In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Никој не избегал

Школо за новата реалност

Среќата го менува знакот

Седум фази

Плутон во Водолија

Господарот во матни води

Одиме на Марс

Кој сее ветер

Да сум јас некој

QUO VADIS MACEDONIA?

Никој не е совршен

Кај се тие времиња?

Сакам да се дружам само со убави луѓе

Лопови, Овци, Научници и Мистици

Црешовиот цвет

Кога ќе се сретнат Среќата и Фантазијата

Тест за пријателство

Сакај ме повеќе од се на светот

Денот на Свети Валентин

Победа на животот над смртта

Зошто славиме на 14-ти јануари

Чудни се патиштата Господови

Вашиот маж е вашето огледало

Зошто нашите желби не се исполнуваат?

Катарза на стравот од смртта

Што не спречува да бидеме среќни?

Зошто жените сакаат да личат на Џокер?

Убиство со збор

Кога бракот не е консумиран

Ретроградниот Меркур наш слуга

Кај што денот ја љуби ноќта

Кога ќе го преспиеш животот

Нејзиното Височество, Госпожа Карма

Те снаоѓа тоа...

Лоши работи, добри луѓе

Другата страна на надежта

Зошто е болно човештвото?

Дали најде радост

Пет чувари на бракот

Љуби, љуби, ама глава не губи

Во музиката е лекот

Ретроградниот Меркур работи за нас

Супер Цветна Крвава Месечина

Очи во очи со Кармата

Ниедна тајна не останала вечно скриена

Јупитер во Риби

Кога ќе се појавиш љубов моја?

Знаете ли кое е најдоброто патување?

Дај му го на другиот

Соковите на љубовта

Ѕвезденото небо над светот во мај

 
Објавено на 02.05.2018 во 14:43

Ѕвезденото небо над светот во мај
 

(Водолиите и Рибите најсреќни во љубовта, Јарците во работата, Биковите со парите)

Планетите на небото во мај ќе се движат толку мазно и суптилно како мали балерини занесени во убавината на својот танц, што навидум ќе се чини дека се стои во место. Но, до крајот на мај ништо нема да биде исто како што било на почетокот.

Така, Сонцето бавно, но сигурно, ќе чекори во хедонистички настроениот Бик до 21-ви мај и ќе се обидува да ги стабилизира разбудените животни сокови кај луѓето, кои биле успорени во текот на зимата. А, во периодот од 1-ви до 9-ти мај, Сонцето ќе прима пријателско тапкање по грбот од страна на сериозниот Сатурн. Тоа би требало да ги одмрзне блокадите на вашите планови и да ви донесе шанса за реализација на истите. Ова посебно ќе го почувствуваат родените во втората декада на Бик, Јарец, Девица. Па, потоа, родените во втората декада на Риби, Рак и Шкорпија.

На ова ќе се надоврзат и пријателските сигнали кои Сонцето ќе ги прима од Марс, во периодот од 12-ти до 17-ти мај 2018 година. Под нивно влијание ќе добиете поголема храброст за акција и за остварување на вашите замисли. Посебно ако сте родени во третата декада на Бик, Јарец и Девица, како и во третата декада на Риби, Рак и Шкорпија. А, уште повеќе ако во минатото веќе сте се обидувале да најдете решение за некој проблем или вредно сте работеле во реализацијата на некоја своја смела идеја. Потоа, од 22-ри мај, Сонцето ќе го започне својот пат низ разиграните и љубопитни Близнаци, со што ќе пораснат и вашите афинитети за движење, забава, дружење, запознавање нови луѓе.

Меркур, планетата на разумот и комуникациите, до 13-ти мај ќе престојува во дефокусираниот Овен и ќе ви прави проблеми со концентрацијата. Од 10-ти до 16-ти мај, Меркур ќе направи куса средба со Уран, при што ќе предизвика многумина од вас да дојдат до генијални решенија за секојдневните проблеми или до некоја неверојатна идеа која би требала да го подобри вашиот живот. Но, идејата ќе можете да ја остварите под услов да ги имате веќе надминато проблемите со егото, да ја зауздате импулсивноста и ако сте научиле да ги почитувате авторитетите. Ова посебно ќе биде нагласено кај Овните родени од 1-ви до 7-ми април.

Потоа, од 14-ти до 29-ти мај, Меркур ќе го смири својот набој движејќи се низ стабилниот Бик. А, тоа кај вас ќе се манифестира како поголема фокусираност на теми поврзани со материјалната стабилност и лагодниот живот.

Венера, планетата на љубовта, уметноста и земните задоволства, до 19-ти мај 2018 година, ќе го продолжи својот танц низ ведрите и разиграни Близнаци, со што ќе ги зголеми можностите за површни љубовни односи и неверства. Додека од 20-ти мај до 14-ти јуни 2018 таа ќе започне понежно и срамежливо да чекори низ емотивниот и семејно ориентиран Рак. Па, вие ќе станете поразнежнети и гладни за љубов.

Марс, планетата на акцијата и агресијата, ќе продолжи да маршира низ амбициозниот Јарец до 16-ти мај, но веќе со уморен чекор. Додека, од 17-ти мај до 15-ти ноември 2018 година, Марс ќе се движи напред-назад во бунтовната Водолија. Под негово влијание, додека е во директен од, би требало да се зголеми духот на соработка меѓу луѓето, посветеноста на цели од кои корист ќе има заедницата, оригиналност во пристапот кон старите проблеми и желба да се експериментира со новите и неиспитани работи кои би довеле до промени. Меѓутоа, кога ќе биде во ретрограден од, Марс би требало да ги извади на површина најнегативните пориви кај луѓето, нивниот бес, бунт и поривот за борба со неистомислениците. Па, во тие периоди можно е да се организираат протести, преку кои ќе се бараат правата на работниците, како и на сите маргинализирани групи луѓе во општеството.

Какво ќе биде влијанието на останатите планети

Јупитер, планетата на среќата, благосостојбата и експанзијата и понатаму ќе се обидува да ги шири своите оптимистички вибрации во Шкорпија, до ноември 2018 година. Но, заради неговиот ретрограден од, во периодот до 10-ти јули 2018, неговото поттикнувачко и позитивно влијание ќе биде намалено, блокирано или претворено во својот опозит. Стагнацијата во реализацијата на своите планови во месец мај, најмногу ќе ја почувствуваат Шкорпиите родени во периодот од 7-ми до 12-ти ноември.

Сатурн, мудриот и непоткуплив учител, ќе не искушува сите нас до крајот на март 2020 година. Но, во мај 2018, неговите награди и казни најмногу ќе ги чувствуваат Јарците родени на 29-ти и 30-ти декември. Потоа, Овните родени на 28-ми и 29-ти март. Раковите родени на 29-ти и 30-ти јуни. Како и Вагите родени на 30-ти септември и 1-ви октомври. Казните ќе ги почувствуваат оние кои се мрзеливи, оние кои се огрешиле од законот, оние кои немаат изградено правилен став кон авторитетите, оние кои се занимаваат со политика и оние кои водат нездрав живот или се оддадени на пороци. Инаку, ретроградниот од на Сатурн во Јарец ќе потрае до 6-ти септември 2018 година.

Под влијанието на непредвидливиот Уран, Овните кои се родени на 19-ти и 20-ти април, ги очекуваат непланирани промени во животот. А, можен е и успех во кариерата. Но, Уран од 17-ти април внимателно ќе зачекори во успорениот Бик и таму ќе остане до 25-ти април 2026 година. Меѓутоа, подетално за оваа голема промена ќе пишувам во посебен текст.

Нептун на Рибите родени на 7-ти март ќе им подари харизматичност, креативност, но и конфузни мисли. Додека Плутон на родените на 12-ти јануари ќе им го дрма тлото под нозете, со цел да ги натера да го сменат досегашниот начин на живот и да скокнат скалило погоре на еволутивен план. А, неговото ретроградно движење ќе потрае до 30-ти септември 2018 година.

Планетарната конфигурација во мај за секој знак

Начин на читање: Вашата ситуација најточно ќе ја опишува текстот што одговара на вашиот Подзнак.

Но, потоа можете да ги проширите своите сознанија со текстот што одговара на вашиот знак.

Доколку не го знаете својот Подзнак (Асцендент), направете го бесплатниот примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Овен

Од 10-ти до 16-ти мај, Меркур ќе направи куса средба со Уран, со што ќе предизвика многумина од вас да дојдат до генијални решенија за секојдневните проблеми или до некоја неверојатна идеа која би требала да го подобри вашиот живот. Под услов да ги имате надминато проблемите со егото, да ја зауздате импулсивноста и ако веќе имате научено да ги почитувате авторитетите. Овие можности ќе бидат посебно нагласени кај Овните родени од 1-ви до 7-ми април.

Како и да е, поволните аспекти на Сонцето со Сатурн и Марс, до 17-ти мај ќе ви ги отворат сите шанси да откриете нов начин за поголема заработка. Посебно ако вашата професија е поврзана со правото, образованието, туризмот, издавачката дејност, трговијата со странство или со дипломатијата. А, доколку се наоѓате во некој судски спор би можеле да го добиете до 17-ти мај.

До 19-ти мај можете да ги планирате патувањата и потпишувањето нови договори. A, на некое од вашите патувања постои можност за љубовна авантура со некој Близнак, Водолија или Рак. Посебно до 19-ти мај.

Додека од 17-ти мај до 15-ти ноември 2018, под влијанието на Марс, некои ваши пријатели ќе ве напуштат заради вашата надменост и агресивност.

Бик

Некои тајни ќе ви бидат разоткриени со помош на вашите пријатели од странство. А, вашите таинствени непријатели ќе бидат неутрализирани со помош на вашите врски во судството, образованието, туристичкиот сектор, издаваштвото или дипломатијата. Посебно во периодот до 17-ти мај. А, уште повеќе ако сте родени во втората и третата декада на Бик. Затоа, вашата енергија ќе се возобнови и засили. А, со тоа и вашата самодоверба. Како резултат на вашите активности би требало да се подобри и вашата финансиска состојба или барем ќе се зголемат шансите да го оплодите капиталот преку некоја исплатлива инвестиција.

По 20-ти мај ќе се чувствувате порасположени за забава. Па, тогаш е можно да имате некакви љубовни доживувања на патување, со личност запознаена преку роднините или соседите. Но, по 20-ти мај би можеле да добиете и некаква нова професионална понуда. Меѓутоа, во периодот од 17-ти мај до 15-ти ноември, под влијанието на Марс, можно е да покажувате нетрпеливост кон колегите и претпоставените. Тоа би можело скапо да ве чини.

Близнаци

Вие ќе бидете еден од најсреќните знаци во љубовта, во месец мај. Така, до 19-ти мај, под влијанието на Венера во вашиот знак, вие ќе станете повесели, разиграни, љубопитни и кокетни. Ќе сакате секој ден да ви биде исполнет до последната минутка со дружење, нови искуства, забава и љубов. Многу љубов. Тоа што верноста нема да ви биде силна страна нема многу да ве тревожи. Но, вашето кокетно однесување би можело да го разбуди сомнежот кај вашиот партнер, ако сте во врска. Меѓутоа, неговите љубоморни прашања нема да ве загрижат, бидејќи каков сте вие тоа Близнак ако се секирате за такви непотребни нешта и ако поднесувате љубоморни луѓе покрај себе?

Професионално, некои таинствени врски ќе ви помогнат да заземете повисока позиција, ако работите во банкарството или со осигурителните компании. Но, познанствата со одредени луѓе би можеле да ви помогнат при добивањето на некое спонзорство, заем или кредит. Додека, ако членувате во некоја партија, клуб или организација, од 10-ти до 16-ти мај би можел да ви се случи позитивен пресврт на настаните. Финансиската состојба би требало да ви се подобри по 20-ти мај.

А, додека Марс чекори низ вашето поле на патувањата и комуникацијата со странци, од 17-ти мај до 15-ти ноември 2018, можно е да имате проблеми со законот на некое патување во странство.

Рак

До 19-ти мај 2018 година постои голема можност поради силната сексуална привлечност кон некој Близнак или Бик да влезете во таинствена врска или да обновите некоја стара љубовна приказна. Но, по 20-ти мај тајните ќе станат јавно познати. А, вие ќе сакате да си го живеете животот со помалку стрес, без компликации. Па, ако не сте во брак, ќе престанете со контактите кои немаат иднина и ќе побарате личност со која би имале мирен живот. Ако сте во брак, ќе ви биде тешко да се ослободите од сеќавањата на времето поминато со брачниот партнер, иако тоа време веќе не постои. Па, можно е да ги смрзнете одлуките за тоа што ќе правите со вашиот брак и вентилот на незадоволството да го празните во работата и во окупираноста со семејството.

Што се однесува до парите, од 17-ти мај до 15-ти ноември 2018 година, ќе ве измачува Марс кој ќе го решета вашето поле на туѓите пари. Затоа, ќе биде најпаметно да си ги пресметате финансиските можности и да го затворите чекмеџето за какви било трошоци. Не се препорачува да влегувате во нови инвестиции, да земате кредити, заеми, да вложувате пари во осигурувања. Дури е пожелно пред 17-ти мај, ако сте во можност, да ги вратите долговите и да чекате да помине ноември.

Лав

До 16-ти мај ќе мора да тренирате трпение и да не влегувате во конфликт и докажување со претпоставените, бидејќи подебелиот крај ќе го извлечете вие. Затоа пак, ако негде се слизнете и згрешите во постапките, секогаш ќе можете да сметате на помошта од пријателите. Како во решавањето на приватните, така и во решавањето на професионалните проблеми. Додека од 10-ти до 16-ти мај би можеле да дојдете до некоја невообичаена идеја за постигнување успех во кариерата. Посебно ако вашата професија е поврзана со образованието, туризмот, судството, издавачката дејност, трговијата со странство, дипломатијата.

Ако сте во брак, под влијанието на агресивните вибрации на Марс, ве очекува бурен и конфликтен период од 17-ти мај до 15-ти ноември 2018 година. Па, ако не сте толерантни и ако комуникацијата меѓу вас и партнерот е веќе замрена, би можеле да претрпите голема штета во брачните односи. Како и да е, слободни или во брак, ќе постои голема веројатност да запознаете интересна личност преку пријателите, Близнаци или Рак, во периодот до 19-ти април. Посмелите од вас би можеле да влезат во забранета врска по 20-ти мај.

Девица

Поволните вибрации на Сонцето, Марс, Сатурн и Плутон кон вашиот знак се гаранција дека до 21-ви мај би можеле да дојдете до неочекувано решение за вашите проблеми поврзани со кариерата, патувањата во странство, соработката со странци и парите, ако сте повозрасни. Но, ако сте помлади, спасоносното решение ќе дојде на план полагање испити и учење. Но, исто така би можеле да дојдете до некаков позитивен пресврт во љубовниот живот и во комуникацијата со своите деца, доколку ги имате. Меѓутоа, од 17-ти мај до 15-ти ноември 2018 година, бунтовните вибрации на Марс во вашето поле на работата и здравјето би можеле да ви донесат проблеми со контролирањето на бесот на работното место, како и опасност од воспаленија, инфекции, покачен притисок, тахикардија.

Во периодот од 10-ти до 16-ти мај би можеле да имате неверојатно сексуално искуство. Додека помладите Девици по 20-ти мај би можеле да се вљубат во некој Рак, Бик или Шкорпија што ќе ја запознаат преку пријателите.

Вага

Вашата желба за живот и секс ќе биде посилна од семејните проблеми. Затоа, во периодот од 17-ти мај до 15-ти ноември 2018 година, добивајќи потстрек од Марс, вие посмело ќе се впуштите во потрага по сексуални задоволства. На моменти тоа ќе ви оди од рака, на моменти ќе имате проблеми. Посебно ако сте во брак. Но, вие ќе сакате да си го извозите својот филм, без оглед на тоа дали со вашите постапки ги повредувате туѓите чувства. Во периодот до 19-ти мај, потенцијалните љубовни доживувања ве очекуваат на некое патување или со колеги од факултет, ако сте помлади. Повозрасните Ваги би можеле да имаат интересен флерт со личност запознаена преку работата.

Професионално, периодот ќе биде одличен за Вагите уметници, професори, правници, туристички работници, возачи. А, ако сте во некаков судски спор ви престои неочекуван пресврт во водењето на постапката во периодот од 10-ти до 16-ти мај 2018 година.

Шкорпија

Во периодот од 10-ти до 16-ти мај 2018 година ,некоја помлада машка личност родена во знакот Овен или Водолија, би можела да ви помогне да го направите решавачкиот чекор на професионален план кој би можел да ви донесе успех. А, можно е да откриете и некое неочекувано, спасоносно решение за вашите здравствени проблеми. Но, ако вашата професија е поврзана со банкарството, медицината, осигурителните компании или ви се потребни туѓите спонзорства, во периодот до 19-ти мај би можеле да остварите екстра профит или да добиете пари за реализација на вашите идеи. Додека по 20-ти мај поуспешни ќе бидат Шкорпиите судии, професори, студенти и туристички работници.

На љубовен план, сексот ќе игра доминантна улога во вашите односи до 19-ти мај. Додека духовната блискот ќе ви биде поважна по 20-ти мај. Меѓутоа, од 17-ти мај до 15-ти ноември 2018, вибрациите на бунтовниот Марс во вашето поле на домот би можеле да ве соочат со проблеми поврзани со изборот на местото на живеење, меѓу членовите на семејството или со решавање на прашања поврзани со недвижниот имот.

Стрелец

Финансиските проблеми се закануваат дека ќе ве измачуваат уште кусо време, до 16-ти мај 2018. Затоа пак, во периодот од 10-ти до 16-ти мај можно е да покажете креативен пристап во работењето или да дојдете до неочекувани, оригинални решенија. Меѓутоа, ако работите во трговијата, транспортот, образованието, телекомуникациите, со маркетингот и рекламата, под влијанието на агресивниот Марс, во периодот од 17-ти мај до 15-ти ноември 2018, би можеле да се соочите со проблеми. Посебно ако сте научени да се однесувате импулсивно и да кажувате што ќе ви падне на памет, без никаква дипломатичност.

На љубовен план, ве очекуваат возбудливи, непланирани доживувања во периодот од 10-ти до 16-ти мај. Стрелците кои се во брак би требало да пловат во помирни води и да му се препуштат на хедонизмот во периодот до 19-ти мај. Додека многу Стрелци кои се во врска, токму во овој период ќе одлучат да стапат во брак или ќе прават свадби. По 20-ти мај, сексот повторно ќе ја заигра доминантна улога во вашиот љубовен живот.

Јарец

Најдобрата вест за вас е тоа што агресивниот Марс на 16-ти мај конечно го напушта вашиот знак и вие ќе можете да здивнете и да земете душа. Бидејќи, напнатоста во вашето однесување ќе попушти, како и потребата да ги контролирате и да им наредувате на сите околу себе. Затоа пак, од 17-ти мај до 15-ти ноември 2018, ќе треба да бидете повнимателни со парите. Така ќе се поштедите од потенцијалните финансиски проблеми поради импулсивно купување или поради погрешни инвестиции.

Сега за сега, до 19-ти мај, ќе се зголемат вашите шанси за подобрување на соработката со колешките и за подобрување на меѓучовечките односи на работното место.

Опуштената работна атмосфера ќе ги зголеми и шансите за љубовни случувања со личност со која професионално соработувате. А, ако сте во врска, по 20-ти мај би требало да се стабилизираат и вашите односи со партнерот. Па, многу слободни Јарци тогаш ќе донесат одлука да стапат во брак. Проблемите поврзани со домот, со недвижниот имот и со членовите на семејството би можеле да се решат одненадеж, на необичен начин.

Водолија

Ако имате јавна професија, ако работите во трговијата, транспортот, телекомуникациите, образованието и уметноста, мај би можел да биде многу успешен месец за вас на професионален план. Па, дури е можно да покажете креативен пристап во работењето или да дојдете до неочекувани, оригинални решенија. Посебно во периодот од 10-ти до 16-ти мај. Меѓутоа, со влегувањето на Марс во вашиот знак од 17-ти мај, вие, под напливот на енергијата ќе се чувствувате како да сте на стероиди. Затоа ќе мора да најдете начин конструктивно да ја канализирате енергијата во работата, сексот и спортот, бидејќи во спротивно ризикувате да бидете постојано раздразливи, да страдате од несоница и да влегувате во конфликти со луѓето. А, тоа ќе потрае до 15-ти ноември 2018 година.

На љубовен план, до 19-ти мај ве очекуваат шанси за отпочнување нова врска. Ако имате деца, ве очекуваат радосни настани поврзани со нив. Ако сте од женски пол голема ќе биде веројатноста да забремените. Додека по 20-ти мај љубовта би можела да ви се насмее на работното место.

Риби

Во последно време вашата финансиска состојба како да беше на ролеркостер. Доживуваше невидени осцилации нагоре-надолу од кои на нормалните луѓе желудникот би им се врзал во чвор. Но, вие уживате да се коцкате со парите, посебно ако вашето шесто сетило ви кажува дека ќе добиете. Позитивен пресврт на вашата финансиска состојба би можел да се случи во периодот од 10-ти до 16-ти мај и тоа на некаков неочекуван начин. Затоа пак во периодот од 17-ти мај до 15-ти ноември 2018, под влијанието на вознемирувачките вибрации на Марс, би можеле да се затворите во себе и да западнете во долг период на преиспитување и депресија.

Меѓутоа, за тоа, и онака, во стилот на Скарлет О’Хара, можете да мислите утре. Затоа, периодот од 20-ти мај до 14-ти јуни би било пожелно да го искористите за уживање. Бидејќи, вашиот љубовен живот ќе добие нов импулс.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие на кои болести сте склони и зошто. Па, откако ќе ги победите причините, ќе исчезнат и негативните последици по вашето здравје.


Вистината што извираше од првите страници на мојата натална карта ме скамени. Цела недела ми беше страв да продолжам со читањето. Сепак, љубопитноста победи. Имав што да научам за себеси. 

Борис П., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2024
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби