In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Сакај ме повеќе од се на светот

Објавено на 02.03.2022 во 03:06

Сакај ме повеќе од се на светот
 

„Доверба. Апсолутно, тотална доверба. Можевме еден на друг да си кажеме се, со чувство на сигурност дека ќе се разбереме еден со друг.

Прв пат во животот не слушам обвинувања дека сум прежестока, премногу посесивна, дека премногу гушам. Мојот интензитет се поклопуваше со неговиот. Мојата љубов беше добредојдена. Ме прими со раширени раце, со полно срце. Не требаше да ги цензурурам своите чувства. Не требаше да бидам внимателна ниту да оставам впечаток дека сум на безбедна дистанца.

Никогаш не бев почувствувала ништо слично. Каде е закачката, постојано се прашував. Излезе: нема закачка. Овој човек ја сакаше мојата љубов, му требаше, токму оној вид и количина на љубов која само јас можев да му ја дадам. Не сакаше да ја зауздува, ограничува, дели. Бев толку навикната на мажи кои ме сакаа само во мали дози, божем поголема количина ќе им наштетеше на здравјето. Овој пат конечно можев со својата љубов да го опсипам мажот кој, за возврат, со целата силина на својата љубов ме опсипуваше мене...“ (Mira Furlan "Voli me vise od svega na svijetu", автобиографија)

Да, драги мои, ова е начинот на кој заслужуваме да бидеме сакани. Без зауздување, ограничување, делење на нашата љубов, без кочници и предумисла, без ставање рампи и дозирање на чувствата, како да се отров кој се чува во мали шишенца. Така изгледа вистинската љубов, со вистинската личност. Како скроена по наша емотивна мерка.

Знаете зошто?

Зашто сето друго не е љубов.

Сето друго е ИМИТАЦИЈА на ЉУБОВТА.

Во денешно време кога се е вештачко, почнувајќи од устите, преку веѓите, трепките и градите до задниците, полесно е љубовта да се симулира, да се имитира, а потешко да се живее. Бидејќи, вистинската љубов значи комплетно отворање пред другата личност, предавање на себеси без остаток, посветеност. Но, пред се договор со себеси и самодисциплина.

Да, да, добро прочитавте. Вистинската љубов бара самодисциплина. Во општество на испревртени вредности кога луѓето се нудат себеси како голо месо во месарска витрина, лесно е да заминеш со првата жена која ќе ти прати заводнички поглед низ вештачките трепки од ној или ќе те натера да размислуваш за тоа што се може да прави со своите виршлести усни. Како што е лесно да се запалиш за нечии негувани бицепси и трицепси или за фраерските тетоважи на местата што не ги гледа сонце. Но, бара голем напор во таквите моменти да се сетиш кого си одлучил да сакаш и зошто?

Затоа што вредните работи бараат поголем напор. Но, трудот се исплати.

За повеќе вистинска љубов на светот...

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. 

Р.Б., Штип


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2022
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби