In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Ретрограден Меркур во Риби

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Јупитер во Стрелец - Среќата го менува хороскопскиот знак

 
Објавено на 07.11.2018 во 12:38

Јупитер во Стрелец - Среќата го менува хороскопскиот знак
 

По 12 години талкање по ѕвезденото небо, Јупитер, планетата на среќата, благосостојбата и експанзијата, на 9 ноември 2018 повторно се враќа дома, во својата фотелја, во знакот на слободољубивиот и авантуристички расположен Стрелец и таму ќе остане до 3 декември 2019 година.

Што ќе предизвика оваа промена во нашите животи?

Кога Јупитер се наоѓа во своето седиште, Стрелец, тој ги поприма своите најдобри вибрации и своите вистински карактеристики. Па, обично прво што прави, ни го поттикнува поривот за слобода. Потоа, не инспирира да преземеме некои посмели чекори во животот, да излеземе од ситуацијата која не ни се допаѓа на професионален и приватен план и посмело, со надеж во подобра иднина да се впуштиме во авантура.

Меѓу другото, додека Јупитер патува низ Стрелец, секој од нас, на некаков начин, ќе има потреба да стане подобра верзија од себе, да научи нешто ново, да направи нешто подобро за својата иднина.

Тоа е време кога се иницираат нови проекти, се согледуваат состојбите од повисока перспектива, кога луѓето добиваат нова надеж за поубава иднина. Но, тоа е и година кога многумина ќе се заинтересираат за духовноста, ќе најдат свој учител или ментор, ќе научат нешто ново, ќе заминат на долгопосакуваното патување.

Она што треба да го знаете е дека освен убавите страни, Јупитер во Стрелец има и свои слабости, како што се себичноста, непромисленоста, претерувањето со земните задоволства, неодговорноста, оптимизмот без реална основа, немањето мерка, трошењето без усул. Овие негативни особини Јупитер ќе ги пројави тогаш кога ќе биде во конфликтен однос со некоја од останатите планети и кога ќе биде ретрограден. Во тие периоди, а посебно во периодот од 10 април до 11 август 2019 година, би требало да бидете повнимателни во акциите што ги преземате, да ги испитате сите параметри пред да донесете одлука за некого или за нешто, да го скротите својот хедонизам и да покажете поголема одговорност за другите луѓе и сочувство за нивната положба.

Во спротивно би можеле да се заплеткате во работи на кои не сте им дораснале, да разорите некој однос кој потоа не ќе можете да го поправите, да се заглавите во преголеми трошоци, да бидете измамени поради вашето верување во шарени лаги, да се вовлечете во правни проблеми, да загубите пари.

Всушност, за да имате предвид какви случувања ве очекуваат потсетете се на периодот од 25 ноември 2006 до 18 декември 2007. Потоа, на периодот од декември 1994 до јануари 1996. Тогаш Јупитер исто така беше во Стрелец. Се сеќавате ли што научивте тогаш, а беше важно за вашата иднина? На кој начин се проширија вашите хоризонти? На кој план најмногу напредувавте, а каде имавте проблеми? Одговорот на овие прашања би требало да ве насочи како да го искористите позитивното влијание на Јупитер и како да ги избегнете замките и негативните последици.

Во принцип, Јупитер во Стрелец најмногу промени би требало да им донесе на родените во знак Стрелец и на оние кои имаат Подзнак или Месечина во тој знак.

Така, ако сте родени во знакот Стрелец, во 2019 година би требало да се чувствувате успешно, почитувано, задоволни од себеси, исполнети. Ако имате Асцендент (Подзнак) во Стрелец, би требало да чувствувате дека конечно излегувате од периодот на изолација и дека имате шанса да го смените својот живот на подобро, на секој план. Додека ако вашата натална Месечина се наоѓа во Стрелец, позитивни промени ќе доживее вашиот приватен живот. Можеби ќе се вљубите, ќе стапите во брак, ќе се преселите во поубав дом, ќе забремените.

Како Јупитер во Стрелец ќе влијае на секој знак,
ќе откриете подолу во текстот.

Но, пред тоа треба да знаете дека предвидувањата се правени само со следење на една планета, Јупитер. Затоа, сликата не може да биде ниту целосна ниту толку прецизна. Вистинската слика за тоа што ве очекува би ја дознале кога би ги изработиле вашите Петгодишни Предвидувања или Соларниот (Годишен) Хороскоп.

За таа цел одете на оваа страна.

Упатство за читање: Прво прочитајте го текстот што важи за вашиот подзнак. А, потоа комбинирајте ги информациите со текстот што се однесува на вашиот знак.

Овен

Ќе биде евидентно дека ви се враќа оптимизмот и самодовербата, во периодот од 9-ти ноември 2018 до 3-ти декември 2019 година. Затоа, би било пожелно поволното влијание на Јупитер да го искористите за унапредување на својот живот. Посебно во периодот од 2-ри јануари до 15-ти февруари 2019 година, кога Марс ќе биде во вашиот знак и ќе ви даде доволно енергија да ги реализирате своите амбиции до крај.

Ако студирате, поволната позиција на Јупитер би било пожелно да ја искористите за да дипломирате и 2020 година да ја дочекате подготвени за новите шанси на професионален план. Ако немате работа, откријте што се бара на пазарот на трудот и преквалификувајте се. Запишете некаков курс. Одете на семинар, научете странски јазик, проширете го знаењето.

Најголем успех ги очекува Овните дипломати, професори, правници, философи, свештеници и оние кои работат со странство или планираат да заминат во странство. Додека некои од вас ќе се пронајдат себеси како следбеници на некоја духовна дисциплина.

Бик

Во периодот од 9-ти ноември 2018 до 3-ти декември 2019 година, Јупитер ќе ја стави својата заштитничка рака над вашиот живот. Но, од друга страна, неговите вибрации ќе ги разбудат во вас моралните дилеми. А, со тоа ќе ве принудат да го преиспитате своето однесување во минатото, како и квалитетот и смислата на некои ваши односи со луѓето. На правиот пат ќе се одржите ако, во моментите кога ќе ве совладаат емотивните дилеми, се потсетувате дека вистинската љубов има потреба од морална чистина.

Од друга страна, Јупитер ќе ви донесе шанса да ја подобрите својата финансиска состојба. Некои тоа ќе го остварат со помош на љубовниот партнер. Другите ќе подигнат кредит или ќе земат пари на заем. А, некои ќе се извлечат од финансиските проблеми во последен миг, со помош на некое неочекувано наследство или со помош од родителите.

Најповолен момент за финансиско ефектуирање на вашите постигнувања во кариерата ќе биде периодот меѓу 9-ти ноември 2018 и 10-ти април 2019 година и од 11-ти август до 3-ти декември 2019. Додека во април и првата половина на мај 2019 година, Марс би можел да ви донесе шанса за поголема печалба, но и порив за поголемо трошење пари на непотребни нешта.

Близнаци

Во астрологијата се вели дека онаму каде што поминува Јупитер, на тој план човек ги гледа работите низ розови очила. Вам розовите очила ќе ви ја разубават сликата на план партнерски односи, во периодот од 9-ти ноември 2018 до 3-ти декември 2019 година. Па, ако сте слободни, вашата силна желба за формирање семејство би можела да ве наведе да ги намалите критериумите при изборот на брачен партер. Ако сте во врска, можно е преку ноќ да одлучите да стапите во брак. А, ако сте во брак, идеализирањето на вашиот партнер би можело да ве одведе на лизгав терен и да ви создаде проблеми во брачните односи.

Професионално, најголеми шанси за напредување и најголеми искушенија ги очекуваат Близнаците правници, адвокати, судии, новинари, професори и спортисти. А, ако сте странка во судски спор, по различни перипетии, би можеле да почувствувате како изгледа правдата. Посебно во периодот од 9-ти ноември 2018 до 10-ти април 2019 година и од 11 август до 3 декември 2019 година.

Рак

Под влијанието на поттикнувачките вибрации на Јупитер, вие во периодот од 9-ти ноември 2018 до 3-ти декември 2019 година ќе добиете шанса да се ослободите од оковите на минатото и од ситуациите и луѓето кои ве исцрпуваа. Исто така, вистината за вашите лоши навики, на некаков начин, ќе исплива на површина. Па, вие ќе бидете принудени да внесете некаква промена во начинот на живот, во исхраната. Можеби ќе започнете да се занимавате со спорт.

Професионално, Јупитер, ќе ви ги олесни и најомразените обврски. Па, со покажување поголема одговорност и свесност во работата, вие пред вас ќе отворите нови професионални можности. Некои од Раковите успешно ќе ги решат и најкомплицираните ситуации кои ги измачуваа подолго време. Додека другите ќе добијат шанса за ново работно место.

Посебно успешен на професионален план би требало да биде периодот од 9-ти ноември 2018 до 10-ти април 2019 и од 11-ти август до 3-ти декември 2019 година.

Лав

Вие ќе бидете едни од најголемите миленици на Јупитер, во периодот од 9-ти ноември 2018 до 3-ти декември 2019 година. Тоа значи дека вибрациите на Јупитер ќе предизвикаат сите подрачја од вашиот живот да напредуваат. Но, најважно од се е фактот што Јупитер ќе ве наполни со животна радост и оптимизам. Па, ако сте слободни, оваа ќе биде плодна година на план љубов.

Ако сте во врска, веројатно ќе посакувате да ја крунисате со брак или да ја запечатите со заедничко дете. Ако сте во брак, можно е да планирате уште едно дете или пак ќе се радувате на среќните моменти поминати со децата и внуците. Но, не е исклучена ниту можноста во вашиот живот да се појави една личност што ќе ве привлекува како магнет. Најповолни на план љубов ќе бидат периодите од 9-ти ноември2018 до 10-ти април 2019 и од 11-ти август до 3-ти декември 2019 година.

Професионално, Јупитер би требало им донесе успех на Лавовите што се занимаваат со уметноста, образованието, на оние што работат на местата за забава или со берзата.

Девица

Иако вибрациите на Јупитер главно носат позитивни нешта, во вашиот случај доброто би дошло како резултат на претходно поминати искушенија. Имено, вашите семејни односи ќе се најдат на тест. Посебно во периодот од 10-ти април до 11-ти август 2019 година. Тестот ќе го поминете ако најдете рамнотежа меѓу чувството на одговорност и потребата да се ослободите од оковите со кои ве ограничува вашата реалност. Но, ќе мора да најдете и компромис во односите со постарите членови на вашето семејство. Не си дозволувајте да им докажувате кој е подобар или посилен. Бидејќи, можно е да бидете финансиски ускратени од нивна страна или пак ускратени од наследство.

Исто така, ќе постои можност да го менувате домот или местото на живеење, да правите големо реновирање. Но, имајте предвид дека не е поволно тоа да го направите во периодот од 10-ти април до 11-ти август 2019 година. Уште повеќе ако треба да земете кредит, заем, да продадете стар стан или да ставите недвижен имот под хипотека.

Вага

Под влијанието на Јупитер, во периодот од 9-ти ноември 2018 до 3-ти декември 2019 година, во полна сила ќе засјаат вашите интелектуални способности, вербалните вештини и умешноста да водите конструктивни разговори. Сето ова најдобро ќе го искористите ако започнете да учите нешто ново, ако држите предавања и обуки, ако работите во маркетингот или со рекламите.

Исто така, под налетот на Јупитеровата енергија место нема да ве држи. Па, често ќе патувате, повеќе ќе се дружите, ќе започнете нови пријателства. За време на целиот пат на Јупитер низ Стрелец ќе бидете учесник во убавите настани на блиските и сведок на среќните моменти во животите на вашите браќа, сестри и роднини.

Вие пак би можеле да се вљубите во личност што не живее во вашиот град. А, за многумина од вас оваа ќе биде година кога ќе одлучите да стапите во брак или да станете родители.

Шкорпија

Благопријатните вибрации на Јупитер ќе ве поттикнат да ги остварите вашите цели од финансиска природа. Тоа значи дека вие, со дополнителен оптимизам, ќе бидете целосно ориентирани кон успехот и нема да се задоволувате со малку. Така, во периодот меѓу 9-ти ноември 2018 и 3-ти декември 2019 година, би можеле да ги берете финансиските плодови кои ќе се појават како логичен резултат од вашиот минат труд.

Инаку, до повеќе пари би можеле да дојдете преку повисока плата, хонорарна работа, намалени давачки и сл. Ако имате приватна фирма, поголемиот финансиски прилив би дошол преку склучување нови зделки. А, не е исклучена ниту помошта од страна на родителите или добивка преку некаков недвижен имот. Посебно во периодот од 9-ти ноември 2018 до 10-ти април 2019 и од 11-ти август до 3-ти декември 2019 година.

Во исто време, ќе се зголеми и вашата потреба од докажување на правото и правдината. Па, веројатно ќе покренете тужби против оние кои сметате дека ве оштетиле со изигрување на законот.

Стрелец

По цели 12 години повторно доаѓаат вашите 5 минути, драги мои Стрелци. Имено, престојувајќи во вашиот знак, во периодот од 9-ти ноември 2018 до 3-ти декември 2019 година, Јупитер, планетата на среќата, правдата и благосостојбата, ќе ви помогне да ги изреализирате вашите најдлабоки желби, и на приватен и на професионален план. Значи, поддршката на Јупитер ќе биде вашето моќно оружје. Но, како ќе го употребите и што ќе направите со него, ќе зависи само од вас и од вашата умешност.

Од една страна, вашата желба за слобода би можела да ви донесе љубовни авантури. Па, ако тие бидат започнати од желбата да си докажете себеси дека можете да правите што сакате и дека никој нема да ви застане на патот или пак ако не сте премногу пребирливи, во периодот од 10-ти април до 11-ти август 2019 година ризикувате да се соочите со непланирани проблеми, правни реперкусии и финансиски загуби. Ако во врските влегувате од љубов и се однесувате одговорно, би можеле да го подобрите својот љубовен живот.

Од друга страна, вашиот порив постојано нешто да учите, да патувате, да ги истражувате непознатите работи, да ги соединувате културите, да философирате и да ја барате правдата, би можеле да се покажат како добитна комбинација на професионален план и да ви донесат напредување во кариерата. Ова посебно ќе го почувствувате доколку вашата професија е поврзана со правото, образованието, дипломатијата, новинарството, трговијата со странство и спортот.

Искористете ги мудро предностите што ќе ги имате под закрилата на Јупитер до декември 2019 година, бидејќи на слични, ѕвездени моменти, би можеле да се надевате дури по 12 години.

Јарец

Во периодот од 9-ти ноември 2018 до 3-ти декември 2019 година, Јупитер ќе ви го штити грбот доволно силно и доволно долго за вие да присоберете сили и да се подготвите за акцијата која ве очекува во 2020 година.

Значи, подготовката во периодот од 9-ти ноември 2018 до 3-ти декември 2019 година ќе се состои во тоа што ќе мора да ги освестите своите желби и амбиции. А, потоа ќе треба да ги осмислите и плановите како истите да ги реализирате. Во тоа, покрај Јупитер, ќе ви помогне и вашата доследност, како и способноста за организација.

На моменти можеби ќе ви се чини дека сте принудени на делување од позадина и дека вашите способности не доаѓаат до полн израз. Но, тоа ќе биде само привид, затишје пред бурата што следува по декември 2019 година.

Водолија

Јупитер во Стрелец за вас ќе донесе период на задоволства кој ќе потрае од 9-ти ноември 2018 до 3-ти декември 2019 година. Тоа значи дека трудот што сте го вложиле во минатото сега ќе ви носи резултати. Па, вие конечно ќе можете малку да застанете и да уживате во животот.

Професионално, најдобро ќе им оди на Водолиите кои се во политиката, во невладиниот сектор, на Водолиите кои работат или членуваат во клубови, разни здруженија или работат за големи брендови. За вашиот успех да биде поголем, главна улога ќе одигра некој од вашите пријатели кои се на позиција од моќ.

Исто така, вашата поголема опуштеност и имањето повеќе слободно време ќе му одат во корист и на вашиот љубовен живот. Па, постои можност да ви се случи љубов, и доколку сте слободни и ако сте во врска.

Посебно убаво ќе се чувствувате во периодот од 9-ти ноември 2018 до 10-ти април 2019 и од 11-ти август до 3-ти декември 2019 година.

Риби

Транзитот на Јупитер низ Стрелец ќе ви помогне да привлечете одлични можности за стабилизирање или напредување во кариерата или за промена на работното место. Меѓутоа, бидејќи Стрелецот за вас е непријателски знак, имајте предвид дека патот до „тронот“ нема да биде послан со рози. Туку истиот ќе го освоите откако ќе ги поминете искушенијата.

Ако сакате да влијаете на развојот на случувањата и да ги насочите во посакуваниот правец, ќе мора да направите промена во својот пристап кон работните задачи, како и на своите реакции кон претпоставените. Сепак, најголема промена ќе се случи тогаш кога ќе го смените аголот на гледање на себеси, на своите проблеми и на своето место во општеството. Вашата храброст да им се спротивставите на колегите и претпоставените ќе биде најголема во периодот од 2-ри јули до 19-ти август 2019 година. Тогаш би можеле да бидете преоптоварени со работа и обврски. Но, ќе мора повеќе да се штедите себеси со цел да не си предизвикате здравствени проблеми.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Од секогаш сакав да си одговорам на моите големи, длабоки прашања. После средбата со вас и читањето на мојата натална карта сите одговори си дојдоа на своето место... Наталната карта ме разбуди, упати да тргнам по правата патека од мојот живот. 

Р.Б., Штип


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби