In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Ќерката на офицерот со ружи

Ретроградни планети - што ќе ни донесат?

Ѕвезденото небо над светот во април 2019

Кралот на Троседот

Оној што спасил живот

Ветената Земја

Имаш лице какво што заслужуваш

Ѕвезденото небо над светот во декември

Женски Болести

Јами Мами од Мајами

Јупитер во Стрелец

Ѕвезденото небо над светот во ноември

Ако сте родени меѓу два хороскопски знака

Внимавај кого пушташ во својот живот

Пониското и повисокото ниво на секој знак

Ѕвезденото небо над светот во октомври

Затемнување на Сонцето на 13-ти јули 2018

Ѕвезденото небо над светот во јули

Исправи се, Викторија!

Ретрограден Марс во Водолија

Ѕвезденото небо над светот во јуни

Уран во Бик

Ретрограден Меркур во Риби

Објавено на 02.03.2019 во 11:44

Ретрограден Меркур во Риби
 

(Пораст на лагите, кражбите, подметнувањата, конфликтите, криминалот)

Во периодот од 5-ти до 28-ми март 2019 година, Меркур ќе започне да се движи наназад во Риби.

Што значи тоа?

Од астрономски аспект, тоа значи дека тој нема да се движи наназад по својата орбита буквално, бидејќи тоа е невозможно. Туку, гледано од Земјата, ќе се чини дека се движи наназад, заради разликата во брзината со која се движат Земјата и Меркур во однос на Сонцето.

Какво е влијанието на ретроградниот Меркур во Риби?

Како прво, Меркур, во астрологијата, е планетата задолжена за комуникациите и трговијата. Но, бидејќи астрологијата своите аналогии ги влече од митологијата, треба да се знае дека Меркур во митологијата, освен гласник на боговите, бил тој што смислувал несолени шеги, подметнувања, крадел, лажел. Оттука, своите негативни особини или грдата страна од своето лице, Меркур ги манифестира кога е во ретрограден од. Рибите пак се знак што е поврзан со интуицијата, фантазијата, мистиката. Тие се симбол на се што е таинствено, креативно, порочно, на уметниците, но и на корисниците на опојни средства.

Кога е Меркур во Риби, тој помага да се разберат скриените мотиви на другите, бидејќи патува до несвесните делови на нашата душа и на површина ги вади тајните за себеси и за другите. Меѓутоа, во периодот од 5-ти до 28-ми март 2019 година, кога Меркур ќе биде ретрограден, тој ќе ги покаже своите најлоши особини. Оттаму, би требало да се зголемат недоразбирањата во односите меѓу луѓето заради нивната оптовареност со спомените од минатото, како и заради колективното отсуство на чувството за реалност. Потоа, ќе се зголеми песимизмот, како и користењето на седативи и опојни средства кои би требало да ја подобрат сликата за грдата реалност во која живеат многумина. Но, ќе отсуствуваат и рационалните решенија на проблемите, како и способноста на луѓето за акција, со која би ги претвориле нивните желби во реалност.

Како резултат на незадоволството, замаглениот ум и конфузијата, би требало да порасне криминалот, лагите, кражбите, измамите, неверствата, озборувањата, подметнувањата, предавствата. За сметка на тоа, ќе се зголеми профитот на фармацевтските компании и на компаниите кои произведуваат алкохол.

Во принцип, неповолните вибрации на Меркур ќе влијаат на тоа луѓето да зборуваат, ама да не го слушаат тоа што го кажува другата страна или да го преведуваат слушнатото на начин што е близок на нивната ментална матрица. Како резултат на ваквото однесување, често ќе се случува и двете страни да се чувствуваат како „изгубени во преводот.“ Затоа, периодот од 5-ти до 28-ми март 2019 година не е поволен за потпишување на важни и трајни договори. Бидејќи, речиси е 100% сигурно дека некоја од страните нема да се држи до договореното или пак би можело да се случи нешто непредвидено, што би пречело да се реализира договореното. Но, во овој период би требало да се зголеми и бројот на сообраќајните незгоди, како и проблемите во функционирањето на телефоните, компјутерите, превозните средства.

Како ретроградниот Меркур во Риби ќе влијае на секој знак од хороскопот?

Начин на читање: Најмногу ќе ви одговара текстот што одговара на вашиот Подзнак. Но, поголема ширина во сознанијата ќе добиете ако тие информации ги комбинирате со текстот што одговара на вашиот знак.

Доколку не го знаете вашиот подзнак, направете бесплатен примерок на вашата Натална Карта на оваа страна.

Овен

Како грне ќе вриете од лутина и гнев. Но, тоа нема да го покажувате јавно, бидејќи ќе мислите дека сте во предност пред другите додека успевате да тактизирате со чувствата. Притоа, нема да забележувате дека ви е тешко да се вклопите во секојдневната рутина и да го одржите чекорот со настаните кои ќе се менуваат како на филмска лента.

Всушност, често ќе се случува во важни моменти да бидете отсутни со духот, обземени од анализата на вашите постапки во минатото и од прашањата дали, каде и колку згрешивте. Обземеноста со мисли и неискажаниот бес би можеле да ви го намалат квалитетот на сонот. И можеби е добро што сонот нема да ви доаѓа на очи, бидејќи така ќе имате поголема будност да ги детектирате луѓето кои ќе ви работат зад грб. За да се заштитите од предавства отворете четири очи и проверете ја лојалноста на оние што ви се претставуваат како пријатели, а се родени во знакот Риби.

Бик

Под влијанието на ретроградниот Меркур, во периодот од 5-ти до 28-ми март 2019 година, можеби ќе биде потребно да ги одложите вашите планови заради финансиски причини или ќе треба да направите драстична промена на приоритетите во својот живот. Вие сте по природа трезвени и два пати мерите пред да кажете нешто пред некого. Посебно пред луѓето кои не го поминале вашиот тест на доверба. Меѓутоа, овој пат е пожелно да бидете потаинствени и попретпазливи во комуникацијата со пријателите, со луѓето со кои членувате во ист клуб, организација или политичка партија. Бидејќи, постои опасност некој од нив финансиски да ве измами, да ве предаде или пак да бидете во зијан заради неговите постапки.

Имајте на ум дека, ако некој пријател или познаник се појави со примамливи понуди за вас, она што ќе ви личи дека е премногу добро да биде вистина, најверојатно и нема да биде вистина.

Близнаци

Периодот од 5-ти до 28-ми март 2019 година ќе го доживеете како време исполнето со многу нервози и неизвесност. Меѓутоа, заради тоа што сте познати како површни луѓе кои кажуваат она што прво им паѓа на памет, без да размислат за последиците од кажаното, ќе биде попрофитабилно за вас ако си го сочувате мислењето за себеси и ако потезите на професионален план и во јавноста ги влечете со голема доза на смиреност и старечка мудрост. Така ќе ги избегнете евентуалните штети што самите би можеле да си ги нанесете на кариерата. Исто така, со цел да си го зачувате достоинството и репутацијата, не е пожелно да ги озборувате колегите и претпоставените, ниту да влегувате во спротивставени табори на работното место. Додека, ако потпишувате или испраќате некому некакви документи, отворете очи и на тилот, за да не се случи да потпишете нешто неповолно за вас или да испратите доверлива пошта на туѓа адреса.

Исто така, вашиот брачен живот би можел да се најде во опасност за неговиот опстанок. Можни се сериозни недоразбирања со брачниот партнер, обвинувања, разделби. Ако не сте во брак, периодот не е поволен за преземање на таков чекор.

Рак

Постои можност во периодот од 5-ти до 28-ми март 2019 година да биде одложено некое ваше патување поради професионални или поради здравствени причини. Но, можно е да имате и проблеми на работното место заради некое патување или да се соочите со правна разврска на некоја ваша професионална активност. Исто така, можно е да имате компликации поврзани со патните документи, визите, да загубите багаж на патување во странство, како и да се соочите со проблеми заради непознавање на законот на земјата домаќин. Затоа, ако е неопходно да патувате, добро е сериозно да се организирате и информирате за законите на земјата во која ќе престојувате. Раковите студенти ќе треба повеќе да запнат со учењето ако сакаат да ги положат испитите. Додека Раковите професори и дипломати би можеле да имаат проблеми во комуникацијата со колегите и да се соочат со правни проблеми.

Ако сте странка во судски спор, подобро е да го одложите рочиштето, бидејќи би можеле да се соочите со непланирани околности кои неповолно би се одразиле на вас.

Лав

Во периодот од 5-ти до 28-ми март 2019 година би можеле да потрошите повеќе пари отколку што сте планирале на работи што ви причинуваат задоволство, на партнерот, на децата. Тоа што ќе потрошите за ваше задоволство не го жалете, бидејќи смислата на поседувањето пари е токму да ви обезбеди чувство на сигурност, слобода и можност да купите работи кои ви причинуваат задоволство. Меѓутоа, со цел да не излезете „насамарени“ и финансиски искористени, би било пожелно да се воздржите од давање или барање пари на заем. Исто така, проверете дали сте ги платиле сите сметки и дали сте ги подмириле сите рати од кредитите. Постои можност да платите камата на заборавени сметки или хонорар за извршител.

Меѓутоа, ако парите ги дадете во кладилница, за игри на среќа или на коцка, тие нема да ви се вратат никогаш. А, постои и опасност да се задолжите кај сомнителни доверители. На љубовен план е можно некои ваши непромислени и навредливи зборови да предизвикаат фрустрации кај партнерот. А, тоа да има негативни реперкусии по вашиот сексуален живот.

Девица

Ретроградниот Меркур би требало да донесе нестабилност во вашите партнерски односи, во периодот од 5-ти до 28-ми март 2019 година. Уште повеќе ако сте во брак и ако односите со брачниот партнер се веќе нарушени. Во тој случај, судирот на мислења меѓу вас и брачниот партнер е речиси неизбежен, како и проблемите поврзани со изборот на место за живеење, проблемите со родителите или проблеми предизвикани од конфликтот меѓу вашите родители и вашиот брачен партнер. Кој што кажал, кој што мислел, кој лажел, а кој е олицетворение на вистината, ќе бидат темите околу кои ќе ја водите вашата „војна на Роузови.“ Победник ќе биде оној кој ќе ги закачи боксерските ракавици на клинец и ќе чека до 28-ми март 2019 да помине бурата, што ја создаваат вознемирувачките вибрации на Меркур.

Ако пак планирате да стапите во брак, можно е вашите родители да се спротивстават на вашите планови или пак да се соочите со непланирани пречки. Исто така, пожелно е да внимавате како се однесувате на јавни места, со цел да ја избегнете осудата за јавно изречен збор или постапка. Ако сте во ортачки бизнис, би требало да отворите четири очи за да се поштедите од грешките или подметнувањата од страна на бизнис партнерот. Додека, ако сте странка во судски спор, ќе биде подобро да го презакажете рочиштето за по 28-ми март.

Вага

Во периодот од 5-ти до 28-ми март 2019 година би можеле да се соочите со проблеми на работното место. Можно е да ви недостасува концентрација или да ви треба повеќе време за извршување на стандардните работни обврски. Ќе ви биде исклучително тешко да го контролирате својот темперамент и желбата да ја злоупотребувате слаткоречивоста за креирање на византиски игри во професионалните кругови. Но, тоа ќе биде крајно потребно со цел да се поштедите од срамот што би го доживеале кога ќе бидете откриени и осуетени. Подбуцнувањата и ниските удари нема да ви бидат толерирани од страна на колегите. Она што ќе очекувате на професионален план веројатно нема да се оствари, што дополнително ќе ве фрустрира. Со цел да не дозволите ситуацијата да стане полоша отколку што реално е, би требало да се воздржите од групирања на работното место и од озборувања на колегите и претпоставените.

Потоа пожелно е да внимавате што потпишувате, кому и што испраќате, како возите, каде се паркирате. Но, можно е да имате и здравствени проблеми поврзани со респираторниот систем.

Шкорпија

Во периодот од 5-ти до 28-ми март 2019 година веројатно ќе имате проблеми во љубовниот живот или со децата, заради парите или ќе имате зголемени трошоци заради партнерот и децата. Но, не е исклучена ниту можноста да доживеете генерациски судир во односите со вашите деца. Внимавајте што зборувате и како се однесувате кон нив, бидејќи можно е да кажете или направите работи кои никогаш нема да ви бидат заборавени. Што се однесува до вашите чувства, нема да бидете повредени ако не ги сфаќате работите премногу лично. Но, бидете подготвени дека партнерот би можел да ви „прави филмчиња“, со цел да ја скрие вистината за своите постапки од вас или со цел да ве искористи. За да не дојде до тоа, повторувајте си дека никој не направил толку многу за вас во минатото за да го сметате за безгрешен и во иднина.

Што се однесува до парите, веројатно нема да постои начин да ги избегнете непланираните трошоци. Па, во тој случај уживајте што сте платежно способни. Меѓутоа, вината за финансиската загуба ќе биде ваша ако верувате дека можете да се збогатите преку кладилниците и коцкарниците.

Стрелец

Ретроградниот Меркур би можел да ги активира старите, неразрешени проблеми, што ги имате во односите со членовите на вашето семејство, во периодот од 5-ти до 28-ми март 2019 година. Притоа, вие ќе чувствувате револт кон неправдата што ви е направена од страна на останатите членови на семејството, посебно од страна на родителите. Меѓутоа, повеќе нема да можете да молчите и да чекате проблемите да поминат сами од себе, додека вие ја држите „главата во песок“, туку гласно ќе ги коментирате неправедните постапки на членовите на семејството, ќе бидете агресивни во комуникацијата, ќе си ги барате своите права, ќе го браните својот имот.

Сепак, паметно е да не купувате, продавате или делите имот до 28-ми март, бидејќи постои опасност да не го добиете тоа на кое сте се надевале. А, и конфликтот со членовите на семејството полесно ќе се смири откако ќе умеете да разговарате со „студени глави“. Меѓутоа, непланираните трошоци за мајстори и поправките по дома тешко дека ќе можете да ги избегнете.

Јарец

Во периодот од 5-ти до 28-ми март 2019 година би требало да бидете исклучително внимателни каде одите, со кого се дружите, што им кажувате на оние што ги сметате за блиски. Посебно на социјалните мрежи. Бидејќи, тоа ќе биде начинот да се заштитите од манипулации и кражби. Но, ќе треба да бидете рестриктивни и со тоа што го кажувате пред браќата, сестрите и соседите, бидејќи нивните мотиви во комуникацијата со вас веројатно нема да бидат добронамерни. А, некои свесно ќе работат против вас. Имајте на ум дека она за што ќе се договорите со сестрите, браќата или соседите до 28-ми март, ќе биде прекршено од нивна страна поради некоја причина. Истото важи и за договорите на професионален план. Затоа, почекајте да помине 28-ми март, па тогаш ставете го својот потпис на важните документи или договори.

Исто така би требало да покажете зголемено внимание како учесник во сообраќајот, со што ќе ги избегнете и евентуалните казни за сообраќајни прекршоци, за поправка на автомобилот и слично. Но, под влијанието на ретроградниот Меркур би можеле да имате проблеми и со компјутерот, телефонот или при полагањето на испитите.

Водолија

Вие сте луѓе кои ги сакаат изненадувањата, брзиот и активен живот, бидејќи сметате дека тоа е начинот да го смирите немирот кој постојано го чувствувате во себеси. Меѓутоа, во периодот од 5-ти до 28-ми март 2019 година постои опасност непријатно да се изненадите поради некои трошоци што не сте ги планирале ниту сте ги очекувале. А, се поврзани со местото на живеење, домот или со членовите на семејството. Но, непланираните трошоци би можеле да бидат резултат и на вашата желба за луксуз. Како и да е, би било мудро од ваша страна ако до 28-ми март се воздржите од давање и земање пари на заем, од непроверени инвестиции и ако ги испружите нозете само онолку колку што ви е долга чергата.

Имајте на ум дека некои од членовите на вашето семејство ќе се однесуваат претерано агресивно и неправедно кон вас и дека ќе ве разочараат. Но, позитивната страна од сето тоа ќе биде фактот што вие, конечно, ќе го видите нивното вистинско лице.

Риби

Вие сте познати како нерационални луѓе кои своите одлуки ги донесуваат според својот внатрешен глас, според интуицијата. Затоа, на другите им делувате таинствено, лизгаво, недофатливо, честопати и конфузно. Тие не можат да ве фатат ниту за главата, ниту за опашката, што најчесто ви оди вам во прилог. Меѓутоа, во периодот од 5-ти до 28-ми март 2019 година би можеле да ве обземе таква интелектуална инертност, што ќе ви биде тешко да излегувате од дома и да комуницирате со луѓето. Веројатно ќе ве обземе песимизам и депресија. Па, ќе се чувствувате дезориентирано и збркано, како да сте надвор од својата кожа.

Ситници ќе ве раздразнуваат и ќе ве прават агресивни. А, вашите реакции ќе бидат импулсивни. Посебно на професионален план, во контактот со авторитети и со колегите.

Во суштина, луѓето ќе ви одат на нерви, а и вие ним. Како и да е, внимавајте како се однесувате и што зборувате пред луѓето, бидејќи би можеле да се соочите со реперкусии за јавно изречениот збор. Не е пожелно да давате ветувања за кои не сте сигурни дека можете да ги исполните. Имајте на ум дека, ако се обидете да излажете или со манипулации да се спасите од одговорноста, таквата постапка подоцна поскапо ќе ве чини. Додека алкохолот и апчињата за смирување и спиење не се решение за ниеден проблем, туку причина за проблеми од кои тешко се излегува.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви открие кој е вашиот идеален партнер, како се однесувате во љубовта и сексот, зошто секогаш привлекувате одреден тип на личности и како можете да го подобрите својот љубовен живот.


Ова се вистинските зборови што ја опишуваат наталната карта што ми ја изработивте: Наталната карта на Астроскопиа е шлаканицата што ви е потребна да го направите квантниот скок во вашата судбина. Големо благодарам што ми помогнавте да живеам со ширум отворени очи! 

Сања С., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби