j Astroscopia - Убавите круши...



In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Убавите круши...

Објавено на 24.09.2020 во 09:49

Убавите круши...
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

Убавите круши свињите ги јадат.

~ народна поговорка

Оваа поговорка некако би му дошла како народна верзија на онаа мудра изрека на Пруст: „Убавите жени се за мажи без фантазија“. Јас тука би додала: „И убавите мажи, исто така.“

Но, зошто убавите круши свињите ги јадат и на каква тоа убавина се мисли? Надворешна, внатрешна или на убавина која е сублимат од надворешната привлечност на една личност и квалитетите кои не се гледаат со голо око?

Кога оваа алегорија со крушите и свињите би ја пренеле во меѓучовечките односи, значи ли тоа дека себичните, нечесни луѓе имаат способност полесно да проценат што е подобро од нив и веднаш истото да го козумираат од пуста желба убавите особини да се пренесат на нив? Или пак имаат порив да го уништат она што е подобро од нив, за да нема сведок кој ќе ги потсетува на нивната несовршеност? Или пак, она што е најверојатно, немаат капацитет да проценат што е вредно и во секоја работа го бараат само она што ќе ги задоволи ефемерните потреби на нивното тело?

Дали пак убавите круши, луѓе, навикнати на својата убавина немаат свест дека е таа Божја дарба и дека е нешто посебно, па ја земаат здраво за готово? Или пак убавите луѓе навикнати да живеат со убавината, ја гледаат како нешто нормално и немаат свест дека има луѓе кои им завидуваат и ги мразат поради тоа? Бидејќи, една од најголемите грешки што ги правиме во животот е што претпоставуваме дека и другите размислуваат и чувствуваат како нас.

Постои ли можност убавите луѓе да не се доживуваат себеси како такви, да не се ценат себеси и да не знаат да се заштитат, бидејќи нивните родители постојано го нарушувале нивниот интегритет со тоа што ги потценувале или понижувале додека биле деца? Дали поради тоа тие, како возрасни, константно бараат потврда за сопствената вредност кај другите и така стануваат жртви на „свињите“? Или пак, затоа што отскокнуваат од својата средина, а сакаат да бидат прифатени од другите, тие луѓе имаат потреба да ја намалат својата вредност или да ја скријат својата убавина? Или пак, можеби, како што вели Пруст, убавите жени се за мажи без фантазија?

Прашања навираат илјадници. Но, веројатно постојат исто толку и одговори кои зависат од случај до случај. Е, токму за еден таков случај, за една екстремно убава жена, и од надвор и од внатре, зборува мојава вистинска приказна од праксата. Не треба да објаснувам дека Неда беше висока, долгонога убавица со коса во боја на длабок, мрачен кладенец и очи со боја на оревови лисја. Работеше на место каде што беше во директен контакт со луѓе и каде што се ценеше пријатниот изглед. Но, таа едноставно не припаѓаше таму. Таа беше како дијамант, кој треба да биде поставен на пијадестал, во кадифена кутија и осветлен со илјада светла, со цел да го покаже сиот свој сјај. А, на работното место изгледаше како да беше ставена на картонска кутија во селска кооператива.

Нејсе, дијамантот фрлен и во кал останува дијамант. А, Неда беше задоволна со тоа што го работи бидејќи имаше сигурна и релативно голема плата за човек со средно образование. Не можев да замислам дека таква убавина самата не си го нашла патот до некоја професија или ангажман поврзани со модата.

На моето прашање дали некогаш помислила да се занимава со такво нешто, таа ми одговори дека многумина од таа бранша и нуделе да работи за нив. Но, дека останала непланирано бремена на млада возраст од некое размазено детиште на богати родители. Тој, во мигот кога ја забременил, бил во променета состојба на свеста, под дејство на алкохол или дрога, не знаеше точно да каже Неда. А, таа морала да ги менува плановите и соништата во животот, да се омажи и прерано да влезе во светот на возрасните.

„Добро, секоја работа си има свое место во животот и своја вредност“, се обидував да бидам рационална јас.

„Да, но мојот брак не опстана. Се распадна откако го родив бебето“, со негодување во гласот коментираше Неда.

„Па, можеби таткото на твоето дете имал токму таква функција. Бил средството преку кое твоето дете требало да дојде на овој свет. Во некоја од книгите на американскиот психијатар Скот Пек имам прочитано дека „Вљубеноста е мала измама со која се служат гените да ни ја затапат свеста доволно долго за да не намамат во брак“. А, јас би била поконкретна и би рекла: „Да не намамат да го направиме процесот на репродукција“, продолжував јас сакајќи да и олеснам.

Кога забележав дека Неда ме гледа бледо обидувајќи се да оцени дали се шегувам или сум сериозна, јас продолжив: “Можеби ова што ти го кажувам ти изгледа чудно. Но, сите коцкички од мозаикот ќе си дојдат на свое место кога ќе чуеш што имам да кажам за твојата Натална Карта.“

Тогаш и раскажав дека таа во минатиот живот била маж кој бил неодговорен, склон на коцка и алкохол. Дека не се грижел за жената и децата. Па, тие биле почесто гладни отколку сити. Затоа во овој живот требаше да научи што е безусловна љубов преку мажите кои ќе се однесуваа кон неа како што таа се однесувала кон својата жена во минатиот живот, со цел да почувствува што значи љубовна болка и да го исплати кармичкиот долг. Но и со цел да научи да сака. А, дете можеше да роди само во понижувачки околности, бидејќи љубовта, како и лотосот, може да процвета тогаш кога егото е во калта, победено. А, создавањето нов живот би требало да биде најголемата манифестација на љубовта.

На ова мое излагање Неда помирливо изусти:

„Сега ми е многу појасно зошто секогаш привлекувам само алкохоличари, наркомани и мажи со недефинирана сексуалност. Па, таква сум била јас во минат живот. Но, како е можно тоа?“

Тогаш и објаснив дека, со цел да ги одработи своите кармички задачи во овој живот, Неда избрала да се роди кај мајка која имала превисоки стандарди, која била строга и перфекционистички расположена. Нејзината мајка во Наталната Карта беше претставена како жена која никогаш не била задоволна од Неда и од она што таа го правела. Секогаш повеќе внимание обрнувала на нејзините маани и била строг критичар, мислејќи дека така ќе и помогне да стане подобра. Но, никогаш не ги фалела нејзините доблести, однесувајќи се кон нив како да се нешто нормално. А, бидејќи критиката секогаш ја промашува целта, Неда израснала во убавица која се сомневаше во себеси и имаше потреба да се потпира на мажот, па каков и да е тој, одошто да ја преземе одговорноста за својот живот во свои раце.

„Така е“, потврди Неда. „Мајка ми сметаше дека ако ме бакнува и ако ми зборува убави зборови, дека така ќе ме разгали и ќе направи од мене „ни вода ни киселина“. А, кога луѓето ќе и кажеа дека има убаво девојче, сакајќи веројатно да ме научи на скромност и на тоа дека убавината не е се во животот, таа коментираше: „Не е важно што е убава кога е улава“. Подоцна, откако пораснав, малку ја измени реченицата. Не знам дали некој ја критикувал за тоа или не. Но, кога веќе бев возрасна и кога луѓето ќе ми дадеа комплимент за убавината, мајка ми велеше: „Не е важно што е убава, само да не е улава.“

„Замисли, таа никогаш не ми се обратила со моето име, бидејќи јас го носам името на баба ми по татко, која таа не ја поднесуваше. Па, кога требаше да ми се обрати пред луѓе ме викаше само ќерко.“

„И сето ова направило да имаш чувство на помала вредност“, се надоврзав јас на нејзиниот тажен коментар. „Затоа, не си ги искористила своите потенцијали. Но, сега, откако си го отплатила кармичкиот долг и откако ја знаеш причината за своите постапки и крахови во животот, можеш да си дозволиш повеќе да се почитуваш себеси. Бидејќи, ако не се почитуваш и цениш самата себе, нема ниту другите да те почитуваат и ценат. А, најголемата придобивка во целиот тој процес е дека со промената на начинот на кој размислуваш, ќе ја промениш и својата вибрација. Па, ќе започнеш да привлекуваш поинакви луѓе и настани во својот живот.“

„Дечкото со кој живеам сега не е заинтересиран за секс со мене“, ми го пресретна муабетот Неда. „Со години веќе живееме како цимери. Имаше златна професија, но си ја уништи бидејќи го интересираше само дрогата, а не работата. И сега дојде ред пари да бара од мене. Ме убеди да земам кредит за повторно да го стартира бизнисот, но ништо. Парите ги потроши, а јас треба да го враќам кредитот. Не можам повеќе да издржам.“

„И не треба“, кусо одговорив јас. „Но, не ме чуди неговото однесување. Моето искуство во работата со луѓе покажува дека кога луѓето долго време живеат заедно, стануваат невидливи еден за друг. А, до секоја убава жена обично има маж на кој му е смачено да ја има, да ја разбира и да се грижи за неа. “

Потоа уште некое време разговаравме и се разделивме во оптимистичка атмосфера. Сознанијата кои ги доби во нашиот разговор, за Неда беа вистинско откровение. Вети дека повеќе ќе работи на себеси, на тој начин што ќе ја зголеми свеста за своите постапки и за нивните мотиви. Вети дека ќе работи на зголемување на својата самодоверба. Вети дека ќе го остави актуелниот невенчан сопруг со кого немаше секс и кој беше склон на дрога и дека нема да се залетува во нова врска додека не почне да ужива во животот како сама. Јас и предложив, додека не стекне цврстина во себе, да посетува некој искусен психијатар кој правилно ќе ја насочува.

Меѓутоа, и покрај сета добра волја, изгледа дека Неда не ги исполни работите што си ги вети себеси додека јас бев само сведок на тој чин. Бидејќи, последното нешто што го дознав за неа е дека се омажила за многу постар, грд но богат маж, за кој нејзините пријатели се сомневаа дека ја користи како трофеј кој му го јакне егото пред оние што го познаваат.

И што можам после се да ви порачам, драги мои? Можам само да се надевам дека најдобра поука за Неда и за сите што се чувствуваат или однесуваат како Неда ќе биде една приказна од Алан Коен, американски мотивационен тренер.

За да стигне до својата поента во приказната тој зема пример со кловнот Хоуми, кој се појавувал во некое американско популарно ТВ шоу. Хоуми бил карактеристичен по тоа што во шоуто одбивал да прави работи кои би предизвикале да изгледа глупав. Па, кога децата од публиката ќе го прашале: „Кога твоите широки панталони ќе паднат?“, Хоуми правел кисела фаца и им одговорал: „Хоуми не го прави тоа.“ Кога децата го молеле: „Ај, слизни се на лушпа од банана!“, Хоуми со дрзок изглед на лицето им велел: „Не може“.

И тука Алан Коен ја кажува својата поента која би сакала да биде и моја порака до вас, драги пријатели. А, таа гласи:

„Никогаш не треба да се понижуваме себеси за да бидеме социјално прифатени. Не треба да ги задоволуваме другите луѓе на наша штета. Кога нашите љубовници, пријатели, роднини, соработници или оние што ни се надредени ќе побараат од нас да направиме нешто што ќе го наруши нашиот интегритет или мир, не смееме да прифатиме. Бидејќи, ако не ја знаеме нашата вистинска вредност, ќе останеме во состојба што ја уништува светлината во нас и среќата што ја заслужуваме. А, што е светлината, ако не љубов? Но, прво љубов кон себеси.

Затоа, следниот пат кога некој ќе побара од вас да се понижите, сетете се дека „Хоуми не го прави тоа.“

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. 

Р.Б., Штип


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби