In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Сите бои на Виножитото

Овој текст е авторски и не смее да се копира и реемитува без одобрение на авторот, Виолета Марсол

Сите бои на Виножитото
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

Не знам како е тоа кај вас, но во мојот случај, доволно е да слушнам, видам или помирисам нешто и тоа мало нешто да создаде цела низа асоцијации на настани, луѓе и чувства. Затоа, понекогаш човековиот ум го замислувам како мобилен оператор кој е поврзан со сите точки од Вселената и има базни станици кои ги бележат сите наши активности. Па, доволна е некоја мисла, некој мирис, такт од песна, доволно е да поминеме покрај некое место, да чуеме нечиј глас и тоа да служи како повикувачки код, кој ќе ја натера базната станица да проработи и да ни извади список на чувства, сеќавања и асоцијации кои, на некој чуден и волшебен начин се поврзани со тој повикувачки код.

Така, слушајќи ја Хабанерата, аријата од операта Кармен на Жорж Бизе, што некој од моите Фејсбук пријатели ја имаше постирано, моите мисли се префрлија години наназад, и не знам поради која причина, запреа на мојата прва средба со Роберт. Беше тоа во пролетта 2003 година. Јас стоев во фоајето на МНТ со моите пријатели на паузата меѓу чиновите на операта „Кармен“, кога на својот тил почувствував туѓ поглед. Се свртев, како под некоја команда, и моите очи се сретнаа со неговите огледала на душата во боја на недозреан лешник. Додека се движеше кон мене забележав дека изгледа привлечно. Беше само неколку сантиметри повисок од мене, но имаше тело на балетан од кое бликаше мажевност.

Кога застана покрај мене се насмевна и ми ја подаде раката велејќи:

„Се извинувам што настапувам на ваков начин, но не знам кога друг пат ќе ве сретнам. Редовно ги гледам вашите емисии на Телма и ме интересира дали правите натални карти и за обичните смртници, не само за ѕвездите?“

Додека му објаснував дека мојата примарна работа е да им помагам на луѓето, а телевизијата е само нуспроизвод на мојата совесна работа, во себеси размислував дали навистина го интересира астрологијата и неговата натална карта или е тоа само еден неинвентивен обид да стапи во контакт со мене. Бидејќи, од неговите очи можев да прочитам дека му се допаѓам. А, тестостеронот што зрачеше од него натера многу жени во фоајето да се свртат и да го гледаат со копнеж.

Сепак, како професионалец, го прифатив неговото барање и си ветив дека нема да донесувам никакви заклучоци додека не му ѕирнам во душата, изработувајќи ја неговата натална карта. Она што го видов беше горе-долу идентично со она што го забележав на нашата прва средба. Роберт беше креативен човек со длабоки чувства и вулканска енергија. Потекнуваше од семејство со скромни материјални можности. Но, заради неговите способности, заради упорноста и издржливоста, тој беше предодреден да изгради успешна кариера и да живее во финансиска благосостојба. Меѓутоа, имаше проблем со изразувањето на чувствата, предизвикан од некоја емотивна повреда која ја доживеал во детството.

Кога малку подлабоко ја изанализирав оваа работа и побарав од кој момент во минатото датира неговата повреда, открив нешто запрепастувачко. Како прво, неговата Натална Карта откриваше дека тој бил непланирано дете, плод на некоја пијана вечер на неговите едвај полнолетни родители. Кои, откако се родил, немале многу време да му се посветат. Па, како резултат на тоа, Роберт требаше постојано да чувствува емотивна празнина, отфрленост и чувство дека не е доволно добар за да биде сакан. Но, требаше да развие и агресивно и безобразно однесување како одбранбен механизам во ситуации кога ќе се чувствува загрозен од другите.

Меѓутоа, уште позапрепастувачки беше моментот кога открив дека неговата прва најголема емотивна повреда била меѓу неговата четврта и петта година од животот. Таа повреда, која беше претставена како емотивно искористување, беше направила тој да престане да им верува на луѓето и уште повеќе да се затвори во себеси. Се прашував што би можело да му се случи на таа возраст, бидејќи бил многу мал да се разочара во љубовта или да биде оставен од девојката. Веројатно е некаков чин на отфрлање од страна на родителите, си помислив.

И покрај тоа, мојот впечаток за Роберт како за човек со кавалерски манири се потврди и за време на нашата средба. Дојде со прекрасен букет и со кутија белгиски чоколадни бонбони. Ми делеше комплименти за мојот изглед, за мојата облека, за мојата коса. Ја забележа уникатноста на мојот парфем. Го интересираше дали ми е доволно топло. Ми ставаше пијалок во чашата. И кога се увери дека се чувствувам удобно и дека ништо не ми фали, можевме да започнеме со работата заради која беше иницирана нашата средба.

Ги слушаше заинтересирано моите анализи. Се уфрлаше со куси коментари од типот на: „Да, така е“ или „Зарем и тоа се гледа?“ Отворено и рамнодушно го секцираше студениот и незаинтересиран однос на неговите родители кон него. Тврдеше дека одамна ја има надминато болката од невозвратената љубов кон нив. Посочи дека нивниот однос кон неговата 9 години помала сестра е сосема поинаков отколку кон него. Беше убеден дека родителите не го сакаат бидејќи погледот на него секогаш ги потсетува на жртвата што ја направиле стапувајќи во брак, не заради тоа што сакаат, туку затоа што мајка му останала бремена и немале пари за абортус.

Кога му споменав дека тоа не е неговата најголема емотивна повреда и дека неговата Натална Карта покажува дека во периодот кога имал меѓу четири и пет години се случил некој страшен настан кога тој се почувствувал незаштитен и искористен и тоа била причината емотивно да се затвори, Роберт сосема мирен, од позиција на набљудувач, а не учесник во настанот, ми одговори:

„Да. Имав четири и пол години кога ме силуваше вујко ми.“

Баааам...Овој одговор одекна во моите уши и се повторуваше како ехо. Но, мојот ум не сакаше да го прифати како вистина. Затоа останав без зборови, немо гледајќи во Роберт. Откако тишината што го исполнуваше просторот меѓу нас стана потешка од разговорот, се уште не до крај свесна за значењето на зборовите што ги слушнав, испалив рафал од прашања:

„Како тоа те силувал? Што беше тоа вујко? Дали си сигурен дека било така? Да не ти се причинило?“

А, притоа се борев од умот да ги тргнам сликите што ми се појавуваа кога ќе помислев на некое мало дете и возрасен човек кој сексуално се изживува над него.

„Така, ме силуваше братот на мојата мајка. Тогаш имаше околу дваесеттина години. Беше некој празник и ние бевме отидени на гости кај баба ми и дедо ми. По ручекот, додека возрасните беа во дворот, вујко ми требаше да ме успие во собата на спратот. Тогаш се случи тоа.“

За да го спречам да раскажува на што личел целиот тој одвратен чин, бидејќи се плашев дека мојот стомак нема да биде способен да го свари чуеното, го нападнав со нови прашања: „Па, ти зошто молчеше? Зошто не викаше?“

„Ми беше страв да не ми се налути мајка ми. Мислев дека повторно сум направил нешто погрешно. А, не сакав да ми се налути ниту вујко ми. Бидејќи, тој беше единствениот што ми покажуваше дека ме сака.“

Ми стана жал за малото, незаштитено и уплашено дете кое мисли дека прави нешто погрешно и кое ја доживува како љубов злоупотребата од страна на возрасниот член на неговото семејство. Но, ми беше жал и за возрасниот Роберт кој седеше наспроти мене и живееше со овој товар со години.

„А, потоа, што се случи?“ го продолжив јас разговорот.

„Потоа, секогаш кога вујко ми ќе дојдеше кај нас да ме чува, се повторуваше истото.“

„Добро. А, мајка ти зарем не забележа нешто сомнително во твоето однесување?“ се обидував јас да разберам.

„Па, затоа сум и лут. Не може да не забележала. Тоа трае до денешен ден. Но, таа избра да се прави слепа и глува. Избра да го заштити брата си. Не ме избра мене. Не ме заштити. Затоа, едвај чекав да пораснам. Се вработив веднаш по завршувањето на средното училиште и си изнајмив стан. Дома одам многу ретко. Се правдам дека имам многу работа. И навистина многу работам. Но, имав и многу среќа. Сретнав вистински луѓе во вистинско време. Се вработив во странска фирма и многу напредував во кариерата. Имам плата како да работам во некоја од европските земји.“

„Со вујко ти што се случи?“ бев љубопитна да дознаам.

„Па, тој се ожени. Има големи деца. Но, и ден денес се среќаваме од време на време. Само сега улогите се сменети. Сега тој зависи од мене. А, јас се однесувам сурово и бесчувствително кон него, за да му вратам за она во детството“ со победнички тон во гласот одговори Роберт.

„Но, тоа не е решение. Така повторно и повторно се повредуваш себеси, мислејќи дека го повредуваш него“ се обидував јас да го вразумам. „Мора да престанеш со таа деструктивна игра и да продолжиш да го живееш својот живот со сознанието дека не си ти одговорен ниту за туѓите грешки, ниту за туѓите гревови.“

„Па, јас веќе одамна го живеам мојот живот онака како што сакам, откако се изеслив од дома. Добро, на почетокот се обидував да бидам како сите други дечки на моја возраст и имав љубовни врски со многу девојки. Тоа за мене не е никаков проблем. Технички, јас можам да бидам и со девојки и не ми е лошо. Еве, на пример, и ти си ми многу привлечна. Но, вистински уживам само кога сум со мажи“ ја почна својата исповед Роберт. Па, кога виде дека нема прашања од моја страна продолжи:

„Живеев многу разуздан живот во последниве години и сега конечно сакам да се смирам. Во врска сум со еден човек од Масачусетс, Америка. Се запознавме преку работа. Тој дојде тука на одмор за да бидеме повеќе заедно. Потоа јас бев кај него. Си одговараме во се, но се плашиме дека далечината може да не раздели. Тој не може често да доаѓа кај мене заради работата. А, јас би ја напуштил работата, но не можам да добијам виза за подолг престој. Затоа, сакаме да се венчаме и јас да се преселам во Америка. Но, и тука има проблем. Државата Масачусетс, каде што живее Марк не ги признава истополовите бракови. Затоа, ме интересира што покажува мојата Натална Карта? Ќе успеам ли да се преселам во Америка и кога?“

Неговата Натална Карта покажуваше посериозна шанса за преселување дури по една и пол година. Го советував да продолжи да бара начини за остварување на неговата среќа. Но, да не се разочарува, бидејќи за година и пол треба да се случи нешто, што поволно ќе влијае на неговото преселување.

И навистина, следната година, на 17-ти мај 2004, државата Масачусетс започна со признавањето на истополовите бракови. А, на 2-ри ноември 2004, тоа го направија уште единаесет американски држави.

Откако замина за Америка немам информација што се случува со Роберт. Но, неговото животно искуство го буди во мене сеќавањето на една приказна која се случува во периодот меѓу двете Светски Војни. Слушнете за што станува збор:

Еден златар си седел во својата продавница и низ излогот ги набљудувал минувачите кога неговото внимание го привлекло носето на едно преслатко девојченце залепено за стаклото на излогот и нејзините сини очи. Во еден миг девојчето задоволно се насмевнало гледајќи во огрлицата од тиркиз изработена од вештите раце на мајсторот. Тоа влегло во продавницата и насочувајќи го показалецот кон огрлицата, со сигурен глас му рекло на златарот:

„Ве молам да ми ја спакувате оваа огрлица! Сакам да и ја подарам на сестра ми.“

Златарот вчудоневиден од нејзиниот сигурен настап, на шега, ја прашал:

„А, колку пари имаш?“

Подигајќи се на прсти, девојчето на пултот ја истурило содржината на едно мало лимено кутивче што го стискало во џебот. Од него излегле една шака ситни пари, неколку копчиња и школки.

„Ќе биде ли ова доволно?“ прашала таа со глас исполнет со гордост.

„Огрлицата има иста боја како очите на мојата постара сестра. Откако умре мама, таа прави се дома, се грижи за мене и никаде не излегува. Денес и е роденден, па сакав да ја изненадам.“

„О, прекрасен избор мала госпоѓице“ одговорил златарот и ја спакувал огрлицата во најлуксузната кутија. А, кутијата ја свиткал во најубавата црвено-златна хартија што ја имал во дуќанот.

Еден час подоцна во продавницата влегла прекрасна девојка со долга коса во медова боја и тиркизно сини очи. Ја ставила кутијата што ја пакувал златарот на пултот, ја отворила и проговорила:

„Дали е ова купено кај вас?“

„Да, госпоѓице.“

„А, колку чини?“

„Ах, во мојата продавница цените се работа на доверба меѓу мене и моите купувачи.“

„Во ред. Но, ова ми го подари мојата малечка сестра. А, таа сигурно не можела да плати за ваква скапа огрлица!“

Златарот ја затворил кутијата, повторно ја спакувал и и ја поддал на девојката велејќи:

„Не грижете се. Вашата сестра ја плати највисоката цена...даде се што имаше.“

Што сакам да ви порачам со оваа трогателна приказна драги мои пријатели?

Сакам да ве прашам колку пати сте се откажале од она што ви е важно, од себеси, со цел да ја одржите привидната хармонија во семејството или со пријателите?

Сакам да ве прашам колку пати не сте им поверувале на своите деца кога ви се жалеле на однесувањето на професорите, роднините, другарите, само за да си го сочувате сопствениот мир?

Сакам да ве прашам дали сте се заинтересирале зошто вашето дете одеднаш се затвора, станува апатично или агресивно или пак тоа му го припишувате на пубертетот?

Ве поттикнувам да отворите очи, да прашувате на време, бидејќи имаме секојдневни докази дека човек на човека му е волк. Но, најмногу од се, ве поттикнувам да разговарате со вашите деца, да покажете разбирање за нивните проблеми, поддршка и многу љубов.

Не дозволувајте вашите деца да ја платат највисоката цена за вашето невнимание или немањето време. Не дозволувајте тие да дадат се што имаат.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Лавовите. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав (тековен стил) Девица Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби