In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Во музиката е лекот

Објавено на 13.06.2021 во 23:49

Во музиката е лекот
 

„Ако музиката е место,
тогаш џезот е град,
фолкот е дивина,
рокoт е патот,
класиката е храм.“

~ Vera Nazarin

Сигурно веќе знаете, и од лично искуство, драги пријатели, дека музиката може да ни го подобри расположението. Но, и да не направи меланхолични, нервозни, па дури и агресивни. Така, едно истражување од пред многу години покажа дека најлошо влијание на срцевиот ритам има ска музиката, создадена во Јамајка. А, потоа следи хеви металот.

Додека поволно влијание на нашето расположение и здравје има класичната музика. Но, и звуците на природата, на морето, шумата, дождот.

Меѓутоа, веројатно не знаете дека научно е докажано дека гонгот и звучните чинии кои се користат за време на медитација можат да ја донесат нашата свест во алфа, делта и тета состојба. Тоа се состојби во кои понекогаш се случуваат длабоки увиди, просветленија и други чуда. Тоа не е невозможно ако знаеме дека човечката психа има способност самата да се излечи себеси кога вибрацијата на нејзината свест се доведе меѓу 0 и 8 Hz.

За благотворното влијание на звукот од црковните камбани се знаело уште во средниот век и тоа било едно од основните средства со кое нашите претци се бореле против пандемијата од чума. Звуците од камбаните создаваат вибрации од преку 25 kHz, кои влијаат на подобрување на нашиот имунитет. Ова нека биде мој совет до лекарите и алтернативците што е тоа што треба да го применат во лечењето на денешната чума со која се справува светот - ковидот.

За да имаме поголем увид во тоа како музиката влијае на нашето здравје, еве како секој инструмент делува на нашата психа и тело:

Клавир — Поволно делува на тироидата, бубрезите и мочниот меур.

Виолина — Предизвикува сочувство, ја лечи меланхолијата.

Саксофон — Го активира репродуктивниот систем и ја зголемува сексуалната енергија.

Армоника — Ја регулира работата на желудникот.

Тапани — Го стимулираат крвотокот и го регулираат срцевиот ритам.

Труба — Ги олеснува ишијалгичните болки.

Гитара, Виолончело — Поволно влијаат на работата на бубрезите, срцето и тенкото црево.

Флејта — Ја намалува нервозата и бесот, ја лечи болката од несреќната љубов, ги чисти белите дробови и бронхиите. Ова е уште еден инструмент за борба против ковид.

Кларинет — Ја подобрува циркулацијата и ја намалува депресијата.

Харфа — Го нормализира крвниот притисок, работата на срцето и ги намалува хистеричните напади.

Оргули — Го регулираат протокот на енергијата низ р’бетот и го хармонизираат умот.

Сега, драги мои, останува секој од нас од оваа музичка продавница да го избере идеалниот звук или комбинација од звуци за себе.

Но, што и да избереме, како што вели John Erskin: „Музиката е единствениот јазик на кој не можете да кажете подла или саркастична работа.“

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2022
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби