In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Објавено на 11.05.2021 во 22:10

Кога ќе се појавиш љубов моја?
 

Сите ние сме создадени од Божјата љубов, драги мои. Па, без разлика, дали воспитувањето, средината или нашите погрешни реакции на животните искушенија, не направиле подобра или полоша верзија од онаа што била првичната Божја замисла и негова слика, сепак, во секој од нас постои барем една искра од Божјата енергија и љубов, складирана во нашите души. Токму таа искра не потсетува дека заслужуваме да сакаме и да бидеме сакани. Можеби ние подоцна ќе се саботираме себеси, својата среќа и нашата љубов, но секогаш ни се даваат шанси емотивно да се реализираме и да бидеме среќни.

Притоа, не смееме да ја правиме истата грешка постојано. Не треба да очекуваме дека некој од надвор, судбината, Господ, пријателите, нашето убаво тело или нашето богатство, ќе ни ја донесат љубовта во нашиот живот. Не. Тоа не е така.

А, знаете ли зошто?

Затоа што љубовта веќе се наоѓа во нас. Додека реакцијата на некоја личност на нашата љубов и средбата со партнерот на нашиот живот ќе се случи тогаш кога за неа ќе бидеме сосема подготвени.

Можеби во моментов не ни помислуваме дека такво нешто би можело некогаш да ни се случи, но сега е мигот да го смениме аголот од кој ги гледаме работите.

Значи, бидете уверени дека еден ден во вашиот живот ќе влезе една личност која ќе ви покаже како изгледа да бидеш сакан. Таа ќе биде тука кога ќе ви треба, и за лошо и за арно. Ќе ви носи чај во кревет кога ќе бидете настинати. Но, и ќе бере цвеќиња на планина правејќи ви огромен букет или ќе пие заедно со вас, во петок навечер, додека не се направите камен.

Таа личност ќе ви покаже дека заслужувате повеќе отколку што мислите. Ќе ви покаже како изгледа кога покрај себе имате некој кој навистина се грижи за вас, какво е чувството кога си почитуван. Таа личност ќе умее да го извади само најдоброто од вас, ќе ве поттикнува постојано да растете, да се развивате, да напредувате и да ја проширувате свеста за своите можности.

Веројатно веќе се прашувате: „Кога ќе се појави таа личност и каде да ја најдам?“

Одговорот можеби ќе ве изненади. Таа личност ќе се појави тогаш кога ќе работите на својот духовен развој, кога ќе ги зацелите повредите од минатото, кога ќе освестите на кој начин ја бркате љубовта од себеси и кога ќе ви стане јасно дека СЛИЧНОТО СО СЛИЧНО СЕ ПРИВЛЕКУВА. Тоа значи дека само кога вашата душа ќе биде исполнета со љубов ослободена од жалење за некого од минатото, ослободена од задни намери, од чувство на вина, чувството на жртва или од чувството на помала или поголема вредност, дури тогаш таа ваша љубов ќе привлече вистинска љубов на вашиот животен пат. Се додека не се ослободите од овие работи и не зацелите, ќе привлекувате еквивалент на она што го поседувате во себеси и, повторно и повторно, ќе се разочарувате, со што магичниот круг на разочарувања ќе се затвори.

Што сакам да кажам?

Сакам да ве потсетам, драги мои, дека Универзумот, Господ, Повисокиот Ум, како сакате крстете ја таа сила, има совршен план за секој од нас. Па, онаа личност која е вистинската за нас веќе е во потрага по нас, како што сме и ние во потрага по неа. Значи, само прашање на време е кога ќе ни се вкрстат патиштата. Но, со каква личност ќе ги вкрстиме патиштата зависи само од нас и од тоа што ние сме го направиле со себеси.

Затоа, да ги засукаме ракавите и да започнеме прво со чистењето на сопствениот двор.

И најважното.

Без оглед на пречките на кои ќе наидеме. Без оглед што неискосената трева во нашиот двор ни стигнува до половината. Без оглед на купот стари предмети што ги чуваме во ќошот за „не дај Боже“. Без оглед на нередот во подрумот, скриените костури во ормарот, без оглед на скршениот оџак на покривот, треба да имаме цврста волја во расчистувањето на нередот. Едно по едно. Потоа ни е потребна истрајност во спроведувањето на одлуката. Доследност во намерите и постапките. И непоколеблива верба во ЉУБОВТА.

Е па, нека ни е со Љубов...

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2022
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби