In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Струен удар од зборови

Објавено на 29.01.2021 во 23:23

Струен удар од зборови
(Ретрограден Меркур во Водолија)
 

Нови шокови на повидок, драги мои. Меркур, кој на 8 јануари зачекори во наелектризираната Водолија, од денес, 30 јануари, тргнува во ретроградно движење и тоа ќе трае до 20 февруари 2021. На 13 март ќе излезе од ретроградната сенка, а на 15 март ќе влезе во Риби.

Што значи ова?

Како што веќе знаете, кога Меркур е ретрограден, нашите планови обично не се одвиваат според нашите замисли, бидејќи Меркур е несериозен и ужива да не задева. Ние ќе се трудиме да му се спротивставиме, ќе жонглираме со ситуациите, ќе ги преземеме сите мерки да не бидеме изненадени и да не останеме со „прстот во уста“. Ама, кога играта нема правила, тешко дека ќе го надмудриме. Уште повеќе што секој ќе се обидува да ги прекрши кревките правила, да се оттргне од контролата, да надитри, надмудри, да ги избегне обврските, да го истера својот хир, да откаже послушност, да се инаети и бунтува. Почнувајќи од луѓето преку животните, па се до техниката.

Затоа, техничките помагала и домашните миленичиња почесто ќе ни откажуваат послушност. Децата ќе си тераат своја шема. Нашите мисли ќе меандрираат како делтата на Нил. Јазикот ќе ни биде побрз од умот. Ќе скокаме од тема на тема. Повеќе ќе зборуваме одошто ќе правиме. Ќе доцниме со исполнувањето на обврските и со роковите. Ќе се разбудиме и ќе ни текне дека баш тој ден сакаме да отпатуваме некаде, подалеку од сите. Гостите ќе ни ја откажат посетата во пет до дванаесет или ќе ни ѕвонат кога ќе бидат пред нашата врата... итн.

Меркур во Водолија е свртен кон иднината, инсистира на вистината, на расветлувањето на тајните, го интересираат најновите технички откритија, сака да знае што ќе биде во иднината. Па, ние повеќе ќе бидеме заинтересирани за тоа дали има вода на Марс, каков е биохемискиот состав на вакцините, што рекла баба Ванѓа за 2021, отколку што ќе имаме за ручек и дали имаме пари да си ги платиме сметките. Затоа, нашите разговори би можеле да бидат возбудливи. Можно е да се здружуваме со луѓето во остварувањето на некакво општо добро. Ќе се интересираме дали е подобар Хуавеј или Ајфон? Каква е улогата на Хаарп и кемтрејлс? Дали постои телепатија, телекинеза и што е тоа синхроницитет? Колку можеме да и веруваме на астрологијата?

И конечно, ова ќе биде време на демаскирање на многу луѓе и откривање на многу тајни.

Како ретроградниот Меркур ќе влијае на секој знак?

Начин на читање: Прво за Подзнакот, дополнително за знакот. Својот Подзнак ќе го дознаете ако направите бесплатна Натална Карта на оваа страна.

ОВЕН - Ќе биде потребно да ги одложите вашите планови или ќе треба да направите драстична промена на приоритетите во животот. Пожелно е да бидете претпазливи во комуникацијата со пријателите, со луѓето со кои членувате во ист клуб, организација или политичка партија.

БИК - Иако вашиот процес на мислење е бавен, во овој период ќе биде попрофитабилно за вас ако го филтрирате она што им го кажувате на луѓето и ако потезите на професионален план и во јавноста ги влечете со голема доза на смиреност и старечка мудрост.

БЛИЗНАЦИ - Постои можност да биде одложено некое ваше патување поради професионални или поради здравствени причини, да имате компликации поврзани со визите, да загубите багаж на патување во странство. Но, можно е да се соочите и со правна разврска на некоја ваша ситуација.

РАК - Испружете си ги нозете колку што ви е долга чергата. Воздржете се од давање или барање пари на заем. Проверете дали сте ги платиле сите сметки и дали сте ги подмириле сите рати од кредитите. Така ќе ги тргнете извршителите од врат.

ЛАВ - Очекувајте нестабилност во вашите партнерски односи. Посебно ако сте во брак и ако односите со брачниот партнер се веќе нарушени. Во тој случај, судирот на мислења е речиси неизбежен. Исто така, внимавајте како се однесувате на јавни места. Така ќе ја избегнете осудата за јавно изречен збор или постапка.

ДЕВИЦА - Би можеле да се соочите со проблеми на работното место. Можно е да ви недостасува концентрација и самоконтрола. А, вашата слаткоречивост ќе служи за креирање на византиски игри во професионалните кругови. Она што ќе очекувате на професионален план веројатно нема да се оствари, што дополнително ќе ве фрустрира.

ВАГА - Би требало да имате проблеми во љубовниот живот или со децата. Внимавајте што зборувате и како се однесувате кон нив. Можно е да кажете или направите работи кои никогаш нема да ви бидат заборавени. Не ризикувајте со парите.

ШКОРПИЈА - Ќе се активираат вашите стари, неразрешени проблеми, во односите со членовите на семејството. Повеќе не ќе можете да молчите и да чекате проблемите да поминат сами од себе, додека вие ја држите „главата во песок“. Ќе бидете агресивни, ќе си ги барате своите права, ќе го браните својот имот. Сепак, паметно е да не купувате, продавате или делите имот до 20 февруари.

СТРЕЛЕЦ - Би требало да внимавате каде одите, со кого се дружите, што им кажувате на оние што ги сметате за блиски. Посебно на социјалните мрежи. Тоа ќе биде начинот да се заштитите од кражби и манипулации. Не ставајте свој потпис на важни договори и бидете внимателни во сообраќајот.

ЈАРЕЦ - Постои опасност непријатно да се изненадите поради некои трошоци што не сте ги планирале ниту сте ги очекувале. А, се поврзани со местото на живеење, домот или со членовите на семејството. Непланираните трошоци би можеле да бидат резултат и на вашата желба за луксуз.

ВОДОЛИЈА - Ќе бидете поагресивни во откривањето на туѓите тајни и во комуникацијата. Во суштина, луѓето ќе ви одат на нерви, а и вие ним. Како и да е, внимавајте како се однесувате и што зборувате пред другите, бидејќи тоа би можело да му наштети на вашиот имиџ.

РИБИ - Ќе вриете од лутина и гнев. Но, тоа нема да го покажувате јавно. Често ќе се случува во важни моменти да бидете отсутни со духот, обземени од анализата на вашите постапки во минатото и од прашањата дали, каде и колку згрешивте? Претераното размислување ќе ви го намали квалитетот на сонот.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. 

Борис П., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2022
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби