In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Зошто славиме Стара Нова Година на 14-ти јануари?

Објавено на 13.01.2022 во 11:25

Зошто славиме Стара Нова Година на 14-ти јануари?
 

Во пресрет на Старата, Православна, Нова Година се сетив колку збунувачка беше таа за мене, кога бев дете. Значи, додека одев во основно и средно училиште, ми беше чудно кога гледав како луѓето масовно одат на дочек на Старата Нова Година по хотели, ресторани, во домашен амбиент? Ми изгледаше дека сакаат да направат реприза на дочекот на Новата Година, дека си бараат причина за славење и забава. Ама ме бунеше фактот дека славењето секогаш беше две недели после први јануари, во очи на празникот Василица. Секако, возрасните околу мене не знаеја да ми објаснат зошто се слави Стара Нова Година и што значи тоа? А, уште повозрасните, кои биле родени пред времето на Титова Југославија, во недостаток на вистински одговор, според само нивна логика, го поврзуваа славењето на Старата Нова Година со верскиот празник Василица???

Се разбира дека ништо од ова не беше точно. Вистината ја осознав дури откако почнав да ја проучувам астрологијата и сега ќе ја споделам со оние од вас кој не ја знаат. Но, на оние кои се брзаат и не сакаат да читаат до крајот, уште веднаш да им кажам дека славењето на Новата Година ноќта меѓу 13 и 14 јануари, нема никаква смисла ниту научна подлога, ниту пак има оправданост од астрономски аспект. А сега, да тргнеме со ред.

Дали сте знаеле дека најдолгата година во историјата траела 445 дена? Да, добро прочитавте. Не 365 туку 445 дена. Ако се прашувате кога се случило такво нешто, одговорот е во 46-тата година П.Н.Е. Проблемот бил во тоа што Римјаните, до тогаш, користеле календар без престапни години, и покрај тоа што знаеле дека нивната година трае 6 часа подолго од 365 дена, но не знаеле како да го вкалкулираат тоа време. Така, со текот на годините, се насобрале деновите и годината траела 445 дена. Тогаш, римскиот император Гај Јулие Цезар, сакајќи да воведе ред во пресметувањето на времето, го повикал александрискиот астроном Сосигениј да ја направи корекцијата на римскиот календар.

Што направил точно Сосигениј?

Тој вишокот денови ги додал на 46-тата година ПНЕ. А потоа, го вовел системот, според кој, секоја четврта година на февруари му се додава уште еден ден, за да се изедначи разликата во времето. Реформираниот календар бил наречен јулијански, во чест на Јулие Цезар.

Како што астрономијата понатаму се развивала, било пресметано дека Сончевата година не трае 365 дена и 6 часа, туку 365 дена, 5 часа, 48 минути и 46 секунди. Значи, 11 минути и 14 секунди пократко. Па, кога од времето на воведување на јулијанскиот календар, 46 година ПНЕ, до 1582 година, кога папата Грегориј 13 одлучил да направи корекција во јулијанскиот календар, се собере разликата од 11 минути и 14 секунди, се појавиле 10 дена разлика. Тогаш, папата Грегориј 13 го повикал на помош језуитскиот математичар Кристофер Клавијус, а тој предложил, разликата во времето да се усогласи со тоа што, 1582 година ја скратиле за десет дена. Овој календар бил наречен грегоријански, во чест на папата Грегориј, и од тогаш па до денес, целиот свет го користи за сметање на времето, бидејќи најмногу одговара на астрономските појави.

Грегоријанскиот календар не го прифатиле само некои православни цркви, како Руската, Украинската, Белоруската, Српската, Македонската, Црногорската, Ерменската, Молдавската, Грузијската, Ерусалим, некои германски кантони во Швајцарија и делови од Шкотска. Тие и понатаму своите празници ги сметаат според Јулијанскиот календар, кој од 1582 до денес доцни веќе 13 дена. Ете, тоа е причината поради која православната Нова Година се слави ноќта меѓу 13-ти и 14-ти јануари. Но, тоа е тотално погрешно, бидејќи нема никаква логика, во текот на целата година, да го пресметуваме времето по грегоријанскиот календар, а само верските празници и Новата Година да се слават според јулијанскиот календар.

Ако мене ме прашате кога е вистинското време за славење на Божиќ, Велигден, Нова Година, секако дека тоа се датумите на кои ги обележува католичката, протестантската црква и оние православни цркви кои слават заедно со нив. Зошто? Бидејќи тоа е во согласност со астрономските појави. Значи, славење Нова Година, Божиќ и Велигден според јулијански календар, по кој не се смета времето уште од 1582, е чиста глупост, инерција или инает на црковните великодостојници.

Но, секој има право на слободен избор, нели? Па, кој сака нека повели на славење.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. 

Деја З.К.


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2022
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби