In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Знаците на патот

Кога не ни оди според планот

Силикони за мозок

Луѓенца

Струен удар од зборови

Времето е тест за љубовта

Споменар

Зошто китиме елка

Ако нема кој да ве прегрне

Браковите склучени во недела

Никој не е совршен

Објавено на 21.06.2022 во 21:40

Никој не е совршен
(Весела Астрологија)
 

Ајде да се потсетиме кои беа седумте смртни (кармички гревови) во Библијата?

Гледам ја кревате веѓата и се прашувате: „Зошто треба тоа да правиме?“

Затоа што тие се основата на сите аномалии во човековиот карактер. А, сите останати маани се само нивни деривати.

Значи, во седумте смртни (Библиски, кармички) гревови спаѓаат:

  1. Гордоста (суетата)
  2. Алчноста (скржавоста)
  3. Блудот (сладострастие)
  4. Зависта
  5. Ненаситноста (дрчност)
  6. Бесот (гнев)
  7. Мрзливоста

Ајде сега да се преслушаме! Почнуваме со првиот знак:

Овен
Полни со себе и импулсивни, Овните се убедени дека се знаат најдобро и дека сите други треба да ги следат и да се потчинат на нивната волја. А, кога некој ќе им се спротивстави или кога работите не се одвиваат како што тие посакуваат, БЕСОТ е нешто што природно излегува од нив, а тие не можат да го контролираат. Овни, Овни, зарем сакате бесот да ви го наруши рејтингот?

Бик
Ајде погодувајте! Кој е гревот што Биковите не можат да го менаџираат? Многу е лесно. Кој е најголемиот колекционер во Зодијакот? Биковите имаат потреба да прават резерви од се. Имаат потреба од комфор и тоа им создава чувство на сигурност. И така, лека-полека, губат чувство за тоа што е нормално, а што претерано. Се им е малку и не ни забележуваат кога станале НЕНАСИТНИ.

Близнаци
Не бадијала знакот е претставен од две личности свртени со грб. Едниот мисли едно, другиот друго. А, кажуваат нешто сосема трето. Затоа, не очекувајте од Близнаците конзистентност во мислењето и делувањето. Тие секогаш ја изменуваат вистината што треба да ја кажат. Па, другите ги сметаат за дволични и неискрени. А, некогаш и намерно ПОДЛАЖУВААТ, ако оценат дека со тоа нешто ќе добијат.

Рак
Си велите, што може да му се забележи на Ракот? Па, тој е толку смирен, грижлив, поврзан за блиските и за семејството. Но, како викаа порано старите: „Испод мира триста вира“. Е, такви се и Раковите. Ним им е најважно да бидат мирни. А, мирот го обезбедуваат преку сознанието дека имаат среден дом и доволно пари. Е, за да дојдат до такво нешто подготвени се за секаков вид МАНИПУЛАЦИИ. Посебно, емотивни. И да, за малку ќе заборавев. Жените Ракови кога ќе оценат дека некој ги задоволува нивните критериуми ја користат бременоста за да дојдат до брак.

Лав
Веднаш е јасно дека најголемиот грев на еден Лав е неговата претерана гордост и суетност кои најчесто се граничат со НАРЦИСОИДНОСТ. Па, секој што бил во близина на типичен Лав ќе ви се пожали дека тие се арогантни луѓе, преполни со себе. Да, кога се во прашање емотивните врски, Лавовите се едни од најсебичните љубовници. Затоа, нивните партнери најчесто се чувствуваат измалтретирано и решаваат да ја прекинат врската.

Девица
Познати по својот аналитичен ум и постојаното критикување на се и сешто, Девиците никогаш не се задоволни со тоа што го имаат. Се споредуваат со другите, на своја штета. Секогаш другите имаат нешто на кое што тие му завидуваат или пак сметаат дека другите не заслужуваат да имаат нешто што тие го немаат. Девици, Девици, помалку ЗАВИСТ, повеќе љубов за другите! Инаку, лесно би можеле да се претворите во мизантропи.

Вага
Суетни по природа, тие се навикнати секогаш да бидат убави, средени по последна мода. Дури и ако не се природно убави, ќе направат се другите да ги доживуваат на таков начин. Ќе зборуваат мазно, ќе делат комплименти, ќе се трудат да ве шармираат. А, со шармот доаѓаат до она што го посакуваат, секако, без труд и мака. И додека тоа што го гледаат во огледалото им се допаѓа, се ќе биде на свое место. Проблемот се јавува кога ќе почне процесот на стареење. Сите пари ќе си ги дадат само да го спречат. Ах, СУЕТО, кој би рекол дека си грев?

Шкорпија
Нивната силна сексуалност е нешто што не може да се сокрие, бидејќи зрачи од нивните очи и од секој нивен гест. Тоа ги намамува другите во нивна близина. А, кога човек има голема палета на љубовна понуда не е тешко да му се предаде на сладостастието и да заврши во БЛУД. Затоа, од голема важност е какво ќе биде нивното воспитување во детството. Родители, моралот кај вашата неодолива Шкорпија треба да биде на прво место.

Стрелец
Склони да си угодуваат само себеси, без оглед на другите, со растегливи морални норми, секогаш подготвени за забава и флерт, Стрелците најчесто не се верни. Дури и кога се вљубени до уши, тие со едното око секогаш внимаваат да не здогледаат на својот хоризонт личност која ќе им внесе вкус на авантура во животот. НЕНАСИТНОСТА е уште еден од гревовите која совршено се вклопува со нивната природа.

Јарец
Ако се сеќавате на Баја Паторот, чичкото на Пајо Паторот, тоа е тоа. Неговиот лик е сигурно граден според ликот на некој познат Јарец. Што сакам да кажам? Сакам да кажам дека ним никогаш не им се доволни парите и моќта. Колку повеќе имаат, толку повеќе сакаат да имаат. А, од друга страна, парите љубоморно ќе ги чуваат на скришно место и срцето ги боли за секој потрошен денар. Значи, драги мои Јарци, АЛЧНОСТА и скржавоста се ваши најголеми непријатели.

Водолија
Не дозволувајте да ве заведе нивното пријателско однесување! Следете ги нивните постапки и слушајте што зборуваат! Тогаш ќе ви стане јасно дека тие се сметаат себеси за подобри од другите. Е, токму затоа, тие не сакаат да ги следат правилата што важат за плебсот, туку самите си создаваат свои, непишани правила. И тоа не би било страшно доколку би покажале поголема одговорност кон обврските што ги презеле. Дали тоа има врска со СУЕТАТА или само така мене ми се чини?

Риби
Тие се едни од најмрзливите и најкреативните во целиот Зодијак. Секогаш имаат идеи, но им фали акција истите да ги претворат во реалност. А, кога ќе се сетат дека треба да работат, тогаш губат секаква желба. Зошто би се мачеле кога можат да си се излежуваат по цел ден во кревет, да си пијат кафиња со пријатели, да си сонуваат со отворени очи. А, кога им е здодевно? Е, тогаш разонода си бараат во храната, алкохолот, неверствата. Зошто никој не им кажува дека МРЗЛИВОСТА е коренот на сите гревови?

Причините се констатирани. Сега вие сте на ред да поработите на нивно отстранување, драги мои, додека не дошло до последици ;)

Виолета С. Марсол

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Навистина овој хороскоп не е клише како многу други. Овој хороскоп баш ти дава одговори за тоа кој си бил, каков си и што треба да правиш за да станеш подобра личност. 

Деја З.К.


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2022
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби