In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

 
Објавено на 10.07.2018 во 15:57

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018
 

Затемнувањето на Сонцето или Соларната Еклипса, во астрономска смисла, се случува кога меѓу Сонцето и Земјата ќе се испречи Месечината, затскривајќи ја сончевата светлина. Понатаму, Затемнувањата на Сонцето можат да бидат делумни или потполни. Се случуваат секогаш за време на Млада Месечина и се видливи од онаа страна на земјината полутопка каде што е ден.

На 13-ти јули 2018 година ќе се случи делумно затемнување на Сонцето на 20 степени и 41 минута во Рак, кое ќе биде видливо во некои места на јужниот дел од Австралија, како Мелбурн и Аделаид, потоа во Тихиот и Индискиот Океан и во многу мал дел на Северен Антарктик. И сега еден мал куриозитет. Соларната Еклипса што ќе се случи сега, на 13-ти јули 2018 година е првата делумна Еклипса која ќе се случи на петок 13-ти по нешто повеќе од 44 години. Последната делумна Соларна Еклипса се случи на петок 13-ти, во 1974 година. Додека следната ќе се случи на 13-ти септември 2080.

Кога станува збор за Еклипсите, во народот од секогаш постоело верувањето дека Затемнувањата на Сонцето и Месечината имаат лош предзнак. А, истиот став го има и класичната астрологија.

Во современата астрологија, Еклипсите не се третираат ниту позитивно ниту негативно. Тие претставуваат само еден миг во кој еден тек на енергија запира и започнува некој друг. Оттаму, можеме да ги сфатиме како сигнал за промена и за креативно насочување на нашите потенцијали. Но, можеме и само пасивно да му се препуштиме на текот на настаните и да дозволиме на енергијата на Еклипсата стихијно да не води. Добро е да се разбере дека какво ќе биде влијанието на Соларната Еклипса, генерално, врз човештвото и поединечно, врз секој од нас, зависи исклучиво од нас самите.

Во принцип, влијанието на Соларната Еклипса не се чувствува ниту доживува во деновите кога таа се случува, туку тогаш само започнува процесот на промени. Тој процес се протегнува во еден подолг период (најчесто од 6 месеци до 3 години, но може и помалку), во кој полека, „невидливите случувања“ се редат едно по едно, како делчињата на една поголема сложувалка и ја формираат конечната слика.

До каде ќе се протега влијанието на една Соларна Еклипса зависи од тоа дали Затемнувањето било делумно или целосно и од тоа колку траело. Во овој случај, на 13-ти јули, заради фактот дека Затемнувањето ќе биде делумно, неговиот ефект би требало да го почувствуваме многу побрзо, до следната Соларна Еклипса која ќе се случи на 11-ти август 2018 година или пак влијанијата на двете Еклипси ќе се измешаат меѓу себе во наредните шест месеци.

Какво би било влијанието на Соларната Еклипса во Рак

Заради фактот што Соларната Еклипса која секогаш се случува на Млада Месечина, овој пат ќе се најде во емотивниот Рак и ќе ги вкрсти своите трансформирачки вибрации со подмолните вибрации на планетата на потсвеста, тајните и моќта, Плутон, постои голема веројатност на површина да излезат сите скриени активности во машко-женските односи, да прокрварат старите рани, да се зголеми љубомората и насилството во врските. Можно е да се случат многу кармички средби и да отпочнат многу кармички врски, кои ќе имаат за цел да се израмнат долговите од некој минат живот меѓу партнерите. Но, можно е на светлината на денот да излезат и сите работи што се чувале во тајност, како што се таинствените љубовни врски, тајните околу зачетоците на децата, бременостите, абортусите. Ова најмногу би требало да ги погоди Раковите, Вагите, Јарците и Овните. Посебно Раковите родени на 11, 12 и 13 јули; Вагите родени на 12, 13 и 14 октомври, Јарците родени на 11, 12 и 13 јануари и Овните родени на 10, 11 и 12 април.

Искористувањето на Соларната Еклипса на позитивен начин, за некаков вид на квалитетна трансформација на себеси и на сопствениот живот, за жал, ќе им успее само на повисоко еволуираните претставници на човечкиот род. Овој пат, таа можност ќе биде најсилно изразена кај поеволуираните претставници родени во знак Бик, Девица, Шкорпија, Риби. Кај нив би требало да се појави длабока желба да се разрешат старите љубовни проблеми и да се победи омразата кон партнерите што нешто им згрешиле или длабоко ги повредиле во минатото. Затоа, нема да биде чудно ако тие повторно се сретнат со личностите со кои имале љубовна врска и таа завршила неславно, со цел да ја затворат комуникацијата и да ја надминат омразата. Ова посебно се однесува на Биковите родени на 10,11 и 12 мај; на Девиците родени на 12, 13 и 14 септември; на Шкорпиите родени на 11, 12 и 13 ноември и на Рибите родени на 10, 11 и 12 март. Меѓутоа, дали и како ќе ја искористат таа можност, или пак ќе ја претворат во сопствена штета, ќе зависи само од нив самите, од степенот на нивниот еволутивен развој. Но, ќе зависи и од кармата што ја имаат направено во овој или во некој од нивните минати животи.

За повеќето луѓе кои се плашат од промени (посебно од промена на својата закоравена ментална матрица), за луѓето кои се врзуваат за минатото или се врзуваат за другите луѓе, потоа за луѓето кои се задоволни од status quo ситуацијата, како и за луѓето кои немаат доблест да ги победат недостатоците во својот карактер и за своите промашувања ги обвинуваат другите, Соларната Еклипса би можела да предизвика страв од промени, стрес и напор да го сочуваат животот во познатите рамки.

Како делумната Соларна Еклипса во Рак ќе влијае на секој хороскопски знак

Невозможно е, непрецизно и несериозно ако сите луѓе и целата лепеза на карактери што постојат на земјата ги сместиме во само 12 различни категории претставени со 12-те хороскопски знаци, знаејќи дека секој човек е уникатна креација на Божјата љубов и промисла. Оттаму, само Наталната Карта и помошните хороскопи (Соларен и сл.) можат да покажат како Соларната Еклипса ќе делува кај една личност. Меѓутоа, ако ја сфатите астрологијата полежерно и ако не барате врвна прециозност, тогаш е доволно да го знаете својот Подзнак (Асцендент) за да откриете како би можела Соларната Еклипса да се одрази во вашиот живот.

Упатство за читање: Прво прочитајте го текстот што се однесува на вашиот Подзнак. А, потоа проширете ги информациите со текстот што одговара за вашиот Знак.

Овен

Соларната Еклипса на 13-ти јули 2018 година би требала да го разбуди во вас нагонот за насилно однесување. Но, и да ги раздвижи случувањата поврзани со вашиот дом или да ви донесе промени во вашите односи со членовите на семејството. Овие промени би требало да се случат во текот на следните месец дена и со послаб интензитет да продолжат и во период од натамошните 6 месеци. Посебно ако сте родени на 10, 11 и 12 април.

Со цел да го искористите влијанието на Еклипсата на позитивен начин ќе мора да заборавите на својата себичност, на својата потреба секогаш да бидете во право и на својот комодитет и повеќе енергија да вложувате во сите сегменти од семејниот живот. Почнувајќи од грижата за блиските и помагањето на родителите. Па, се до промена на домот, до негово реновирање или инвестирање пари во недвижен имот.

Во спротивно, односите со членовите на вашето семејство ќе бидат вашата Ахилова петица. Па, можни се насилни сцени, кавги и сериозно нарушување на семејните односи. А, згора на тоа, доколку сте ставиле некаков недвижен имот под хипотека, би можеле да се активираат и хипотеките.

Бик

Соларната Еклипса од 13-ти јули ќе бара од вас да го поедноставите начинот на кој што комуницирате со другите луѓе и да научите да правите разлика меѓу важните и неважните информации, кои постојано ќе ве бомбардираат од сите страни.

Ако успеете во тоа, во следните месец дена до 6 месеци, вие би можеле да остварите контакт со една личност од вашето минато за која бевте емотивно врзани. Па, во разговорот што ќе го водите со таа личност, би требало да добиете нови увиди за себеси, за својот живот и за својата иднина. Посебно ако сте родени на 10, 11 и 12-ти мај.

Исто така, Соларната Еклипса би требало да внесе позитивни промени во вашиот живот поврзани со учењето и подучувањето. Потоа, во работата поврзана со транспортот, трговијата, маркетингот, рекламите, телекомуникациите. Постои можност да водите успешни преговори за ваша професионална афирмација и да потпишете нови договори. Некои од вас во овој период ќе се стекнат со диплома. А, некои постојано ќе бидат на пат. Ако немате положено возачки испит, следните 6 месеци ќе бидат идеални за тоа. А, периодот ќе биде идеален и за купување нов автомобил.

Но, ако продолжите да се однесувате по старо, тогаш е можно да ги расипете односите со оние што ви се најблиски.

Близнаци

Затемнувањето на Сонцето на 13-ти јули 2018 година ќе го насочи фокусот на случувањата во вашиот живот и вашите интереси кон парите. Па, ако сакате влијанието на Еклипсата да го искористите на позитивен начин, бидете отворени за нови информации, за соработка со нови луѓе и за изнаоѓање нови извори на заработка. Посебно во следните 30 дена, а потоа со намален интензитет во следните 6 месеци. Всушност, бидете подготвени да ја прифатите промената на околностите поврзана со финансиите и да и се прилагодите.

Парите најлесно ќе ги заработите ако се занимавате со медицината (традиционална и алтернативна), со советување на жените и децата за нивните права и заштита, ако работите на местата каде што се склучуваат бракови или во брачните советувалишта, ако имате свој козметички салон.

Ако пак сте нестрпливи и сакате да се збогатите што е можно побргу, постои опасност да загубите пари на наивен или ризичен начин. А, ако во минатото сте „плукале таму каде што сте го ваделе лебот“, сега би можеле да се соочите со финансиски проблеми.

Рак

Вие сте таргетот на Соларната Еклипса што ќе се случи на 13-ти јули. Па, промените што таа ќе ги испровоцира, најмногу ќе влијаат на претставниците на вашиот знак. Посебно „на мета“ ќе бидат родените на 11, 12 и 13-ти јули. Последиците од влијанието на Еклипсата би требало со најголем интензитет да ги почувствувате во следните 30 дена. Додека во натамошните 6 месеци нивното влијание ќе опадне или ќе се смеша со влијанието на Соларната Еклипса што ќе се случи на 11-ти август.

Не заборавајте дека ова ќе биде исклучително моќен период за вас, кој ќе ви го овозможи Вселената за нов и величествен почеток, за ослободување од старите работи кои ви пречеа, за постигнување поголема лична слобода и право на слобода во изборот на кој начин ќе го живеете својот живот. Сакале вие или не, вашата трансформација на личен план е веќе започната, а нејзина цел ќе биде да се променат вашите погледи на светот и животот, а со тоа и вашите односи со луѓето.

Влијанието на Еклипсата ќе можете позитивно да го искористите ако ја победите својата пасивност, неодлучноста и емотивната зависност. Тогаш ќе можете да ги остварите вашите планови поврзани со статусот и имиџот во јавноста. А, посебно успешни би биле во професиите кои се поврзани со информатиката, техниката, новите технологии, алтернативните начини на лечење и хуманитарната работа. Но, успех би имале и доколку отворите свој блог, напишете книга или јавно ги искажувате своите погледи на светот.

Ако пак чекате работите што ги посакувате да ви паднат од небо, без ваш ангажман и труд, ако продолжите заради емотивната слабост или зависност од некоја личност да ги криете своите вистински чувства и да одржувате паралелни врски, постои опасност вашите активности да станат јавни и да доживеете социјален пад и јавен срам. Од тоа најмногу ќе настрадаат вашите, и онака, кревки чувства и фрагилното его. А, таквите повреди најчесто се причина и за здравствени проблеми.

Лав

Почнувајќи од 13-ти јули 2018 година, па во следните 30 дена со посилен, а во натамошните 6 месеци со намален интензитет, Соларната Еклипса ќе го активира вашето поле на потсвеста, на тајните и на непознатите непријатели. Тоа значи дека на површина ќе излезат некои тајни од вашето минато што психички ве оптоварувале и некои луѓе што ви работеле зад грб, а вие сте ги сметале за свои пријатели.

Влијанието на Еклипсата позитивно ќе го искористите ако се соочите со своите најдлабоки стравови и ако си ја признаете вистината пред себеси. А потоа, ако има потреба, и пред другите. Таа постапка ќе ве ослободи и ќе ви даде нова енергија да се соочите со реалноста и да започнете да создавате нов живот, како за себе, така и за оние кои ги сакате.

Во спротивно, се што сте криеле и потиснувале во себеси, сега ќе биде подготвено да еруптира и со својата содржина да го загади вашиот живот. Но, од тоа ќе страда и вашето психичко здравје. Во тој случај, постои можност извесен период да поминете во лечење или во присилна или самонаметната изолација.

Девица

Затемнувањето на Сонцето на 13-ти јули 2018 година ќе предизвика во следните 30 дена поинтензивно, а во натамошните 6 месеци со намален интензитет, да направите ревизија на своите пријателства, на професионалните контакти, на вашиот љубовен живот, на вашите односи со децата ако ги имате, на вашите планови за иднината. Можно е да започнете некој проект од кој корист ќе види пошироката заедница во која живеете. Посебно успешни би биле доколку вашите активности се поврзани со заштитата на жените од насилството во бракот, со заштита на правата на маргиналните групи, со унапредување на свеста на жените за нивното здравје, со водење кампањи за здрав начин на живот и здрава храна, со алтернативните начини на лечење и слично.

Влијанието на Соларната Еклипса ќе можете позитивно да го искористите ако бидете реални во проценката на пријателите, на својот љубовен живот и на своите очекувања од иднината. Тогаш ќе можете да се ослободите од сите оние со кои некогаш ве поврзувале заеднички ставови и интереси, а денес се токсични за вашата добробит или ве дружат само од интерес. Но, така ќе ослободите простор за нови пријателства и љубови кои ќе се темелат на заеднички вредности и идеали, а не на интерес. Исто така, ако имате неразрешени љубовни односи од минатото, во периодот од следните месец дена до следните 6 месеци, би можеле да се сретнете со личност од минатото, со цел да го подмирите кармичкиот долг. Посебно ако сте родени на 12, 13 и 14-ти септември.

Вага

Под влијанието на Соларната Еклипса во периодот од 13-ти јули до 11-ти август интензивно, а во натамошните 6 месеци со намален интензитет, би требало да се менува ситуацијата поврзана со вашата кариера, статус, углед или комуникацијата со претпоставените. Посебно ако сте родени на 12, 13 и 14-ти октомври.

Со цел да ги искористите вибрациите на Еклипсата на позитивен начин, ќе треба повеќе да се однесувате како тимски играчи, а не како умислени снобови жедни за туѓото внимание, за восхит, за моќ и за власт. Во спротивно, ќе ги загубите симпатиите на луѓето или позицијата на која се наоѓате. Можно е да бидете деградирани или да доживеете јавен срам. Опасноста ќе биде најголема во периодот до следната Соларна Еклипса која ќе се случи на 11-ти август 2018. Доколку пак не го почитувате туѓото право на слободен избор, доколку со непочитување се однесувате кон авторитетите, а со презир кон потчинетите, ризикувате да бидете изложени на туѓата осуда.

Шкорпија

Соларната Еклипса кај вас ќе ја потенцира здодевноста од секојдневниот живот и од секојдневните обврски. Па, од 13-ти јули до 11-ти август поинтензивно, а во натамошните 6 месеци со намален интензитет, е пожелно да го искористите времето за исполнување на својот живот со нови, инспиративни искуства. Посебно ако сте родени на 11, 12 и 13-ти ноември.

Тоа значи дека е пожелно да го искористите времето за учење нешто ново, за патувања, за создавање нови контакти со образовани луѓе, со странци, за пишување, за објавување свој пишан труд, за решавање на правните проблеми и судските процеси, за запознавање со некоја нова духовна дисциплина или за обучување луѓе на вештините што вие ги поседувате. Но, постои и можност да ви се случат судбински средби на некое патување, во комуникација со странци, со луѓе вработени во образовните институции или дипломатските претставништва, како и преселба во странство. И тоа во периодот од следните 30 дена до следните 6 месеци.

Стрелец

Соларната Еклипса од 13-ти јули би требала кај вас да предизвика потреба од промени во вашиот сексуален живот, потреба од освежување или експериментирање во сексот. Потоа, би можеле да дојдете до идеја за некаков нестандарден начин на заработка, да откриете како би можеле полесно да обезбедите туѓи спонзорства. Ќе ве интересира колку би можеле да заработите преку осигурувањето, на кој начин да натерате некој друг да ги финансира вашите потреби. Но, би требало да имате и можност за длабока физичка и психичка регенерација. Овој процес ќе биде најинтензивен во периодот од 13-ти јули до 11-ти август. А потоа, со послаб интензитет, ќе продолжи влијанието во натамошните 6 месеци или ќе се измеша со влијанието на Еклипсата што ќе се случи на 11-ти август.

Јарец

Во вашиот случај, Соларната Еклипса од 13-ти јули ќе се обиде да внесе промени во вашите односи со партнерот. Посебно ако сте во брак. Во тој случај, начинот на кој до сега сте функционирале со партнерот, ќе биде неодржлив. Тоа значи дека со цел да го продолжите заедничкиот живот, ќе треба радикално да го смените вашиот однос кон бракот, вашиот став кон партнерот, но и кон вашите потреби. Вашите двојни стандарди за партнерот ќе станат неприфатливи. А, тоа најмногу ќе се забележува во следните месец дена. Но, ќе има влијание и во следните 6 месеци.

Меѓутоа, ако сте отворени за новото и за новите форми на партнерски односи, би можеле да добиете понуда за заеднички живот или за брак од личност што веќе ја познавате или ќе ја запознаете во следните 6 месеци. Ако пак се држите за старите навики и немате слух за потребите на вашиот партнер или тој за вашите, можно е да се соочите со борба за превласт, неверство, бес, разделба или развод. Посебно ако сте родени на 11, 12 и 13-ти јануари.

Професионално, во следните месец дена до 6 месеци, би можеле да започнете ортачки бизнис или да потпишете нови договори кои би го унапредиле вашиот бизнис. Тоа ќе биде можно само доколку ги третирате луѓето како рамноправни партнери, а не како ваши поданици. Ова посебно се однесува на родените на 11, 12 и 13-ти јануари. Во спротивно, подгответе се за јавен срам. А, можно е и судење.

Водолија

Работата и здравјето ќе бидат сегментите во вашиот живот во кои Соларната Еклипса од 13-ти јули би требало да испровоцира промени. Тие промени ќе бидат најинтензивни во следните месец дена. Па, ќе го продолжат своето влијание во натамошните 6 месеци со понамален интензитет. Промените би биле позитивни за вас ако свесно ги искористите вибрациите на Еклипсата за да се ослободите од штетните навики. Но, и доколку направите промена во начинот на исхраната, ако внесете физичка активност во вашето секојдневие.

Ако пак веќе имате здравствени проблеми кои не се подобруваат, пожелно би било да го смените лекарот, да направите нови испитувања и да испробате некој нов начин за лечење на вашата болест.

Некои од вас можеби ќе треба да направат диета за редукција на килограмите. А, другите ќе треба да ги отфрлат производите кои штетно се одразуваат на нивното здравје. Но, ќе има и такви кои ќе се однесуваат како најголеми хипохондрици без причина.

Од друга страна, влијанието на Еклипсата на работното место би требало да го искористите за да ја свртите ситуацијата во своја корист. Најмногу успех би можеле да имате доколку се занимавате со медицината (посебно со гинекологијата), со нутриционизмот, козметологијата и со спортот.

Риби

Промените што Соларната Еклипса ќе ги иницира, ќе го зафатат првенствено вашиот љубовен живот. Почнувајќи од 13-ти јули, па до 11-ти август поинтензивно. А, во натамошните 6 месеци со намален интензитет. Додека, кај некои од вас, посебно кај девојките и жените, ќе го разбудат и чувството за родителство.

Тоа значи дека ве очекуваат новини на љубовен план, само доколку го смените аголот на гледање на нештата, како и своето однесување во љубовните врски. Тогаш, освен нова љубов, би можело да ви се случи да станете и родители. Посебно ако сте од женски пол. А, ако сте во посериозни години, можеби ќе се радувате на убавите случувања во животот на своите деца или на своите внуци. Ако пак долго време сте посакувале деца, но не сте можеле да ги добиете, во следните 6 месеци Универзумот ви нуди одлична шанса да ја остварите својата желба преку вештачко оплодување или пак да се информирате за другите можности за родителство (преку сурогат мајка, посвојување и сл.). Позитивното влијание од Соларната Еклипса најмногу би требало да го почувствуваат Рибите родени на 10, 11 и 12-ти март.

Професионално, најмногу успех ќе имаат Рибите уметници, професори, услужни работници, вработените на берзата, во кладилниците, во хотелите и рестораните.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие каков е вашиот однос со родителите и зошто, но истовремено ќе ви покаже како да ги подобрите односите со блиските и околината.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби