In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Црешовиот цвет и минливоста на животот

Објавено на 21.04.2022 во 08:28

Црешовиот цвет и минливоста на животот
 

„Сакам да ти го направа она што
пролетта им го прави на црешовите дрвја“
~ Пабло Неруда

Кога ќе видам цвет од цреша, во која било комбинација, мене тој веднаш ме асоцира на Јапонија, драги мои.

Не знам зошто? Можеби затоа што, како дете, речиси секоја разгледница од Јапонија што сум ја видела содржеше цвет од цреша. Дури и мотивите на нивните слики и кимона најчесто го содржат тој прекрасен, розов и неверојатно убав цвет. Подоцна, откако пораснав, секогаш кога ќе видев таква фотографија се прашував:

Зошто Јапонците се толку луди по црешовиот цвет?

Трагајќи по одговорот открив дека, како и повеќето стари култури, Јапонците веруваат дека секое растение, поради тоа што е живо, има свој дух. И не се далеку од вистината. Бидејќи и науката веќе потврдува дека растенијата, освен што „вегетираат“, се способни и за други, покомплицирани активности: ги вртат своите листови кон светлината, ја чувствуваат енергијата во просторијата во која се наоѓаат, реагираат на различните жанрови музика. Па, закржлавуваат ако се изложени на звуците на хард-рокот и збувнуваат додека го слушаат Моцарт или додека им се повторува зборот „Љубов“. Интересно, нели?

Нејсе, да се вратиме на Јапонија и на црешите. Секоја нова пролет во Јапонија е обележана со два празника кои се испреплетени еден со друг: Сакура и Ханами.

Сакура е време кога цветаат црешите, од крајот на март до почетокот на мај. Таа е симбол на среќа, на новите почетоци, се поврзува и со самураите. Но, најмногу е симбол на минливоста на животот и на грациозноста која умира кога ќе го достигне врвот на убавината.

„Животот е како искра. Додека се смее, веќе умира“, забележал некој мудрец. Тоа го забележале и Јапонците и преку Сакура покажуваат дека се свесни за минливоста на животот и дека се подготвени да уживаат и да им се радуваат на малите нешта и на миговите исполнети со убавина.

Ханами пак е традиционален обичај на набљудување на цветањето на црешите и уживање во убавината на црешовиот цвет. Временски се поклопува со почетокот на школската година во Јапонија, па претставува симбол на почетокот на школувањето и работата.

Колку е значајно цветањето на црешите во Јапонија и свеста за малите животни радости, говори фактот што, во државата за која се смета дека има највредно население на светот, во периодот кога црешите го достигнува својот пик на цветање, фирмите го прилагодуваат своето работно време за да им овозможат на вработените да уживаат во глетката. Децата во училиштата засадуваат црешови садници. Додека тазе венчаните пијат чај од црешов цвет пред отпочнување на заедничкиот живот. Ах, каков прекрасен ритуал кој не дозволува бракот да се сфати здраво за готово. Ритуал кој ги поттикнува брачните партнери да се фокусираат на заеднички поминатото време и да уживаат во него, бидејќи среќата не е чувство туку вештина да си создадеме што повеќе стварни мигови во животот, мигови во кои сме стопроцентно присутни, и со душа и со тело.

Браво за Јапонците.

Но, се прашувам: „Зошто и ние не би го практикувале овој ритуал?“

Каква-таква, и ние си ја имаме нашата улица на црешите во центарот на Скопје. „Максим Горки“ сега изгледа бајковито. Зошто не одиме секој ден таму да им се воодушевуваме на црешите додека цветаат? Зошто не засадиме повеќе цреши на различни локации во градот? Зошто немаме барем еден ден посветен на цветањето на црешите? Ако тоа не е организирано од страна на државата, можеме да го направиме сами. Секој за себе, во својот двор.

Се прашувате: „Зошто го предлагам ова?“

Затоа што, ако секоја година го практикуваме овој ритуал, во пракса ќе учиме дека животот е она што ни се случува додека сме окупирани со други работи. Ќе научиме кога треба да ја „смириме топката“ и да уживаме во мигот, наместо да се занесеме во трката со животот и да ги пропуштаме најубавите моменти, луѓе и глетки кои повеќе нема да се повторат. Ќе ја научиме вредноста на она што го имаме и ќе станеме поумешни во откривањето на убавината на малите работи. Конечно, веројатно ќе станеме свесни дека животот не се оние денови кои поминале, туку оние кои сме ги запамтиле.

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Наталната карта ми помогна да си одговорам на некои дилеми и ми даде смерница за понатаму. 

Данче К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2022
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби