In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Пет чувари на бракот

Објавено на 29.07.2021 во 10:35

Пет чувари на бракот
 

„Мажите се од Марс, жените од Венера“ е позната астролошка класификација за различниот начин на кој мажите и жените ги доживуваат работите. Ова астролошко согледување вешто го искористи американскиот советник за односи меѓу половите, Џон Греј, и во 1992 година издаде книга, со истиот наслов, која што беше светски бестселер.

Ако ги следиме астролошките упатства за тоа што им треба на жените, а што на мажите, да бидат среќни, доаѓаме до петте најважни брачни потреби. Ако се тие задоволени, опасноста од неверства и разводи вртоглаво ќе се намали.

Ајде да видиме кои се.

Прва потреба:

Кај жените на прво место е потребата за комуникација, за разговор. А, кај мажите за интимност. Затоа мажите лажат, а жените се дотеруваат, вели една духовита мисла.

Вашата потреба за разговор, драги дами, најлесно ќе можат да ја задоволат комуникативните Близнаци, аналитичните мажи Девици, слаткоречивите Ваги, Стрелците кои што кажуваат тоа што мислат и друштвените Водолии. Е, сега дали тие г-да ќе ги задоволат и преостанатите 4 основни ваши потреби, тоа е веќе друго прашање кое зависи од вашите Натални Карти и од компатибилноста меѓу вашите карактери.

Потребата од интимност, мажите, најбрзо би ја задоволиле со жените Овни, кои бројат рецки за секое освоено машко срце. Потоа, со кокетните жени Близнаци, со женствените Ракови, со суетните Лавици кои паѓаат на комплименти, со жените Ваги, за кои, флертувањето е есенцијална потреба како и дишењето, со жените Стрелци, кои постојано се во потрага по авантура, со Водолиите кои се во потрага по нови, возбудливи зачини и за духот и за телото и со сензибилните Риби, кои лесно им се предаваат на додворувачите. Но, само доколку мажите, покрај интимноста, не бараат нешто повеќе. Како што се чувствата, посветеноста, довербата и верноста. Ако бараат, тогаш изборот е потежок и нивната потрага подолго ќе трае.

Втора потреба:

Кај жените е потребата за нежност. А, кај мажите за забава. Жените имаат потреба од партнер кој ќе биде нивниот грб, нивната поддршка, човек кој ќе ги „мази и пази“. А, мажите посакуваат жена која нема да ги врзе за домот, туку ќе биде нивен партнер за авантура.

Вашата потребата за нежност, драги мои дами, најлесно ќе ја исполнат сензитивните мажи Ракови, тактичните Ваги и прилагодливите Риби. Додека за авантура, драги г-да, секогаш се подготвени жените Овни, Близнаци, Лавови, Ваги, Шкорпии, Стрелци и Водолии.

Трета потреба:

Иста е и кај мажите и кај жените. Тоа е потребата од ИСКРЕНОСТ која е темел на ДОВЕРБАТА.

Е, на овој камен се сопнале многу врски и бракови, драги мои. Бидејќи, луѓето обично очекуваат другите да бидат искрени со нив, додека себеси си дозволуваат да лажат или постојано да ја прикриваат вистинската состојба на работите. Така, Овните, и мажи и жени, се обично искрени во бес. Биковите кажуваат што мислат кога знаат дека тоа нема да го наруши нивниот комфор. Близнаците ни самите не знаат која е вистината. Раковите се искрени кога се сигурни во чувствата на партнерот. Лавовите кажуваат што мислат кога им ласкате. Девиците ја филуваат вистината со факти. Вагите речиси никогаш не кажуваат што мислат, со цел, да не си ги одземат асовите од ракавот, кои ги чуваат за своите следни флертови. Шкорпиите отворено ќе кажат што мислат за вас, но не кажуваат ништо за себеси. За Стрелците важи правилото „Што на ум, то' на друм“. Јарците се искрени откако ќе се уверат во вашите добри намери. Водолиите селективно ја кажуваат вистината. Додека Рибите речиси постојано се лажат себеси, па така ги лажат и другите.

Четврта потреба:

Тоа е потребата за пријатност (комфор). И кај мажите и кај жените силна е потребата да се чувствуваат удобно и во својот дом и во својата врска.

Оваа потреба најлесно би можеле да ја задоволите со партнери и партнерки Бикови, Ракови, Ваги, Јарци, Риби.

Петта потреба:

На жените им треба стабилност. А, мажите сакаат да бидат херои кои предизвикуваат восхит кај жената што им се допаѓа.

Потребата за стабилност дамите би можеле да ја задоволат со партнер Бик, Девица, Јарец. Додека најлесно се восхитуваат, или глумат восхит, од убавината, способноста и паметот на својот партнер, и тоа отворено го покажуваат жените Близнаци, Ваги, Стрелци, Риби.

И тоа е тоа. Е сега ќе ви треба многу среќа и умешност за препознавање на особините што ви се потребни кај другите, со цел да го најдете совршениот партнер за себеси. Најчесто нашиот однос со родителите во текот на нашето детство умее да ни го замагли визирот и да не натера, несвесно, да бараме задоволување на некои други потреби, на она што не сме го добиле тогаш. Но, важно е да сме свесни за себеси, за своите потреби, за своите доблести и маани. Така ќе останеме свесни и за особините што ги гледаме кај партнерот.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Имам веќе две натални карти и искрено не очекував Оваа да биде нешто многу поразлична од останатите. Сепак многу се изненадив. Многу сум задоволен од одговорите кои ги добив благодарејќи на Вашата натална карта! Искрено Благодарам! 

Гога Поп-Георгиевски, Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2022
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби