, одев сама каде што сакам. Излегував сама со пријатели, што за тоа време беше нешто непојмливо. Секој маж што ќе ми се допаднеше беше мој. Се облекував, и тогаш и сега, најскапо. А, Коста ми јадеше од раце. Сигурна сум дека и душата би ја дал само ако побарам. Меѓутоа, сега имаме проблеми со тој, наш син. Коста и неговите родители многу го разгалија. Јас бев построга. Факултетот уште не го заврши. Се фати со лошо друштво, прави разни глупости. На памет не му паѓа да се жени. Ама ај, ќе видиме што му стои ако го наговорам да дојде кај тебе. Иако не верувам. Многу е тврдоглав."

„А, синот знае ли за целава работа околу неговото раѓање?" прашав јас, колку да знам што би правела во иднина.

„Неее. И мислам дека нема причина да знае. Тој е наш, ние го одгледавме."

„Да. Ама ако ја изработувам неговата Натална Карта можеби ќе стои таков податок. Дали тогаш да му го кажам? Иако има една многу интересна работа. Во Наталните Карти на посвоените деца аспектите се поврзани со Наталните Карти на родителите што ги посвоиле, а не на оние што ги родиле. Тоа покажува дека тие се судбински поврзани со посвоителите или меѓу нив постојат дури и кармички долгови. А, оние што ги родиле се само средство преку кое нивните души доаѓаат на овој свет да ја одработат својата задача. Кажете ми ги податоците на синот?"

Лана ги издиктира неговите податоци, а јас ги споредив со нејзината Натална Карта. Некаква топлина ме облеа во душата кога видов дека тие се поврзани од минатиот живот и дека таа тогаш била неговата мајка. Веројатно мајката која го оставила за да се омажи за богат маж. Сега ситуацијата беше обратна. Лана веќе беше во брак со богат маж, но требаше да ја проголта сопствената гордост за да и биде овозможено да ја продолжи врската со својот син кој го напуштила во минатиот живот. Кога и го кажав ова на Лана, солзи почнаа да и течат низ лицето:

„Секогаш имав гард кон моето дете бидејќи знаев дека не е мој. А, секогаш чувствував дека нешто му должам и дека никако не можам да му надокнадам. Сега ми е јасно што е тоа."

„Веројатно и тој го чувствувал истото и се однесувал бунтовно кон вас. Сега кога сознанието допре до вашата душа ќе се случи промена во вашето однесување што ќе предизвика промена и во неговото. Мислам дека ви претстои посветла заедничка иднина."

На искуството што го имав со Лана некако природно ми се надоврзува еден психолошки експеримент за кој раскажува авторот Алан Коен. Експериментот се состоел во тоа што психолозите наполниле една соба со нови играчки и во неа донеле дете кое е оценето како негативно и неблагодарно.

Што се случило?

Детето брзо одело од играчка до играчка. Си играло со секоја од нив по неколку мига, а потоа се свртело кон истражувачот и се пожалило дека му е здодевно и дека сака да прави нешто друго.

Потоа, експериментот е направен со дете кое е оценето како многу позитивно и оптимистично. Научниците го вовеле во соба во која се наоѓал само куп коњски лепешки.

Што се случило?

Сите биле вчудоневидени кога забележале огромна насмевка на лицето на детето.

„Зошто си толку среќен?", го прашал истражувачот.

„Затоа што ова значи дека некаде во близина мора да се наоѓа некое пони-коњче!", среќно одговорило детето.

Што сакам да ви порачам со ова, драги мои пријатели? Сакам да ви кажам дека секогаш кога ќе наидете на ситуација која ви изгледа како соба полна со лепешки, потрудете се да откриете во што се крие благословот.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Лавовите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. 

Р.Б., Штип


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав (тековен стил) Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби