In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Објавено на 17.05.2021 во 10:23

Ниедна тајна не останала вечно скриена
(Ретрограден Плутон во Јарец)
 

Веројатно често пати го слушате изразот ретроградни планети, драги мои. Но, можеби никој, до сега, не ви објаснил што значи тоа кога планетите се ретроградни?

Е, па вака. Кажано со обичен речник, секоја ретроградна планета, во суштина, е некој наш неположен испит од минатото. А, бидејќи причината за нашиот престој на Земјата е да се ослободиме од врзаноста за материјалното и да станеме најдобрата верзија од себеси, кога планетите се ретроградни, тие повторно во животот ни ги враќаат ненаучените лекции и незатворените комуникации со луѓето, принудувајќи не повторно да поработиме на проблематиката што треба да ја апсолвираме. Бидејќи, како што вели Питагора: „Нема ниту збор, а камоли постапка без ехо во вечноста.“

Почнувајќи од 27 април до 6 октомври 2021, Плутон, планетата на моќта што се ослободува кога ќе се осветлат тајните скриени во нашата потсвест, планетата на екстремите и парадоксите, на кармата, планетата на уништувањето, смртта и трансформациите, ќе се движи наназад во Јарец. Тој е ретрограден по околу 5 до 6 месеци секоја година, а во еден знак останува од 12 до 32 години. Кога се движи наназад во Јарец, Плутон ги нагласува темите како што е дисциплината, моралот, борбата за моќ, таинствените непријатели, случувањата поврзани со исплатата на кармичките долгови.

Кога е ретрограден, Плутон најчесто предизвикува фатални љубови, сериозни непријателства, опасности, проклетства, деструктивни пориви, црномагијски напади. Затоа, треба добро да провериме кого пуштаме во својот живот. Дури и некои тајни кои ги скриваме од себеси би можеле да не изненадат со тоа што ќе испливаат на површина. Но, тоа не мора да биде негативно искуство, нели?

Не заборавајте, како планета на трансформацијата, Плутон го поддржува уништувањето на сето она што е старо и повеќе не служи за ништо за, од неговата пепел, да се роди нешто ново. Тоа значи дека сето она што ќе го откриеме за себеси и за другите луѓе, а тлеело во нашето несвесно, ќе има моќ да не трансформира во некоја помудра и посвесна верзија на себе, откако Плутон ќе започне да се движи директно, во октомври. И што е најважно. Не заборавајте дека покорни сме од страв, послушни од љубов.

Како ќе делува ретроградниот Плутон на секој знак?

Овните ќе се најдат во ситуација кога ќе се прашуваат дали се задоволни од позицијата на професионален план и можеби ќе бидат принудени да стапат во акција.

Биковите ќе го полагаат испитот поврзан со високото образование, законот и соработката со странство.

Близнаците ќе ги решаваат проблемите поврзани со долговите, заемите, кредитите. Раковите ќе учат лекција за односот со другите луѓе, првенствено со брачниот партнер. Лавовоте ќе треба да ги сменат навиките, исхраната, односот со колегите или работното место. Девиците ќе решаваат некои незатворени љубовни релации од минатото.

За тоа време, Вагите ќе учат како да ја победат врзаноста за членовите на семејството. Шкорпиите ќе ја учат лекцијата поврзана со комуникациите од секаков вид и тоа со луѓето, роднините, соседите, сообраќајот. Стрелците ќе се одврзуваат од врзаноста за парите и ќе треба да согледаат кои се вистинските вредности во животот. Јарците ќе треба да увидат каков однос имаат кон себеси и веројатно е време и кај себе да го прифатат тоа што го прифаќаат кај другите.

Водолиите ќе бидат во ситуација да согледаат дека вистински ќе го трансформираат својот живот на подобро само ако се дисциплинирани и се однесуваат чесно. Додека Рибите ќе мора да размислат со какви луѓе се опкружени, бидејќи какви им се блиските таков им е животот.

Напомена: Прво читајте за вашиот Подзнак и тие информации комбинирајте ги со оние за вашиот знак.

Ако не го знаете Подзнакот, направете бесплатен примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кои се вашите скриени таленти, во кои професии би можеле да постигнете најголем успех, каков е вашиот однос со колегите и претпоставените и зошто, какви се вашите потенцијали на финансиски план.


Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. 

Р.Б., Штип


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2022
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби