In English

En français

Говорот
на Судбината

Барате одговор на некое прашање? Треба нешто да одлучите а немате со кого да се посоветувате?
 
Кликнете на Книгата...

Останати теми:

Мое гледање на Астрологијата

Астролошките сајтови


Браковите склучени во недела

Само еднаш се љуби?

Трагачи по возбуда

Важно е да ми чури оџачето

Глупава младина - неизвесна иднина

Денови на среќни околности

Се родив прерано, не те сретнав тебе

Кога умира душата?

Колку трае еден ден на секоја планета

Крадци

Светот е глобално ријалити шоу

Луѓето се како очи

Убавите круши...

Како да знаеме дали е наше тоа што ќе дојде

Ретрограден Марс во Овен

Најголемата слабост на секој знак

Бони и Клајд

Несудената Фрида Кало

Јуни 2020 - Месец на две Еклипси

Сите бои на Виножитото

Љубов, Ах Љубов

Човекот наречен Надеж

Сатурн во Водолија

Ретрограден Меркур во Риби

Француски бакнеж

Годишен хороскоп за 2020 година

Ни претстои неочекувано среќен период

Во што се крие благословот

Ретрограден Меркур во Шкорпија

Што ќе ни донесат ѕвездите во октомври 2019?

Венера во Вага - Време за Љубов

Млада Црна Месечина на 30 август 2019

Немаш ни благодарам

Ќе ја сретнеш својата судбина

Ни на Небо, ни на Земја

Затемнување на Месечината на 16 јули 2019

Не ја мати водата

Ретрограден Меркур во Лав И Рак

Талентот е Божји дар

Вера, Надеж и Љубов

Сиротата мала богаташка

Ѕвезденото небо над светот во јуни 2019

Двете Марии

Скршеното огледалце

Цветна, Сина Месечина на небото на 18-ти мај

Министерот со шешир и темни очила за сонце

Ѕвезденото небо над светот во мај 2019

Љубовта е во воздухот

Нека го фрли првиот камен...

Сатурн коњукција Плутон

Кралот на Троседот

 
Објавено на 20.03.2019 во 10:42

Кралот на Троседот
 

(Вистинска приказна од мојата пракса)

 

Не ги учете своите деца да бидат богати.
Учете ги да бидат среќни.
Така, тие ќе ја знаат вредноста на работите,
а не нивната цена.
~ Виктор Иго

Дека оваа изрека од познатиот француски писател Виктор Иго е точна и е добар начин за воспитување на децата покажува примерот на Џон Ленон. Имено, познат и многу цитиран е неговиот исказ поврзан со детството, во кој Ленон вели:
„Кога имав пет години, мајка ми постојано ми велеше дека среќата е клучот на животот. Кога тргнав на училиште, ме прашаа што би сакал да бидам кога ќе пораснам? Напишав „среќен“. Ми кажаа дека не сум ја разбрал задачата, а јас им реков дека тие не го разбираат животот.“ А, животот на Џон Ленон е потврда за тезата на Виктор Иго дека децата кои ги учиме да бидат среќни, како возрасни ја знаат вредноста на работите и како резултат на тоа, ќе додадам јас, најчесто стекнуваат материјално и духовно богатство.

Меѓутоа, што се случува кога ги учиме нашите деца дека треба да станат многу богати, но не ги учиме на вистинските вредности во животот, како што се љубовта, дисциплината, почитта кон другите, работливоста, упорноста, истрајноста и скромноста, ќе видиме низ случајот на Игор.

Игор го запознав преку неговата другарка Валерија, која задоволна од разговорот со мене ме препорачала кај него. Уште кога започнав да ја работам неговата Натална Карта знаев дека се работи за многу убав дечко, бидејќи аспектите го покажуваа тоа. Потоа, неговиот Хороскоп откриваше дека се работи за амбициозна личност со силно его, поради кое тој имаше потреба да биде поуспешен и од членовите на неговото семејство и од луѓето во неговата околина. Имаше уметнички таленти и требаше да биде обожаван од жените. Па, дури жените требаше да бидат тие кои ќе му го олеснат пробивот во кариерата.

Меѓутоа, за две работи не бев сигурна како се манифестирале во неговиот живот. Првата беше неговата мрзеливост. Знаев дека амбицијата во комбинација со мрзеливоста е плодна почва за растење на секаков вид пороци. Во неговиот случај, тоа се манифестираше преку неговата приемчивост за сите нелегални начини на заработка и преку желбата да се искористат другите луѓе за свои цели. На ова се надоврзуваше и неговата слабост кон алкохолот и наркотиците. Меѓутоа, Господ му беше дарил неоспорен шарм и тој беше свесен за таа своја предност пред другите луѓе. Па, во ситуациите кои беа непријатни за него, Игор секогаш се потпираше на својот шарм, како на бастун. И тоа најштедро го користеше во комуникацијата со жените.

Вториот спорен момент во неговата Натална Карта беше фактот дека во неговиот минат живот тој бил исклучително духовен човек, веројатно некој монах, кој, кога требало да премине во повисоките духовни сфери, не можел да се откаже од своето его и од материјалните богатства и паднал на тестот. Затоа, не бев сигурна дали во овој живот ќе има доволно доблести и духовна сила да ги помине искушенијата што ќе му ги изрежира судбината, на план его и врзаност за материјалните богатства. Уште повеќе што знаев дека преголемото его го убива талентот. Па, и покрај можноста за успешна кариера во областа на уметноста, можеше да се случи тој да не ги материјализира своите таленти.

Како и што очекував, Игор беше многу убав и мажевен дечко во доцните дваесетти години. Висок околу метар и деведесет, убаво граден. Уште во првиот контакт почна да се расфрла со својот шарм, како што пијан човек се расфрла со пари на кафаенските музичари. Разговорот го почна со серија комплименти поврзани со мојот изглед и со мојата работа. А, потоа ја користеше секоја можност да достави уште по некој комплимент на огнот на неговото ласкање, убеден дека на тој оган ќе се стопли мојата суета и ќе се стопи мојата претпазливост кон него. Се сложи со сите работи што ги покажуваше неговата Натална Карта. Но, по однос на неговата приемчивост за секаков вид нелегални начини на заработка и искористување на другите, тој имаше свое објаснување:

„Знаеш, моите родители постигнале многу во животот, а почнале од ништо. Брат ми е еден од најуспешните во својата професија. Јас се дружам со истите луѓе, негови пријатели, и имам желба да направам нешто и јас самиот. Ме нервира кога брат ми ми вика дека сум крал на троседот, бидејќи ништо не работам, само седам дома, лежам на троседот, гледам филмови и фантазирам за манекенки. Татко ми стално ми повторува дека не е важно со колку луѓе се дружам, бидејќи вистински пријатели ми се само оние кои ќе ми помогнат во животот. А, мајка ми вика дека тие доволно стекнале за мене и брат ми и дека ние треба тоа да го зголемиме. „Не е важно дали имаш школо или не“, повторува мајка ми, „Важно е да се снајдеш. Гледаш татко ти од село, без школо, се проби во белиот свет и направи пари. Ама, внимавајте какви снаи ќе ми донесете. Бирајте само богати. Така богатството ќе се зголеми и вие ќе живеете со сите четири во вис.“

Неможејќи да се сложам со тоа што го слушам и сакајќи да му сигнализирам дека на погрешен начин се конципирани советите од неговите родители, го прашав:
„А, дали татко ти те учеше дека и ти треба да им помагаш на пријателите, а не само тие тебе? Пријателството е двосмерна улица, нели?“

Моето прашање очигледно го збуни, бидејќи веројатно никогаш немаше размислувано на тој начин. Па, за да се извади од непријатната ситуација, Игор само промрморе низ нос:
„Да, да. Двосмерна улица.“

Но, јас, без да покажам милост за неговата нелагода, ја продолжив својата вербална офанзива испукувајќи го следното прашање:
„А мајка ти, ти кажа ли што треба да правиш ако се вљубиш во девојка што не е богата? Треба ли да ја оставиш?“
„Па, не мора да ја оставам“, се печеше Игор на тивок оган сакајќи да ја сочува мојата наклоност, а сепак да одговори искрено, „Можам да одам со било која девојка. Ама кога ќе бирам жена за брак, таа треба да биде богата.“
„А, што ќе им понудиш ти на тие девојки, освен убавината и имотот што го стекнале твоите родители, бидејќи убавината ќе помине, а готовите пари брзо се трошат? Заврши ли некое школо?“, упорно газев јас на идејата.
„Па, почнав да студирам во Грција, ама не ми се допаѓаше програмата на факултетот. Мислам дека им беше смислена само да ни земат пари, а ништо да не научиме. После се запишав на еден приватен факултет во Скопје, ама и таму исто. Ми предаваа само некаква теорија. Што ќе ми е тоа? Јас сакам да ми помогнат да покажам што знам, а не да учам теорија“, самобендисано продолжуваше да Игор да ја везе својата биографија.

Беше повеќе од очигледно дека мрзеливоста кај него е посилна од се, на што се надоврзуваше претераната самодоверба без покритие. А, бидејќи имаше и преголема амбиција и напумпано его, сфатив дека тој сакаше да ги прескокне сите скалила во градењето на кариерата и директно да седне на врвот, овенчан со ловоров венец, опиен од звукот на фанфарите. Затоа настојував да му ги разбијам илузиите и да го пренасочам да тргне по вистинскиот пат додека се уште има време, па реков:
„Што очекуваш ти да учиш на прва година од факултет? Секако ќе учиш теорија. Куќата од темелите се гради, не од покривот. И што мислиш? Зарем мене ми се допаѓале сите предмети што сум ги учела на факултет? Секако дека не. Меѓутоа, ќе мора да го истрпиш тоа што не ти се допаѓа, за да стигнеш до тоа што го сакаш. Инаку, ништо. Tоа во психологијата е познато како процес на одложено задоволство. А, ти што правиш? Сакајќи да го избегнеш тоа што не ти се допаѓа, ќе си ја упропастиш иднината. Па, со валканата вода ќе го исфрлиш и бебето. Затоа, потруди се да се вратиш на факултет. Иако си постар, никогаш не е доцна за учење. Во спротивно, жал ми е, ама не ќе можеш да ги искористиш сите потенцијали што ти стојат во Наталната Карта.“

Кога дојде на ред да зборуваме за духовноста и за неговиот минат живот малку живна: „Еее, затоа значи ме привлекуваат такви работи. Го обожавам Матрикс и сакам да се облекувам на тој начин. Ама кога го правев тоа тука, луѓето ме гледаа како да сум будала. Па, дури и мајка ми се разочара и ме критикуваше велејќи му на татко ми: „Детево ја погрешило професијата. Требало да биде поп. Да го запишеме на Богословија.“ Хаха...ха... Што се разбира таа од духовност. А, можеш ли ти да ми препорачаш некои книги?“

Секако, имајќи ги предвид потенцијалите за духовен раст што стоеја запишани во неговата Натална Карта и посакувајќи да му помогнам да ги развие истите на најдобар можен начин за него, јас му препорачав некои книги. Потоа, од време на време се гледавме и слушавме со Игор, кога бараше да му објаснам некои делови од книгите или кога бараше да му кажам некој нов наслов. Постапка која подоцна не ја направив со никој друг, бидејќи не сакав повторно да бидам злоупотребена. Но, од друга страна, искуството што го имав со Игор ме научи дека секој оној кој сака да оди по патот на духовноста, самиот треба да си го пробива тој пат пред себеси. Како знае и умее. Со грешки, паѓања и повторно кревање на нозе. Инстант пат до духовност не постои. Ниту пак пат ослободен од маки и страдања.

Инаку, Игор не го продолжи факултетот. Се обидуваше да успее и да стане славен потпирајќи се само на мускулите на својот шарм и на прикрпената духовност што ја собираше дружејќи се со овој или со оној духовен човек, за кои ќе чуеше. Но, тие сознанија не ги користеше за тој спиритуално да порасне, туку тие му беа средство со кое ги освојуваше луѓето, за потоа да извлече некаква корист од нив и за полесно да ги освојува девојките. Многу земно и налик на она што го правел и минатиот живот, кога неговата духовност се сопнала на каменот на неговото напувано его и на стравот да се откаже од материјалните придобивки. Подоцна дознав дека се што слушнал од мене го употребувал да ги фасцинира луѓето со своето познавање на езотеричните теми. Но, тие брзо ја откривале неговата суштина, бидејќи перјето со кое се обидувал да се кити не и одговарало на неговата психичка и интелектуална градба.

Кога неговата пријателка Валерија повторно дојде кај мене на консултации шиштеше од бес: „Знаеш ли што ми направи оној идиот?“ извика, мислејќи на Игор. „Постојано ми се жалеше дека од дома не му даваат пари, дека не може да излезе со женска и јас финансиски го помагав кога можев. Си викав, ај другари сме, треба да си помогнеме. Но, замисли сите мои идеи за бизнис што ги зборував пред него како пред свој, најсвој човек, тој му ги кажувал на брат му. Брат му, за кого велеше дека е премногу материјален и лош како човек. И замисли, овој ми украде и упропасти неколку идеи, обидувајќи се да ги реализира самиот за себе. Но, не знаел како тоа да го направи, бидејќи идеите не се негови. Еее, Игоре, Игоре! Ги слушав твоите жалопојки за мајка ти и брат ти, а ти ем ме искористуваше за пари, ем ми крадеше идеи.“

На овие лоши искуства што Валерија ги имаше со Игор се надоврза и неговиот последен обид да украде нешто и од мене. Се јави целиот насмеан божем да ме праша како сум, што има ново. А, потоа го сврте муабетот и ми кажа дека посетува часови за боречки вештини и дека многу се пронашол во тоа. Кажа дека е презадоволен од својот учител. И збор по збор, како дождот што врти, врти околу Крагујевац, наеднаш го истури своето бесрамно барање пред мене:
„Знаеш што“, почна тој во негов стил, „На овој учителов по боречки вештини сакам да му се оддужам, бидејќи ништо не плаќам кај него. Па, сакав да му подарам Натална Карта. Знам дека ептен ќе му се свиѓа, а и може многу да му помогне.“
„Подари му“, рамнодушно одговорив јас очекувајќи од која страна ќе го добијам ударот, „Само да знаеш дека ако ја купиш ти, ќе треба да ја оставиш неговата имејл адреса за тој да ја добие.“
Тогаш Игор без срам и перде кажа и остана жив:
„Ама јас мислев ти мене да ми ја дадеш гратис, како на пријател, оти човекот многу ми се најде.“

Не знаев дал да плачам ил да се смеам. Но, се налутив кога сфатив за колку препреден се сметал тој, а за колку глупава ме сметал мене. Па, да. Нели татко му го учел дека пријатели му се тие што ќе му помагаат. Но, не го научил дека истото треба да го прави и тој кон пријателите. Затоа, пред никогаш повеќе да го видам и чујам, се изнасмеав гласно и му реков работи што требаа да му покажат каде му е местото:
„Интересна ти е филозофијава. Мирното јагне од две овци цица, така? Ама јас мојот труд не го расфрлам за беспари. Ако сакаш вистински да се оддолжиш пред учителот, купи му ја Картата. Ако пак нему му треба, нека си ја купи сам.“

Тажен крај на едно пријателство во обид. Велам во обид бидејќи вистинските пријатели не се однесуваат на тој начин. Но, што да се прави, таква е човечката природа. Кога некој ни поддава прст, кај нас проработува алчноста и ние мислиме дека малку е тоа што ни го дава, па стануваме завидливи, бескрупулозни и се обидуваме да му ја зграбиме целата рака. Историјата пак со Игор ме асоцира на една поучна приказна која оди вака:

Некој Арапин, кој со својот караван поминувал низ пустината, наишол на огромен камен. Прво му било чудно што гледа толку голем камен во пустина каде што имало само песок, бидејќи каменот достигнувал до неговата половина. Додека другата половина била закопана во песокот. А, потоа уште повеќе се изненадил кога забележал дека на каменот, со големи букви е напишано:

„Преврти ме и ќе ти бидам од корист.“

Арапинот се замислил. Каква е оваа загатка? Дали тоа некој се шегува со него? Потоа, му паднало на памет дека под каменот можеби има закопано богатство. Затоа, со сета сила се трудел да го преврти. Но, бидејќи каменот бил огромен, тоа му успеало дури по неколку часа. На негово непријатно изненадување под каменот не нашол скриено богатство, туку уште еден натпис:

„Алчноста е причина за сите зла на Земјата.“
Запамети го ова и ќе станеш подобар човек.“

Сите ние треба да го запаметиме тоа, бидејќи не само што е лоша особина, туку алчноста секогаш за рака ги води и своите сестри: мрзеливоста, гордоста, скржавоста, зависта, развратот и бесот. Седумте смртни гревови запишани во Библијата, кои ни ја разоруваат душата, ни го уништуваат здравјето и иднината.

 

 
 
Регистрирано во Македонска Авторска Агенција
под реден број 970 Скопје
 
Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот.
Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.
 

Изгледот на страницата одговара за Девиците. За да изберете друг изглед на страницата, кликнете во табелата што се наоѓа погоре.


Дознајте дали сте типичен претставник на вашиот знак.
Направете го овој тест.


Вашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне

радикално да го подобрите вашиот животВашата Натална Карта на Астроскопиа ќе ви помогне да ги откриете причинско-последичните врски меѓу вашиот минат и сегашен живот, ќе ви открие што се случувало во вашиот минат живот, како тоа се рефлектира на вашето однесување и на случувањата во сегашниот и која е целта на вашето раѓање.


Наталната карта што ја добив е фантастична!
Ви благодарам многу што ми го подаривте огледалото на мојот живот :) 

Виктор К., Скопје


Зачленете се тука за да можеме да ве информираме секогаш кога ќе имаме нешто ново.


Општи прашања и коментари за Астрологот. (Доколку имате лични прашања, одете на страницата Совети.)


© 2005-2020
Виолета Марсол
Сите права се задржани

Насловна страна | Знаците и... | АстроПортети | Натална Карта | Детски Хороскоп | Љубовен Хороскоп | Бизнис Хороскоп | АстроСовети

Насловна страна Знаците и... АстроПортети Натална Карта Детски Хороскоп Љубовен Хороскоп Бизнис Хороскоп АстроСовети Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица (тековен стил) Вага Шкорпија Стрелец Јарец Водолија Риби