In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Астролошките сајтови


Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Мое гледање на Астрологијата

Виолета
Спасеновска Марсол
Астролог
 
Текст објавен во јуни 2007

Мое гледање на Астрологијата
 

“Астрологијата е наука”, велат нејзините приврзаници. “Астрологијата е суеверие создадено во времето кога царувале многубожечките религии”, велат нејзините противници. “Таа може да му помогне на човекот”, тврдат првите. “Таа делува сугестивно и не ја признава слободната волја”, убедени се вторите. Тие, вторите, својата недоверба најчесто ја изразуваат со прашањето: “Како воопшто можеш да го читаш тоа што го пишува во дневните хороскопи? Зарем не ти е чудно дека една дванаесеттина од луѓето во светот би требало да имаат судбина иста како твојата?” Ова прашање иако навидум логично всушност открива многу за тие што го поставуваат, открива дека луѓето не знаат што навистина е астрологијата. Но, исто така е вистина дека астрологијата најмалку се состои од дневните хороскопи што ги пишува по весниците. И додека тие навистина се пишуваат за забава на читателите и не се точни, сосема поинаков е случајот со наталната карта (вашиот личен хороскоп).

Хороскопот се изработува со помош на прецизни математички пресметки за движење на небеските тела, според датумот, часот и местото на раѓање на клиентот. Значи, хороскопот е нешто лично, уникатно, како што се отисоците од вашите прсти. А, за да се повтори истата слика на небото или друг човек да има натална карта каква што е вашата, се потребни верувале или не околу 25.920 години.

Сепак, ако веќе сте се поврзале на овој сајт, значи дека на свесно или несвесно ниво вие сте ја прифатиле астрологијата и барате некакви одговори за себеси, своите постапки, својата иднина.

– Меѓутоа дали астрологијата навистина може да ви помогне, колку и како?

– Одговорот е може.

– А колку?

Во моето долгогодишно искуство согледав дека некаде во 99% од случаите, наталната карта ќе го открие вашиот карактер, посебно ако тој не претрпел промени во процесот на вашето воспитување или заради влијанието од страна на околината. Таа ќе ги покаже позитивните и негативни периоди во вашиот живот, посебно ако вашиот хороскоп има силни аспекти. Наталната карта укажува и на вашиот однос кон родителите, кон блиските, кон авторитетите. Таа може да ги открие и вашите скриени таленти, помагајќи ви на тој начин во изборот на професијата. Но, исто така открива колку сте амбициозни или мрзливи, храбри или плашливи, харизматични и страсни. И што е најважно, наталната карта би можела да ви помогне да сфатите од каде сте дошле и кој е патот по кој би требало да одите, со цел да го искористите максимумот од своите потенцијали и да ги избегнете замките.

Исто така вашиот хороскоп ќе открие како се однесувате и што барате во љубовта, какви се вашите сексуални афинитети. Може да покаже колку вашата врска со друга личност ќе биде хармонична, во кои аспекти од животот ќе се сложувате со партнерот, а каде и во кој период би можеле да имате проблеми. Наталната карта може да укаже на склоноста кон некои болести, причината за нивно појавување и начинот како да ги надминете. Дури може да ви помогне да го одберете вистинскиот момент за операција. И можеби како најсуштествено би требало да знаете дека и покрај потенцијалите што ги открива вашиот хороскоп, тие би можеле да останат неискористени ако не се одлучите да тргнете во акција, ако сте мрзеливи и ако очекувате дека се ќе ви падне од Небо, без никакво залагање од ваша страна. Таквите случаи, кога картата открива дека личноста има потенцијал и таленти, но тие не се реализирале во нејзиниот живот заради различни причини, а најчесто заради страв или мрзеливост, јас ги нарекувам промашени судбини, бадијала потрошен живот.

Одиме понатаму. Во добра граница на веројатноста, наталната карта ќе ја покаже вашата евентуална склоност кон алкохолот и дрогата, претерувањето со храната, разните перверзии, психичките проблеми, фанатизмот, склоноста кон криминал, опасноста од насилна смрт. Но, исто така, со голема веројатност, хороскопот ќе ги открие и можностите да стекнете богатство, да добиете наследство или пари преку игри на среќа. Честопати, наталната карта може да открие дали сте физички убави, но може и да ви помогне да сфатите зошто некои “лоши” работи им се случуваат на “добри” луѓе.

Меѓутоа, во никој случај вашиот хороскоп нема да покаже како некои случувања го измениле или како ќе го изменат текот на вашиот живот и вашиот став кон светот. Хороскопот нема да покаже дали и колку влијаела средината врз формирањето на вашето однесување, нема да ја покаже вашата моментна професија, имињата и местата на случувањата, бојата на вашата коса и очи, вирусните и менталните заболувања, крвната група. Тука е најважно да знаете дека хороскопот не ја покажува должината на животот и моментот на смртта. Бидејќи со секој избор што го правиме, со секоја постапка, ние во секој момент имаме можност да ја смениме судбината на подобро или на полошо. Тука ќе се послужам со два примери од Библијата за кои верувам дека на сите ви се познати. Марија Магдалена била проститутка и со своето однесување ја предизвикала судбината да искреира ситуација кога таа требала да заврши каменувана од гневната толпа. Но, во мигот кога станала свесна за своето погрешно однесување и вистински се покајала, таа предизвикала промени и во својата судбина, ја избегнала смртта и доживеала чувство на исполнетост. Од друга пак страна, Јуда е еден од Исусовите апостоли, кој живеејќи покрај учителот, имал шанса за брз духовен развој и ослободување од земните зависности. Меѓутоа, неговата судбина се менува во моментот кога тој дозволил љубомората кон способностите на учителот и алчноста да му ја заматат свеста. На тој начин се сопнал на патот на духовниот развој, ја сменил својата судбина и самиот го предизвикал својот тажен крај. Всушност, како што еден мудрец рекол, во Универзумот не постои неутрална територија. Секој квадратен метар, секој дел од секундата е или во рацете на Бог или во рацете на ѓаволот. Но, вие секогаш имате право на избор.

И конечно, според моето искуство, само во 1% од случаите, иако дадете точни податоци за датумот, времето и местото на вашето раѓање, хороскопот би можел воопшто да не одговара на вашиот карактер и на случувањата од вашиот живот. Прашањето е зошто? Според моите согледувања постојат неколку причини. Можно е факторите на наследување и условеност да биле премногу силни и да ве принудиле да го потиснете вашиот вистински карактер. Но, можно е да било силно влијанието на некој квазар во моментот на вашето раѓање, со што се се пореметило. Исто така е можно причината да се крие и во фактот дека хороскопот се базира на дванаесет знаци, дванаесет полиња, со кои би требало да владеат дванаесет планети. Меѓутоа за сега, недостасуваат уште две планети за се да биде комплетно и хармонично. Тоа е можната причина во описот на вашата личност да постојат недостатоци, недоречености, грешки.

– На кој начин, како делува Астрологијата? И како е можно некоја планета и тоа уште во моментот на вашето раѓање да влијае врз формирањето на вашиот карактер, врз случувањата од вашата иднина?

Од моето дваесетгодишно искуство во Астрологијата и во потрага по Вистината, дојдов до следните сознанија (кои и понатаму трпат корекции) за тоа како планетите можат да делуваат на нашето однесување, на карактерот. А карактерот подоцна ја креира нашата судбина.

Од една страна, во науката е познато дека електро-магнетните бранови кои природно ги емитира Земјата, вибрираат на иста фреквенција со мозочните бранови на човекот и останатите животни. Тие управуваат со биолошките ритмови на сите живи организми и се неопходни за нивниот и наш опстанок. Така, со помош на електро-магнетните бранови кои ги емитира Земјата, птиците, рибите и останатите животни го пронаоѓаат вистинскиот пат за време за своите сезонски миграции, знаат кога треба де се парат. Исто така, и секоја планета има свои електро-магнетни бранови кои ги емитира во просторот. На тој начин планетите меѓусебно си влијаат едни на други, но влијаат и на Земјата, на се што живее на Земјата, на човечкиот ум.

Од друга страна, се што гледаме во светот што не опкружува (луѓе, животни, растенија, планети, ѕвезди) иако се изградени од материја во суштина се некаков вид на енергија. Порано езотериците тврдеа, а сега веќе и физичарите потврдуваат дека материјата не е ништо друго туку енергија која што е згусната, збиена и доведена до степен на видливост и опипливост. А според законите на физиката само енергијата е вечна, бидејќи таа не може ниту да се создаде, ниту да се загуби, само ја менува формата. Оттука материјата од која што се изградени нашите тела, од која се изградени и небеските тела и се што постои во Вселената е само енергија, манифестирана во различна форма.

Додека рускиот астроном и астрофизичар Николај Козирев се обидувал да докаже дека дури и времето е некаква форма на енергија.

– Ако тоа е така, ако според законите на физиката енергијата не може да исчезне, тогаш што се случува со енергијата на човекот по неговата смрт?

Поради фактот дека енергијата не може да исчезне постојат индиции дека, по смртта на човекот, неговата душа (неговото енергетско-информационо поле) го напушта физичкото тело и се сели во астралот. Таму го чека моментот кога повторно ќе се материјализира.

– До кога и колку пати?

Онолку пати колку што е потребно да научи како да престане својата душа да ја врзува за материјалното.

Но, ако веќе одиме по законите на физиката, тогаш познат е и фактот дека се што има енергија зрачи околу себе енергија. Таа енергија што луѓето, животните, растенијата, па дури и камењата и планетите ја зрачат околу себе, во старите книги се нарекувала аура. А, денешната наука ја нарекува биополе или енергетско поле. Оттука, не само луѓето туку и планетите имаат свои енергетско-информациони полиња.

Сега да се вратиме на прашањето како некоја планета во моментот на раѓањето, влијае врз формирањето на карактерот на личноста, на нејзината судбина? Откако сето претходно е кажано, одговорот самиот се наметнува. Значи, енергетско-информационите импулси што се ослободуваат од секоја планета се соединуваат со енергетско-информационото поле на бебето што се раѓа, во кое поле се наоѓаат и индивидуалното и семејно несвесно. На тој начин се создаваат предиспозициите за развој на идниот карактер. Додека карактерот потоа ја креира судбината на една личност. Тука како доказ би ги споменала сознанијата со кои располага психологијата. Според нив повеќе од 90% од нашите реакции се водени од несвесното, значи не се свесни ниту волеви постапки. Всушност, наталната карта е животниот скрипт што самите сме го избрале пред повторно да се родиме во тело и кој потоа го носиме во нашето несвесно. Оттука произлегува дека астрологијата е слична со психологијата. Разликата е во тоа што втората тврди дека животниот скрипт се создава во периодот на детството.

– Може ли тогаш да се влијае на судбината?

– Да, секако, иако многу тешко, бидејќи човекот е суштество од навика.

Значи, за да ја смениме судбината треба прво несвесното да го направиме свесно. Всушност треба да ги освестиме најдлабоките мотиви за нашите реакции. Па, кога на пример ќе ни стане јасно дека шефот не нервира бидејќи се однесува слично како нашиот татко со кој сме имале нехармонични односи, тогаш исчезнува и причината за нашиот отпор кон него и неговите барања. Па, наместо во иднина да ја загубиме работата, би можеле да добиеме унапредување. Така, менувајќи се себеси, дури и со промена на само една своја реакција, би можеле да ја насочиме сопствената судбина во сосема друг правец.

Оттука е јасно дека астрологијата не е фаталистичка наука. Таа ги открива доблестите и мааните на вашиот карактер, ги открива најдлабоките несвесни мотиви за вашите реакции и ви покажува што во перспектива таквиот карактер би можел да ви донесе како случувања во животот. Но, истовремено хороскопот нуди и решенија, покажува на кој начин би можеле да се ослободат вашите скриени потенцијали, откако ќе ги освестите и ќе се ослободите од своите негативни реакции, од внатрешните конфликти, откако ќе ги контролирате нагоните. Значи, вашето вистинско јас треба да го победи пониското јас (нагоните) за да може повторно да се соедини со своите Божествени корени. Излегува дека хороскопот е всушност упатство за работа на себе, дека тој не е нешто еднаш за секогаш дадено и непроменливо.

Затоа можеби во описот на вашиот карактер во наталната карта ќе забележите одредени навидум контрадикторни тврдења кои не се во функција на вашето високо мислење за себе. Но, тие не се случајни. Можеби за сега, се уште се само на ниво на вашето несвесно. Сепак хороскопот укажува на одредени аспекти од вашиот карактер кои се манифестирале во минатото или би можеле да се манифестираат во одреден период од вашиот живот во иднината. Сето тоа со цел недостатоците на вашиот карактер да предизвикаат удари од Судбината кои ќе ве натераат да работите на себе, на патот кон совршенството. Значи, несреќните случаи, измамите од страна на луѓето, неверствата, финансиските загуби и болестите не се случајни. Тие се само средства преку кои Судбината се обидува да ја “лечи” вашата душа, вашиот неправилен систем на вредности.

Исто така хороскопот би можел да ви помогне оптимално да го изберете времето како и најсоодветните методи и средства за постигнување на некаква цел. Така можете да го извлечете максимумот од себеси во дадена ситуација. Значи, хороскопот открива кога е време за акција, кога за мирување, кое време е оптимално да почнете нешто ново на професионален или приватен план, кој е најдобриот датум за свадба, регистрација на фирма, кои луѓе се добри за соработка...

И што можеби е најважно, помагајќи ви да се запознаете себеси, астрологијата истовремено ви помага подобро да ги запознаете и почитувате луѓето околу себе. Бидејќи секој човек има и “темни” страни на својот карактер, како што впрочем имате и вие, но тоа не го прави недостоен за почит. Всушност сите ние потекнуваме од ист извор и се стремиме кон повторно достигнување на загубеното совршенство, до соединување со Господ. Додека разликата меѓу грешникот и светецот е само во времето. Со други зборови, светецот само побрзо го изодел патот по кој се уште чекори грешникот. Меѓутоа, оној кој е научен постојано да ги критикува другите, да ги озборува и да манипулира со нив, останува “слеп” за своите грешки и маани. Во таква состојба човек не е во можност да доживее прогрес во својата лична еволуција.

Затоа, би требало да и се навраќате на вашата натална карта повеќе пати. И само така, чекор по чекор, би можеле да освестите дел од своите потсвесни кодови, некоја вистина за себе. Но, вистините ќе се отворат пред вас само тогаш кога ќе дојде вистинското време. Притоа, мора да ве потсетам дека: Се што ќе прочитате е само предиспозиција, а вие секогаш имате право на сопствен избор.

Ви посакувам успех и душевно задоволство.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Téléchargez le document ici pour une impression optimale sur papierНе печатете директно! За оптимално читање на испечатениот текст, симнете го PDF документот со кликање на иконата (240 kB).


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Наталната карта која ја направив кај вас е рефлексија на мојата душа, на суштината на она што сум јас или на она што се нарекува битие!!! Благодарам што ми ја покажавте вратата кон другите скриени димензии на креацијата наречена живот! 

Димитар Луневски-Чипо, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби