In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Дај му го на другиот

Објавено на 28.04.2021во 10:23

Дај му го на другиот она што го посакуваш за себе
 

Како живи луѓе, секој од нас, драги мои, барем еднаш посакал да има повеќе пари, поубав стан, понова кола, патувања на егзотични дестинации. И тоа е човечки.

Но, дали сте забележале дека во моментот кога ни се исполнува посакуваната желба, ние најчесто не уживаме во тоа и веднаш креираме нова?

Знаете ли зошто?

Затоа што во тој бесконечен низ од желби не забележуваме дека сме станале нивни робови, дека повеќе не сме слободни.

Тогаш, што би требало да направиме за да се чувствуваме помирни и посреќни од внатре?

Многу е едноставно, но ретко ни текнува. Човекот е социјално битие. Затоа, колку повеќе се грижиме за среќата на другите, толку е поголемо нашето чувство на внатрешна исполнетост и благосостојба. Но, не само тоа.

Дали до сега ви се случило да помагате некому во остварувањето на неговата желба и потоа истата работа да ви се случи и вам?

Мене, да. Кога помагаме некому да добие работа, по некое време и нам ни се појавува шанса да добиеме подобра работа. Кога помагаме некому да ги реши своите проблеми и ние, на некој начин, доаѓаме до решение за нашите. Кога им помагаме на другите да си најдат љубов и нам ни се случува љубов.

И обратното. Кога некому завидуваме, му се потсмеваме или велиме дека тоа што тој го направил ние никогаш не би го направиле, за кусо време, животот не демантира ставајќи не во слични ситуации, кога ќе го направиме токму тоа што сме го негирале. Ова можам да го потврдам од лично искуство. Секогаш, откако ќе чуев некоја невистина за мене, откако ќе забележев дека некој си гледа сеир кога минував низ тешки периоди во животот, секогаш кога некој сакаше да ми наштети, со молскавична брзина Универзумот ја ставаше таа личност во иста или слична ситуација.

Оваа закономерност ја имаат забележано и нашите предци, па измислиле една изрека која вели: „Тоа што неќеш, тоа Господ ќе ти даде“ или „Прави добро, не кај се. Прави лошо, надај се.“

Што мислите, зошто е тоа така?

Затоа што тоа се природни Закони според кои е устроена Вселената. На пример, будистичките мудреци се водат според еден Закон кој вели дека „На другите треба да им го дадеме само она што го посакуваме за себеси“. Овој Закон во нешто видоизменета форма го проповеда и Исус кога вели „Не им го правете на другите она што не сакате да ви го прават вам“. Јас пак мислам дека будистичката изрека има поголем позитивен ефект, бидејќи нашиот ум работи на тој начин што не ги препознава негациите и ги сфаќа како афирмации. Затоа, подобро е да ги кажуваме работите во афирмативна форма. Или да заклучиме, нашите желби ќе се исполнат тогаш кога ќе им го дадеме на другите тоа што и нам ни треба, што ние го посакуваме.

Како би изгледало реализирањето на овој Закон во пракса?

Многу едноставно:

Ако сакаме да имаме мир, треба да обезбедиме мир за некој друг.

Ако сакаме да се чувствуваме сигурни, треба да му помогнеме на некој друг да се почувствува дека е сигурен.

Ако сакаме подобро да го разбереме тоа што не ни е јасно, треба да му помогнеме на некој друг подобро да го разбере тоа што нему не му е јасно.

Ако сакаме да се ослободиме од тагата и бесот, треба да му помогнеме на некој друг да се ослободи од својата тага или бес.

Ако сакаме да поседуваме нешто што е материјално (работа, кола, куќа, пари, семејство, деца), треба прво на другите да им помогнеме да дојдат до тие работи.

Ако сакаме да ни се случи љубов, да помогнеме некој друг да почувствува дека ни е важен и дека се грижиме за него.

И тука ќе додадам дека не смееме да дозволиме ситуацијата со короната и наметнатата социјална дистанца да не натера да заборавиме на овие основни правила за исполнет и среќен живот. Дури и кога треба физички да сме разделени од луѓето има начини повторно да бидеме поврзани со нив.

Прашувате: „Како?“

Едноставно. Врските се одржуваат со тоа што секој ден ќе ги побараме на телефон тие што ни значат. Ќе ги чуваме во мислите. А, кога се молиме за себеси, неизоставно да се молиме и за нив.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2022
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби